Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Насилство во училиштата

Дискусија во 'Образование' започната од cokacola, 20 мај 2015.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    6.493
    Може некој да ми каже што поточно се случило во целост, ви ги читам коментарите, ама не знам се што се случило зошто кога го отварам видеото ми вика this video has no sound. Ако го има на фб или на некое друго место споделено, ве молам прикачете линк.
     
    На simoncelicius и BlackNight им се допаѓа ова.
  2. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    5.518
    Пол:
    Женски
    Нема homeschool u
    Нема хоумскул кај нас
     
  3. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    5.518
    Пол:
    Женски
    Исто, ме интересира што се случило со девојчето, го нашол ли некој, како се извлекол, кај бил наставникот, не ли се чудел каде е?
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.633
    Допаѓања:
    11.056
    Пол:
    Женски
    Како стануваат така агресивни децата?
    Навистина ме интересира.
    Дали е тоа генетски предодредено или стекнато?
     
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    59.961
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ова се првите знаци кои укажуваат на психичко растројство, убаво вика @AngelOfArh , не е нормално тоа однесување. Детето не треба да добива такви инстинкти, не е нормално да сака да соблекува други деца и со нивната облека под да брише.

    И сеа пошто никој кај нас ништо не превзема, утре ќе убие некое друго дете, ќе зацрни некоја фамилија, а ние уште ќе мрсиме муда тука дали било или не било нормално, дали било или не било жртва.

    Ич, ама ич не ми е гајле како да ви кажам. Ќе го родиш, ќе го гледаш, ќе се тресеш над него, душата ќе си ја даваш и на крај ќе дојде некое вакво и ќе го малтретира до максимум.

    Цела фамилија треба да се пресели во некоја планина од која очигледно се симнале, па нека се тепаат таму, нека си бришат под со нивни алишта.
     
    На Alex29, SuperGirl24, Amellie13 и 29 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.131
    Допаѓања:
    156.119
    Може да биде и научено однесување, но за жал и вродено, кое не секогаш значи и генетски баш, но така е најчесто.
    Чудно ни е кога ќе се каже за дете психопатско однесување или шизофренија кај дете, затоа што нели чедноста ја поврзуваме со децата, ама не е така ретко како што мислиме, само не е установено рано заради родителите кои не сакаат да прифатат, туку многу подоцна.
    Но поголем дел од однесувањата се усвоени по пример.
    Со малиов треба да работи психолог, а родителите да одговараат за запуштање на дете, социјалните служби исто така да се вклучат.
    Ова е екстремен случај на пример за модерните модели на родителствување.
    Иако, многу деца имаат вакви примери и не стануваат вакви - овде ми личи дека малиот има психопатски настројства во комбинација со лоши родители...
    Во случајот со Коста...друга беше комбинацијата и немал вакво поведение пред да ескалира.
     
    На Lotus Girl, azelea, VDT2906 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.588
    Допаѓања:
    38.903
    Пол:
    Женски
    Знам де, затоа реков оие работи ги нема кај нас.
    Абе тоа они како го растат, дали го запуштиле и не знам што стварно не може да го знаеме. Ама ете ме интересира од кај толку притисок имаат да остане а сите други да се отпишат. Дали врски дали едноставно службите во школото не си ја работат работатат и толерираат до бескрај.
     
    На *Amethyst* и BlackNight им се допаѓа ова.
  8. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    5.518
    Пол:
    Женски

    Како мајка на осумгодишно дете, со се што се случува, ќе ви кажам дека во нашава земја нема апсолутно никакви сооодветни механизми за справување со вакви деца, се е на ниво на „мека политика,, да не се бркал никој од училиште, да не се отсранувале насилниците од настава, прогуглајте ќе видите за случаи и со поголеми деца односно над 6то што се случува, а Меѓаши со истиот став дека овие деца не требале да се бркаат. Се е со „ мирно и тихо,,. Па, се чудиме потоа, како други деца одеднаш и самите стануваат агресивни, бунтовни, пркосни, со криви и извитоперени мисли.Суспензии нема, посебни класови нема, учење од дома нема, надзорот им е претежно психолог, педагог, се случува деца да останат без надзор, нема видеото звук, не разбрав од кое училиште е настанов, ни како девојчево се снашло/го извлекле, пребизарно ми е, никој да не го провери зошто се задржало толку долго во тоалетот.
    Мене веќе се ми е страшно, а вакви грди појави се зачестени и тука и секаде и не знам што да кажам.
    Може треба овие постовиво црна хроника да одат или не знам каде.
     
    На Alex29, azelea, Mrs. right и 2 други им се допаѓа ова.
  9. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.633
    Допаѓања:
    11.056
    Пол:
    Женски
    А кога најрано се забележуваат знаци на некакво пореметување?
    Кои се симптомите?
    Извини ако се надоврзувам, сум забележала дека има сенс за оваа тематика, на интернет некако да читам не ми е јасно.
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.338
    Допаѓања:
    249.380
    А ти како родител можеш да одбереш какво дете ќе родеш? Не.
    Ама можеш да реагираш доколку кај детето постојат некои нарушувања.
    Здраво општество ќе градиме со насилство, наместо со решавање на проблемите, оти решение секако не е праќање на некоја планина.
     
