1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Насилство во училиштата

Дискусија во 'Образование' започната од cokacola, 20 мај 2015.

  1. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.483
    Допаѓања:
    2.794
    Пол:
    Женски
    Извини, ама кај нас проблемот е што никој не ги брани нити наставник, психолог,педагог, директор,училиште, полиција, социјално и се друго во државава (насилници никој не сака да воспитува- превоспитува затоа што може да си го добие од родителите!)
    -И затоа мора сами да се бранат!
     
    На Cka, VDT2906 и Curious cat им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.324
    Извади и лекарско.

    Кај син ми има дете кое постојано се тепа. Всушност две се, другари. Вчера ја видов мајка му во школо, кај нас одеш одделно и разговараш со наставничката. Жената кажа дека син е со Адхд и дека прима терапија. Ама ете, се уште се тепа. Се е преземено, се е вклучено. И педагози и психолози.
    Некни некој родител во група на Вибер кај децата прочитал како децата си пишуваат безобразни работи, односно се навредувале. Денес добивме емаил од наставничката дека ќе има активности и некои проекти за надминување на врсничкото насилство. Постојано работат. За жал, сепак пак насилство има, ама го нема она чии дете е и заштитено е.
    Генерално е мирен класот, син ми не го закача, чудно дури, некој период и го дружеше.
    Родителите на тепаните деца рекоа дека не учаат да враќаат, ама едната мајка вели, постариот син престанаа да го удараат кога им врати. За жал.

    И не знаеш што е правилно.
     
    На JoyJoy, *Amethyst*, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    Затоа имаме куп убиени жени во последно време.Дека пријавува насилство али не ја рецкаат
     
    На H.VAGA, simoncelicius, Nausicaa и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.350
    Допаѓања:
    20.278
    Пол:
    Женски
    Повеќе психички ама имаше и физички, ме буткаа рандом на земја. И она другото стандард, зимање лични предмети, зборење вулгарности, јакната еднаш си ја најдов исплукана.
    Се собравме за Нова година еднаш, еднава алкохол ми стави скришно во сок.
    Страв ми беше во школо храна или сок да оставам така, којзнае што ќе ставеа.

    Инаку двајца имаа огромен број неоправдани, мислам дури доволен за бркање од школо ама ни намалено поведение не добија.
     
    На *Amethyst* и Mrs. right им се допаѓа ова.
  5. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    А што ако од училиштето и институциите како и секогаш што се случува во државава не превземат ништо? Што да прави девојчето тогаш да си трпи дури не заврши со училиште неколку години? Ене во училиштено во Аеродром родители и со адвокати разговарале тужеле и пак ништо детено е темпирана бомба недај боже може и да убие некој. Тогаш касно е за све, дури и тогаш ќе гледаат да се заташка работата во оваа дупка од држава, каде детски живот вреди 2 ипол години затвор. Не знам кај живееш ама ако си во дупкава извади ги розовите наочари.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Е, ок де, тепајте се ако мислите дека тоа е решението. Што да ви кажам!
     
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Овие гарант босанци се :D
     
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.084
    Допаѓања:
    87.699
    Пол:
    Женски
    Моја блиска роднина има син кој го воспитуваше да не враќа и беше во конфликт со нејзиниот маж кој сакаше да го воспитува да врати,само се карааа за тоа, и се беше во ред до 6 одд.детево нивно мирно бубаче.

    Кога ги измешаа класовите кај него се падна дете кое сите ги закачаше,децојчињата ги кубеше машките ги тепаше со боксови по стомак
    Ги мповикаа родителите во школо класично дрн дрн,продолжи истата приказна.
    И сето тоа траеше додека нејзиниот син не врати ,му врати со шамар.
    Кога се вратил дома мајкта на насилникот и се јавила да и каже дека има рака на лицето.
    На тоа оваа и вратила мојот син има модрици на стомакот цело време,вие го браневте.
    Од тој ден до крај на основно не го пипна повеќе.
    И @An-na оној момент кој ке те здоболи срце за дете повредено од друг драматично го менува погледот дали треба да самоодбрани или не.
     
