Барај средба со родителите и децата кај директорот, да кажат шо како се случило, да ветат дека нема да се закачат повеќе, да се смират и да си живеат како шо треба. Не само извини да и пишат него малце повеќе да се разработи случајот, да се види кај е грешката и шо како треба да се прави.
Претпоставував. Запишете ја на некој спорт малата, нека научи како да се одбрани. Позитивно ќе и' влијае и на самодовербата.
Во каков афект? Не збориме за пијани и дрогирани тинејџери по кафани, за деца во школо збориме. Тие машки што булираат девојчиња во школо го праат тоа од досада и еготрип. На некој кој по дефиниција е физички послаб. Можда и пошто дома добива таков третман па и тој негде да доминира де.Ако му влепи една, физички или вербално, ќе биде во шок, не во афект. Како животиња што ќе нападне, па ко ќе добие по нос ќе се повлече. Со толку мали деца работите се решаваат многу лесно, ама треба да се решаваат, не да се пика под тепих. @joy1 има ли девојчето другарки во класот, никој ли не застанува зад нејзе да ја одбрани? Мојава има најдобра школска, па и со другите девојчиња се ок како група, мислам многу е битно тоа, кога некој ги закача се бранат меѓусебно. И ок се, пошто заедно се посилни и имаат изградено механизам на справување. И пред да скокнат, овде за вербална одбрана зборам, не за клоци и бомби.
@Biljarkata да да има две најдобри другарки.Ја бранеле и дента кога овој ја клоцал.Едното девојче беше викнато на разг кај директорот и кажала се што се случувало.Другото не беше на школо кога ги викаа тој ден.
Ок е, тогаш не се чувствува сама. Е сега битно е да не се чувствува виновна дека таа нешто грешно направила, туку со вината да се соочи виновникот. Не знам за какви прекажани извинувања зборат, па да прашува учителката, кога таа треба да го води и сведочи тоа извинување. И веројатно малку повеќе работа треба да следи, отколку извинување. Ебате психолозите... со извинење.
вријам од ова што го читам, треба да им ја влепете по една да не му текне више така да прави на туѓо дете...
Не сфаќам, проблемот се решил што девојчето што било сексуално злоставувано се отпишало? Фактички нејзе ја казниле. Браво
Мое дете кое нема никакви психичко психолошки проблеми да го носам на психолог, за недијагностицираново да се тепа и малтертира и да го учам да ги разбира тепачите и да им рече: Тепајте ме, соблекувајте ме што сакате правете само сменете темпо? Нормални ли сте бе што зборите? Дај не лупајте глупости. Уште аплауз да им дадеме на пореметениве родители зашто воспитале така " борбени деца".
Е не можеш да знаеш, а мене ме мрзи да правам сондирање на мислењата пишани овде, кога деца биле булирани и кога престанало, ако престанало. Иначе има наука, психологија. Пошто не можам да се референцирам на сопствената меморија, https://www.psychologytoday.com/us/basics/bullying Victims are children who don't stand up for themselvesУлоги, насилник и жртва. Кога е насилникот силен кога се повлекува? И пошто праиме муабет за деца во први класови основно, претпоставувам дека е вистинско време да се научи што е општествено прифатливо однесување. Ако нема отпор, нема осуда, нема корективни и превентивни мерки сега, гуд лак со младината на која и останува иднината. А инаку, и на насилникот му треба помош, ама тоа е друга тема.
Реков друга тема е, ама често, да не зборам со апсолутни термини -секогаш- родителите се главен виновник. Тие сами треба да се средат, ама ај.
