Насилство во училиштата

Дискусија во 'Образование' започната од cokacola, 20 мај 2015.

  1. cokacola

    cokacola Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Ајде да го кажам мојот проблем се почна уште од трето одделение когаеден наводно мој другар почна да зборува дека јас ги исмевам другите сите опрестанаа да се дружат со мене кога го виде тоа мојот наводен другар почна и со физичко насилсто кога го виде тоа учителката го сопре тоа сега е покојна бог да ја прости во шесто истото тоа се повтори постојано физичко насилство боксови клоци и сето тоа трае доден денес го пријавив тоа кај класната нејзе за ништо не и беше гајле ајде бидете другари не се тепајте и готово тоа му даде плус сила на моите соученици за да продолжат пробав сам да се бранам не можи еден на шест и така наместо да се дружам и да учам јас мислев дали ќе се се спасам од некој бокс немам друштво освен една другарка која секогаш застанува на моја страна и така ја изгубив самодовербата и нај мал збор може да ме повреди психичката состојба ми е скоро на нула мислам секој на улица мене ме исмева немав храброст за тоа да зборам со психолог директор со родител среќа сега сум деветто и од есен сум прва таму каде што јас планирам да се запишам таму ќе одат и насилнициве како да дојдам до поголема само доверба и да се справам со насилницитево средно и како тоа да не се повтори ве молам за совет
     
  2. Ginger111

    Ginger111 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    епа кажи на педагогот во училиштето или психологот. Исто така и на твоите родители.. Жал ми е за тебе но мораш да кажеш на некој за ова инаку ќе продолжи тоа
     
  3. BestFriends.99

    BestFriends.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2014
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    440
    Пол:
    Женски
    Не се запишувај во истото средно.Или па можи нема да се падните во ист клас,таму ке најдеш нови другари и случајно ако имаш повторно проблеми ке му кажеш или на класната или на директорката.Поздрав и се надевам нема да имаш проблеми :)
     
  4. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.277
    Допаѓања:
    17.356
    Прекасно е сега да реагираш, и да сакаат да се ангажираат класниот и психологот едноставно нема да има време да се дојде до корен на проблемот. Во никој случај не се запишувај таму каде ќе одат тие дечишта и да си знаеш за во иднина дека има професори/ наставници кои што не се замараат со ништо се додека не појави лично родителот па ако имаш фрки и понатаму, веднаш кажи дома за да реагираат твоите на време.

    Ако дома стоите океј финансиски, почни да тренираш некој спорт или запиши се на курс по странски јазик или компјутери, не само што ќе ти се зголеми самодовербата туку ќе запознаеш и многу момчиња на твоја возраст со кои ќе се дружиш и понатаму.

    Исто така, те читав во друга тема дека напнуваш со политика и вмро. Прво, премал си за да ја разбереш политичката сцена кај нас и второ, деца од 14, 15 години имаат нула интерес за партии и политика. Со врсниците прави си муабет за бркање женски, игрици, спорт, музика, филмови и слична забавна тематика, дебатите околу вмро и сдсм препушти им ги на родителите.

    П.С

    Под итно седни и научи основна интерпукција- голема буква, точка, запирка итн... Срамота е дечко од 14 години да не знае да пишува.
     
    Последна измена: 22 мај 2015
    На eloves, joy1 и crimson им се допаѓа ова.
  5. kalimero1

    kalimero1 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Во никој случај немој да влегуваш во конфликти со соучениците сега на крај на основно.Ако добро стоите финансиски оди на некој спорт курс по странски јазик. Единствена твоја грешка е тоа што не си го пријавил насилството кај психологот или кај директорот и јас сега завршувам основно можам да ти кажам нашата класна ништо не ја интересира се случи тепачка мојот најдобар другар беше онесвестен однесен во болница за тоа класната ништо не реагираше само рече што ми е мене гајле не сум јас родител а за директорот никој нема кажано убав збор или не е тука или во канцеларија заклучен седи за никој да не го вознемирува
     
  6. Youknow

    Youknow Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    874
    Pa imate roditeli be decki... znam deka poveketo decista vo osnovno i pocetok na sredno se vakvi no morate da im kazete na roditelite ako ne pomogaat instituciite vo ucilisteto. Sekoj sto si poseal ke si oznee.. koga togas! Ne se sekirajte ignor i kazuvanje doma obavezno!
     
  7. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    5.069
    Допаѓања:
    25.080
    Пол:
    Женски
    Кажи им на родителите и запиши се на карате.
     
  8. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    кокакола јас те разбирам во потполност, тој што го нема доживеано тоа не знае како е... мене тоа ми се случи во 5 и 6 одд. мене и ме тепаа, и ме викаа глушец поради клемпавите уши ( кои и ден денес ги мразам кога ќе се видам во огледало, баш поради тоа и си немам фатено реп во мојот живот од тогаш ) ми бутаа во устата кашкавал и сирење, класната не се замараше, а јас не кажував дома поради заканите дека ќе ме убијат ако сум кажала... моите гледаа дека јас имам модрици, ама се ги лажев, се додека еден ден едно од децата не ме удри по слепоочниците и имав огромна модринка, тогаш кажав веќе немав каде да бегам... тато збесна, дојде во школо, отогаш никој не ме чепна веќе, повикаа родители, директори, ги запали сите, и ме премести во друг клас... самодовербата ми беше на нула, почнав да дткам од страв, плачев секој ден, по цел ден, и ден денес дткам кога сум возбудена или нервозна... затоа мила кажи додека е време, не ќути, кажи на твоите, тие знаат најдобро што може да направат и се ќе се реши, не дозволувај поради некои будали да ти се расипува самодовербата :)
     
    На LittlePinky, glosipgirl, BestFriends.99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    7.600
    Пол:
    Женски
    Многу добро те разбирам затоа што во средно бев сведок на скоро иста ваква ситуација ко твојата само што се работеше за девојче. Колку пати се жалевме и кај класен и кај педагог ама ништо. Педагогот велеше си имате класен, а класниот пак никако се реагираше се дури не се појави татко и на девојчето е тогаш се смени доста ситуацијата. Така да ниту сега не е доцна за да реагираш. Следниот пат кога ќе те нападнат отиди дома и веднаш зборувај за ова со твоите. нека се појават тие следниот ден во школото па да видиш како ќе се заангажираат и психолози и класен и директор. Затоа што ова мора да престане. Кои се тие дечишта за така да ти прават? Нека се повикаат и нивни родители и да видиш како ќе се реши проблемот. Се согласувам дека е малку доцна, но ако сега премолчиш утре, другден на улица може пак да те поддеваат, вака нека знаат дека не си сам. И нема зошто да се плашиш или срамиш, тие нека се засрамат затоа што таков однос не е никако за оправдување. И ти никако несмееш да молчиш. Запиши се средно и ќе си стекнеш нови другарчиња.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.619
    Допаѓања:
    11.668
    Пол:
    Женски
    Не е доцна да одиш кај психологот. Мој совет е да одиш и да ја раскажеш приказната со ред како било. Исто и дека ти е страв да се запишеш во тоа средно ушилиште каде што ти сакаш, само заради нив. Јас мислам дека нема смисла да си го ускратуваш тоа заради некои насилници. Исто така ќе кажеш дека си криел цело време поради срам и страв. Едноставно објасни се што ти лежи на душа. Психилогот ќе те посоветува, и ќе превземе мерки (барем така треба да биде). Никогаш не е доцна да пријавиш и да кажеш што ти се случува, сепак се работи за непријатна и лоша ситуација.
     
    На BestFriends.99 му/ѝ се допаѓа ова.