@Viveki баш ми е жал.Трајно го имаат осакатено за цел живот емоционално.И после ке ми дрнда некој за институции.Важи. И да реши еден ден да им се освети(заслужуваат) пак он ке биде крив.Кај нас така функционира цел систем.Газиш човек прав си.Крадеш леб за да прехраниш дете ,лежиш во затвор.90% од цел персонал низ државава е партиски влезен.Така да…
Две години си имам работа со институции. И не можам да докажам каква штета ми е направена.Одозгора и виновна испаднав. Да ги решавав работите на друг начин а не преку институции ќе заштедев и време и нерви и пари.
Око за око, заб за заб. Само ако си на јако столче, со добри пари и цементни врски можеш институционално да решиш работа, а до тогаш ќе одиш по другиов пат.
@joy1 @Cka ❤ Страшно е да... Затоа и пишав, многу тешка тема е ова за тие што имаат доживеано. Мора да се свестат родителите и да превземат на време ситуацијата во свои раце, зашто може трагично да заврши се... Има уште од приказната, го пријавивме ова во полиција и добивме одговор дека они веќе се запознаени со тој деликвент, ама не му можат ништо затоа што е малолетен. Потоа не исконтактираа и други родители чии деца го преживеале истово, и кои исто така преку институции се бореле, но откако ќе стане ваква работа после се е џабе... Мора на време да се реагира.
Ама апсолутно никаде не напишав да биде насилник, ниту да се запише на карате, ниту да врати со иста мерка, пошто иста мерка не постои. А психологија спомнувам пошто е проблемот психолошки, на двете страни- прво, од тој што врши булинг, па после се прелева понатаму. @Viveki , ќе кажам само страшно ми е жал
Јас не памтам некој да не беше жртва на булинг во основно и средно. Единствени кои не беа жртви беа тие кои правеа булинг, а тие беа малцинство. Во средно беше особено ужасно, оти натпревар беше по тоа кој колку пари има, одеа по лихвари да земаат пари за да излегуваат навечер. Работеа како менаџери по дискотеки и со се беа запознати од нивни 14-15 години, од секс, малолетничка проституција, до мешање на дроги зад училиште. Никој-никогаш не санкционираше ништо, а сите знаеа се, буквално се. Инаку, демек елитно беше средново, ама внатре затворски изгледаше, се беше старо, нечисто и грозно. Од училници, до вециња и сали. Катастрофа, тие гомната од професори одеа таму само за да земаат плата, кога некој имаше проблем се правеа дека не гледаат. Настрана од тоа, овие години тинејџерски се круцијални за развојот на мозокот. Некои и после толку години си имаат ptsd. Имам една другарка, над 30 има никогаш не се опорави од булингот, кај и онака си имаше психолошки проблем (менуваше често расположение и имаше напади на агресија), ова и го дозголеми проблемот. Никогаш нема да се реши институциски проблемот, оти такви си се мнозинството. И на работно место истото се прави.
.... И ќе се најде некој да правда оти се само деца. Детско однесување знаете што е? Се инаети за глупости, бара да му се купи нешто иако е скапо, одбива да направи нешто од инат пак. И да и овие работи не се во ред ама што знам, за еден пубертетлија се очекувани и се надминуваат. Да претепаш некого не е детски и не е нормално за ниедна возраст. Ниту е одраз на пубертет, на недозреаност или па на невоспитање. Имаш деца растени во никакви фамилии па пак знаат што е емпатија. Ама и дете од 4 години ќе му падне жал да види дека те боли нешто и покажуваат љубов према луѓе и животни. Па и деца со инаетливо однесување не значи дека се со лоша душа према други. Ова што се збори на темава и твојот пример се далеку пострашни работи. И затоа кога ќе речам оти и немам толку жал за вакви деца, стварно сум сериозна.
Јас искрено се плашам дете да пуштам на училиште од тоа што се изнагледав случаеви околу мене децата се стравичично малтретирани уште од основно. Имам син 5 години наредната година треба да го запишеме на школо па ме интересира дали сеуште постои опција за онлајн школување или некако вонредно да посетува настава без физичко присуство?
Зошто без физичко присуство? Каков црн онлајн? Па така ке му нанесеш огромна штета. Дружењето со врсници е многу важен дел во развојот.
Браво! Мило ми е што постојат одговорни и совесни родители. Ја детето мое ако го имам никогаш во школо не би го пуштила, само онлајн! Глупост!!! Може да се дружи со врсници и вон школо. Барем може да бира со кој ќе се дружи.
Дете почнувајки на 6 год треба да е меѓу врсници физички во училиште. Ако не знаеш бенефитот прескокни ме,не мислам да губам време. Нема дискусија околу ова.
Во право си! Јас кога си се дружев со врсници пред да почнам да одам на училиште, супер беше. Имавме мали кавги, ама ништо посебно. Кога почнав да одам на училиште, видов какви мали психопатчиња постојат, испуштени од дома без контрола. Подобро е детето да си се се школува дома, четири часа, а потоа да си игра со одбрани врсници. Да се развива нормално, со нормални деца. Не пикнато во зоолошка со дивјаци. Па да пати од депресија и анксиозност, потоа. Јас не те прескокнувам, оти знам многу на темава. Жити дружењето, завршивме школо, ниту здраво на улица не си велевме. Се беше со сила и усилено. Неприродно и вештачки.
Изолирање на децата не е решение за булинг во школите. Кутро дете кога треба да биде со врсници, да седи дома по 5-6 саати на онлајн предавање. Што ќе прави кога ќе излезе од тој процес и ќе треба да оди на факултет, работа? Цел живот ли ќе седи со одбрани врсници? Жал ми е што си имала лошо искуство и мислиш дека треба децата да се лишат од школо.
Леле дај не заебавајте. Јас на факултет последната година и пол ја поминав со онлајн предавања па мислам скренав во главата, не па дете од не знам, 7,8 години. Со причина хоумскулинг не е секаде дозволен. А и онлајн нема секој да држи освен ако има разумна причина.
Се тие истите личности се секогаш со тие ставови. И кога дете ќе прегазат и кога дете ќе пукаат и кога девојче малтретираат, тие на фемина форум се најсмирени и најсталожени. 9 години е дете, кревко и психички и физички. Девојче што уште се развива некоја гнида во школо да ти го шутира, ало. И тоа затоа што носело наочари. Јас да сум џој има тоа дете од земја да го репнам па нека ме осудува ако сака и цел форум. Ама ете среќа тука сите сме совесни и мирнички.
Реално ќе си кажам за мене како родител. Никогаш мојата прва не се закачува, ама знае да се одбрани. Јас сум мирна по карактер, она е право машко. Бевме летото на одмор во Хрватска, седнавме да вечераме во еден ресторант и во бавчата имаше наши деца, мојата слушна и отиде со нив да си игра. Околу неа се собраа девојчиња на нејзина возраст и една од нив почна нешто да и зборува, да и се дере и да ја закачува. Мојата само клекна на земја, ама оваа другата нешто и кажа што не треба, леле луѓе мојата само стана од земја, со двете раци зема песок и почна да ја мава во лицето. Отпосле дознавме какви глупости и има зборувано. Зборувам за деца од 4 и 5 години. Ние од многу рано почнавме да и зборуваме дека ќе ја запишеме на карате, дека не треба прва да се закачува, ама ако биде удрена одма да се одбрани. Шанси нема да дозволам некој да ја удара или омаловажува.