1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Насилство во училиштата

Дискусија во 'Образование' започната од cokacola, 20 мај 2015.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.278
    Пол:
    Женски
    Јас кога се жалев на класната одговорот ѝ беше дека сум си го барала зашто мирна сум била, требало да им враќам. И откако го рече тоа, не се жалев повеќе. Знаеше она секако ама се правеше на Тошо.
    Инаку на главниот були во клас, мајка му беше една мирна мила жена (барем така изгледаше) и се гледаше дека ѝ е срам ама наводно не знаеше од каде идеше тоа и све си беше да да ќе зборам со него, ќе видиме ама ништо не се менуваше. Детево имаше и сестра што беше сосем спротивно од него. Е после години се случи што се случи нажалост, сум кажала и нема да спомнам пак оти да не испадне посакувам некому.

    Инаку и од дома еднаш добив сличен одговор дека сум требало да враќам, да не ќутам, ме гледале уплашена и затоа ме малтретирале. Онака виктим блејминг на најјако добивав.

    Педагог и психолог беа исти курац, ќе го пратеа кај нив аа ама ајде ќе се поправиш од утре така? Така. Ајде оди во клас. И од утре иста песна. И така до крај на основно.
     
    На Lisandra, *Amethyst*, Mrs. right и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.864
    Сега една перспектива на мајка - не мислам дека може да влијаеш на промена на личност.
    Ние никогаш не сме тепале дете, ќерка ми не се закача, ама ако некој ја закачи ќе му врати, ќе каже на учителка и се по ред. Братучед и е спротивност чиста, ќе се повлече и ќе ќути. А мојава општо не поднесува неправди, одма бара решенија. Пример имаме бандити низ маало, се тепаат и караат по улици, јас и велам тргај се настрана и не влегувај во туѓи закачки- таа одма-да викнеме полиција, да бараме суд, пиши му на градоначалникот:D.
    Зборот ми е, мислам се раѓаме со карактер, ама однесувањето се учи преку општествени искуства.
     
    На Lisandra, *Amethyst*, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.890
    Допаѓања:
    132.559
    добро, ќе дошле на школо твоите и ке го сределе детево. Ке било мирно. У средно пак ке има дете на некој недоебан и пак твоите ке додјат. На фкас, на улица, пак.
    После и на работа ?
    Јас сум за да се помогне и зашитити детето, ама и да се научи да се брани. Прво никогаш да не крене рака, ама ако почне некој да мава да врати одма. не да лежи на земја да ја клоцаат.
     
    На *Amethyst*, christinnn, fairy88 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.278
    Пол:
    Женски
    За на факс и на улица и работа веќе во полиција си пријавуваш оти за полнолетни недокваканици се работи тогаш.:)
    Епа сигурно не треба да му речеш оти сам си го бара да го малтретираат.
    Еве џој решена е да крене узбуна, не вика абе сама си е крива, си го бара.
    Иначе типов беше една глава повисок од мене и крупен. Утре сабајле ќе се тепав јас со него.
    И ќе се одбраниш, еднаш двапати и после што?
    Во страв ќе живееш дека трет пат нема да можеш?
    Ај нека малтретираат слободно, ние ќе мислиме како да се браниме од нив. Само со сила на 12 годишно девојче ќе се бранев оти оружје ако носев (било какво) јас ќе го јадев.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Во класот на син ми (во Мк) имаше дете кое не трпеше. Ако му кажеа нешто што не му се допаѓа, одма ги удираше децата. Еднаш син ми доби бокс од него. Детево го удрило затоа што син ми му рекол дека е будала. Детево си кажува дека бил испровоциран од него и затоа така му рекол. Ја сретнав мајката и и кажав за случката. И она ми вика - Х е таков. Ако некој нешто му рече одма удира боксови. (facepalm) И други деца беа малтретирани од него.
     