@joy1 те читам цело време душо, и верувај ми знам кој гнев и каква болка осеќаш. Оваа тема буквално ја избегнувам затоа што имам доживеано на своја кожа. Брат ми беше жртва на булинг, ај што го закачаше детето (8одделение беше) , брат ми една година помал од него, туку ги тераше и другите да го исмејуваат дека имал клемпави уши. Татко ми беше милион пати и кај наставничка и кај директор, кај све не. Дури и јас како постара сестра реагирав, отидов на насилникот да му кажам дека не е добро тоа што му го прави и како би му било некој на него да му го прави тоа. џНикој не превзема ништо, и татко ми реши да го префрли брат ми во друго школо за да престане се ова, дури и операција на ушињата му направивме, затоа што детето почна да се чуствува дека самиот е крив за се затоа што е така роден и дека е и грд. Раце ми се тресат додека пишувам... Овој и во другото школо одел и го малтретирал, за на крај да си дојде брат ми дома со изгореница од цигара на рака. Да напоменам дека сме воспитувани дека никогаш ништо не се решава со насилство, па татко ми отиде кај насилников дома да прави муабет со родителите, на што дови одговор дека ќе биде правено муабет со синот нивни. Ситуацијата ескалираше со тоа што овој собрал уште двајца насилници, една недела потоа, го бутнале брат ми во кола и го ПРЕТЕПАЛЕ ДО НЕПРЕПОЗНАВАЊЕ. Не можете да замислите што значеше се тоа за нашата фамилија, татко ми доби инфаркт, мајка ми две години не можеше да се опорави слабе 20 кила ни јадеше ни спиеше, а па да не правам муабет со брат ми што се случи. 31 година има уште не може да се опорави целосно. Јас плачам секогаш кога ќе помислам да тоа, до скоро тоа беше секоја вечер. Ете тоа е, не знам како би се решила ситуација, пошто тие деца се психопати и уживаат да нанесуваат болка и не знам дали на нормален начин може човек да се разбере со нив. Го пишувам постов за да те поддржам Јoy...само напред истерајте ја правдата, гушки до твојата малечка ❤
Неееее, скраја да е, они сами си ја отпишаа. Зборам со децата е зборувано од страна на психолог, дефектолог, педагог, 2 недели интензивно работеа и годинава има многу големи промени. Самите учителки дури кажаа, како со друго одделение за работат, нема никакви проблеми. Они сами си решија да ја префрлат. Муабетот ми беше дека во нашиот случај многу се крена галама и се реагираше по пријави.
А родителите имаа одговорност? Им дојде дома социјална? Страдало два пати девојчето, ја казниле што ја преместиле. Требало злоставувачите да ги запишат у друго школо, и тоа ако е школото у Сарај, нив у Драчево да ги запишат, па нека одат родителите по саат време сабајле да ги носат. Оти прво они се криви. Тој што е лош треба да смени средина, не тој што е жртва. Две недели карани биле... Страшно. А учителките се најкриви тука оти не смеат сами да ги остават децата на 6 години и ако сега пак нешто се деси они ќе го јадат и затоа викаат се е супер...
Ако си доволно упорен, ќе ја истераш работата институционално, барем до некаде. Пошо алтернативата е, боксови. И пак да повторам, институциите ги правиме ние, какви сме ние, такви се институциите. Како да очекуваш поинакво однесување од институциите, кога кај нас добри 90% од родителите сметаат дека детето треба да се „одбрани„ со боксови?!
Може треба молитва да чита додека го тепаат. Додека ја најде наставничката напикана некаде на цигарче, носот крвотници ќе му стане на детето. Траума е и тоа одење по психолози на жртвата. Дете е. Ама родителите се криви. Детето не е криво. Они тепа оти дома гледа ќотек. Како ќе му текне на дете од 6 години сексуално да малтретира друго дете? Значи гледа некаде. Може и тоа дете е сексуално злоставувано дома. Немаме ние социјална служба.
Тоа што одлучиле да ја префрлат, макар и сами, значи дека се оставени последици кои никои од споменативе педагози не ги излечиле. А другата страна, другото дете, уште си е во класот?
@joy1 има и адреса за пријавување на насилство. prijavinasilstvo@mon.gov.mk - ова е во МОН. Имаат училиштата и протоколи за постапување по насилство. Упатство-за-постапката-за-пријавување-и-заштита-на-ученик-жртва-на-која-било-од-формите-на-насилство-злоупотреба-и-занемарување.pdf (mrk.mk) - Види дали постапуваат по него. Би требало да имаат систем. Ако немаат може да им биде проблем. Така што оди разговарај со Директор и Педагог/Психолог (ако го има во училиштето зашто немаат сите училишта Психолог) и укажи им дека знаеш како треба да постапуваат. И кажи им дека ќе пријавиш ако не се постапи како што треба. Ова ако сметаш дека не е постапено како што треба. Како што кажав ако детето се чувствува заштитено и гледа дека се трудите да ја заштитите тогаш ќе се чувствува безбедно. @Biljarkata спротивставување на насилство не значи дека треба детето да биде насилник. И ако веќе спомнуваш психологија врз основа на еден текст, тогаш прочитај и текстови каде што пишува дека жртвите на булинг може да станат насилниците и самите и да почнат да малтретираат послабо од нив. Жртвите треба да се спротивстават, ама со сојузување со други деца, кажување дека се малтретирани (обично жртвите молчат се додека некој не примети дека се посериозно повредени) и слични такви работи. Не значи спротивставување враќање со иста мерка. Зашто ако се почнат тепачки тогаш ситуацијата ескалира до големи тепачки (како банди) или жртвата ја претепуваат надвор од училиште поголема група деца и слично. Тепачките може да имаат и последици кои не се баш наивни од аспект на повреди.