Како бе државава не може да се справи со 7 год.дете? Седум години!!!! Зар тие негови родители ( читам образовани и добро ситуирани) имаат образ да кријат и дозволуваат вакви работи? Соблекувал голи девојчиња на СЕДУМ години! Што ќе прави на 17? Каде е училишната служба? Зошто постојат педагози и психолози во секое училиште? За родителите немам коментар штом дотолку го испуштиле детето од раце. Неее. Заминат е возот одамна овде. Не не' бива веќе.
Таткото слободно нека си го турка во дно детето, ама не може други да страдаат. Ќе плаче по некоја година кога синот и него ќе му се понаша како со децава останати. И над тој татко има други татковци кои верувам нема ова да го остават туку така.
тоа ти се партиски лепачи кои не ги интересира ништо друго освен да се доградбаат до фотеља и ништо да не работат. Неможеш од таквите да очекуваш да решат проблем кога прво неумеат да размислуваат со мозокот. За другото со две раце потпишувам. Дури веќе страв ми е да живеам во оваа држава.
Gi tepal soucenite so red, pola oddelenie se otpisalo radi nego, zatvoril vo wc, go nateral devojceto da se soblece golo, duri stoelo golo so alistata go brisel podot, a ova si stoelo golo, ranlivo I zatvoreno duri ovoj se izivljava so nejze... ama deteto ne e nasilnik? Eden kup anksioznosti I problemi ima napraveno so drugite deca so se otpisale, ama na ova devojce mu ima golema trauma istureno, pa pobogu, celata desavka ko od psiho film deluva. Treba da se otstrani od drugi deca za da ne da rasipuva drugi detski psihi, ako e toj veke pokvaren. Ne e dolzno sea toa devojce da ide po terapii cel zivot poso toj ne bil nasilnik. Zimi takvo ne e.
Како бе за да се нарече насилник е дете, а да соблекува девојче и да се изживува врз неа не е? На крај и жртва ќе испадне.. дај те молам. И возрасните насилници некогаш биле деца и немале љубов од дома и остали изговори. Не значи дека треба да оправдуваме психопатско и болно однесување. Па читам коментари му се кршеле правата вака јавно што се објавило.. ма со име, презиме и слика, и него и неговите да ги објават треба. Правата бе… а што е со правата на девојчето што ќе влече трауми за цел живот? Не дете, Свети дете нека е..
Како бе еден прцул со дегени од родители ќе малтретира цело оделение, и сексуално ќе ми ја злоставува ќерката, а ја ќе идам на адвокат, ќе се брукам ќе се понижуем ќе мољакам таму по наставници и родителски? Идам ја со муж ми кај тоа гомното дома на врата кај тие шо го васпитале и им ебам се по список, ќе ги лежам и нив и него. Па уше можат да се соберат 10 родители, а они се лигават и ги учат децата жртви да им бидат цел живот. Да родителите се криви, али и оние апатичните и пасивните. А па да не праам муабет у школото и со тие такозвани педагози шо ќе напраам. Ќе ме памтат цел живот.
Пола клас е отпишан од што не можеле ништо да направат, не знам како не ти е јасно. Решение е да го убиеш? Не е. Решение е да го научам моето на секое негово агресивно однесување да врати со агресија, ама има деца кај кои не оди тоа така. Ете моето не враќа со агресија. Јас кај нас во клас се обидов и преку родителот и преку детето, директно, се симнав на негово нив, клекнав, го замолив човечки да не го напаѓа Матео и знаеш што добив, 1 недела го поштеди. Реков ако има следно го фаќам за уво пред родител и тоа, не ми е гајле. Овде очигледно има мрежа околу детево од неговите родители и нивни луѓе кои го романтизираат случајот, зошто кај нас не беше така, озбилно беше сфатено а далеку полесен беше престапот. Да сум родителот на девојчето одам кај министер ако треба, кај треба ама не оставам така додека тоа дете не го снема од школото, не од одделението. И да, детето е насилник, не е само дете. Само дете е ако скубе, ако закачка, ако трча, ама дете што соблекува друго дете, притоа од различен пол, па и ја малтретира, па и се изживува, тоа дете има фалинка во мозокот. Тоа дете утре ќе биде Коста Кецмановиќ, ќе биде Кристијан Голубовиќ, тоа дете утре ќе биде во најдобар случај во затвор, а пошто тато е инспектор нема да биде и бидејќи тато не сака да прифати ќе шета по свет и ќе прави бељи а народот ќе страда додека не му рокне некој меѓу очи. Институциите затаиле, дефинитивно затаиле, училиштето и општината па ептен. Кај нас родителот отиде во медиуми, отиде во Меѓаши, отиде на суд, отиде во министерства, отиде секаде и успеа да крене глас да се смени нешто. До скоро имаше ефект ама како изминува годината како да се враќа на мала врата ланската ситуација.
