Јас мислам дома нешто се дешава со детево, социјално да му појдат да видат како се однесува тоа дома, шо се случува да не се насилни родителите со него по дома, ако ништо од тоа нема треба и самите родители да се запрашаат дали нешто психички не е во ред со него, да посетуваат психолози , педагози и да не го праќаат на училиште додека не откријат шо се случува. Се надевам дека ќе се реши и за негово добро и за сите други, само родителите ако стварно се грижат на вистински начин ќе се потрудиле и од првото насилно издание на детето да увидат дека има потреба за работа со психолог, а не да си ќутат да го заташкуваат сето ова. Училиштето е секако исто криво, како можат да дозволат пола одделение деца да се отпишат, заради едно дете проблематично. Па не мора да следи настава, нека го пуштат на психологот во училиштето шо е така секој ден, се додека не свати дека за тоа што го направил има казна, нека има укор дека следно кога ќе направи нешто лошо ќе биди избркан од училиште, ќе си седи дома, нема да си игра со другарчиња. Исто казни и дома се додека не смени во однесувањето. И постојано одење на психолог. Од мали се учат да бидат насилници на послаби деца, едно да се погоди од тие што ги тепал да има поголемо братче сестриче да му појди на одморот да му удри еден ќотек ќе видат после дали ќе удри некое дете. Многу се толерира, наставниците немаат право ни да му се развикаат ни да удрат дете, а тоа смее цела училница да ја крени во воздух. Кога детето поминува пола ден на училиште треба и наставниците да се вклучат во воспитување на детето, не е само до родителите. Децата немаат страв од никој,ни од родител ни од наставник затоа прават шо сакаат. Ова по го соблекол девојчето стварно е да се запраша дали има некој психолошки проблем и има се гледа од далеку, дали е во ред толку мало дете така да размислува, ко психопат да омаловажи и повреди некој без чувство за емпатија, од каде му таа идеа тоа да го направи, дали за некоја година ќе почне да ги фаќа женските, да ги соблекува, тој да се соблекува да се самозадоволува пред нив или да ги силува и тоа треба да се запрашаат родителите дека не е нормално шо го направил. Оти натаму тоа оди...
Во случајов највиновни се родителите кој не превземаат никакви мерки да помогнат на своето дете кое очигледно има некој психолошки проблем. Психопатијата е вродена, социопат се станува може да има и шизофренија ( постои детска шизофренија) имам читано за тоа. Детето само не може да си помогне мора тоа да бидат првенствено родителите кој би побарале стручна помош. Прогуглајте за детска психопатија и шизофренија ќе се изненадите колку случаеви има низ светот и што тие деца правеле...Детево ако се остави вака без помош, многу пострашни работи може да направи. Треба да се соберат сите родители од тој клас па и од другиве класови и тужба за сите од училиште, директор, педагог, наставник...Исто треба тужба и за родителите и да се вклучи социјална служба. За жал овде како што знаеме најчесто ќе се заташка работава ама родителите не треба да попуштат пред притисок. И дете на премиерот да е ќе копам со нокти ако треба тоа дете да се отстрани од училиштето и да си превземат соодветни мерки, тужба и ако треба до Стразбур би дала. Ова вака не смее да се остави зошто може Рибникар да го доживееме...
Од кај ги извади проценкиве дека 2/3 години ќе трае? Апсолутно неточно. Во законот инаку стои дека директорот е должен да го пријави секое насилство од ученик до соодветни институции без разлика дали се работи кон соученици или кон наставници. Нема што родителите да се прашуваат дали сакаат или не, еднаш разговараат со нив, ако проблемот продолжува и родителите не реагираат, се вклучува социјално и понатаму они треба да преземат. Што не е јасно?!
Нели пред 2-3 години во истово школо имаше некој скандал со или нешто сексуално вознемирување или недозволено снимање експлицитна содржина од директорот таму? Едит Најдов. Стварно имало. Ама го разрешиле. А наводно моменталната директорка ги терала хигиеничарите да ѝ ја мијат колата. Вие очекувате за сериозен булинг да се замара госпоЖата.
