Вивеки извини што ќе прашам може веќе си кажала ама пријавивте ли тогаш за ова некаде? Не се ова веќе детски закачки. Па и сигурно во болница бил, таму морало да пријават секако. Еве и над мене прашале, само ме интересира како постапиле, што рекле.
Нема закон што може да го осуди до 18 години може да прави што сака. И да убие човек, родителот ќе одговара не детето.
Да пријавивме во полиција, го сликавме однесовме слики во полиција, џабе се никој не превзема ништо. Беа сите како потресени, но секое чудо три дена и се заташа работата...
Епа го приведуваш родителот. Ама ни тоа не се десило претпоставувам. Иначе знам за случај во Америка кај што 10 годишно девојче уби бебе (со нога по глава го згазнала зашто плачело) и ѝ судеа како на возрасна.
Срам да им е. Мајката рекла правете како мислите дека треба, и они мислат дека со треба извинување,нивната работа завршила @An-na портретираш црно бел свет. И имам кажано погоре-овде кајшто живеам, си ја работат работата. Нема да заврши со извинување, има стручни служби, тоа им е работа. Ниту јас би оставила дете мое да тепа, ниту да биде тепано. И поведение постои, и укор, и повторување одделение, и специјални школи за специјални деца. Истото што постои по закон и во мк. За дете до 18 години, одговорен е родител. Ако е родителот неодговорен, се одзема родителство. За дете над 14 има кривична одговорност. Зошто само на хартија постојат законите и зошто никој не си ја работи работата, еве, не знам.
И овде е исто. Во школото на децава не толерираат. Претходно пишав за детето што тепа. Му пишале опомена. Со 3 писмени опомени бркаат од школо. На мене така ми беше кажано кога ги запишував децата. Можеби секое училиште има различна политика.
Зарем и во овој случај родителот не одговара? Испаѓа дека малолетник може око да му ископа на друг малолетник, во буквала смисла на зборот, и никому ништо.
Јас па и ова не го сфаќам,значи нема што да се чудат или да не му речат ништо зошто е малолетник.Одам во полиција,сакам бре записник,пошто сум правно неписмена земам адвокат,он нека тера работа по судство.Неможе мене полицијата да ми рече малолетен е тоа е. @Viveki имавте записник некаква пријава во полиција?
Јас не знам како би изреагирала малата да ми дојде дома модра, ама сигурно нема да биде тоа ладнокрвно и ноншалантно. Како расте се повеќе ме фаќа страв од вакви ситуации зошто знам дека ни јас ни маж не сме тип на луѓе што ќе ќутат и ќе трпат. Детето го учам на мирољубие а во исто време доверба во нас да ако дојде некогаш во непријатна ситуација јас и татко и ќе ја решиме. Душа ме здоболе вчера коа ја прочитав ситуацијата на Џој, како родител срце ти се пара да го видиш детето истепано и омаловажено. Скотовите од деца што ги браните и ги криете зад изразот дете остај го шо знае заслужуваат ист третман како тој што они им го дават на другите деца кои се послаби од нив. Да ми го соблече некој девојчето голо и да се изживува со него како тоа гомно смрдено што направило, светот ќе му биде премал за да се скрие од мене. Немам жал и разбирање за такви суштества (не заслужува да го наречам дете/човек) што се изживува со другите, сигурно нема ја да го мислам каков скот е, нека го мислат мајка му и татко му и нека си сносат одговорност за ѓубрето што го донеле на овој свет.
Да, направија записник. Ама ви викам секое чудо три дена... Никому ништо. Сакам да кажам ништо не се превзема околу тоа, дури ни кривична не доби деликвентот. Малолетен бил. Толку од институциите кај нас. После тоа татко ми се разболе, и престанавме да трчаме околу целава работа...
