Ај малтретирањето некако ќе го проголтам, односно ќе и укажам на мојата ќерка дека треба да врати, па после ќе се расправаме со учители, родители , директори итн итн.... али како шо прочитав пред некоја страна, дека некое дете и ги соблекло панталоните на девојчето, па тоа да се деси, не да го тепам туку ќе го утепам јас лично на лице место. Ни родители нема да викам ни учители, одам таму и бам бам, коските ќе му ги скршам. После со задоволство ќе лежам и ќе му кажам ако и фали едно влакно додека сум во затвор, кога ќе излезам ќе те најдам и пак ќе те искршам. Ама баш ич не ми е гајле дали е дете или не е. Кој сака нека е. Нема никој да се подебава со моите деца, посебно со ќерка ми.
Ќе ќутиш и ќе трпиш, ама некогаш не се трпи. Насилниците напаѓаат таму кај што гледаат немоќ. Најчесто на мета се мирните деца. Јас бев мирна и среќа што никој не ме закачаше. Немавме насилници во одделение. Кај сестра ми имаше, ама она имаше став. Не смееше никој да и писне. Ме иритира кога ќе слушнам - Деца се. Што треба да правам? Некој да ми го боксува детето, а јас да ќутам? Е па тешко тоа. После случката со комшијата на никој не му простувам. Имаше во маало една случка. Едно дете ги тепаше сите кои можеше да ги тепа. Ама еден ден му се собрале тепаните и го здрвиле од ќотек. И толку. Оттогаш молк. Основно бев кога се случи тоа.
Не знам, не знам дали е тоа доволна причина за фрлање и мавање. Она е дете секако, ама ете ти звучиш како да ја одбрануваш да почнува со насилство на обична провокација за име.
Не ја бранам јас, ниту сум за насилство, ама едно детуле од 4 или 5 години да се исмејува на друго дете за име, а исто времено да ја закачува со другите деца шанси нема. Исто Ми се случи во Мк кога бевме, едно поголемо дете сигурно беше 2-3 одделение, ја прашува мојата како се вика и почна да се смее ауууу стара баба, и само го прашав каде седи мајка му да и кажам да си го превасипита детето.
Вакви се мајките и на насилниците. Во нивните очи дечињата ништо не направиле, ги испровоцирале, затоа удриле
Нема, моја роднина ја искористи до максимум таа можност, но ја укинаа. Инаку, пред очетокот на годината, на фб од она Здружение,, Учебници и настава мора да има,, имаше иницијатива за homeschooling, многу ја поддржаа, но не знам дали се постапи по тоа прашање и дали е нешто покренато. Е, сега тука повеќе се аргументираше идејава со фактот што се изучуваат содржини кои се неприфатливи за повеќето од членовите, но исто така некои од ченовите ги изнесоа нередите кои постојат во училиштата како дополнителен аргумент и ред други работи.
Да ми е овој памет би истепала да ти кажам. Имаше една во основно што се шегаше, дури и фустанче ми скина и клоца ми удри, беше повисока и покрупна. Моите разговараа со нејзините, џабе беше. Наставниците исто. Потоа пратив моја братучетка, постара од нас и си доби две клоци и убава лекција и одржа, престана тоа да го прави. Додека молчевме, таа добиваше сила, нели послабиот си го крка. Малку и беше.
Ова кога го пишав: На ова мислев: Утре детево вака учено може ќе истепа некој пошо криво го погледнал.
И? Ќе одиш во затвор и ќе си го оставиш детето без мајка. Абе многу е лесно вака на форум да се силиме зошто нема реални последици, ќе одам јас ова ќе направам, она ќе направам. А, што правиш, одиш тепаш дете кое не може да се одбрани од тебе. Ако веќе одиш да се тепаш барем оди тепај се со родителите кои го направиле такво детето, па нив искрши ги од ќутек ако можеш, а не дете. Кај силни, па и дете ќе тепале. Ептен силни стварно.
Ај вие светици. Да ти доаѓа дете дома секој ден тепано, да плаче, ќе седиш мирна? Институции немаме ко што треба. Ќе чекаме што? Насилникот да си го прави она што наумил?
Не бе, ќе одам дете ќе претепам и потоа ќе одам во затвор и ќе си го оставам детето без мајка да расне кога сум му најпотребна зошто самоконтрола и разум имам помалку од дете, очигледно.
Не да претепуваш дете, туку родителите прво. Јас тоа би. Иако насилник не е дете. Тој е болесник што се дрзнува да тепа послаби деца. Не реков за да се пошегува, туку баш за тепање.
Јас нема да тепам, туку моето дете. А што да направи во самоодбрана? Да дозволи некој глава да му дупне? Има многу неразбрани родители. Пред некој ден поголемиот ми се жалеше дека во класот има дете што ги закача децата. Јас му реков ако него не го закача, да се држи настрана.
Тоа да, али мене зборот ми беше ако слушнам не дај боже дека некој мочко ја соблекувал ќерка ми на сила. Па незнам тогаш шо би можела да напраам. А маж ми па.... он нема да разговара многу....
На моја другарка детето скоро секој ден и се враќаше модро. Во одделение кај него имаше насилно дете. И други деца трпеа тортура од него. Последниот пат кога се врати истепан другаркава се јави кај мајката на детето. И замисли, мајкава мртва ладна и вика - Х е таков. Ти воспитај си го твоето дете. На другаркава и дојде преку глава и му рече на детево следен пат да не ќути. Тепачот си добил воспитна мерка. Да видиш после како седел мирен.
Јас мислам после сите овие „позитивни„ искуства кај нас. со методата „око за око, заб за заб„ да земеме да ја патенриаме и во светски рамки да им помогнеме на недоволно цивилизираните општества како нас (читај западни држави) да си го решат проблемот со насилниците
Секаде е во пораст врсничкото насилство. Што поради размазени деца и немање никаов авторитет на родителите,што поради зависност од игри и интернет. Словенија https://www.politika.rs/sr/articles/amp/553738 Инаку последното истражување кажува дека процентот на врсничко насилство во Словенија Хрватска и Македонија е ист околу 14%. А во Европа е највисок во Шпанија и Турција.