Следната година ќе бидам 3 и планирам да одам ПМА бидејќи во иднина се гледам како студент на ПМФ- математички смер. Искуства со ПМА? Некој совет?
Општествено хуманистичко подрачје, комбинација А . Се учи социологија, вовед во правото и латински во трета а во четврта некои еконимии.
Искуства - ако ти одат математиките, на вистинско место си и ќе ти биде лесно и интересно. Во трета година општо материјалот е доста обемен зашто покрај трите математики (една од задолжителни и две од изборните предмети) и физика, имате и хемија, историја, биологија и малку матат вода овие, ама не е лошо, материјалот е сфатлив, се учат логаритми и експоненцијални равенки, неравенки, равенки на права, рамнина, кружница, тангенти и нормали на кружница и не ми текнува што друго. Во четврта е прелесно, не се споредува со трета година воопшто - редовната математика е преинтересна, учите изводи, тек и график на функција, нешто пак со тие прави, рамнини, работите комбинаторика и веројатност малку пообемно од трета година. Изборната математика е Математичка анализа ако не се лажам и таму се учи напредна математика, како проширување на онаа основната и редовната, плус интеграли. Мислам дека и Физика спаѓа во изборните во четврта година - лесен е материјалот, исто и Програмски јазици. Ако учите Паскал - прими сочувство, многу мутава програма е, но ете мене на пример не ме бидува за програмирање баш, па тебе ако ти одат ваквите работи може ќе ти биде многу лесно. П.С. Дефинитивно најголем ќеф ми беше кога си одам дома и го гледам распоредот и видам - физика, македонски, математика, англиски, мат. анализа, филозофија и некои слични комбинации. Си отвараш збирката, разгледуваш и пререшуваш некоја од задачите и спремна си за настава - буквално нема што да се учи, со мали исклучоци за некои предмети нели.
Најдобар избор. Во трета година имаш два изборни предмети, алгебра и линеарна алгебра и аналитичка геометрија, па додека учениците од другите подрачија што имаат по три или повеќе изборни предмети учат лекции, имаат повторувања, ти немаш гајле. За тест ќе отвореш тетратката или книгата, ќе се потсетеш што имаш заборавено и така се до наредниот тест. Нема да ти биде тешко затоа што задачите ќе ги научиш за време на предвањата и на вежби, па доволно е истите да ги решиш уште еднаш и немаш никаков проблем. Е сега може ќе имаш малку повеќе работа кога се прават полугодишни и годишни тестови ( писмени ), заради тоа што имаш три математики, а со тоа и три тестови - писмени. А во четврта година имаш три изборни предмети, математичка анализа, физика и програмски јазици. Математичка анализа прво полугодие речиси истото се учи што и на редовна математика, така да лесно е. Физика според мене најлесно е во четврта година. А Програмски би требало и во трета да го слушате, со еден час неделно, но без оцена, за потпис, барем кај нас беше така, па ќе имаш некоја основа и нема никаков проблем, доста интересен предмет е.
Јас одбрав Општа А бидеќи ми беше во план да одам правен факултет и си стоев цврстно на ставот. Но сега некако го мењам мислењето можеби ќе одам на друг факултет Филолошки или ... незнам има време Сега во трета година учам Социлогија Вовед во право и Латински. Вовед во право како најсложениот предмет на почетокот маки мачев и се трескав од земја зошто сум отишла Општа А, но подоцна некако седнав не оти сакав туку оти морав и научив одвај првите лекции за тестот. Предметот не е толку лош мене ми е баш интересен (сега ми стана интересен ) но кај нас е проблемот што професорката бара премногу а и таа самата не знае да ни објасни убаво а и доволно. Јас се снаоѓам некако од интернет барам поедноставни дефиниции и оди некако. Социологија и латински опуштено многу е лесно. Тоа ми се впечатоците од трета година сега за сега за во четврта ќе ви пишам како е а ако некој знае нека ми каже баш ме интересира, како е тешкоо ли е по економија менаџмент и бизнис?
Сега сум 2ра година гимназија ќе треба да бирам за во 3та и сакам да одам јазнично-уметничко А,поради јазиците.Сакам да прашам колку јазици ќе се учат во 3та.Сега учам англиски и германски сакам да бирам и италијаснки во 3та ама мислам дека има латински и старогрчки или се бираат тие?Не знам баш како оди тоа може некој да ми објасни што има избрано јазично?
Лично мене не ми беа воопшто тешки затоа што ме интересираше тоа ( на економски и се запишав ) така да без мака ги учев. Бизнис дури пред испрашување на часот ќе прочитав еднаш и сфаќав можев да одговарам. Е сега имав и другарки што им идеше тешко учењето, се е тоа како разбираш и колку те интересира тоа затоа што сепак е некоја насока
Покрај тоа што си учиш нели, македонски, англиски и германски јазик, во трета имаш дополнително и италијански и латински јазик. Би требало да имаш можност да бираш меѓу италијански и шпански и латински и старогрчки, но за шпански и старогрчки нема книги, па затоа се учат другиве два јазика. Се надевам доволно ти разјаснив.
Во секоја насока си ги учите вторите странски јазици сите четири години. Тој предмет ви е задолжителен.
Јас се мислам меѓу ПМА и ПМБ. Ме привлекува биологија, ама треба да учам нов јазик, а и хемија не е баш лесно. Викаат ПМА било најлесно дека цело време задачи си решаваш, наместо да бубаш.. Совет??
ќе ми каже некој кои предмети ги има во општа а, кои во општа б и кој предмети ги има во природна а, а кои ги има во природна б што според вас е подобро? дали тогаш се формира нов клас?
Мене сите ми викаат дека ПМА е најтешко, баш поради таа причина. Дека има многу математика, а не се сите за задачи решавање. Сепак јас ќе одберам ПМА.
pa i jas sega sum vtora godina i bas se dvoumam pomegju prirodna A ili opsta , matematika sakam no sepak ne znam kakov fakultet bi zavrsila
^ Математичко колку што знам можеш на сите технички факултети да се запишеш, електро, машински, ФИНКИ/ФЕИТ и слично, искрено да ми идеше математика без размислување на тоа ќе одев, ама јас од двојка не мрднав, лани едвај со тројка завршив. Сега, јас се двоумам меѓу ЈУА и ПМБ, јазициве ми одат и ги сфаќам (француски малку послабо зашто во основно ништо не учевме) англиски супер, пред тест не сум седнала да учам, ептен некогаш вокабулар да читнам а вадам добри оцени, и македонски доста ми е интересно на часовите. Ме интересира што се полага на матура освен задолжителните македонски и англиски/математика (освен ако не заматат вода да биде математика задолжителна на матура ). За ПМБ се мислам бидејќи ме интересираат психијатрија/неврологија и сл. ама па хемија не ми иде нешто нај, а и физика не ми се учи 4 години, и колку што имам слушнато за психијатар треба општа медицина па специјализација, а јас немам живци за толку учење.