Драма која што ќе ни измами многу насмевки. Се започнува со видеото по смрта на милионерот кој што изјавува во него кој од неговите внуци прв ќе се омажи и ќе добие дете ќе го добие целото наслетство. Очајните мајки заслепени од богатството им закажуваат слепи датуми на синовите . Онур обврзан од неговата мајка оди на слеп состанок за да се види со Пелинсу. Но се во еден момент се испревртува тој наместо да се сретне со нејзе ќе се сретне со сосема друга личност односно со Лале. Слепиот состанок станува дива ноќ полн со забава,Каде што и двајцата завршуваат во хотелска соба број 309. Во утринските часови и двајцата неможат да се сетат на претходната ноќ по што одлучуваат веќе никогаш да не се сретнат. Сепак по три месеци се се превртува од договорот и Лале дознава дека е бремена од Онур.
се сокапав барање на серијава вчера , супер што ја пронајде Како си задоволна од првите две епизоди ? Многу опуштена серија , комична. Онур на прв впечаток не ми се свиѓаше , па и не очекував да се жени одма со оваа другава , од вечерва почнува интересното баш ме занима како ќе се одвива
Лале симпатична, Онур ми е за никаде, серијата ми е нелогична, како водат љубов наводно, се тетовираат и не се сеќават на ништо.. Глупости живи... Штета оваа Фазилет ја ставија последна за емитување. Заспивам додека почне
Интересна ми е.Почнав да ја гледам, не ми делува на класична турска серија со драми и плачки мислам интересна ќе биде. Онур е маченце ипол, мој тип е малку личи на грубијан ама мислам дека ќе омекне.
Онур е антипатичен скрос ама ќе се смени а Женски дали некој ја знае на турски , како е на you tube серијата што ја даваат за викенд "Две Бурми" , откачена серија е и таа ..
Јас со српски превод ја најдов на youtube само до 4 епизода. Сега стигнав до 8 епизода на турски ја гледам.
Мислев на тоа дека ги нема со превод, за вака знам. Те сфатив дека и ти со превод ги гледаш. Како и да е , фала