1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Насилство во училиштата

Дискусија во 'Образование' започната од cokacola, 20 мај 2015.

  1. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    де де во пораст било, нека трпат децата, шо има везе.
    така се челичат децата, со ќотек, социјализација пред се, без претрпенн булинг нема да може да се снајде у животот.
     
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Јасно, само што кај нас и не се пријавува баш врсничкото насилство, така што споредбава ич не ти држи вода.
    И не знам зошто цело време се обидуваш да докажеш некоја поента која е недокажлива?! Да беа ефективни „одбрамбрениве„ мерки кои тука ги пласирате, ќе беа официјализирани и распространети по сите цивилизирани оштества кон кои се стремиме, нели? Ама, не се. Вие слободно употребувајте ги, само не се чудете после зошто има насилство во училиштата и општо во државата. Ете зошто! Дете кое од мало се советува (и охрабрува) дека е во ред да возвратиш со насилство какво ќе стане во иднина? Ако не друго, сигруно ќе биде дете на кое што насилството ќе му биде нормално и како на членкава погоре ќерка и (за која што гордо го сподели случајот) ќе тепаат за било што. Такво ли општество сакаме да бидеме?
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  3. exceptional

    exceptional Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2023
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    571
    ау јбт каква просветленост, вакви пресвети великомученици ко вас не биле ни светицине икони што имаат у црква.
     
    На Spicy Senorita и Adidas888 им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.123
    Допаѓања:
    124.863
    Пол:
    Женски
    Зошто извртуваш?
    Каков аплауз?
    Ти не лупај.
    Детето кое е жртва да оди кај стручно лице за да не му остави последица траумата од доживеаното.
    За да не се изремети и за да не направи некоја белја во иднина.
    Тоа го мислев.
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.854
    Упорно и упорно, само две линии се можни, или црно или бело, или сдсм или вмро(facepalm).
    И така весело ќе споредуваме неспоредливо, пошто или одбранбените мерки се насилство или што?
    Што е таа втората опција во црно белиот свет Ана- ќути, бегај, ако те клоцаат лежи ? Стварно не разбирам која е вашата алтернатива?
    Пошто ниту јас, ниту Косми, ниту Цка, немаме речено земи мавај. Stand up for yourself е грешен став, и автоматски значи дека си насилник?
     
    На Annath, Осе, Adidas888 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. BraBru

    BraBru Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2023
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    877
    Со насилник не може да се разбереш со збор. Обично оние кои се насилници во училиште, се релативно слаби (и во сила и во памет) деца, но сепак појаки од нивната жртва. Ама затоа некој од мирните (но сепак посилни од насилникот) ќе му се заканат, си го витка опавчето.

    И јас бев малтретиран и психички и физички во училиште, се додека не почнав да враќам посилно и посериозно од нивните закачки. На еден мангуп од основно кој беше фраер да ме закача, му го пукнав носот, пошо го сопнав во сред школо, после случката нити се одмазди, напротив, ме почитуваше и после ми викаше кај си легендо, ова-она. Ама не треба нечив нос да биде пукнат или нечива глава да биде дупната за да престане насилството.

    На некои не им доаѓа памет, па затоа треба да се бори жртвата до крај, бидејќи ако попушти, уште толку на глава ќе и се качат.

    Родители, интересирајте се малку повеќе за вашите деца, кај се движат, со кого се дружат и дали имаат некакви проблеми. Реагирајте на време, и ако треба нападнете ги родителите на насилниците, или барем покажете заби. Немојте да се заканувате со тужби, или пријавувања во институции, тоа не пали.
     
    На Осе, Viveki и Curious cat им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.123
    Допаѓања:
    124.863
    Пол:
    Женски
    И да завршат во затвор.
    Е, бравооо...
     
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Да, си. Оти ако од мал те учат дека некогаш е во ред да тепаш, какво дете ќе станеш? Пацифист? Ај, плс...
    Таму кај вас како се решаваат проблемите Биле? Со тепање или со бегање? Пошо викаш има само две опции во црно белиов свет?
    Боље да бидеш алфа жена тепачка, отколку да бегаш и да бидеш пи*ка? Ова е вашата мантра?
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.864
    Допаѓања:
    178.854
    Со збор не можеш да се разбереш само со глувонема особа, буквално, со се друго можеш. Добро, ваљда не можеш и со луѓе под дејство на алкохол и дрога, ама тоа е друго.
    Дете. Во градинка. Во основно, ниски класови, па и повисоки. Со секого можеш да се разбереш со збор, може не ти, ама луѓе што знаат како и што да зборат. Е затоа се возрасните битни. А возрасните што не знаат да зборат, пошто многу време троши тоа, тоа е друго. Со мавање поарно ќе се разбереш(facepalm)

    @An-na , ти портретираш црно бел свет, затоа прашав која е другата опција, ако едната е насилство? И пошто други опции нели нема.
    Погоре, тукушто наведов трета опција. Значи не ме пикај во една од двете кутии што ги гледаш, пошто сигурно се повеќе од две.
     
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.349
    Допаѓања:
    20.266
    Пол:
    Женски
    Можеш со збор да се разбереш со секого само кога и од другата страна има соработка.
    Инаку и на глава преврти се, нема да се разбереш ако другиот неќе да се разберете.
    И не, не викам да ги истепаме после ама нема вечно втори шанси да им даваш ко што правеа кај мене.
    За сериозни случаи сум за тоа да им се суди ко на возрасен, на пример како кај членката што го претепале брат ѝ.
    Или да ги оставиш без кров над глава родителите од казни.
     