Ако неќат со разговор ,собери им ги сите медиуми и Телевизии ,па нека офкаат тогаш. Тоа ти е единствен избор ако неќат со арно. Боќе господе
Ај, пак да те прашам: Ми ги прочита ли мислењата? Каде јас портретирам црно бел свет? Дали јас го правам тоа или силеџииве кои ги решаваат проблемите со тепачки, оти за нив нема средина или ќе тепаат или ќе бидат истепани. И сега истите тие ми зборуваат за нашиве институции со потсмев! Абре ај!!! Јас никаде не напишав дека ќе ми биде сеедно детето да ми биде истепано (впрочем, лани се соочивме со психичко малтретирање од учителка) добро знам како е кога се чувствуваш немоќен, ама... ако дозволиме насилните инстинкти да ни преовладеат, не сме подобри од животните и не заслужуваме подобро. Тоа ми е целта на маубетот. Како може во западните држави врсничкото насилсто да се решава институционално, а ако кај нас се спомне слично решение, добиваш потсмев? Со „самоодбрана„ на насилство со насилство не се решава проблемот, туку се продлабочува и истиот се рефлектира во понатамошниот живот. Еве, на форумов имаше пример од членка која одговорила на насилство со насилство и пошо мисли дека тоа е супер, сега и ако некој ја погледне накриво, ќе го истепа. Или како детето на членката што истепало девојче оти му се смеело за името! И членката горда на тоа, го сподели како светол пример на методата; око за око, заб за заб!!! Вакви ли сакате да ви бидат децата?! Јас не!!! И не знам што е чудно ако бараш начин да ги решаваш проблемите без насилство? Тоа не значи дека не си го сакам детето? Моето дете знае дека она на нас ни е цел свет и дека ќе сториме се да ја заштитиме, само не ја штитиме со насилство, а и не ја учиме да ќути и трпи. Да беше ефикасна методата со „самоодбрана„ ние ќе бевме земја со најниска стапка на врсничко насилство, пошо едно добри 90% ја применуваат. Ама не сме! Да се чудиш зошто?
Ама следно ко ќе ја удри и она му ја шлапни една по нос, малце и ќе се размисли дали ќе ја задева, ќе му биди страв, нема ни да се проба. Јој запиши ја на карате ќе и се врати самодовербата за ова ни да се мислиш, не значи дека таа ќе стани насилна ако се брани, само малце да се испрај чупето да не дозволува никој да ја шутира. Имам другарка која ја задеваја во средно се запиша на карате никој не смееше да ја допри, баш напротив дека посилна сите со неа сакаја да се дружат, никако не беше сама по себе насилна со други, никогаш не почнуваше тепачки секогаш беше таа она што ги разделуваше сите ако настани тепачка.
Ама излези од луп. Упорно ми повторуваш за алфа женки и заб за заб, кое нема да го коментирам, оти и двете сме доволно возрасни, за да го видиме проблемот. Конкретен одговор на конкретни прашања нема. Ниту мене ми одговори-зошто законот постои само на хартија, ниту што да прави Џој со конкретниот проблем, пошто решиле дека извини е доволно и завршиле работа. Ниту на прашањето на Вивеки, да не го цитирам сега, боже која катастрофа Јас не тврдам дека насилство е решение за било што, ама стварно, ако имаш конкретен одговор, што да прават луѓето? Зошто да ти тиит дебилите не ги решаваат работите од старт, ама после, ко ќе биде голем проблем, ко што кажува Ангел, сега е тоа друго одделение? А не можело да биде друго, пред да се деси големо срање? Мислам, центар за насиље ми се буди, кон тие возрасните што си седат на столчето и дозволуваат Костиња да се множат, што друго да речам.
Точно е дека врсничкото насилство е во пораст, ама овде се работи. Еден куп проекти, програми. Пред некое време дете навредило и нападнало учителка, пријавиле и во полиција. Нема родителот не сакал да разговара, веднаш го носат кај психолог. Ако родителите не соработуваат, се вклучува ЦСР. Кај децата насилници проблемот е во родителите. Проблемот нема да се реши се додека родителите не соработуваат. Кај нас знаат родителите дека се недопирливи и затоа вака се однесуваат.
Муабетов ви е дека ако се браниш ќе станиш насилник. А буквално еден куп членки кажаа дек откако се одбраниле, престанало насилството, значи им било решено... ама па еве не станале деликвенти, не ни пишат овде од затворска келија. И јас сум за на страна да се трга, да пријави кај што треба, и моите ги учам така... ама до каде и до кога? Ако пријавувањето не вроди со плод, шо прајме?
