Човек/ суштество, без разлика на годините, што свесно малтретира, тепа, соблекол девојче од седум години во вц и бог знае што и прсвел, и тоа е само дел од работите, не е дете и не е за сожалување. Има институции кои треба да се позанимаваат со тоа. Во америка таквите злосторства, кои неретко завршуваат со убиства, им се суди како за возрасен. Така да ве молам, кога ќе прочитам дете па дете… не е дете, монсттум е само шо по некоја случајност порано си ги покажал боите
Како не можеме да го знаеме? Па тоа е апсолутно во вакви случаи. Без разлика дали се работи за генетика, за вродено, дали за стекнато однесување, родителот е одговорен за тоа дете. Јас ако не знам што моето дете сака/нејќе, во кои ситуации се повлекува, а во кои е несигурно, во кои избувнува, кој да знае? Утреден ако проба да малтретира маче на улица ќе стаам прст на чело, а не пак да се изживува над други деца. Не смее родител до толку да го запостави детето. Дури и да се работи за генетика или вродено, родителот мора да примети прв. Едно дете само по себе, не можеме да очекуваме самото да одреди дека нешто не е во ред со него и да побара доктор да се лечи. Родителот мора да го направи тоа. Вината е секогаш прво и најмногу во родителот и многу присутната негрижа. Очигледно се работи за запоставување. А ништо чудно и за злоставување, ама тука не би навлегувала. Исто, зошто се работи за запоставување и негрижа. Затоа што ако детето има проблем, кој грижлив родител ќе го остави така? Родител што си го сака детето, што сака да го види среќно, ќе направи се и ќе превземе се што може да му помогне на тоа дете да порасне во подобар човек со светла иднина. Ова траело од градинка, родителите имале доволно време да вложат повеќе труд во детето и да ги променат работите. Се надоврзав на твојот коментар.
Ќе барам чаре. И исто зборуваме дека во случајот родителите се виновни. Еве детево само не може да се отпише од школото и да се лечи.
Ако се болни, а со тоа наштетуваат треба да се тргнат од социјализација, дали во поправни домови, дали психијатриски установи, привремено или трајно, за тоа има стручни лица. Никако да не се оставаат со останатите па и нив да ги “оболат”. По твое, девојчево затоа што е жртва треба утре на друго другарче истото да му го направи? Не е ова бесно дете, што се закачка, бега од школо итн, ова е психопат од мали нозе. Ќе си дозволам тоа да го кажам.
Што поинаку јас кажувам? Дека детето мора да се третира соодветно. И реков дека е жртва на сопствените родители и институции, што е оставено така без да добие помош. А покрај него страдаат и други деца. И кој е крив? Кој треба да го тргне од таму? Значи родителите. Точка. А ако они се неми, постојат институции кои можат да се погрижат за оваа дете.
Прво и основно, моментално треба да се мисли на децата од класот. Да се обезбеди безбедна средина за да одат сигурно и безбедно на училиште. После нека си ги тераат процедурите и нека префрлаат вина од една на друга институција и за кај е детето нека се одлучува. Ние додека го пишуваме ова, детето насилник го спрема ранцот за на училиште утре. Се прашувам дали е тоа случај и со девојчето жртва. Ќе има ли утре нова жртва, којзнае..
Детево не е добро со паметот и треба да се лечи. Треба да се прекине со интеграција во средина кде други деца трпат. Не смее да постојат жртви. Инаку имав многу сличен случај со дете во градинка каде што ги тероризираше сите вклучувајки не и нас . Но Родителите најчесто игнорираат и нивни изговор е хиперактивно е. Не ги носат на проценка,не бараат дијагноза намерно. Кога нема дијагноза,нема проблем. Ради тоа ќе трпат други деца. Е не треба. Треба да се испише од школо/градинка и тогаш ќе мора да му бараат чаре. Сега за нив е само хиперактивен, гарантирам со глава. По градинките има многу што се потенцијален “Коста”. А родителите не признаваат никаков проблем дека постои.
