1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Насилство на телевизија

Дискусија во 'Слободно време' започната од referentka, 6 октомври 2017.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.583
    Допаѓања:
    320.923
    И покрај стресовите кои ги имаме во секојдневието, телевизиите сепак прикажуваат вакви сцени.

    upload_2017-10-6_8-18-2.jpeg upload_2017-10-6_8-18-34.jpeg

    upload_2017-10-6_8-27-32.jpeg upload_2017-10-6_8-27-56.jpeg

    Не се внимава што се продуцира, не постојат рески граници кои насилните сцени би се забраниле за слободно прикажување во термини кога сите би биле пред ТВ.

    Во САД е направена група за контрола на медиумите која дошла до заклучок дека (цитирам) ,,исто како што вдишувањето на чадот од цигарите на другите е штетно, така и долгите часови „голтање“ ТВ програми, без да се прави внимателен избор, има штетно влијание — особено врз децата,,

    Какви пораки носат ваквите сцени, филмови и реалити шоуа и дали мислите дека тие го потхрануваат насиството кај младата популација?
     
    На SummerGirl, Someonespecial, КикиМаус и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Caci55

    Caci55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    524
    Пол:
    Женски
    Насилството е прикажано во скоро секој филм. Секако дека, штом и ако ги гледаат и децата, ќе почнат и тие да применат такво нешто на школо. Ама, од друга страна, криви се родителите што ги оставаат децата да гледаат.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    6.362
    Пол:
    Женски
    Насилство во овие турските серии и тоа на жени, мали деца ми се гадат незнам кој дозволува такво нешто да се имитува посебно оваа серија како беше Мелек тоа ти е незнам вознемирување вистинско.
     
    На Someonespecial, КикиМаус и Feminka22 им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    12.574
    Допаѓања:
    39.611
    Пол:
    Женски
    Повеќето такви серии и филмови се age restriced ама кој да го почитува тоа.Највеќе насилтво има по турскине серии, него по филмовине а децата тоа гледаат и од таму учат..страшно.
     
  5. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.115
    Допаѓања:
    17.677
    Најранливата категорија гледачи се секако децата, но во онаа порана возраст, ние сме тие кои ги насочуваме на такви филмови.
    Верувам дека добри 90% од мајките кои не сакаат децата да им гледаат насилни сцени, гледаат турски серии и играни филмови во кои преовладува насилство. Што значи оние сами ги на некој начин наведуваат децата да гледаат и они.
    Нели дома кога е пуштен телевизор на кој во етер оди "Јас се викав Мелек" со почеток од 19:44 часот, сите како хипнотизирани гледаат и децата кои секако не спијат тоа време, имаат ли избор?
     
    На Lella, SummerGirl, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.777
    Допаѓања:
    25.456
    Пол:
    Женски
    Телевизииве и интернет порталите треба да внимаваат што прикажуваат. Со некои снимки се претерува. А за реалните шоуа ќе пишам само едно - катастрофа.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.283
    Допаѓања:
    10.194
    Пол:
    Машки
    Би рекол се си има своја публика, ке се пази рејтинг/гледач колку може, но нема корелација измеѓу насилни филмови и насилство, исто и за насилни игри. Не сум претепал никого сеуште. Се сомневам дека ке се смени нешто.

    Но да, не е се за секого.
     
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.169
    Пол:
    Женски
    Не може и јаре и паре, народот сака (не оти сам дошол до идеја и знае што сака :D) слобода на избор и сака пристап до информации - ќе треба да се носи и со експлицитноста на импликациите. Сигурно знаете дека порано имало цензура, ретки биле телевизиските содржини со прикази на насилство и обично тие програми се прикажувале доцна во ноќта. Дури ни на вести не пренесувале црни хроники. Ама сега е друго време.