    На LadyD, Zumbulche, christinnn и 8 други им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Значи плс... не ми кажувај како боли за дете. Имав лани ситуација со учителка, плачење беше, повраќаање пред одење во школо, се.... па мене не ми текна да одам да ја истепам учителката. Проблемот го решававме институционално. Не беше идеално, далеку од тоа, мува не ги лази таму, ама кога ќе им се заканиш со тужби, кога ќе пријавиш во инспекции и ги малтретираш, почнуваат да делуваат, барем малку.
    Така што... јас насилство не оправдувам.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.324
    Не, за чудо словенци. Им прекипе на жениве, последно едното дете си отишло дома со модринки на вратот. Тоа траело од прво одделение. Јас се чудам како се уште имаат трпение и децава не вратиле.
     
    На JoyJoy, *Amethyst* и VDT2906 им се допаѓа ова.
  11. Alex29

    Alex29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Страшно!!! Јас не сум родител уште, но од се што гледам и слушам, се плашам за иднината на генерациите што доаѓаат. Да не знаеш во вакви луди времиња, околности и држава како да си го воспиташ детето. Насилството не е од вчера, но некако во последно време станува се помасовно. За жал се тоа потекнува од дома- Некултурни, невоспитани и недоволно едуцирани родители без основна култура не може да одгледаат и воспитаат здраво поколение. Децата се огледало на родителите. На ќеркичката нека ѝ е со помин, се надевам дека нема да оставите ова да остане туку така. Прво со стручните служби разговарајте и нормално директорот и наставниците. Прашајте ги и другите деца на страна што точно се случува. Ако веќе не наидете на компромис тогаш директно тужба прво на родителот (дотичната мајка што вели дека нејзиното дете ништо не направило), а потоа и на сите одговорни за ова во училиштето. Не може наставничката да не знае за ова, на час не се случило, веројатно е на одморите. Ако се помали 1,2,3 одд.. не знам каква е таа наставничка ама штом ја одбрала таа одговорна професија, не и е задача само да им предаде што треба и на голем одмор трк на пуш пауза. Да живи луѓе се и тие, ама треба да се внимава што прават децата и на одморите. Тие имаат одговорност врз децата исто како родители. За тој да ја нападне вака физички ќерка ви мора да има "погодни" прилики ајде да речам, веројатно на подолг период ги оставаат децат сами во училница... Нека и е со помин уште еднаш, посакувам се да се среди, а најмногу од се вашето дете да е добро, и да нема последици во иднина нанесени од недоволното воспитување на другите деца.
     
    На *Amethyst* и joy1 им се допаѓа ова.
  12. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.483
    Допаѓања:
    2.794
    Пол:
    Женски
    За жал така е!
     
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.553
    Ќерките учете ги да бидат силни. Не насилни.
    Ако ги тепаат да се бранат. Не да лежат да чекаат некој бубрег да им откачи.
    Кога еден ќе го плеснеш, сите имаат страв.
    И самоодбрана не е насилство.
    Врсничко насилство не е исто со учителка која малтретира.

    Научете ги ќерките да им се плашат, не да ги газат.

    Не знаете какви деца има. Дома таткото ја тепа мајката, мајката децата, они мора да исфрлат некаде, не давајте вашите деца да трпат.

    Наставниците не гледаат на одмор, не им се деца вашите деца и не им е гајле. Они имаат лекција за предавање а не деца за чување. И да се пожали детето кај неа, она се не знае, се не видела, се не чула.

    Вие сте мајки и одговорни за животот на децата. Учете ги да не се жртви. Тие што плачат деца, повеќе ги задеваат од тие што враќаат. Ако немаат став, пак ќе ги задеваат оти не им се плаши никој.

    И јас никој не викнав, моите браќа беа по 5-6 години помали, ама никој не знаеше. Кога ќе им речев дека ако ме чепнат, знам точно како да мавам за да им падне мочалото, бегаа. И другарките ги бранев. Никој не ме допре нити допрев. Уште мислам дека со стравопочит ми викаат здраво на улица. Ако ќутев и немав став, уште ќе ми се потсмеваа.
     