@JuLleE да беше твоето дете на местото на девојчето, исто вака дипломатски ќе го бранеше монструмчето? Ај те молам. Монструм е. И оно, и родителите. Може татко му ја затвара мајка му или сестричка ако има и тоа им го прави! Од каде дете ќе му текне да кубе коси и да соблекува девојчиња.. ама тато е во МВР и никој ништо не му може. Не дај боже на мое дете или на друго дете блиско му се деси тоа, монстумчето ќе си добие што му следува. Нема да дозволам деца да трпат тортури и да лечат трауми зашто психички пореметено дете ги малтретира. Доста со тоа ама не е криво, ама дете е.. не е дете. Монструм е!! Ми се преврте желудецот кога слушав..
На СЕДУМ (7) години сексуално се изживува и малтретира девојчиња во училиште. Запрепастена сум. На 7 години не само што е насилник, туку психопат и сексуален предатор. Колку и да звучат лошо овие зборови за дете, тоа е реалноста. Родителите дефинитивно страшно потфрлиле тоа е јасно, ама на 7 години да го правиш ова треба да имаш и психопатски тенденции. Не е ова резултат само од родителска негрижа, туку многу подлабоко, психички лежи проблемот. Секако дека вината треба да се бара првенствено во родителите, институциите и школото, ама дека детево е жртва, не е. Свесно нанесувал штета на соучениците. Којзнае тие девојчиња колку трауми имаат после тие настани. Детево под итно мора да се изолира и да му се пружи стручна помош, прво за негово добро па после и за другите околу него.
Дете никогаш не би нападнала, ама може би се пресметала со родителите. Со нив не би била фина, оти пак ќе кажам, тоа дете утре родителот ќе го однесе во училиште. Ова се случува подолг период, а институциите молчат. На само 6 месеци после масакрот во Србија каде што иако поинаков случај, институциите исто молчеле. Е затоа мора менување на менталниот склоп оти истите коментари беа и за Коста. И ништо не научи народот, еве ти нов случај.
Родителите. Зошто? Затоа што се ненормални и најбитно имаат “амин” од институциите. Ако НЕ СМЕЕ(законски, одлучено) да оди на училиште, нема да го пуштат, а и да го пуштат нема да го примат од училиштето. Толку просто. Понатака нека си тераат постапки и процедури. Сега најбитно е да се дислоцира и да нема други нови жртви.
Институциите не се виновни. не можат да направат ништо. Го штити законот за основно образование. Има право да биде во школо. Нема дијагноза. Нема проценка. Значи училиштето /институцијата мора да го трпи и да го прими. Треба другите родители да реагираат и да тужат. Инаку детето ке го испишат и ке го префрлат во друго училиште.
Кои институции бе чоек, заборави дека за Македонија збориме? Кои институции?? Ти се уште мислиш дека во вукојебинава има институција која би те заштитила тебе и мене?
Ако родам такво дете, сигурно нема да дозволам да се понашам ко татко му - мвр шериф, туку ќе си ја наведнам главата и ќе ја превртам земјата дури не најдам чаре. Ама типична ситуација е, нивните деца се најјаки, мува не ги лази, не смее да им писне некој, ете пишуваат дека пробале на секаков начин, со адвокати се консултирале, во фецесов држава ништо не функционира. Пак ќе кажам - не е нормално дете да добие нагон да истура течен сапун по скали за да падне некој и главата да си ја расцепи, не е нормално на овие ладни температури да го соблечеш некој и со алиштата под да бришеш. Со самото тоа што девојчето се тресело од студ и кај насилникот не предизвикало емоција на емпатија, жал, било што туку сатисфакција укажува на рани знаци на психички растројства. И наместо да му дадат терапија за тоа, да го однесат на лекар кој ќе му помогне, татко му инспекторчето се заканува на испаничени родители. Маќедоња. Фецес. Смрад.
Ми дојде да го најдам тоа девојче и силно да го изгушкам изгушкам.. душе мило. И да монструм е. Утре може и да силува некое девојче кога ќе почне пубертет.