1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Насилство во училиштата

Дискусија во 'Образование' започната од cokacola, 20 мај 2015.

  1. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    2.472
    Кажи ми дали таткото што му возвратил на насилникот добил некаква казна? Онака само ме инетересира.
    И не и обрнувај внимание, тука сите сме ангели се дури не и се деси на нејзиното.
     
    На Осе и Viveki им се допаѓа ова.
  2. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.403
    Допаѓања:
    9.777
    Пол:
    Женски
    Доби да, 2 години затвор.
     
    На Curious cat му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Мене ми е жал што не дочитуваш и не разбираш некогаш што е напишано. Веќе класика е ова кај тебе. Прочитај уште еднаш може ќе сфатиш, ако не, тоа е.
     
    На exceptional му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ne znam koj

    Ne znam koj Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2023
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Nasilstvoto se uci.Najcesto e videno ili od semejstvoto ili od drugarcinja-sredinata.
    Nemoze tuku taka dete bez povod i pricina da e nasilno.
    Tuku vo koe uciliste e nasilstvoto?
    Ne znam dali znaete no ima kampanja sponzorirana od Makpetrol protiv nasilstvo kreni glas https://kreniglas.mk/(i po ucilista odat) na koe moze anonimno da se prijavi nasilstvo.
     
    На Осе и eliesaab им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.349
    Допаѓања:
    20.261
    Пол:
    Женски
    И јас сум за враќање, само мене поентата поназад ми беше друга.
    Дека и да вратиш, не значи дека ќе престане. Дека не треба да се прави виктим блејминг на жртвите ако не вратиле, дека си го бараат ако не враќаат, тоа што ми го велеа мене.
    Враќав ама шокур дека враќав, интересно им беше. Демек ај ќе ја нервираме Манчмало сега.

    Инаку најголемиот були што мене ме буткаше, вреѓаше, што беше глава ипол повисок и коски тресев од него, полани мислам беше отиде на оној свет со цел живот пред него испуштен да го живее. На 23 години...
    И најискрено да ви кажам вака не дека ми беше мило ама никаква емпатија не осетив.
    Не е за карма муабетот сега ама што знам, секогаш треба да го имаш оној страв дека не секогаш ќе тераш така, дека сите ќе ги газиш, дека сите ќе ги вреѓаш, сите ќе ти се плашат. Некој, некаде и некогаш ќе се најде што ќе го прекине тоа.
     
    На Mrs. right, Осе, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Истово, буквално истово. Секој втор го има поминато. Како што кажав двајца-тројца се во клас и вршат тортура. Се друго им молчи од страв. А наставници не се интересираат за ова, нула емпатија.
    Ама немало врска, да си се социјализираат децата со идни психопати.
    Мислиш треба да се челичат, спартанци еден ден да станат.
    Тоа училиштата, септички јами беа. Веројатно уште се.

    И јас мислев на home schooling, едно илјада пати подобро. Ќе си го научиш детето и да чита, пишува, смета, множи и дели, многу побрзо отколку ако е на училиште. Впрочем, тие што не беа мрзливи родители ова го правеа. И јас знам, триесет годишни луѓе уште се со последици, уште во истиот loop.

    Еве колку за споредба, од познативе личности со сигурност се знае дека Анџелина Џоли и Маск поминале низ булинг од основно, можи и средно. Види ги резултатите, те молам. Џоли е хипохондрик (и бивши зависник), а овој другиов на 50 и кусур години како тинејџер се однесува. Трајни последици остава булинг, посебно ако е со години.
     
    На exceptional, Осе и Bouncing Joy им се допаѓа ова.
  7. Bouncing Joy

    Bouncing Joy Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2022
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Машки
    Ќе се челичат и ќе стекнуваат животно искуство кога ќе се доволно зрели и ќе пораснат во здрава средина и станат здрави личности што ќе знаат да се носат со животните проблеми. Тортурата што ја претрпуваат на училишните клупи покасно се манифестира со намалена самодоверба, анксиозност, депресија... Училиштата ама буквално во ништо не гледам дека имаат некаков позитивен импакт врз развојот на децата.
    Основно и средно homeschooling e одлично решение додека созреат и бидат психички спремни. Факултет е веќе друго веќе се повозрасни и можат да се соочат со животни предизвици
     
    На exceptional, Осе и Spicy Senorita им се допаѓа ова.
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Женски
    А,тие што мрзливи родители имаат? Неуки, болни, незаинтересирани?
    Враќање во минатото....додуша како тргнало, ќе биде дека не е ни потребно образование...

    Решението е во институциите...таму притисок. Во училиштата да се вработуваат стручни кадри, со љубов кон децата пред се....постојат стручни лица кои точно знаат како да постапат во која ситуација. Отворање на специјализирани училишта за деца со проблеми во однесувањето и сл....
     