Мислам дека може да биде многу едноставно, детето треба да биде отпишано од школо и да биде преземено од стручни лица со тоа што нема да го префрлат во друго училиште туку ќе си биде или homeschooled или во специјални паралелки, дали привремено дали трајно....ама секако тоа не постои, значи ние ли треба да им смислуваме решенија? Еве стварно не сфаќам како може пола клас да се отпише и никој да нема моќ да направи конкретното дете да биде тргнато. "Нечие" ли е или едноставно не се замараат? Знае некој од тука сигурно. Штом прави вакви инциденти од седум години тоа не е невоспитување туку сериозни психолошки проблеми со кои треба да работат психијатри, значи ниту да биде страв и трепет за другите, ниту да одиме по дома да се тепаме како што прави конкретното дете.
Јас мислам дека единствено решение во моментов е цело одделение да се отпише, сите да си отидат во други класови, други школи, да остане само насилникот и толку, само така паметот ќе им дојде.
Во класот на синко има едно девојче доста агресивно, кое воедно се лечи во детска психијатрија. Прима терапија . Треба да се најде решение во училиштето каде има случај на агресивно однесување , да не патат другите ученици
Ова е најточно. Тоа е страшното, што луѓето се лабави - "абе невоспитано е, темпераментно е, искарај го ќе му помине." Треба да разберат сите дека психички растројства/психопатија има и кај деца и треба соодветен третман од психијатри, нема да им помине со дисциплински мерки.
Се додека детето го гледаме како виновник, а не родителите и службите, се повеќе ќе има вакви случаи. Дете е од 7 години. Дете. Не е ниту 13, 14… Ако потфрлиле родителите, има служби, тие треба да реагираат. Ама никој не реагира. И детето е криво. Не, и оно е жртва, него така го растат, плус ако има некој психички проблем, а очигледно има, детево треба да се лечи. Оваа се тие проблеми кои како народ и општество сами си ги создавме. Од врските, од буткање на проблеми под тепих, од несоодветен кадар по школи, ЦСР, од тоа ,,знаеш ли кој сум јас”, од нашиот балкански менталитет каде што е срамота човек да е психички болен, од едно болно и труло општество, и на крај се случува ова, се случува Коста, секојдневно се случуваат настани каде што почнува секој од нас да е инволвиран. Оти изградивме таков систем. И никако не ја учиме лекцијата. Јавно се линчува дете од 7 години, нарекувајќи го монструм, насилник. Не, линч треба кон родителите, училиштето, институциите. Со име и презиме. Оти они се монструмите во случајот.
Не знам дали е истото дете ( најверојатно е ) пошто имам слушнато од пријатели дека имаат проблем у школо со дете и кое никој ништо не му може. Од деца до наставнички трпеле тортура ,немоќни пошто тато наводно бил обезбедување или бившо обезбедување на Заев . Детево употребувало мн погрдни зборови и закани со физички малтретирања.
Не оправдувам насилство, никакво! Но дали е Коста крив или тие што него го булизирале е како да се збори што дошло прво, јајцето или кокошката. И ако овие лоши деца масовно се истепаат или пак поради одредени ментални проблеми се изолираат, нема апсолутно никако да им се помогне. На жалост не знам кое би било најдобро решение каде што ниедно дете нема да страда. Но ова е проблем кој треба генерации да пројдат за да се среди.
Си клекнала да молиш дете од не знам колку години да не ти го малтретира детето, и после се чудиш оти не знае да се самоодбрани?
Ама не знаеме дали "така го растат". Не може одма да се даде мислење кој е крив за ситуација во која немаме увид. Може само да се нагаѓа. Тоа што треба да го направат е да го тргнат, а подлабоко да си испитаат луѓе што се стручни.
Па, и може да кажеме така го растат, и ете, ради тие што го растат, не може да се тргне. Детето е случај за психијатар, ама пошто газда Коњевич, недопирливо. Утроба ми се превртува од вакви.
Ти кажа Биља, гледаме дека така го растат. Дете од 7 години не може само да се лечи. Не за џабе е дете.
Многу ме интересира дали на вести и низ таблоиди ќе се каже за случајот или пак ќе се стави под тепих пошто ,,наше дете е ,, а веќе имаме случај со Кецман како (не дај боже) завршуваат тие деца од вакви родители.