Од кога најрано може дете во градинка да почне да покажува таква форма на малтретирање? Кон кого? Како ја манифестираат агресијата? Знаат ли да слушаат тие деца, да се послушни, да следат ред? Знам дека дофрлам со прашањава како падобранец ама си правам некои размислувања лични и тоа е....
Да биде уште пожално девојчето е дојдено од Сирија,кај таму преживеало свашта уште ова малтретирање да го доживее.
Сс согласувам цело време дека родителите потфрлуваат од нивните комплекси, децата се само жртви. Коста не знам што е, ама немал историја на вознемирувачко однесување, затоа мислам дека не е психопатија. Може да се многу работи, може да претпоставуваме. Ама нзс на се, како едно дете ќе се развие е само од родителите. Има ситуации каде што може да се среди ситуацијата, каде што ќе се освестуваат и другите деца и тоа за прифаќање на сите страни. Ама во ситуацијава ... како? Ги малтретира, се плашат. Да се жртвуваат 29 деца, за едно. Додека да се прилагоди, најисправно е да се отстрани.
Најаларамнтен знак е отсуство на жал и емоции во ситуации кога би требало. Пример, страдање и малтретирање на животни кај нив предизвикува задоволство и забава. Исто и во односи со други деца, насилство, лажење и манипулирање без причина. Има многу аларамантни и очигледни знаци, ама народов овде мисли дека психопати постојат само на филмови и вакви показатели ги препишуваат на невоспитаност и темпераментност.
Полека Анна Од кај знаеш дека не направиле ништо? Штом реагирале другите родители сигурно педагог/психолог разговарал со него и родителите.(настрана сега како се примени на работа) Ништо повеќе не можат да направат,не смеат да го избркаат, а и што ке пријават во цср? Разговорот е секогаш во присуство на родител,и не е запоставувано како не разбирате?! За родителите е хиперактивно дете и прави детски глупости ,не можат да го обвинат дека има ментален проблем ниту тие да утврдат ментална болест кај него па од тука запоставување да пријават во цср. Службата може да ги вика само на разговори и толку. Само родителите на другите деца можат да реагираат. Од мое искуство со неколку такви деца во градинка. Претежно се машки. Возраст од 4 год нагоре. Не трпат авторитет никаков. Кога имаат да го наречам “напад”Касаат,плукаат,тепаат,гребат,кубат воспитувачи и сите деца во занимална,поголеми или помали физички,кршат играчки и инвентар,викаат,удираат со глава и екстремитети. Не се смируваат ни во присуство на повикан родител. И најбитното често се смеат кога го прават тоа.
Значи, не смее да го исфрли од школо ради што- ради право на образование? И ради неговото богом дано право на образование, другите треба да се откажат од образование Не знам стварно какви чудесни закони постојат. Закон за основно образование-член 66 и 72. Спречување на насилство и педагошки мерки. Директор на школото е одговорен, се вклучува и социјален работник по потреба. Основно образование се спроведува и во воспитно -поправни институции (член. 15 од законот). Вуала. И, кој е крив?
Баш така. Сум работела со деца, многу ретки беа родителите што прифаќаа кога им укажувавме дека на детето му треба помош. Најлоши беа реакциите кога ќе им се кажеше дека можеби е потребна консултација со психолог.
Да. Поради законот за основно образование. Нема дијагноза,нема ништо. И Не да се откажат. Протест со прекин,зошто да не протестираат?! Мерките и укорот нема да им помогне на другите деца и родители. Тој пак ке оди во школо со намалено поведение. Ништо значајно. Мислам дека во воспитно поправни институции нема толку мали деца. Повеќе се Средношколци.
Директор, да повторам. Има во законот член за спречување на насилство. Има и педагошки мерки. Значи закон има. Како што имало и јас ко сум учела, како што има сегде во свет.
Жална состојба. Дали си ги запознала нивните родители, каков тип на родители се? Попустливи, без авторитет, строги... Како се произведуваат вакви деца, чија е вината?
