Наслови - нивната важност при изборот на книга

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 16 март 2015.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.563
    Пол:
    Женски
    Дали ви се случило некогаш да купите/прочитате книга само поради насловот? Колку ви влијае насловот на книгата за да ја прочитате?

    Мене ми се случило повеќе пати. Ќе го видам насловот и сигурна сум дека книгата ќе ми се допадне, што не секогаш е случајот, ама повеќе пати ова се покажало како точно. The Promise of Stardust e еден од тие случаи, исто така и Одвеано од виорот. Кога ја видов на полицата не знаев ништо за книгата, ама насловот ептен ми падна во очи и веднаш земав да ја читам. I'll Give You the Sun исто прво насловот ми падна во очи, па потоа видов за што се работи и почнав да ја читам.

    Кои наслови ве привлекуваат, кои ви оставиле впечаток?
     
    На Ketchup и crazylady им се допаѓа ова.
  2. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    8.431
    Па им повеќе книги кои според насловот ме привлекле, па после со самото читање уште повеќе сум се разочарала или воодушевила.

    Еве дел до таквите книги :
    Жена во Црвено- Ејлин Гоуџ - комплетно ме разочара.
    Мажи - Адел Паркс - Интересна книга, не згрешив воопшто што ја зедов
    Прстен- Даниела Стил - Прекрасна книга се зборува за времето на Евреите ....
    Приказната овде е сплетена околу маж и жена, тој постар од неа доволно за да може да биде нејзин татко. Сепак, прекумерно ја сака... иако таа има љубовник Евреин
     
    Последна измена: 5 април 2015
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас цело време си мислев дека насловите не ми влијаат толку многу врз впечатокот како кориците на пример, ама баш пред некое време читав листа со книги без да има поставено слики, и сфатив дека сум се излажала :D Многу книги прескокнав и не ги ни отворив, зашто ете, насловите не ми делувале интересни.
    Сакам креативни наслови, нешто несекојдневно. Имало книги кои сум ги прочитала само заради препораките. Да биле насловите во прашање, ќе сум ги прескокнела. Имало и такви што на прв поглед ме натерале да побарам некоја книга, а после да сфатам дека не е my cup of tea :) На пример, Внимавај што посакуваш. Не се сеќавам каде го сретнав насловот, ама си помислив дека ќе читам некој добар трилер, за на крај да видам дека е дело на Александра Потер :wasntme:
     
    На Hipster и crazylady им се допаѓа ова.
  4. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.201
    Допаѓања:
    8.431
    Meне пак Александра Потер баш ми е добра писателка, пишува лесни и интересни книги, но сепак секој различни книги преферира.
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Сакав да кажам дека очекував трилер, а Потер пишува чик лит. По насловот добив поинаков впечаток за книгата :)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    61.224
    Насловот на книгата никогаш не ми бил од пресудно значење дали да читам некоја книга или не!!! Но, кога малку ќе размислам, навистина насловот на книгата понекогаш многу кажува за содржината!!!
    Мемоарите на една гејша, Три жени, Загубената ќерка, Царица, Под мермерно небо, Крила, Невеста во Борџии, Нефертити, Фотографија, Ловец на змејови, Коски, Лавиринт, Копилето од Истанбул, Римска љубовница... и уште многу други наслови кои „навестуваат“ што не очекува под кориците на книгата!!!
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.481
    Допаѓања:
    78.296
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се најдам во книжара со толку многу книги околу мене, најпрво ги читам насловите, ако некој ме привлече потоа ја читам кратката содржина позади и тоа е пресудно да ја купам. Инаку, често купувам книги по препораки или кога некаде ќе прочитам, на нет или во списание, дека некоја книга е добра.
     
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.075
    Пол:
    Женски
    Наслови -не, но корица-да
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    И наслов и корица
    Кога немам препорака некоја за книга насловот и корицата и те како играат важна улога во изборот
     
  10. one_girl

    one_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Да, насловот може да ме привлече за да ја земам одредена книга. Последно ја читав Девојката од хартија од Гијом Мисо, која ја зедов од библиотека прво заради писателот, а второ насловот.. И не згрешив, ви ја препорачувам на сите.
     
  11. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Книгава ми е една од омилените
    Чекам да помине некое време,па да си ја препрочитам:)
     
    На one_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. one_girl

    one_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    И јас така правам со омилените.. Не знам колку пати можам да ги препрочитам Страници за нашата љубов и Драги Џон од Николас Спаркс :$
     
    На mami blue му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Загубената ќерка и Принц на бел коњ, ако не си ги прочитала,ти ги препорачувам
     
    На one_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.713
    Допаѓања:
    322.580
    ,,Илјада неверојатни сонца,, (Х.Хосеини) нема привлечен насов ниту некоја атрактивна корица
    Али книга за паметење е.

    Лажат насловите и убавите насловни страни
     
    На Lazy Sunday, Felony и Ketchup им се допаѓа ова.
  15. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    50.296
    Пол:
    Женски
    Да, насловите ме привлекуваат за да ја земам одредената книга. Секогаш е така бидејки прво што погледнувам на книгата е насловот, ако ми се допадне ја зимам книгата, а и кратката содржина ја читам така набрзина и многу ретко ги промашувам книгите.
     
  16. Incule

    Incule Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Да,многу важен
     
  17. хОхси

    хОхси Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2016
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    146
    Секогаш кога ке видам книга и ке го прочитам насловот веднаш судам дали е таа книга е добра или не.
    Никаде без ќерка ми (Бети Мехмуди со Вилијам Хофер)
    Овој наслов не предизввика некој интерес за читање кај мене но кога подлабоко ја разгледав и ја прочитав кратката содржина, и тоа како се разгоре интересот :)
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.649
    Допаѓања:
    12.086
    Според мене е многу важно. Има многу уникатни и креативни наслови и од домашни и од странски автори, кои буквално се метафора на она што читателот ќе го чита во книгата. Тоа е една додадена вредност на книгата, да има добар наслов, но истиот да не биде патетичен. Дури пишувам ми текна на „Музеј на невиноста“, некој следен пат ќе ја земам да ја читам, оти и самиот наслов интригира. Во регионот има и наслови на книги плагијати, буквално украдени од странски дела. Кај нас не сум сретнала. Има и земји каде не е дозволено да издадете книга со наслов кој веќе постои во државата, и тоа е добро. Кај на тоа не важи. Што мислите вие на оваа тема?
     
    На elimkd и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.481
    Допаѓања:
    78.296
    Пол:
    Женски
    Важно е. Ама само од еден аспект: насловот ни дава некаков првичен впечаток и очекувања за книгата. Кога купувам книга или земам од библиотека, прво гледам автор и наслов, па ја земам да прочитам за што се работи, на позадината на книгата нели каде што пишува кратко резиме. Има добри книги со не толку креативен или привлечен наслов и обратно. Тоа е она што "не' лаже" и зошто некои книги се добри ама не толку познати и читани. Кога се работи за било какви производи, паѓаме на добрата амбалажа, ова важи и за книгите, а насловот е дел од таа примамливост. Но, на крајот, квалитетот тежи повеќе.
     
    Последна измена: 17 февруари 2022
    На elimkd и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.649
    Допаѓања:
    12.086
    Добра книга со добар наслов е полн погодок. Инаку, и во земјава се случува аматери да стават наслов на книга каков што веќе има, но тоа го прават од аматеризам и не знаење дека си пукаат во нога.