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.890
    Допаѓања:
    132.559
    мешаш баби и жаби.
    Додека те тепа некој непознат на улица за да те ограби, треба да тепаш и ти.
    У школо не е еднократно туку последователно, и тогаш треба да му втераш страв у коски. Мораш да добиеш самодоверба и за натаму у животот. И не е едно дете, повеќе се. У секое одделение има алфи.
    Еве мене никогаш не ме гњавеле на школо, секогаш сум имала став.
    Никој ме нема чепнато, ама гласно кажав дека растам со браќа и ако неког ме допре знам како да мавнам за да остане инвалид. И ден денес сум сигурна у себе дека ако ме допре некој можам да го скршам одма. Оти тоа е вроден инстинкт, одбраната.

    Дете треба да се заштити, да ми ја удри ќерката, у вис сите ќе ги кренам, ама знае дека ако некој ја чачне, одма да врати. Јас и на родителска кога имаше проблем со детето, им кажав, немојте после да плачете дека вашето дете е натепано. Сега е тепач он, ама некој ќе му врати и вие ке собирате заби од земја. Оти рефлекс е тоа, те маваат и маваш у самоодбрана. Некој ќе биде посилен, па тепачот ке биде претепан.

    Ќерка ми ја учам да биде силна, да не се заврши да не клечи да ја тепаат. Одма да мава и да се бори. Оти после и у брак ке мисли дека така треба па ќе ќути. Те маваат? Враќај назад одма.
     
    На *Amethyst*, Curious cat, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.278
    Пол:
    Женски
    Мене да ме насмееш или уплашиш тегла не можам да отворам, не маж од два метра да тепам. Или дечко тежок дупло од мене.
    Е ти си стоела зад ќерка ти, зад мене никој не стоеше. Ни класна, ни родители, никој. Никој не рече тешко вас ако ја чепнете. Све беше Епа брани се. И знаеш што? Викав и ги мавав. Ама се смееше идиотот ко мрднат кога ме гледаше здивена и нервозна. И намерно продолжуваше уште толку оти интересно им беше и на него и на класот нервни сломови да доживувам пред 30 души.
    Јас за туѓо однесување не се осеќам одговорна.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.238
    Допаѓања:
    12.874
    Пол:
    Женски
    Ако има и оружје у себе, пак ќе тепаш и ќе се силиш со ненормален?
    Епа како истовремено со поише ќе се справиш или ќе земеш и ќе ги решиш сите ко на филмовите?
    А тие што не знаат како да маваат што со нив? Ете ко прво не сите се исто физички јаки, некои храброст немаат колку и да имаат сила, ќе се здрват, вкочанат у такви ситуации и не знаат како да реагираат.
    Имаш различни деца и возрасни. А и да беше така лесно немаше со вакви проблеми да се гњават и децата и родителите, ќе земеа ќе испокршеа и испотепаа све пред себе и сите задоволни ама не е баш така.

    Викаш немаш искуство со малтретирање у школо па затоа појма немаш како им е на децата жртви.

    У вакви случаи родителите треба да настапат на сцена и да се покажат, соодветно да реагираат за да си го заштитат детето.
     
    На JoyJoy и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.890
    Допаѓања:
    31.322
    Пол:
    Женски
    @nextredstyle не предлагам повлекување воопшто. Предлагам цивилизирано реашавње на проблеми. Влечкање по медиуми во оваа фаза нема никому добро да донесе. Тепање туѓи деца исто. Заканување на родители исто.
    Проблемите треба да проба да се решат во системот. Ако не оди тогаш да се размислува на други мерки. Ама овој проблем на форумов баш го извади тоа што не чини кај нас. Одма да се удри на јавно етикетирање, повикување на насилство и слично. На крај тоа што се предложи е да го натепаме насилникот, да ги натепаме родителите на насилникот. По можноост сето тоа да се случи пред камери. Зашто во Македонија ако нема камери, социјкални медиуми и свакојаки сеирџиски глупости сметаме дека не се десило. И ете така ќе го решиме проблемот. Вака според постовите изгледа решението.
    Дел од проблмеот кај нас е и баш тоа. Ништо не решаваме во корен. Ама за парад правење и панкање по медиуми каде што квази експерти ќе ја развлекуваат ситуацијата и ќе предлагаат глупости сме први. Што дека се направи медиумски циркус од она што се случи во Белград. Се смени нешто на подобро? Не. Само се набилда уште повеќе тензија. За разлика од тоа убиството во Утоја во Шведска самите Шведски меидуми го покрија недела дена и толку. Ги оставија сите на мира.Оставија системот да функционира и направија споменик таму итн, итн. Ние тука уште гио ретрауматизираме родителите и децата жртви со тоа што некои „новинарчиња„ жедни за читаност/гледаност ги викаат на интервјуа. Нема етика, нема морал, нема вистинска помош. Побогу жена експерт за музоко тепрапија заврши распранат на крст од страна на „лаици експерти“ (нели ние тука сите се знаеме и за се сме експерти) Само трачарење. Потполно погрешен пристап имаме кон нештата.

