1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Насилство во училиштата

Дискусија во 'Образование' започната од cokacola, 20 мај 2015.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.362
    За жал, грото родители се тоа
    Воспитуваат монструми па после ќе им лежат по затвори
    Отсекогаш имало такви деца, но не во волкав број
    Како да е “престиж” да имаш такво дете , така ги доживувам јас , демек моево дете над сите :swear:
     
    На *Amethyst*, MeowMeow, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    2.855
    Пол:
    Женски
    Шо се случува со децава шо се толку насилни од мали од градинка.
    Моето одеше во престој неколку недели забележав во однесување како да ми се затвори ај мало е си велам фаза е. Го земам еден ден гледам друго дете му скока, го фаќа за врат и сопка и назад го преврти, добро како деца од 3 години знаат да се тепаат ко возрасни. Си го зедов и ништо само забележав дека нешто не е во ред.
    Одеше така уште некоја недела си го земам дома цело искасано, модрици, гребнатинки големи со крв, мене ништо не ми кажаа дека се случило јас дома го видов. Се извинуваја многу но и ми рекоја твоето се задева. Јас си го познавам детево знам дека не е баш така како шо го опишуваат дека него му е игра но никако не е насилно со деца. Не дома било друго ваму друго било детето. Решив да го опишам и си го запишав во градинка.
    Не е како шо велеа, еве го си игра деца многу сака, ништо се нема случено, никого не задева баш ги бара децата, кога го земам вели мама си играв со децата, значи не е проблемот до него.
    Учителките се презадоволни од него, се е супер. Ако оставев како шо велеа дека било нормално , деца биле се случувало да се вчапаат и не знам ти шо да го вратам пак тортурата ќе продолжеше и тоа само од на 3 години дете. Децата не се ни криви толку колку што треба да се пазат и да не се дозволи да се случат некои инциденти. Ако има возрасен да ги пази и да ги реанимира никогаш нема да се случи нешто. Сепак зависи и од дете, ако детето е проблематично нема да прекини да се задева со други деца, и со него треба работа уште од мали нозе. Но до нас е да ставиме крај на некои работи и да бараме нова средина каде децата ќе се чувствуваат сигурни и исполнети.
     
    На *Amethyst*, eliesaab, MeowMeow и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    2.855
    Пол:
    Женски
    Од лично искуство шо до сега сум била во контакт со УЈП инспекторите па и не се баш нормални, мислам и нема нормален она што ќе го работи...
     
    На *Amethyst*, christinnn, simoncelicius и 2 други им се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.362
    Знам , имам една у фамилија и сите се на тој “принцип”… да не зборам , ама да видиме коа ќе го пријави за закана , или коа ќе излезе јавно
     
    На *Amethyst*, simoncelicius, st-el и 4 други им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.130
    Допаѓања:
    124.903
    Пол:
    Женски
    Колку сака нека се курчи.
    Ако нема праведна разврска од страна на директорот, нека го кажат јавно. И на мрежите и во медиумите.
    И ние да го направиме познат. ]:)
    И на УЈП да им се воочи какво говедо ја користи позицијата за заплашување.
     
    На *Amethyst* и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Праша и си даде одговор.
     
    На Chanell*, Srckata28, An-na и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.702
    Пол:
    Женски
    Тоа е тој профил на родител со размазено,невоспитано и насилно дете.
    Послушај ме за тоа што ти пишав,и ако се случи пак ако не може маж ти, оди ти веднаш во школо.
    Ке му спривикаш ако треба и ќе му кажеш убаво.
    Само така ке прекине.
    Па после нека ти се јавува мајка му.
     
    На *Amethyst*, mal.ecka и joy1 им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.113
    Допаѓања:
    112.704
    Пол:
    Женски
    Не сакам тепање деца, ама на овие би им врзала неколку воспитни
     
    На Lisandra, *Amethyst*, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Можеби дома се со воспитни, па така и они си применуваат во школо. Бесот мора некаде да се истури.
     
    На mal.ecka, An-na, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.113
    Допаѓања:
    112.704
    Пол:
    Женски
    Не би рекла.. ова се крајно распрдени деца и пуштени од ланец. Ова се деца на кои не им е обрнато внимание.
     
    На Lisandra, *Amethyst*, MeowMeow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Во основно имаше еден што сите ги малтретираше, дете на богаташи и секако ништо никој не превземаше. Детево буквално пред мајка му во маало ме бутна во жбун со трња, мајкава мртва ладна само кажа " Леле Мартинче немој така мајка". Јас цела избоцкана изгребана дома на мајка ми и се споија жичките пошто не му беше прв пат да ме удри и отиде пред сите у маало ја направи ренде. Оваа се дига како знаеш која сум јас, мајка ми и рече која сакаш биди син ти ако уште еднаш ја пипне не одговарам од мене ќотек ќе јаде. Од тогаш се откачи едно време од мене и почна пак, дур мене не ми се споија жички па у сред школски пред сите го бутнав на земја и дур имав шанса исклоцав. Вечерта во маало ме пресретна да ми врател, ама па го виде еден од маалските мангупи да ги кажам багабонти го фати за уши и му мавна една клоца и му рече друг пат ако види да ме закача или да закача, тепа било кое девојче ќе го јаде. Се откачи од тогаш си најде други жртви...
     
    На Stark, Lisandra, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.864
    Ама немој така ВТД, не е убаво.(facepalm)

    Јас реално не сум знаела ниту чула за многу насилници, ама знам од кажување- тие од мали до големи се такви, дури не се сретнат со поголем насилник од нив.После ги читаме по црна хроника таквите. Затоа најарно е да си ги воспитаат родителите децата од дома, наместо да пикаат под тепих.
     
