Поради пренатрупаноста на Земјата, луѓето ќе МОРА да се населуваат на други планети, па дури и на Месечината. Веќе станавме и повеќе од 8 милјарди луѓе. Дека нема да е совршено како на Земјата, нема. Ама дека може да се воспостави живот таму, може. И денес ја имаме таа технологија за да овозможиме живот на друга планета или Месечината. Во 22 век животот надвор од Земјата веќе ќе стане пракса.
Има модуларни капсули, куполи (каде што може да се одгледуваат прехрамбрени производи) и тн. Луѓето мора да почнат да се исселуваат од Земјата и да населуваат други планети, па и во вселената. Има и други галаксии, па таму има и други планети. Вонземјаните живеат некаде, но не во нашата галаксија. Тие се мн понапредни од нас.
Види, технологијата има сериозен напредок, ама ние сме далеку од создавање услови за одржлив живот на голем број луѓе на друга планета. Идејата е привлечна, реализацијата е многу комплицирана и бара значително време. Денешните напори се насочени кон истражувања, не кон масовно населување. Сакам да кажам, технологијата денес овозможува теоретски планови за живот на други планети. Еве, како ќе се решат предизвиците за истото, екстремни температури, радијација, недостаток на атмосфера и вода? Точно е дека постојат експерименти за тераформирање, но се уште не се на ниво да се постигне масовно населување. Оти како ќе смениш услови на цела една планета? Денес немаме технологија која може да ја смени климата или атмосферата на цела планета. Ниту имаме планета која е погодна за живот и не се наоѓа на стотици светлосни години растојание. Откриени се потецијално погодни планети за живот, но се исклучително далеку од Земјата. Ти веројатно зборуваш за контролирани средини, со контролирани услови. Точно НАСА планира поставување бази на Месечината, како подготовка за идни мисии.
Супер тема, не сум знаела дека ја има. Се чудев зошто не постои категорија Наука, на форумов. Населување на друга планета. Тоа само богатите може да го направат. Сиромаштијата ќе си остане на оваа планета, ќе си го чекаме самоуништувањето. Ми нема логика да го носат Миле коцкарот и Перо пијаницата некаде на друго место да се размножува. Тоа ќе бидат изберени луѓе, инженери, компјутерџии, истражувачи, биолози, луѓе шо придонесуваат нешто за човештвото. И нормално, билионерите кои ќе можат да си купат билет. И тешко дека ќе можеме да стигнеме до друга планета. Многу се далеку. Освен Марс, кој е најдобрата опција за сега и кој за неколку милиони години ќе биде во хабитабилната зона. Освен ако не измислат нешто како во филмовите, да ги стават луѓето во сон и после многу години кога ќе стигнат до таа некоја си планета да ги разбудат. Знам дека земјата е пренаселена, и наскоро ќе се соочиме со глад а со тоа и со многу војни. Затоа некогаш се чудам зошто бараат друга планета за живеење. Дали дека еден ден оваа ќе биде проголтена од сонцето или знаат дека ние самите пред тоа ќе ја уништиме па си бараат спас. Незнам. Можеби и нема да дознаеме во скоро, ама сигурна сум дека нас, обичниот народ, ќе не остават тука да кршиме глава а елитата ќе замине.
Не, не мислев на масовно населување, туку на постепено. Требаше уште во 2021 година да почне населувањето, но се откажа. После тоа пак се откажа. Можеби сеуште не се спремни. Мислам дека Илон Маск беше тој што ја даде идејата. Експериментоте сметам дека би можеле да вродат со плод. Сеуште не е развиена во целост технологијата, но оди кон развивање. Не ќе е лошо прво да почнат со големи вселенски бродови во кои луѓето ќе живеат во вселената и воедно ќе истражуваат. А прво населено место во вселената мислам дека треба да стане Месечината. Секоја населување на друга планета во вселената би имало повеќе негативни ефекти, отколку позитивни, но мора од некаде да се почне. За скоро треба да почнат и вселенските туристички тури.
Идејата на Илон Маск, мислам беше/е создавање самоодржлива колонија. (?) Населувањето се одложува поради технолошки и финансиски предизвици. Значи реалност, од технички недостатоци до безбедносни ризици и недостаток на ресурси. Месечината се смета идеална за првото населување, поради нејзината близина до Земјата, што овозможува полесен транспорт на луѓе и материјали. Наса треба да постави бази до 2030 година. Концептот за големи вселенски бродови (мини колонии) постои како теоретска можност, али засега е далеку од реалноста. Тековните вселенски станици, покажуваат дека е можно да се живее во орбита, но на краток рок и со огромна поддршка од Земјата. Системите за рециклирање на воздух, вода и храна, како и заштита од радијација, се клучни за вакви мисии. А моментално се уште сме во фаза на експериментирање. Што се однесува до туристички тури во вселената, такви мисии се уште не се спроведени. Али постојат компании кои работат на технологија и инфраструктура потребни за овие патувања.
Технологијава односно научниците неможат глобалното затоплување,загадувањето на океаните или пак топењето на санта мразовите да го решат тука на земјава- неопходни да се задржи животот на оваа планета, ама па затоа биле способни да не транспортираат на други планети кај што нема ни атмосфера. Глупости, барем не во овој Милениум.
Да еве нас обичните смртници ќе не информира некој со вакви податоци. Кај читате вакви работи? Кој ве учи?
Верувам дека постојат цивилизации некаде далеку и исто верувам дека постојат планети со услови за живот на кои може да се приспособат луѓето. Само прашање на време е кога ќе се реализира сето тоа. Не е возможно толку човештвото технолошки да напредува без помош на некој понапреден. Човекот самиот не би успеал во тоа. Така да сигурно не сме сами и сигурно постојат и други планети со услови слични како овде кај нас.
Пренатрупаност? Буквално само у јужна африка ќе не собере 8 миљарди Кој ве лаже дека е пренатрупано. Друго ние тука сета ја исправивме па на марс ќе се селиме