Па, за нормална држава правиме муабет. Пошо цело време читам, не можеле ништо да му прават дури и во друга држава да е. Какопадане!!! И кај нас има закони, ама ретко се почитуваат. А, правилата и функционирањето на државата го правиме ние, ако ние замижуваме и одиме по линија на помал отпор т.е сакаме да ја префрлиме топката на друг т.е да се отпише детето од училиштето без притоа да се размисли дека тоа дете ќе се запише во друго училиште каде што ќе ги прави истите сра*а, ништо не сме направиле! Само ги буткаме работите под тепих. Читам дека родителиве реагирале, ама џабе. Добро е што излезе во јавност, може и ќе реагираат службиве кои за тоа земаат плата!!! Конечно!!!
Не знам зошто родителиве на децава не се кренат на протест, нека викнат телевизии новинари нека кажат име и презиме на родителиве и на тој што е многу "јак" у мвр. Што ќе биде не смеат да ги избркаат сите деца и да ги избркаат има други улилишта. Ќе се нарушел угледот на школово јакото школо, внук учи таму прваче мајка му вика катастрофа е наставници партиски напикани не се замараат за ништо. Клати врата, земај плата...Овде сите се криви што молчат за дете и земјава ќе ја превртам ако треба.
https://www.expres.mk/skandalozniot...o-angelovski-vraten-na-rabota-kako-inspektor/ https://antropol.mk/2023/10/19/direktorka-na-mucunski-mobing-vraboteni/ Чисто да видиш зашто не се реагира од нивна страна...
Јасно ми е. Пишав и претходно, се е тоа партиски исповрзано. Затоа и велам може е подобро што излезе во јавност, може и ќе се реши проблемов некако. Само да не го отпишат детево и толку, оти насилството ќе продолжи на друго место. Ќе видиме што ќе се случи, се надевам ќе има разврска.
Тогаш еден протест пред опшитина да види она Тимчено што ја уништи цела општина, он ќе чувал углед на училиште од дедо му да не е. Да е негово дете во прашање да е малтретирано како ќе изнајде решение. Смрдеж држава сме!!!
Нај чкљ училиште е со лажен углед ( било је некада) у ранг со средниве како ЈБТ, Орце...Собрани све ( со чест исклучоци) татини и мамини синчиња, ќерки на покундурени родители кој станале "некој и нешто" и се мислат богови недопирливи.
Не знаеме што има детето, може само да претпоставуваме. Не мора ни во институција да оде, доволно е со него па и со родителите да работи психолог/психијатар. Не смее да се остави вака и ситуацијата да ескалира уште толку.
Се што можам да кажам е страшно, и се надевам, се молам да се реши. Си се изнаплакав и се напнав само што читав. Да не си им во кожа на децава што учат заедно во него. Имаше некои споредби од магнет или КТ на нормален мозок и на мозок на сериски убиец. Во делот одговорен за емпатија кај нив немаше воопшто активност или сосема го немаа, не памтам точно само сум сигурна дека структурата, активноста во мозокот за емпатија им беше различна. Да не биде дека детето го осудувам на пропаст, ама тоа не е нормално дете, тоа е психопат и му следи силување жени и којзнае што слично. Имав во одделение еден ваков, дури и нож донесе на школо затоа што му стави единица една наставничка. Според моите искуства, а растена сум со bullies и психопати, мислам дека можам да си дозволам да речам дека родителите се криви. Мајка му на овој што го спомнав погоре на родителски беше најгласна, не сакаше да прифати дека имаше проблем, а и овој може ја манипулирал пошто исто беше доста интелигентен. Истиот има жена и дете. Е сега што беше работата кај неговото семејство, значи мајка му и татко му ептен се караа, разгален од сите, што знам дека не е доволно за да некој наеднаш стане психопат, и моите се караа и ме разгалуваа ама и ме воспитувале, а кај нив се му беше дозволено. Лесно е да кажам еј вака и вака ќе направам јас кога ќе сум родител. Ама да мислам дека доза насилство, колку што може да стигне проблемов до медиуми мислам дека само тогаш има шанси да се направи нешто за децата што учат со него. Исто имаше случај за едно девојче со аутизам што беше малтретирано или ставано,во училница без греење, се дигнаа родителите по медиуми па тогаш рекоа дека се промени нешто. Мислам дека и во овој случај крајно треба и председателот да се замеша како тогаш, па нека му бараат решение родителите, да посетува психолог, а најверојатно и психијатар. Тоа што е дете, не значи дека не се однесува како монструм и дека не е способен да нанесе крајна штета, психичка и физичка. Сум си одела дома со модринки, моите збореа со родителите на еден што ме малтретираше - ништо не постигнаа, исто одделение ама физички поголем и посилен; не ме чепна откако мајка ми го истепа... Цела држава ни е корумпирана, ама ако не ги боли директорите и институциите за деца, за мали деца еј, жал ми е за светов во кој живееме и за светот во кој ќе ги растеме нашите деца во иднина.