    На *Amethyst*, MeowMeow, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.890
    Допаѓања:
    31.322
    Пол:
    Женски
    @joy1 на детето му треба смиреност во моментов. Да знае дека е заштитено. Никакви медиуми и расправања по школски дворови и телефони со родители. Може да се разговара со неа дека е безбедна и дека ќе ја штитите кога ќе ви каже за насилство.

    Вие што даватр совети за медиуми ај размислете малку. За деца се работи. Најмалку треба публицитет во моментов. Нека обработи школото што треба.
    И пак исто па исто. Ќе тепаме туѓи деца. Па ќе се чудиме зошто се насилни.
     
    На mareane, mal.ecka и Angie1432 им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.130
    Допаѓања:
    124.903
    Пол:
    Женски
    Ти размисли.
    Ти предлагаш повлекување. Повелкувањето нема да го реши проблемот.
    Со ќутење се заташкува.
    А, можно е директорот на школото ништо да не реши. А, можно е и други деца да се жртви на тоа дете.
    Знаеме какви се директорите и кого слушаат. Ретко кој постапува правилно во вакви случаи.
    Поради тоа ѝ е даден совет да видат дали тој ќе стори нешто, па ако не, да зборува во медиумите.
    А, за тепањето, да. Тоа е лош совет.
    Но, мора да се зборува јасно и гласно.
    Насилниците се најсилни кога жртвите и семејствата на жртвите молчат.
     
    На Lisandra, *Amethyst*, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    @JoyJoy не, во моментот воопшто не размислуваме во таа насока.Чекаме до петок да ни се јават пак, за да ни соопштат што одлучиле,заклучиле и како понатака ке се одвива се.

    Ако немаат намера да работат на односот со детето и оваа тортура продолжи тогаш ке носиме нови решениа.

    Зборувавме со керка ми.И објаснивме дека не смее од нас ништо да сокрие.За нејзино добро пред се.Ни кажа дека детето им соблекувало панталоните на машките дечиња.Со ножици скратил прамен од косата на едно девојче.Проблемот е мн подлабок отколку што изгледа.

    Како досега никој не изреагирал не знам.Но Нема да оставам да се повтори пак истото на моето дете.
     
    На Harper, IRBBB, Lisandra и 18 други им се допаѓа ова.
  16. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    @joy1 се однесуваше на тебе, сум ги помешала работите со мислењата. Еден пример да дадам јас и тоа во Австрија. Наше дете од балканот било малтретирано од нивно дете, реагирано исто кај директор и таму како и тука, посебно кога се работи за нивни, ништо не преземале. Мајката кутрата не знаеше веќе што да прави, за на крај да го чека детето од школо и пред сите му се заканува дека ако го допре нејзиното дете, ќе го чека и пред сите ќе го истепа. И од тогаш се заврши. Не дека оправдувам насилство, ама ако не се преземе ништо, јас искрено како мајка сама би преземала мерки.
     
    На *Amethyst*, MeowMeow, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.702
    Пол:
    Женски
    Не смее @joy1 никако да тепа ниту за јакна да го повлече детето.
    Може да ја тужат.
    Но,бидејки родителите се прават по обичај мутави,училиштето тера процедура.
    Доколку се повтори може легитимно и јасно да му стави до знаење дека не смее да ја пипне.
    И тоа девојчето треба да го знае,ќе се чувствува заштитена.
    А малиот мамлаз еднаш да му стави до знаење, ќе се повлече,од пракса е секогаш така.
     
    На Lisandra, *Amethyst*, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.891
    Пол:
    Женски
    Како луѓево не си ја препознаваат својата контрадикторност ми е многу фасцинантно.
    (facepalm)
    Тоа дете штом има родител - знаеш ли кој сум јас - сигурно не е нежно воспитувано.
     
    На *Amethyst*, RainBow, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.891
    Допаѓања:
    132.561
    Ова со наставничкава од Неготино... многу ми е чудно. И да имала психички проблем, бил акутен, оти со години предавала, и немали проблеми. Може имало и некој мал удар у мозок, па влијаело... и сега си викам, сите одиме на работа, замисли нешто ти се дешава, стануваш чуден, и тие што се 16 години околу тебе секој ден... место да те однесат дома, да викнат доктор, да те однесат у брза помош... ти викаат полиција и директ у Демир капија! А таму знаеме какви се условите. Ќе и речат земи одмор, земи боледување, неплатено отсуство, среди се, оди по доктори... а не наеднаш полиција! Па и гола да се соблекла, не е за полиција, тоа е за брза помош.

    А за децава немам коментар, и јас имам дете, и со страв е секој ден. И викам, ко у војна да те праќам а не у школо секое сабајле! Не викам слушај ја наставничката кога ја испраќам, туку, бегаш од тие што тепаат, не се закачувај, оди одма кај наставничката ако некој те допре, ако некој почне да мава враќај одма... Имавме и ние тепач, кој тепаше само женски, да после да ја видиме мајката претепана од таткото. Децата гледаат дома и манифестираат. Детето и нивното и нашите други децата страдаат од таткото кој тепа жени. 25 деца и 50 родители не спијат ноќе од последицата оти тој место да ја секса жената дома, он ја тепа.
     
    На IRBBB, Осе, Lisandra и 11 други им се допаѓа ова.
  20. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    24.984
    Пол:
    Женски
    Мене за таа од Неготино најчудно и најжално ми е што со полиција ја зеле од дома, а мажот вика дијагноза депресија. Замисли да те земат од дома полиција затоа што си депресивен. Па секој втор треба у притвор да иде.
    Ајде ќе разберам агресивно однесување, шизофренија, непресметливост.. ама поради депресија?
     
    На Curious cat, nena2010, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.