    Не разбирте дека детето жртва ако почне ептен многу да станува јавно ова нема да се чувствува заштитено туку обратно. Соите ќе дознаат дека било малтретирано, а децата најчесто не сакаат тоа да се дознае. Срам им е. Затоа и трпат и ќутат. На детето му треба заштита ама и мир во мометов. Деликатна е ситуацијата. И на насилникот ако има проблеми што го тераат да биде насилен му е потребна помош. Ама исто помошта не значи да му закачиме портрет јавно сите да го гледаат. Туку да му помогнеме професионално и културно. И ова некогаш бара време и трпение. За да се откријат вистинските причини. А сега штом почнало да се одмотува клопчето и штом децата почнале да зборуваат насилството барем на одреднео време ќе се смири зашто насилникто веќе знае дека не му молчат и не го кријат. И сега треба на сите професионално да им се помогне да ја надминат траумата инаку ќе им остане за цел живот.
     
    На IRBBB, Осе, mareane и 3 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Поверојатно поради ова не те чепнале.

    Моево не го учам да се тепа, поверојатно е дека да врати ќе биде уште толку натепана. Не дека ќе успее толку да натепа некое машко и да му втера страв во коски, мислам нереално. Среќа нема во школо такви засега, мали се уште, а за понатаму не знам како ќе биде. Ама, страшно.
     
    На mal.ecka и JoyJoy им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.702
    Пол:
    Женски
    @Cka
    Многу родители советуваат да вратат, да се одбранат,но нема да вратат и до утре да збориш и да ја учиш ако не е таков карактер ,џабе.
    Има родители ги запишуваат на карате за да стекнат самодоверба и за да вратат соодветно и пак не враќаат.
     
    На Lisandra, *Amethyst*, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.864
    Ама мислам инстинкт е, ко што вели Цка.
    И јас сум знаела дека нема шанси да натепам некој од 2 метра, или било кое машко на моја возраст, ама инстинктивно ми дошло- он мене за гз, јас него меѓу нозе. Не дека сум мислела кој е посилен или кој ќе победи, просто одбранбен рефлекс.
    Ниту дете сум учела да се брани или да враќа, ја учам да избегнува конфликти, ама во јасли до 3 години се тепала во јасли, со децата за играчки. Он нејзе ќе и краде играчка- инстиктот вика не може.
    И карактер е.
     
    На Осе и Cka им се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.890
    Допаѓања:
    132.559
    Да, таква е. Се надевам ќе и се роди инстинкт на преживување оти ако не враќа оти е фина, ќе ја претепаат.
    Зборуваме за разумна одбрана не за дебилизам. И јас би бегслс ако има оружје. Не преувеличувсј за поента.
    Еден е обично. Ако се повеќе бегаш ама ако начекаш некој сам, ќе му се заканиш со имам двајца браќа, нив ги тепам, тебе сол ќе те направам.
    Ме зборуваме за едно тепање, туку за насилници кои цело време го прават ова.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Баш заради ова сме општество какво што сме.
    Не знам дали се читате какви контрадикторности пишувате. Демек осудувате насилство, ама да му врати?! Оти, не постои друг начин на решавање на проблемот, само со насилство?!
    Никогаш и никаде нема да оправдам насилство, оти и тој што удира прв е насилник и тој што му враќа, исто ;) Или на овој вториов не му се рачуна?
     
