Баш пристојни слики од педагогот на социјалните мрежи поставена за пример... Прочитав погоре дека не сите родители реагирале со жалба за детево, овде или тие се партиски притиснати или детево малтретира само ( во случајов девојче доселено од Сирија) деца кој не се на " видни родители". Зошто да беше девојчето на некој битен немаше вака да остане да гледаат да заташкаат.
Да се плаши поединец да реагира, ама ако се кренат сите цело училиште што ќе биде? Сите овој "битниов" во МВР ќе ги апси? Не ги разбирам родителиве ама ич не е можно сите партиски да се вработени од цел клас па да се плашат за работното место.
А нешто друго што ме запрепастува надвор од овој случај е тоа што за наставничката што била приведена видов изјава од нејзиниот маж дека "авторитетот на учителот мора да се врати" и секако, поддршка од нашиот народ. Не сум шокирана, туку само сум константно разочарана што психичкото насилство училиштата се охрабрува и кога ќе се види целата слика тој мајндсет игра огромна улога во појавата и на вакви случаи како што се дискутира тука.
Јас колку што знам жената од Неготино е на психијатриско лечење, и сопругот даде изјава дека ако се излечи ќе се врати во спротивно не. Не буткаа ништо под тепих таму. За 3 дена средија работа. Ама детево има јак грб..
Не малтертирала ама зборувала некои работи, децата пренеле, родители реагирале и готово. https://fokus.mk/shto-stoi-zad-priveduvaneto-na-nastavnichkata-od-negotino/ Тоа е мачкина кашлица во споредба со детево од Лазо Ангеловски
Лишена од слобода- психички ги малтретирала- зборувала нелогично За нелогично зборување се лишува од слобода? Ништо не е јасно- и текстот нелогичен-да ги лишат од слобода можда?
Мажот кажа дека месец дена била депресивна имала некои приватни проблеми. Среќа навреме се средило, сега се лечи.
Страшно,има врсничко насилсто секаде.Само што мислам порано не се зборело толку јавно.Ова е екстремен случај. Секаде се институциите трули да не се лажеме.Се надевам кога вака јавно ќе се крене глас,да се превземе нешто.Ако се решава во училишните ѕидови,нема ништо да превземат. Јас се сеќавам што кажуваше колешка од работа.Дете од сиропиталиште го малтертирал син и.Во второ одделение го давел со врвца.Го видела дома кога си дошло дома со црвенило на вратот.Интервенирала и со адвокат и сама.Вика нема страв од закани, се однесувал како манијак.И викале исто,детето мора да се образува како и сите деца.А, ако нејзиниот син има проблеми,да не ја напушта училницата на паузите за да не го пресретне и повреди. И баш викаше во ова лудо општество насилниците шетаат слободни,а на жртвите им се ограничува да шетаат слободно. Случка од пред едно 20 години. Ќерка на друга колешка-беше околу 12 години, заради врсничко насилство сакаше да си го пресече вратот во школото,заврши на затворена психијатрија.Ја одпиша одпосле.Ама, траумите што ги преживеала не се така бришат. Ова се приказни од Германија. Секоја од институциите си го штитат газот,а поединци страдаат.
Iskreno i mene me interesira,probav da najdam,ne uspeav Kakvo e nedolicnoto odnesuvanje i kakva e psihickata tortura na koja se zalat ucenicite?
Детево е Брејвик во најава… и не не е дете туку монструм… суштество. За таквите ко него емшатија и сожалување исто колку неговите ми се. Прогуглајте па ќе видите како можат деца да се судат и како ги има осудени на доживотни затвори, баш вакви како него (среќа не убил никого до сега, ама изгледа тоа го чекаме) Како за се знаат да извадат и имиња и презимиња и број нс гаќи, ама сега сите молчат ко пички или нема тука корист, не умре никој па нема да се замараме… и те како постојат начини само никој неќе да се замара.
Леле ама ја напумпавте работава. Арни се децата. Жената си имала психички проблем. Пострашен е монатрумов. Од наставничкава деца не плачеле ниту па им кубела коса ни трауми имале.
Za slucajot so 2ro oddelenecot procitav,islushav. Za ovoj ne Prashav ako znaesh neshto povekje A kako ja napumpav rabotata,eve ne znam
Еве за жената.. навистина претерале и родителиве.. искрено се прашувам дали истите би реагирале да било дете на некој или жена на некој.. https://gevgelijanet.com/2023/11/10/приведената-наставничка-од-неготино/
Керка ми вчера ја соблекувам за бањање,и гледам нозете цели со вакви модринки. Кога ја прашав од каде и се почна да се тресе цела и ми кажа дека дете од класот со клоци ова и го направил.Немате поима колку збеснав на моментот. Претходната недела приметив дека не сака да оди во школо.И со плачење ме молеше да седи дома.Ама не сакаше да каже зошто. Тек вчера дознавме со маж ми,дека ‘детето’ ја малтретира веке долг период(и се смее бидејки носи наочари,и ја скубе косата,еве ја клоца,и ја фрлал храната што јас и праќав од дома)..и не само нејзе туку и на неколку др деца. Се обратив прво кај мајката вчера.Ми рече само Го прашав не е он,он со неа нема муабет.ОК Денеска ке биде известен психологот,директорот,па се останато.Нема да сопрам и нема да се помирам со реченицата ееее деца се.. Деца за извоз немам И деца за да истура некој бес над нив исто немам.Мајката очигледно к*р не ја боли,ама мене ме боли и тоа мн.Затоа што моето дете е оштетена страна.