Прочитај го членот од законот па кажи ми што може и не може. Не да може, требало досега да го ескалира на социјални служби.
Во нашата градинка имаше случај каде дете изигруваше “доктор” и “прегледуваше” пациенти. Е се тоа со наивна детска игра, радозналост…ама секогаш он иницијатор, тајно и криејќи се од воспитачи, реплики во стилот не си ми другарче ако не играш, нема да те дружиме, немој да кажеш оти ќе ме караат…нормално е дома постарите браќа нон стоп така “играат” со мене. Градинката на секоја фамилија одделно се обиде да го престави случајот како детска радозналост, се истражува телото, без да каже дека нивното е едно од повеќето деца “пациенти” , здружението кое стои позади нејзе позагрижено за репутацијата одколку за децата. Инаку мајката на детето е профајлер на криминалци во полиција.
Па имаат право и другиве деца. Зашто родителите не бојкотираат настава додека училиштето не превземе нешто? Фино лепо, ниеден да не пушта дете на настава. Па нека му предаваат само на психопатот затоа пто нели он има право на образование.
Како бе не е запоставувано?! Еве под претпоставка да реагирале стручните служби, тоа се одвива во разговор со родителите и тој разговор за што служи? Информативен е или... колку да кажат дека направиле нешто! Пошо, прво се оди на разговор, па ако нема реакција од родителите, тогаш треба да повикаат социјално, оти да, запуштено е детето кое очигледно има проблем. А социјално понатаму треба да им го одземе правото барем привремено додека соодветно не се лекува детето. Ете, толку е просто... Мене моето дете може да ми биде цвеќе, хиперактивно иштотијазнам... ама затоа и постојат институции кои треба да ме коригираат кога ќе забегам. Кај нас, за жал, знаеме што се случува! И ако навистина имало разговори со родителите (за што искрено се сомневам) тогаш сигурно се проформа, оти како што реков сите се по паритска линија не треба да се чепкаат меѓу себе. Инаку... ова ли е детето за кое се пишуваше уште кога се случија убиствата во Белград?!
Па го прочитав. член.66 Директорот Може само да пријави во надлежни институции. Еве ке пријави во цср. Ама од школо не може да го избрка,не смее да му го прекрши правото на образование. Од цср можат да ги викаат на советувања ама Тој во меѓувреме ке си посетува настава. Значи за другите деца пак останува исто.
Ќе го прати на проценка, кога веќе родителите не можат. Всушност, не директорот, туку стручните служби, социјално, итн... Едно чудо можности има, ама они одбрале да прават НИШТО!!!
Тоа истото го пошав погоре само протест и не пуштање во школо. Тоа проценки, советувања итн. на другите деца нема да им значат ништо кога пак во клупа ке седи со нив. Да се исфрли од школо не може. Е сега дали сите треба да трпат додека одат овие на советувања. Не би рекла. Затоа секој своето ке го заштити и ке се испише.
Може да се исфрли од школо, кај нас имаше примери, деца кои беа исфрлени од едно училиште, сма продолжуваа во друго. Начини има. Пријава во ЦСР. Ама ЦСР кај нас не си ја врши работата. Детето досега требало да биде на лекување. Мора да бидат вклучени сите можни инстутуции. Ама ако читавте, на училиштето му било важно да не се валка името. Ништо не е превземено, нечии дете е и затоа е така како што е.
Така де, ќе ги ставаме работите под тепих, место да ги решаваме. Инаку... ако направат квалитетна проценка, сигурно ќе најдат дијагноза кај детево, барем според ова што го читам излегува така. Понатаму, социјално треба да се позанимава со домашното опкружување на детето, како се воспитува т.е невоспитува, дали има насилство дома итн... И по потреба како што реков погоре може да им се одземе старателство. Значи, има начини, волја нема. Научени сме да си ја ишкаме мувате од капата да оди кај некој друг