Добро @An-na ,веке се повторуваш,а аргумент не да даде да поткрепиш тоа што го збориш,зошто да не се самоодбрани? Знаеш каде грешиш? Ако не се одбрани ќерка ти,станува жртва. ТИ можеш да не ја учиш керка ти да врати пр.некој да ја удри. Но детето може и само да одлучи во моментот на фрустрација,бес да врати,без разлика што го учиш дома. Сакаат и самите да покажат отпор дека нема да бидат пасивни жртви и лесен плен на насилници.
Ама и да имаме систем за справување со насилници, во моментот кога се соочуваш со насилникот треба да се одбраниш и да спасиш жива глава па после да продолжиш институционално.
Ако учите дете да врати со насилство, тоа дете во иднина може да се истура така и врз некој кој ништо не му направил. Едно насилство раѓа друго насилство. Наместо тоа, однесете го детето на разговор кај детски психолог. А, секако при избор на физички удар прво во очите на наставниците детето ќе е исто како и тој кој го нападнал прв. И тој првиот нема да биде казнет или ќе помине со лесна казна. Ама, и вашето дете ќе биде казнето. Не зборам џабе, сум го видела ова. Наместо типичното балканско ќутење и кукање зад екран и враќање со физички удар, треба и вие да научите и децата да научат да враќаат со моќта на гласот. Да се здружат со други жртви и групно да се жалат. И како велат дека пенкалото е помоќно од мечот. Во 21ви век и тастатурата, де. Ама, паметно да се користи. Поднесувајте жалби и тужби. Контактирајте медиуми. Соберете голема бројка на луѓе и протестирајте пред институциите. Ќе повторам. Бесот на јавноста е најмоќното средство кое може и треба да го искористите. Доста седите дома водени од себичлук или уплашени од партиите да не ве избркаат од работа.
А, ти ми посочи факти со кои ќе ми докажеш дека грешам? Статистика некоја? Ќерка ми ќе ја учам да се одбрани на други начини, не со тепање. Или само тепање се важи кај вас, оти не дај боже, жртва ќе била. Тешки само со бранење да не се станува жртва, ами има тука многу фактори. Првенствено воспитувањето, да биде самоуверена, да знае во секоја ситуација да изреагира соодветно (не со насилство) и најважно, да знае дека ние како родители сме секогаш тука за неа. Фала богу, од ситуацијата што ја имавме лани, она ги научи сите овие работи и сега е далеку поотворена за се што и се случува во училиште, а тоа според мене е многу поважно, отколку со тупаници да го решава проблемот. Оти може трагично да заврши, ама вие си знаете. Терајте си, што да ви кажам. Златно турско Што би рекол Балашевиќ: „Путуј Европо„
Пак не ми одговори шо си толку обседната со муслиманиве, ти си и бетер од нив. Трет пат ти е да спомнеш.
Ако мислиш на нашето училиште и случајот што отиде во Слободен печат, мислам беше, апсолутно не се спиеше и не се спие. Се направија многу работи и годинава истите деца, истото одделение е дијаметрално спротивно, а девојчето кое беше малтретирано не е веќе во одделението. Од прва рака ти е инфово бидејќи се работи за одделението на син ми, тој не е во тие деца кои малтретираа.
И јас се надевам. Да е до мене никогаш ниту едно дете не би било тепано, ниту од друго дете, ниту од родители. Ама кога веќе се дошло до тоа мора да се размислува. Не дај боже и јас имам девојче, исто може да се случи, колку и сите да сакаме да не се случува. Затоа и те прашав, зошто мора да се размисли од секој агол, за секоја последица. Јас лично и велам да се тргне секогаш од било каква ситуација во која се осеќа угрозена. И да каже на возрасен.
Она не удрила никого.Затоа што и јас воспитувам да се држат настрана од невољи. Ама еве ако реши да се одбрани некогаш , не можам да ја осудам.Затоа што во момент на загрозеност валда кај сите кога тогаш се уклучува природниот инстикт за бранење. И некако замислувам сцена да ми лежи дете неподвижно додека друг ја клоца…ужас.