Од искуство во нашето одделение. Еве и со ова дете проблемот трае од градинка.Сега е второ одд. Имале и тужба од родители. Мислиш дека 30 родители од одд.не ги знаат процедурите ? Ги знаат. Мислиш нема некој од тие 30 исто партиски поврзан или на позиција,има. Тебе не ти е јасно дека освен разговори и советувања укори,надзори ништо не можат да направат на 7 год. дете. Еве ќе почекаме. Какво одземање од цср какви бакрачи. Уште ќе тужат родителите што им го прават детето ментално болно и ке добијат.
Точно, можеби детето само копира модел од дома. Мене ми е нејасно каква е таа учителка, која не знае да се справи со ситуацијата и дозволува да дојде до ваква ескалација. Ако не успева да го дисциплинира во соработка со родителите, тогаш мора да вклучи секојдневна работа со психологот и директорот. Постојат казни , ако треба ќе го " врзе " за себе, додека се реши ситуацијата. ... наместо на час, ќе си оди кај психолог кај директор....па ако нема успех ЦСР...па по ред... Но, мора да се работи , мора да се има сензибилитет малку... Најлесно е преку родителите на другите деца да се предизвикува револт....зарем единствено решение е избркај го, па некое друго школо нека му ја мисли.... Убаво би било сите деца кукли да бидат , убави и умни ,послушни....ама не е така....којзнае какви семејства имаат....
Во нашава држава се е можно, ама дека имаат механизми институцииите да го решат проблемов, имаат... Волја не. Затоа и реков дека можеби е добро што излезе во јавност, така се принудени да направат нешто. Иако, се си мислам дека тоа нешто ќе биде да го префрлат детето во друго училиште, а со тоа и проблемот. За жал. За родителите на ученициве.... читав некаде дека не се согласувале сите т.е не учествувале сите во поплаките. Зошто? Којзнае. Можеби ради партиски притисоци? Оти кај нас во државава се почнува и завршува со партија!!!
Нас геноцид ни се направи на онкологија, ги оставале луѓето да умрат во најтешки маки, па едвај 300 души на протестите дали имаше, за бог знае кои деца ќе ти искочи некој.... Протест во државичкава вмро или сдсм ако го организира. Иначе спреми се да се разочараш, како јас што сум се разочарала 100 пати.
Е за ова во право си за жал...луѓе убивале на онкологија, ограни вадат на здрави родилки, живи луѓе горат по болници....деца ни умираат чекајќи донации...еве сега нов случај здраво право бебе умира од сепса поради медицинска грешка и никому ништо...
Да биде иронијата поголема https://m.facebook.com/story.php?st...PeavEhpGmjpmWRBl&id=846019366&mibextid=Nif5oz https://twitter.com/svoja_na_svoeto/status/1723323261818183757?t=-rk7wCtKDGmUY3Q7HIVlTw&s=19