Медиумите? За кој случај збориме, да се контактираат медиуми? Како ,,бесот на јавноста,, што и да е тоа, ќе влијае?
За цел свет да знае дека ќерка ти е тепана. Еве има дете кое е сексуално злоставувано у школо у Скопје, на 6 години од други деца. Оди у медиуми, ама не се знае кое школо за да не се наштети на детето. И народот? Спие. Директорката? У кафана јаде
Па баш во нашето општество има многу насилници зошто не се нашол некој да им го покаже местото. Тие баш тоа го сакаат, да се повлекуваш, да не им возвраќаш, и со тоа уште повеќе сила си земаат за да напаѓаат. Не може еден прцул од 7 години да тепа друго дете а тоа да стои и да јаде шамари. Денес шамари, утре може да го бутне и по скали и да му расцепи глава, ама никако не смее да се самоодбрани, ќе биде насилник како него. Во право е @Cka. Детето мора да се учи да се брани и да им даде до знаење на другите што може да им следува ако го нападнат. Едноставно, насилниците мора да добијат taste of their own medicine.
Има насилници зашто немаме никаков систем за справување со нив. Нема работење со децата, нема барање на проблем, зошто, како, нема последици, еве гледаме, утре ќе биде знаеш ли кој е татко ми. Одговорот треба да е во системот, ама не е, па ќе го решаваме проблемот пак со насилство. Во тоа лошото е што од силен има посилен, нема секој да се повлече, па може да си дојде дома детето со скршен нос. И поголеми проблеми да си направи. Зачаран круг, ама грешен излез се бара. Како и секогаш за се во земјава.
Мене би ми било страв да се тепа мое дете. Немам емпатија за насилници и апсолутно не ги сметам за жртви или пак имам нерви, енергија или памет за да ги оправам. Нити сум им родител, ниту пак сакам нешто со нив. Ама во тие тепачки многу лесно може да се заврши све лошо. Ене со Денис Тот. Едно лошо паѓање на глава, толку. Ќе се турнат по скали, ќе скршат врат. После џабе е све ако некој заврши лошо. Не ви се мешам во родителствување, ама нели ви е страв да се тепаат? Еден непромислен потег може фатално да заврши. Насилство не е решение на ништо.
И сега што, да ги учиме децата да се повлекуваат? Мада реков, јас не мислам дека можеш дете да научиш како да реагира во дадена ситуација. Јас никако не учам, сама проценува ситуација. Како што не можам ни тебе да те научам, ниту било кого. Некој ќе врати, пошто така му дошло, некој ќе избега, некој ќе каже, некој ќе ќути. Тие последните се најмногу за грев, оти триста проблеми од потиснување, несподеленост се јавуваат. Дете мора да се чувствува дека не е оставено само, дека родител е секогаш тука за него, да помогне да се носи со проблемите со кои не може да се носи само. Одговорот е дека секогаш мора да постои виша инстанца на која може да се обрати, па што и да се случило, и да вратило и да не вратило. За дете насилник што прво почнува не знам што да речам, освен дека и тука мора да има родител, па да делува воспитно, казнено, незнамкако. А кога веќе се случило тоа не е лошо и стручна помош да се побара, пошто очигледно родителот нешто погрешно прави.
Мене не ми правеле булинг а бев баш спротивно на тебе, ниту се карав ниту се заканував со браќа и бев мирна. Тоа е зашто насилниците не бираат стриктно некој што е само мирен, туку едноставно да не им се свиѓа. Имало деца што биле поразлични, имале друштво и сетоа тоа па пак ги малтретираа чисто зашто на насилникот нешто не му се допаѓа. Муабетов ти има смисла ама пак се сведува дека за да не бидеш жртва треба само да покажеш став - што не е секогаш точно особено кога се работи за деца.
Не да се повлекуваат, никако, туку да имаат доверба во родител или наставник, негде да се обратат. И кога ќе се обратат тука треба да биде системот за да се справи со насилникот. Токму тоа. Ама, како што реков, го нема ова во случајов и на крајот пак доаѓаме до решавање со насилство, што не е добро решение зошто може да има и огромни последици. Не знам како не се разбира дека силеџијата не мора да значи дека ќе се повлече, може и полошо да стане, може и до поголема тепачка да дојде. Не е само врати му, лесно е да се каже, ама не знаеме колкаво е детето силеџија, колкав бес има во себе, до кај е спремно да оди. И да, се согласувам дека не се исти децата, на некое и да му кажеш нема да врати едноставно. Само, место да се свртиме кон решение да бараме во системот, педагози, психолози да си ја работат работата, санкции да има, детето силеџија да се плаши од тоа што ќе го следува од системот, следствено на тоа и родителите ќе се загрижат, па ќе остане дамка на пример во досие, за упис понатаму, едноставно ќе влијае на иднината на детето неговото однесување, а вака ништо не правиме.