    На Mumoftwo30, Harper, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Не бе, решение е сите да се отпишат за насилникот да остане комотно да им врши тортура на тие неколку што останале.
    Ако родителите не се способни да го воспитуваат, си има социјални служби, поправни домови, психијатриски институции..
    Проблемот трае година ипол, се пробувало со “решенијата” за Здраво општество, и резултат?
    Некогаш можеби и треба на планина да се пратат, надвор од социјализација, затоа што само штета прават во ова социјално општество.
     
    На Amellie13, Lotus Girl, MeowMeow и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.131
    Допаѓања:
    156.119
    Зависи за што.
    Ако прашуваш за психопатијата, различно е од дете до дете, социо-економски фактори влијаат на услoвите во кои е и како ќе манифестира, ама кога веќе е свесно, зборува, разбира, тоа е некаде после 5тата година кога почнува и емоциите повеќе да ги менаџира, кога е очекувано веќе да не е толку импулсивно однесување.
    Ама и пак тогаш е тешко да кажеш што е додека не го види психолог и да го набљудува, затоа што некои форми на аутизам може да се слични.
    Ама најчесто кога е психопатија - прави постапки кои е свесно дека физички повредуваат друг и покрај разговарањето. Знаат да малтретираат животни, па и да убијат животно. Некои се експресивно агресивни, додека поинтровертинте многу порезервирано го прават тоа и не мора да покажат знаци на насилство, туку може да бидат само манипулативни (децата се во суштина манипулативни, ама ова е друг левел). И се поинтелигентни од другите деца на таа возраст... некои потоа уназадуваат на сметка на ангажираност на мозокот со други работи и каскаат, ама некои се хиперфокусирани и стануваат многу успешни личности.
    Околу себе да имаш возрасна личност психопат е огромна и не секогаш се однесуваат типично за да може сега точно да кажеме овој е оној не е.
    Зависи... има многу фактори, нема типични знаци. Секој родител може по нешто да препознае, ама тоа значи дека треба да работи со детето, а не да вика такво си е или да негира или да не прифаќа.

    Конкретно за малиов тврдам дека е психопат со лоши и нарцисоидни родители. Може и да имаат психопат и да биде човек како што треба ако родителите се како што треба.
    И мислам дека треба да се отстрани затоа што креира траума кај други деца и нема простор за експерименти за социјализација и работа со него додека другите трпат.
    Коста беше едно, ова е друго - родителите закасниле.
    Тешко на момчето.
     
    Последна измена: 12 ноември 2023
    На Skorpija25, azelea, VDT2906 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.338
    Допаѓања:
    249.380
    Тогаш институциите потфрлаат. Реков ова општество е такво од нас, народот и сега секојдневно не удира некаде. Замислете никој ништо не им може на родителите. Дно.
     
  14. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    Институциите секако потфрлаат, на секое поле. Кај нас законот ги штити насилниците. 500 процедури до одредена одлука. Се запрашал ли некој како тоа девојче ќе оди на училиште утре? Што е со нејзиното право на безбедност, право на образование..? Ама нее, детето насилник не може да се отпише од школо, греота само дете е..
     
    На Skorpija25, Mrs. right, VDT2906 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.338
    Допаѓања:
    249.380
    Кај реков дека не смее? Реков детево е очигледно болно и треба да се лечи. Дете од 7 години е, нова жртва на сопствените родители и системот.
     
  16. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.404
    И родителите жртви на нивните родители и тако даље?
    Моментално единствената жртва се децата од класот на кои секојдневно трпат тортура. Да не дозволиме да направиме 20 нови жртви на системот и насилникот, а со тоа 20 нови насилници и така до бесконечност.
     
    На Lotus Girl, Mrs. right, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.872
    Допаѓања:
    178.942
    Имаше порано Ранка Милановиќ. Не е ова ,,живахно,, дете, дете кое го нарушува часот или заборавило домашно, ова е дете кое свесно повредува други. И повредува е мал збор.
    Ако не, ај па и со силувачи и убијци да се социјализираме, ради инклузивност(facepalm)
     
    На SummerGirl, jacqueline.s, Skorpija25 и 17 други им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.338
    Допаѓања:
    249.380
    Што според тебе е кај Коста? И кај него сепак родителите имаат потфрлено, он ја мрази мајка му и дури имаше изјава дека ако имал прилика одма би ја убил.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.338
    Допаѓања:
    249.380
    А што според вас треба да им се прават на ваквите деца? Да ги убијат? Деца се, болни. Не треба да се лекуваат како прво?
    И на крајот, да, целта на казната е рехабилитација и ресоцијализација. Не е ова џунгла. Всушност е. Затоа и ова не е изолиран случај.
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.872
    Допаѓања:
    178.942
    Па знаеш што беше Ранка Милановиќ? Или која му беше целта на постоење.

    Џунгла е оти постои недопирливост, за којекакви пробисвети.
    Знам деца со дијагнози и со лекови. Знам за школи/параленки за деца со различни пречки. За конкретново дете не знам ништо од дијагноза, освен дека родителите му се со дијагноза. Ако сине, така треба. Твое дете вака да праи во континуитет ќе му речеш ако сине, или ќе бараш чаре?
     
    Последна измена: 12 ноември 2023
    На Skorpija25, Mrs. right, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.