И да ме утепаат, нема да се деси без да се бранам. Треба да се браниш..ако сакаш шанса да излезеш од ситуацијата.
Па, не се уклучува кај сите, некој и ќе се укочи и нема ништо да направи, што е природно кога така ти доаѓа едноставно. Ни јас не би ја осудила, ниту мојата, ако и дојде да врати. Ти викам, ме загрижува што ако другото дете е многу посилно, побесно, уште толку се изнервира. И тоа ќе реагира во моментот во афект. Исто не би била паметна на крајот што да се направи, затоа толку ме нервира што немаме никаков систем за заштита.
Не верувам да е ова дете тепано дома, не му е воспитано како шо треба, за ќотек мислев треба да му удрат пошто мава на женски, а тие се послаби, па кога и родител ќе го удри да знај дека еве тој е посилен и можи да го натепа за да научи дека на послаби не се мава, посебно на женски не се мава. Или родителот треба така да постапи или па можи да очекува еве пример таткото на девојчето да му појди и да го истепа. Шо јас да знам дека ми го тепаат чупето дирек му одам и го тепам кога не се разбира со добро и нема намера да го поправи однесувањето. А не пак да го бранам и силам повеќе, да му се простува и ситуацијата да се повторува со моето или друго дете шо ќе го начека послабо.
Ако некое дете упорно бара помош и се жали дека не е безбедно на школо, не ми е јасно, што прават и велат учителките и педагозите? Не му веруваат? Кажуваат дека лаже? Нели може да се тужи школото? Друго дете му ги одзима очилата и каде е учителката? Кај се другите деца, има ли другарство, солидарност? Да раскажат и они што гледаат. И ако носи детето мобилен за лична заштита, да сними што му прави друго дете, што ќе се случи? Мора да има начин да се заштити детето, ова е хорор. Не сум за учење на децата да враќаат назад, од повеќе причини. Прво, не ми се допаѓа општо како менталитет, што знам утре на кој начин ќе го применува истото. Второ, може поголем хаос да настане, скраја да е може многу пострашни повреди да се десат од кои нема враќање назад. На крај краишта, може детето не сака да врати назад, не сака никаков конфликт. Трето, додека се деца пак родителите мора да го решат проблемот.
Ете ми пиша учителката сега.Праша дали керка ми добила извинување од него?Не добила Веројатно се преслушале меѓу себе и сега ке пробат да се улизуваат со едно извини.
Се е до класниот и колку тој ќе се заангажира, ќе ви кажам случка кај мене што се случи и тоа средно бевме 3та година. Имаше неколку багабонти 3-4ца беа здружени и малтретираа деца. Во тој период се случи класот да е тие и неколку маши и чупина. Па, фатиле едно од машките го задевале и го соблекле голо, односно фармерки гаќи го слекле и случајно ги виде друг соученик откај нас и одма ги накажа, додуша и на камера беа фатени. И знаете што класната одма свика таму состанок со директор и се и до петокот беа избркани од училиште.
Во основно кај мене имаше дете шо го тепаа секојдневно врсниците во група сите на него, не беше учено да врати бегаше дома со солзи и модрици, родителите беа многу сиромашни и никакво влијание немаа на училиште, не можеа никако да спречат ако пријавени сто пати кај директорот, секогаш после настава ќотек добиваше никој не му помогна ни од дома, да застани зад него, да не го дозволува насилството повеќе, детево се избудали , го сместија во психијатриска установа и се самоуби. Друго ќе беше родителите да си го одбранат како шо треба, не само кај директорот викни и полиција, земај го од училиште секојдневно, премести го од тоа училиште, закани му се на насилниците, можи ќе се спасеше. Но не беше учено да мава и да враќа, туку да бега и да плачи накај дома.
Ова со ваква постапка на учителката излегува дека секој може да дојди и да прави што сака, и на крајот само да се извини. Учителката најмалку што може да направи е да свика состанок, со неговите родители и вас двајца. Нека присуствува и психологот. Ова пораки, повици не знам. Да се слушне и нивното размислување. Да видиме дали ќе се сили пред нив.