Ама и јас сум за системско решение, не разбирам дали и зошто се толку тешки системски решенија. Закон си постои, само треба по истиот да се постапува. Сега овде што се пишува, јас му удрив бокс, јас му реков ќе го викнам брат ми, се наши искуства како деца. Сега сме родители и можеме да бидеме само родители, и да се грижиме најдобро што знаеме за нашите деца. И пошто сите ситуации се хипотетички, само од Јоу е реален пример и мислам дека во ред постапува.
Јас сум била повлечено дете, не сум се тепала. Ама имав и јас еден во одделение што ме малтретираше. Повеќе беа, некако бев мета на булинг.. Се до една екскурзија кога пак почнаа да ме задеваат, и како вчера да беше се сеќавам земав и го бутнав едниот во коприви!! А беше касна пролет и беше по кратки ракави.. од тогаш не ме гибна веќе. Џабе и мајка ми одеше на школо не бре брате, були беше до даска. Инаку да бидеме реални, живееме во држава каде нема казни за никој. Народот па и децата немаат страв од институции. Родителите се водат по она: прај што сакаш тато/мама е тука да те вади..
Јас ќе бидам најдиректна и ќе ти кажам дека ваквите работи некогаш и се решаваат со враќање на ист начин, зашто поинаку и не може. Не сакам да бидам сфатена погрешно од мнозинството, али овие деца не се деца веќе и твоето нема што да трпи, а ти нема зошто да не спиеш. Тоа лигавење кај работел не поминува кај секого, ако не кај тебе, ќе налета на друг родител па може тогаш ќе му дојде умот.
Дај да не се правиме слепи при очи и глуви при уши, џабе да кажуваме како треба кога смрдежон држава функционира на "Знаеш кој сум јас". Ене вест оној кој прегази 10 годишно дете на пластичарска и избега доби 2 ипол години затвор...2 ипол години вреди детски живот во Смрододонија...
Да си ми жива за постов.. нека почекаат до петок и после нека средат како знаат. Аман веќе со тоа лигавење.. дете е ... па вака е па така е. А бре утре да ми дојдат родители да ми кажат дека мое дете малтретира деца, макар и само скубнало девојче за коса, јас како мајка има да го средам да не му текне пак. А не уште да се прчам Види кој сум!! Кој си бе суртук еден? Морон! @VDT2906 тоа што зборев. Нема народов страв од институции.. ах златен Сиви дом..
Ама џабе нервозите, џабе стресот кога ова и со убаво да е, на крај ќе излезе дека сепак се деца и се затвара темата. И што, дома само нервози ќе си носи зашто некој решил да се заебава?
А бе обавезно. Детето мое не е дете да има трауми и да го носам по психилози, зашро нечие размазено монатрумче му загорчува живот??
Сите знаеме како е најдобро.Те смирено те по некој правилник.Ама реалноста не е секогаш црна бела. Нивното дете денеска спокојно отиде на школо.Моето не.Јас цупкав нервозно дома до 12:30 додека си дојде , за да видам дали е добра.Така ли треба секој ден во иднина да ми изгледа?Не! И пишуваш културно на мајката.Кај си оштетена страна ,се трудиш смирен да си и ниво да држиш,она seen ми мава.После 20 мин онака ладно ми пишува не е он,он не ни комуницира со ќерка ти.Таткото дибек се сили со работна позиција која за мене ама ич никаква улога не игра.Учителката се прави мутава, не знаела не видела ништо. И како да одлучиш во вакви ситуации што е најдобро, кога прво нема со кого да искомуницираш? Не посакувам ништо лошо на детето,али уште помалце сакам моетп да е повредено. 15 години сум родител.Досега никој ми се јавено да се пожали од мое дете.Градинка,забавиште,основно…ниту удриле ниту со збор навредиле. Керка ми носи наочари,затоа што има мн оштетен вид.Без наочари гледа само некои си 20%.И ги извадил наочарите и ја терал да го брка низ училница за да си ги земе назад.И рекол дека е ружна со нив и не смее да ги носи. Овде најмал проблем веке се модринките по нозе.Мн повеќе ме боли што и се повредени чувствата и обидот да биде понижена пред другите деца. Ке чекам петок па ке пишам пак дали има новости.
@joy1 си пробала како што е редот, а петок еве кај е. Нема зошто да се осеќаш вака, зашто ти не си лош родител. Ти не си одговорна за нечии туѓи неубави постапки, ама нема зошто да се занемарува цела ситуација. Пиши баш што ќе излезе.
Искрено џој мене ми зовре после прочитаново. Чекајте колку мислите дека треба и после земете правда во свои раце. Советувања,разговори,укори ,ете нека поминат по редот ама детето не смее вака да пати. Ова магаре заслужува ушите да му ги исечеш,родителите исто.
Јас не би ја пуштала до понеделник на школо. Нека си се одмори малку нека се собере. Би си поминала овие денови со неа. Душа мила.