Такви нарцисоидни родители најчесто креираат такви монструми. Кога на дете му е дозволено од дома да се однесува агресивно и е заштитено од нив и покрај се, тоа добива чувство на грандиозност - дека никој ништо не му може и има зелено светло за исфрлање на агресијата - која често е поради недостаток на љубов од такви родители. И така во круг. Многу комплицирана е психологијата зад овие работи. Ама дека слободно може да се нарече монструм иако е дете, апсолутно. Поддршка за тебе, известувај не ако треба било што.
А, ако не претерале? Сопругот не е објективен и не може да биде. Само депресија спомнува, а точната дијагноза може да ја појасни работата. Поради нејзиното недолично однесување децата почувствувале вознемиреност и страв. Се спомнува психичко малтретирање, а штом директорката пријавила во полиција... Направила нешто сериозно.
Разг мм со директорката.До петок ке бидат свикани сите родители поединечно на разг.Доколку има жалби од повеќе од нив,детето ке биде одстрането од тоа одд. Инаку таткото се заканил на маж ми со зборовите јас во Ујп работам знаеш ли?
Па од такво арогантно суштество ништо зачудувачки што син му е насилник. Многу ми е жал за ќерка ти, душичка. @nena2010 за наставничката споделив зашто ме изнервира изјавата на маж ѝ.
Не ми се верува,каква надменост од страна на родител. Место да седне да сослуша,да превземе одговорност,да се извини од родител кон родител…он мене ми се курчи работел во Ујп. Немам спиено нокеска ич.Ни јас ни маж ми.Затоа што го праќаш во школо здраво право,чувано.А ти го враќаат истепано,со модринки,со разбушавена коса. Мака ми е што месеци уназад приметив дека нешто и се случува ама не знаев што.Не сакаше да оди во школо,не сакаше да спие сама ич ноќе,нервозна беше после школо страшно мн. Мислевме дека можеби се скарала со другарка,или се плаши од тест,испрашување.Прашавме мн пати дали има нешто да каже,одговорот се до вчера беше НЕ мамо добро сум.Ама не била добро. Уште лани кај истата мајка пријавив ситуација.И го имаше истурено сокот.И тогаш добив ист одговор дека друго дете тоа го направило нејзиното не. Глупа замижав на се ова.Е на тепање нема да мижам.
Не си глупа, туку некогаш забораваме колку дебили на метар квадратен се населени на земјава. Не се обвинувај себеси, не е воопшто лесно да се справиш со ваква ситуација, посебно кога проблемот не е само едно невоспитано детиште, туку цела фамилија се да земеш и да ги акнеш од земја. Следен пат сними ги, па ќе ги направиме познати. Во ујп работел бе, голем курац. И нема да застанувате, ако треба и кај негов претпоставен ќе го пријавите. Ако и тоа не помага ќе пријавувате полиција, не може бе секој покондурен сељак да те малтретира и да не можеш ништо да направиш. Многу се нервирам. И сум преплашена, баш тоа со дм зборувавме некни после видеото со Весна. Сакаме деца, здравје и тоа ќе биде, како ќе го пуштам на школо не знам, уште од сега ми се темне.
И после што очекувате какви деца да одгледаат вакви створови од родители кои и самите се психопати? Па и да е најдобро, најмирно, најпаметно и душа од дете растејќи во таква одвратна и токсична средина со никакво воспитување има големи шанси да стане психопат и социопат не пак ако си има и предиспозиции уште. Они од родителите буквално целата поддршка ја имаат и заштитени се, од мали нозе ги учат дека може да си прават што сакаат како ќе им текне, и никој жив ништо не им може. Скапаниве трули институции и установи им даваат ветер у грб и самите они им се потпора. Џабе е што постојат стварно, сите знаеме дека има закони, правила и процедури тука, се си има ама ниту има кој да ги спроведе ниту пак сака да ги спроведе. Им одговара хаосов, беззакониево што си го тераат. Да имаше закони кои се поштуваа до овде ли ќе стигневме, ич немаше ни да се дискутира за ова, одма ќе се решеше, секој ќе си го добиеше тоа што му следува и правдата ќе беше задоволена. Вака, ќе си ќутиме, ќе си трпиме, дигајќи раце и помирувајќи се со ситуацијата, а психопатите пак ќе си тераат по нивно и среќни и задоволни ќе си бидат. Џабе коа не се активираме никако, тоа чудо е значи, толкав страв и немање храброст. Глеате дека див Запад е буквално и дека ништо не се решава и не се постапува по Закон и пак си молчиме како за се, да не наебеме се плашиме и чарето е тоа, да се повлечеме нели? Да се сложни родителите и поупорни во нивната намера може и ќе се постигне нешто ама не, секогаш ќе има по некои кои ќе избегаат ко пички ради тоа што од партија им е така наредено, да не се мешаат и да не си ја бараат бељата и тоа не неколку туку многу повеќе ги има таквите.