    На Осе и Viveki им се допаѓа ова.
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.643
    Пол:
    Женски
    Како што и претпоставував разшреницата според школото е Ке добиете извинувње.И толку.Така ни соопшти денес директорката.

    Таткото не сакал да дојдс на разговор.Мајката била рекла правите што сакате и како мислите дека треба.
    Маж им рече дека следна недела ке контактира со Мон,спомнавме и адвокат и тужба.Али мн некако не се секираат околу тоа.

    Јас знам дека детето нема да се промени само од себе.Затоа на тоа извини не верувам.Плус не се раб за еден удар туку за малтретирање кое траело подолг период.

    Малце се одјавувам од темата.Разочарана сум скроз од постапката нивна.Тотално ладно понашање.Што ке правиме во иднина и како ке си го заштитам детето допрва ке решавам.
     
    На KateKane, Annath, Осе и 7 други им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Проблемот кај нас е што насилниците се толерираат затоа што се деца на јаки личности (во најчест случај). И наставниците се плашаат да реагираат, за да не бидат избркани од работа. Често добиваат закани. Кога бев на родителска за поголемиот имаше дебата за насилство. Се случи неубав настан во одделението и на прашање на една мајка што ќе се преземе со тоа дете, одговорот на класната беше - Ние во училиштево не му можеме ништо. Заштитен е. Едно дете се отпиша заради тепачот. Родителите ниту еднаш не се појавија на училиште.
     
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.824
    Допаѓања:
    13.391
    И од дома слушам како ги учат родителите своите деца. Мајка му вика на детето: леле, види какво смешно репче има Нена ( измислив име) и детето се смее. Ова е може ситница, но утре во училиште ќе почне со поголеми работи.
     
    На Осе и SummerGirl им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    И секогаш нивните деца се во право. Тоа го имам забележано. Па се силат и на други мајки. Ти знаеш ли јас која сум? (facepalm)
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.158
    Допаѓања:
    102.086
    Пол:
    Женски
    Да не очекуваш многу и од МОН, ќе ги викнат од училиште да им ја дадат пријавата, ќе ги тераат можеби да одржат работилници како во нашето училиште и толку. Од искуство ти кажувам ете. Во нашиот случај се среди ситуацијата, додуша не можеме баш да знаеме како би било со оглед на тоа што детето жртва да речеме не е повеќе во класот, да се разбереме, по нивна воља не по наша или на училиштето, децата кои се насилници ете да речеме го коригираа своето однесување, до кога ќе видиме.
     
  16. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    16.951
    Пол:
    Женски
    Скоро секогаш родителите на децата што тепаат и малтретираат не се заинтересирани,не доаѓаат на родителски,не доаѓаат на разговори,секогаш нивното дете не било криво и нормално немало потреба од психолог.
    Ти како загрижен родител бараш решение сакаш да го решиш проблемот и со детето и со неговиот родител ама фидбек немаш.Се обраќаш до сите во училиштето и таму незаинтересираност.И како да се справиш во ваков случај?
    Јас се имам јавено кај родител што моето дете му ја намокрило тетратката ненамерно а недај боже за удирање.
     
    На mal.ecka, SummerGirl и Biljarkata им се допаѓа ова.
  17. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.403
    Допаѓања:
    9.778
    Пол:
    Женски
    Си го родил, си го мазел и го пазел, си се тресел кога ќе кивне...
    Си го пуштил на школо, и некој решил да се иживува врз него...
    Од забава решил да го мава, да го мава, да го мава со саати, да му пукне очно јаболко, да му пукне ребро, два прсти да му скрши, и уште да го мава, да го мава 10 хематоми по цело тело да му направи...Дете да мине низ таква агонија, дали знаеш што е тоа???
    Недај Боже, да се најдеш во таква ситуација, ШТО ЌЕ НАПРАВИШ?
     
    На andromedae, exceptional, Spicy Senorita и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    Ова е сигурно.
    Зарем никаква мерка не е донесена? Било каква казна? Има ли тоа школо психолог, педагог , било каква особа платена за работа со деца кои проблем имаат?
    Не треба да се повлекувате или изнаоѓате незаконски решенија во обидот да си го заштитите детето, напротив, тоа треба да е сигурно дека ќе му помогнете.
    Преку притисок и ако треба и во договор и со други родители чии деца се жртви, насилникот мора да се казни.
    Веројатно играат на карта да го прикријат случајот. Но,ако бидете доволно упорни, институционално секако, во еден момент ќе се исплашат за своите работни места и позиции.
     
    На mal.ecka, SummerGirl и Biljarkata им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Не портретирам јас црно вел свет, туку вие. Ај, прочитај му ги мислењата прво и прочитај ги мислењава на силеџиите кои всушност го прават проблемот црно бел. Јас пишав дека постои институционално решение, ми се изнасмејаа. Истите оние кои ги прават институциите неефикасни.
    И не ми одговори, кај вас како се решаваат проблемите?
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.425
    Допаѓања:
    24.807
    Како полиција не реагира на вакво нешто? Нели родителите сносат одговорност? Башка не е мал осмоодделенец, 13-14 години, и те како може да усмрти од тепање.
     
    На Nausicaa, Viveki, Munchmallow20 и 3 други им се допаѓа ова.