Сега сум втора година гимназија и бидејќи ми одат јазиците мислам да одам на Јазично Уметничко А (а и мислам понатаму англиски јазик да студирам), ама не знам како е со математикава таму, како се учи, бидејќи не ми оди математика ич. А и други предмети кои се.
Математиката е иста за сите, без разлика кој смер си го избрала. Предметите во трета година се: македонски, математика, англиски, германски/француски, физика, хемија, биологија, историја, спорт, педагогија, латински јазик, италијански јазик, а во четврта се македонски, математика, англиски, германски/француски, филозофија, спорт, латински, италијански, психологија, компаративна книжевност и бизнис и претприемништво. И сега не знам дали во трета има бизнис и претприемништво или некој сличен предмет.
ОпштественоVSПриродно-математичко подрачје гимназија Девојки во дилема сум дали да се запишам на општествено или природно за во 3 година гиманзија. Инаку многу сакам да одам општествено ама изгледа нема да има доволен број на ученици за тоа подрачје. Проблемот ми е во тоа што некои професори ми викаат дека нема да можам да се запишам на општествен факултет(ниаку ќе одам на општествен) без полагање на некои предмети што се учат во општествена и некои други работи. Ако имате или сте имале вакво искуство споделете.
ОпштественоVSПриродно-математичко подрачје гимназија Нема врска тоа со факултетот, можеш да си избереш и други предмети кои си ги учела, а кои сепак ти даваат бодови за одбраниот факултет. Побитно ти е предзнаењето кое го добиваш. Не дека не би можела да го совладаш материјалот преку предавањата, но сепак поголема предност ти е кога веќе еднаш си ја поминала основата на материјалот на пример, по Вовед во правото или Економија или што и да се учеше друго во ОХА. Мене лично многу ми помогнаа математичките предмети од ПМА кога полагав математика, статика и останатите предмети од оваа категорија кои се застапени на техничките факултети. Види си прво на кој факултет сакаш да конкурираш, разгледај ги предметите кои можеш да ги земеш за матура и тоа е тоа, не е ништо страшно.
А да ве прашам доколку некој знае сигурно,дали може ако во 3 сум одбрал ОХА во четврта да се префрлам ПМБ?
Можеш да се префрлиш со тоа што ќе ги полагаш предметите што ПМБ ги има у 3та: Географија, Програмски јазици, а Латински нема зашто го учиш веќе!
Да, треба да се полагаат предметите. Зависи во кое школо учиш и во зависност од преофесорите, мораш изборните предмети да ги положиш најдоцна до крајот на првото полугодие. Кај мене во класот дојде едно девојче од математичко А во јазично А, мораше да ги полага нашите изборни предмети од трета.
Абе за пољупци, се разбира дека за оценка! Неможеш, ти мн паметна ти кажав за да бидеш ПМБ у 4та, треба најпрвин предметите нивни од 3та да ги положил.
Па да, затоа што ќе ти дадат ново сведителство, нема да ти важи старото од ОХА. Мислам, ќе си ги имаш оценките од општообразовните предмети, ама изборните ќе ти бидат други.
Сега сум втора и веќе од одамна сум одлучена дека ќе одам ПМБ бидејќи ми одат биологија и хемија а планирам да студирам медицина или фармација. Инаку не знам зошто велите дека демек смерот немал врска со факултетот. Па онда зашто не делат, зашто се елиминираат предмети кои одговараат за друг факултет. Не може некој што отишол на општествено и таму две години учел економии, вовед во право и не знам упте какви предмети, а не учел биологија да отиде медицина на факс. Тогаш зошто тој ученик се одлучил да учи економски премдети? Само од неодлучност? Значи две години учи и оп ајде после неќам право, сакам медицина. Секако дека има врска, кога во еден смер и во 3та и 4та се учат тие предмети кои се најпогодни за факултетот И читам наназад дека во Јб иделе најслабите. Да таму немаат многу за бубање на памет, ама не може некој што не фатил молив во рака да иде во ЈБ само за да му биде "лабаво". Ако нема којзнае колкава ителигенција за бубање затоа има ТАЛЕНТ И ДАРБА. И сега веќе џабе се бега од математикава кога на матура задолжително се полага.
нема врска смер со факултет, верувај ! Mногу луѓе знам што беа на ЈУА па запишаа медицина и се супер студенти, јас лично бев на таа насока па запишав биохемија и немав никаков проблем со матура затоа што бираш предмети што ти се слушани најмалку 2 години за да полагаш матура, а тоа ти се скоро сите предмети. Насоките се разликуваат највеќе за 3 предмета и толку останати предмети сите насоки ги имаат, баш затоа секој бира во тој момент што му одговара. Верувај дека ќе се бира насока според факултет кога насоките ќе ги направат да одговараат за одредени факултети, а не како сега што се секој смер се разликува само по 2-3 предмета а не по повеќе колку да се каже дека таа насока одговара на некој си факултет и нормално ќе си бира кој што си сака. На пример еве на ЈУА кога бев во трета година имав историја,хемија,физика.... што тотално се непотребни за филолошки факултет, истите предмети ги имаа и на ОХА , па што ќе им се овие предмети на нив ? Наместо на ЈУА да стават уште јазици да ги има како еден вид на курс, тука да ги учиш, тие ставиле физика и те оптеретуваат со предмет кој воопшто нема да ти е потребен утре на филолошки бидејќи си избрала таква насока нели што ќе одговара за филолошки факултет ...... Има многу работи за средување во образованието ако некогаш ги средат е тогаш ќе оди се како што треба а вака не ....
Се запишав природна си сега како минува времето се повеќе се каам. Да ќе одам на општествен ф. само професорите ми викаат дека демек ќе ми крателе поени,ќе сум полагала пред да се запишам и т.н
^Нема врска тоа, братучед ми отиде на ФИНКИ со ОХА, и јас отидов ОХА дека е полесно од другите (ПМБ зборат дека во трета е лесно ама во четврта прилично тешко) а нема врска дека сакам на правен/економски, јас си планирам нешто технолошки/биохемија (а и безбедност ми се чини интересно)
Јас сум сега девето одд. и незнам што да изберам за понатаму планирам да одам гимназија ама после за у трета незнам што да се определам биологијата ми оди и хемијата тоа е повеќе за медицина ама јас не се гледам во медицината за понатаму а лесно ми е да ги учам тие предмети и сега сум во дилема што да изберам.