    На Zumbulche, christinnn, *Amethyst* и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    2.472
    Што ти е ова со муслимани? Втор пат ги спомна на тема што нема врска со нив.
    Ем расист ем се праи тука морална некоја:rofl::rofl::rofl:
     
    На simoncelicius и nena2010 им се допаѓа ова.
  15. Mazegin

    Mazegin Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    986
    И јас се слагам да се извади лекарско. Психичко малтретирање, девојчето не може да оди во школо.
    Од вчера кога прочитав се растревожив. Како е можно родителите да не работат со своите деца дома.
    И немојте да пишувате дека сето ова е детска игра. Имав соученичка од средно, булинг и вршел некој лик цели четири години, никој не знаел од соучениците. Пријавувала кај класна и психолог, и рекле цитирам “зарем не знаеш кои се неговите”. Девојката ден денес пие АД терапија. Ничие дете не е вреќа за ударање. 100 стапа по туѓ грб не болат.
    Се молам да се среди се. Крај краева консултација со правно лице, и една тужба на професорите и директорот.
    А дотичниот од УЈП, e само куче што лае. Нека биде среќен и него ако не му мавнат една тужба. Какви имбецили боже…
     
    На sparklie, IRBBB, Mrs. right и 12 други им се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Да не ти се верува :o
    Трпението го имаат, зошто се скроз различен менталитет од нашиот, додека кај нас учеа око за око, заб за заб, они одеа во театри, затоа :D

    Инаку, ние кои не ги учиме ќеркиве да враќаат, не ни се од улица земени. Се грижиме за нив. И ќе бидат силни и паметни, иако нема да се тепаат. Замислете си, ама можно е.
    Светските статистики ве демантираат во вашите убедувања дека насилникот можеш да го спречиш со насилство. Тоа само во балканскиве и муслиманскиве земји... останат цивилизиран свет поинаку размислува.
    И ако не тргнеме од нас да направиме промени, ќе си тапкаме во место со методи кои се користеле за време турско :^) И не очекувајте институциите да бидат поинакви, кога ги сочинува народ како вас.

    И да, малтретирање од наставничка е исто така булинг и е многу полош од врсничко насилство. Всушност, неспоредливо е.
     
    Последна измена: 16 ноември 2023
    На JoyJoy и JuLleE им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.260
    Допаѓања:
    21.658
    Пол:
    Женски
    И јас имам трпено булинг во училиште, дома ме учеа никогаш да не враќам и ако ме закачат да кажам на учителката. И знаете шо добив од тоа? Не ми веруваа учителките и педагозите, односно ги бранеа малтретирачите, ми викаа да носам сведоци. И така си трпев до 8мо оделение, после во средно друга песна свирев.
    Епа јебига, моите деца ги учам ако бидат закачени да вратат, ич да не молчат. Подобро нека газат отколку да бидат газени. Нормално, не они први да почнат туку само ако некој ги нападне. Абе нека го претепат малтретирачот, после јас ќе викам абе деца се и ќе си свиркам.
    Ич не ми е гајле дали ќе ме осудите ама овој свет само за сила знае, од сила се плаши, од друго не.
     
    На christinnn, eliesaab, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.055
    Пол:
    Женски
    Јас ги учев да не враќаат. Поголемиот често доаѓаше со гребаници. И он беше крив. И другите деца што се закачаа со насилникот. Беа двајца во одделение кои малтретираа други деца. Ми пукна филмот и му реков - Отсега ако те удрат, врати им. Ама прв не се закачај. Е после тоа друга песна. Се обидуваа него да го наместат дека е крив, ама не им успеваше. Не може некое дете да го третира моето дете како фудбалска топка.
     
    На JoyJoy, Cka и Adidas888 им се допаѓа ова.
  19. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.260
    Допаѓања:
    21.658
    Пол:
    Женски
    Па така де, помина тоа време кога попаметниот попуштал. Сега тој шо попушта е глуп и јаде стап.
     
    На eliesaab и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    55.274
    Пол:
    Женски
    Камо мене да ми кажеа кога некој ми врши булинг да се бранам и да враќам, ама од тоа што бев мирна и повлечена и не враќав си добив само преместување на друго место во училницата (до мене седеше насилникот) и трауми што се влечат до ден денес. :)
    Никогаш дете не треба да почнува тепачка, ама ако некој почни со него и те како треба да врати и да се брани. Ако чекаш само на наставници, педагози и институции си свршил работа. Барем кај нас тука. Макар и во друга држава да е, треба да чека да го измаваат убаво па после да оди да се жали?
    Самоодбрана не е насилство.
     
    На LadyD, christinnn, Cka и 6 други им се допаѓа ова.