Ништо, само за државен службеник-јак батка да се мажиш и со таков деца да имаш, Ујп, мвр, шодае Заебанција на страна, ова е многу ненормално. И јас сум била дете некогаш, и тогаш имало насилници, ама скоро без исклучок беа тоа деца без родителска грижа. Притоа, со деца од коекакви директори имам учено. Ова денес, од покондурени сељаци е страшно. Глорификација на понашање-јас, крал на џунглата
На твоето девојче ќе му кажеш @joy1 да му каже дека сако ако ја пипне ќе го повика татко и веднаш,и тој ќе го смачка од тепање. Па не е исклучено мајката на тој да ти јави дека девојчето му с езаканувало со ќотек од таткото. Нека. Затоа што најмногу можат да го преместат во другото одделение,пак ке остане во школо импо ходници и на одмор ќе ги закача бетер.
Клучот е во немање страв. Они се научени дека со предизвикување страв преку закани добиваат ефект и кога некој нема да потпадне на тие закани, пример работам во УЈП или МВР, тогаш не знаат кој им е следен чекор, немаат друга тактика на делување освен таа. Кој сака нека биде значи, каде сака нека работи, одење до крај и борба. Се е ова последица на менталитетот - попаметниот попушта. Епа нема попуштање.
Добро ајде за туѓи деца не им е гајле, ама не ми е јасно како за нивно дете не ги боли? Гледаш дека му треба стручна помош, се малтретира и себе и другите, и наместо да бараш решение за проблемов ти му даваш простор да се пореметува уште толку. Од секогаш имало насилни деца ама ова што се случува денес по школиве е алармантно. Образовна институција стана прв терен за насилство и убиство. На 7 години голи да ги соблекуваш девојчињата од класот, да ги тепаш, да истураш сапун по скали за да некој расцепи глава е тотално болно. И се ова се случува затоа што денешните родители децата ги растат како телетабиси.
Апсолутно така е. Нема шо страв ниту попуштање, абе за деца ваши се работи, има да се здружат и све ќе покушаат да напраат. Ете од попуштањето до кај догуравме, институции ко да нема и ај ќе се заќутиме, а проблемите уште поголеми стануваат. Само треба групно решавање за вакви работи, поединец што може, ништо. За ова најмногу го мразам народов наш општо, што не знае да се групира и да реагира соодветно, да иде до крај дур не си го добие тоа што сака, сите ист проблем имаат, иста цел и вака да остаат да помине, несфатливо.
Насилници отсекогаш имало и ќе има. Маж ми го малтретирале двајца од одделение уште на времето. И тогаш на тоа се гледало како на деца се тоа е тоа. На овие простори насилството за жал се смета за мачо однесување. Израз на моќ. Од друга страна јас како добра ученичка бев мета на исмејување и социјална изолација од страна на „кул“ девојчиња (читајте оние што пушеа и имаа дечковци во 7 одделение). И никој тоа на времето не го стигматизираше. Сега кога се отворија малку коцките и кога веќе не се трае на насилство истите насилници ги воспитуваат децата да бидат насилници и повторно се служат со закани кон други. Се надевам дека ќе успееме колективно нешто да смениме. Колку повеќе се зборува за тоа подобро (нема да може да се крие). И се би било супер да нема дури и тука совети другите да го претепаат насилникот и слични такви пораки. Не смее да се дозволат такви пораки кон децата.