    На Angie1432 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.163
    Допаѓања:
    102.125
    Пол:
    Женски
    Mене истово ми се има десено, апсолутно истово, ме истепаа на истиов начин, ама не машко, девојче, од клупа. Беше поголема, повтараше неколку пати клас и заврши кај нас, замисли во 3то бевме ние а она требало веќе 6то да е, од мене 3 глави поголема, носеше мартинки со цокули и со тие ме млатеше, едвај спиев навечер и цели цеваници ми беа модри, толку што ми се познаваа преку бели хулахопки. Кога и кажав на наставничката ми рече дека ќе ме убие и мене и моите дома, не кажав за ниеден следен пат. Ама мајка ми ме примети па дојде и оваа се стопи под клупа, ја снема, престана да оди во училиште и не заврши основно, во мое време не беше задолжително ваљда, пред 20иохохо години. Бидете упорни, не оставајте така.
     
    На Осе, *Amethyst*, MeowMeow и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.702
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто мене ми се обраќаш,па и во множина.Само кажав тоа што го знам дека многу родители така советуваат.
    Јас не сум воспитувала да вратат зошто знам дека е карактер и колку да го учиш нема да врати.
    Но,не сум сигурна дека е исто да се одбраниш и да вратиш.
    Самоодбрана е нешто што е легитимно.
    А и не сме такво општество,напротив.
    Затои и има многу насилнци во школи и градинки,зошто нема кој да им врати,биле воспитувани да не враќаат ко јас моиве, да избегнуваат конфликти,да бегаат.
     
    На Осе, MeowMeow, VDT2906 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.130
    Допаѓања:
    124.903
    Пол:
    Женски
    Да, треба самоодбрана со удирање при обид за грабеж или силување.
    Но, во вакви случаи не. Само ќе ја влоши состојбата на жртвата и другите ќе ја гледаат како насилник исто како тој.
    Да се пријави случајот и да се контактираат медиумите.
    Бесот на јавноста е повлијателен од обичната поплака.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.890
    Допаѓања:
    132.559
    Самоодбраната не е кривично дело.
    Дете што трпи ќотек не е ништо подобро од дете со став кое ќе му се спротистави на насилникот.

    Мојата ќерка јас учам да не трпи насилство. Утре ќе трпи сите да ја тепаат. Никако. Самоодбраната не е насилство, нужноста е.

    Мава?! Одма удар назад. Подобро он да е со крвав нос отколку моето дете.

    Нема разговор со насилници. Откако ќе се спаси од ударите, право кај наставничките. Ама ќе знае секој друг што ќе сака да ја удри дека ќе го јаде стапот.

    Разговор со маж насилник? Нема. Маваш со тавчето и бегаш у полиција. Ќе му кажам, немој срце, не е културно да ме тепаш?! Вие учете ги ќерките да трпат, мојата ќе ја учам на секој бокс да враќа.
     
    На Осе, *Amethyst*, MeowMeow и 10 други им се допаѓа ова.
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    Значи по твое утре ако пак истото дете ја нападне ќерка ми, она треба да седи мирно и да чека клоци,шамари и боксови?

    Бидејки ако проба да се одбрани и да спаси жива глава е насилник нели?
     
    На simoncelicius, SuperGirl24, Осе и 16 други им се допаѓа ова.
  20. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Искрено и јас истото му го кажувам на моево чим некој те удри враќај, ама прв не почнувај. Некогаш жртвата треба да превземе акција, зошто гледаме и во училиштено во Аеродром дека поплаки и разговори не помагаат. Некогаш буквално треба да се спуштиш на ниво на насилникот за да сфати дека не е семоќен и дека и он може да настрада.
     
    На simoncelicius, H.VAGA, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.