    На Mrs. right, Осе и Biljarkata им се допаѓа ова.
  9. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.541
    Допаѓања:
    8.078
    Пол:
    Женски
    Сериозно ли зборите дека нема бенефит од физичка посета на настава?
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.863
    Допаѓања:
    178.830
    Зборат, пошто се деца. (facepalm)
    Да не ја продолжуваме оф-топик.
     
    На andromedae, Misskirova и JuLleE им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.349
    Допаѓања:
    20.261
    Пол:
    Женски
    Важи на факултет ќе одат научени само да пишуваат, читаат и собираат. Повеќе од тоа не мора (facepalm)
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.458
    Пол:
    Женски
    Сите се повикувате на надлежни институции, но што ќе направите ако од тие институции не добиете помош и заштита?
    Ќе оставите така детето секој ден дома тепано и вреѓано да доаѓа? Да се трауматизира ради некој имбецил?
    Смешно е што вака сите сме јаки но се кладам во реалноста повеќето ќе наведнат глава и ќе си речат ќути не е моето, на туѓото што Господ ќе му даде.
    Да се соберат сите родители и да протестираат додека таква стока не се избрка од школо или не се превземе нешто би било многу подруго, ама како и за се друго јаки сме само на интернет.
    И да задолжително е образованието, но деликвентот може и во друго школо да учи не мора баш во моето, па нека се справуваат со него во 10 други школи ако е проблематичен и не му иде памет.
    Глупо е да се повикам на во мое време пошто од секогаш имало стоки од деца, ама никогаш никој никого не соблекол и не се изживувал вака.
     
    На anata, Nausicaa, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Тешко тебе.
     
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.349
    Допаѓања:
    20.261
    Пол:
    Женски
    А?
     
  15. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    Ти не си свесна со какви трауми излегуваат и како им се одразува понатаму во животот. Како беше она по туѓ грб не боли. Ама како е стигнато на рушење на се во државава, се ми се чини дека по сечиј грб ќе има по некој стап. Па можи ќе се вразумат, може и сепак не.
     
    На Curious cat, Bouncing Joy и Осе им се допаѓа ова.
  16. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Душа ме заболе од ова што го читам @Viveki :hug:
    Имам и брат и сестра а сега и ќерка.
    Фала Богу со нив сме немале проблем т.е имавме ама се реши едноставно и не знаеме ден денес шо беше точно. Брат ми ко рече не одам на школо дури не ме отпишите од тоа училиште и готово . Не сака дете или леже го боли нешто. А уствари го мелтретирале. Е одење во др школо полна тој да покажува став ,некој го гибнал одма вратил и толку заврши се тоа. А не дај Боже со ќерка ми да се деси нешто не знам ,како шо сум брза и избувлива (lalala)
     
    На Lisandra и Viveki им се допаѓа ова.
  17. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    За тие што не знаат кои се последици од повеќегодишен булинг, слободно префрлете се во тема анксиозност.
    Не кажуваме за бадиела, ама толку ви е нивото на свест.
    Изгледа треба да го помините тој пат, па да знаете колку боли.
    Инаку, до утре ќе цепидлачите.
     
    На Curious cat, Bouncing Joy и Осе им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.332
    Допаѓања:
    249.303
    И јас ќе кажа, кај мене во школо, во клас булинг немаше. Ни основно ни средно. Имаше поединични закачања, тепања меѓу децата, како помали, ама ништо страшно и претерано. Мене најубавите спомени ми се од средно.
    Ова што го читам е застрашувачки.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Aпсолутно.
    Јас трпев во средно и беше страшно ама успевав да се држам психички имаше уште едно девојче со мене она и некој друг сплет на околности имаше ,сега си има последици воопшто не е добра психички. Имам и јас анксиозност намалено чувство на вредност итн. Ама таа далеку пострашно помина пак ќе речам не е само булингот причина ама е една од причините.
     
    На Spicy Senorita и Viveki им се допаѓа ова.
  20. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.597
    Пол:
    Женски
    И јас имав другарки во средно, ама сите беа со намалено чувство на самодоверба. Бадиела ќе им кажуваш на некои луѓе, треба сами да доживеат. И да, после емоционална траума, анксиозноста веднаш тропа на врата.
    Ист случај, со другарка од средно се среќаваме после години. Абе поминале години од матура, таа уште секој ден со неа ги носи настаните. И ај, нема да коментирам што се негативно од психолошки аспект забележав. Траума не се лечи лесно. Посебно не ако траело со години, се програмира мозокот на одреден начин. Не велам дека нема излез, ама е многу потешко. Затоа е подобро да се спречи.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.