Ај, пошо се праиш наудрена дека не ме сфаќаш, јас ќе те прашам: Дали Џој или Вивеки би ги решиле проблемите ако децата им враќаат (еве да не употребам се тепаат, оти се вреѓате) М? Ќе го реши проблемот? Не! Оти да се решаваа така проблемите, ние ќе бевме држава со ич врсничко насилство, ама не сме. Јас стојам на тоа дека насилство не решава ништо, апсолутно. Да решаваше и кај тебе таму со тупаници ќе ги решаваа проблемите. Треба институционално, до 101 ако треба. Само... за ова треба желба волја, а и работа со детето, некако поедноставно е да му се каже да се брани и си завршил работа. Пошо @Viveki цело време ја зборувате, дали вие сте сигурни дека брат и сега би бил жив доколку враќал? М? Оти од тоа што читам, насилниците негови се тешка патологија, а такви лесно можат и да те убијат. Ама битно ние ќе се браниме... Ај... Јас сум растена со насилство, знам како е. И НИКОГАШ нема да оправдам или да користам поблаги зборови за нешто што е толку просто, а тоа е насилство, дали е испровоцирано или не, небитно, повторно е насилство. И булите од училиштата имаат причина и се чувствуваат испровоцирани. Ај да ги оправдаме и нив ако не?!
Да имам дете во ова лудо време дефенитивно би барал начин да не оди на школо и да посетува настава некако алтернативно. Од мое лично искуство уште пред 20 години кога бев основно имаше дете насилник што не малтретираше и вербално и физички цел клас а и цело школо и пошироко немаше некој што не видел мака од него поплаки од родители надлежните не превземаја ништо освен што го селеја од клас во клас и пак си продолжуваше по старо да малтретира. Проблемот беше до толку голем што родители одеја лично кај неговата фамилија на кавга а некои и да се пресметаат лично со татко му екс робијаш 15 години во затвор поминати. Буквално никаков механизам да се санкционира моравме цели 8 години да го трпиме доста деца излегоа со трауми од такво малтретирање а некои променија и школо. Средно исто не многу поразлично се собираја деца кланови и вршеја булинг врз останатите и тука немаш друга опција освен да трпиш 4 години или да промениш училиште, за насилниците секако нема никаква казна туку се заштитени како бели мечки а останатите деца трпат. Незнам до кај е homeschoolingot кај нас во Србија слушам дека веќе постои таква опција така да после сето тоа што го видов и поминав низ образованието едно знам сигурно дете мое нема шанса да оставам да седне на школска клупа ќе се борам од петни жили дете мое да не мора да расте во една таква токсична средина како што е образовниот систем
Ајде пошто ме тагна дека ме спомнуваат, еве да одговорам што се случуваше понатаму...И покрај тоа што толку умешно избегна да ми одговориш кога директно ти го поставив прашањето. По институции трчавме додека трчавме по болници, ниедна институција не превзема ништо околу случајот. Ај што брат мој беше трајно осакатен,ај што цела фамилија покрај него бевме осакатени, тој истиот насилник го повторил сето тоа врз други две деца. Е арно ама таткото на едно од тие деца решил дека нема да му прости, и го начекал, му ги искршил забите, и сам се пријавил во полиција. Од тогаш ни трага ни глас од силниот деликвент. Не се случи повторно да малтретира некого. ТИ КАЖУВАШ ДЕКА СИ ПРОТИВ НАСИЛСТВО, ЈАС И МОЈАТА ФАМИЛИЈА СМЕ ДОКАЖАЛЕ ДЕКА СМЕ ПРОТИВ НАСИЛСТВО, ЗАТОА ШТО НЕ ЗНАМ КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ВОЗДРЖИ ПО ВАКВА СЛУЧКА И ДА ОСТАНЕ СТАБИЛЕН ДА НЕ НАПРАВИ БЕЉА. Немој да мислиш дека не сме можеле, имав јас и другари кои ми понудија да го тепаат деликвентот, и тоа додека брат ми лежеше во болница, но одбив бидејќи му се заколнав на татко ми дека нема да превземам ништо, прво затоа што насилство не е решение, второ затоа што тоа нема да смени ништо и нема да го врати времето назад за да му биде подобро на брат ми. За на крај татко ми да падне болен, и на смртна постела да му каже на брат ми "ИЗВИНИ СИНЕ ШТО НЕ ЗНАЕВ КАКО ДА ТЕ ЗАШТИТАМ". Ајде уште еднаш кажи ми ти, што ќе направиш???
Насилниците во школо се понекогаш и поради растројства што се јавуваат во рана детска возраст. Не се секогаш резултат на дисфункционално семејство или насилство во семејството. @An-na По илјадити пат постои инстинкт на преживување,на самоодбрана, кој може да се активира при стрес,бес фрустрација. И ти можеш да воспитуваш да не враќа при буткање или удар, но исто така може да врати веднаш поради гореспоменатото. Институционалното решавање е секако потребно и тоа не се исклучува никако но душевната болка на детето нема да ја реши никако. Џабе ти е решение од Цср,суд, полиција ако детето ти е повредено.