1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Насоки во гимназија

Дискусија во 'Образование' започната од LovelyGirl, 10 февруари 2010.

  1. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    378
    ПОМОШ плис... Неделава ќе ни дадат да бираме подрачја за во 3та и 4та и стварно сум на големи маки :( Не можам да се одлучам помеѓу ОХБ и ЈУА, ама ќе напишам мислење за сите смерови, а кој е запознаен и знае повеќе го замолувам да помогне.
    ПМА- Не го сакам подрачјево едноставно, самото име изгледа тешко, предметите не ме привлекуваат и плус немам желба да се запишам на ФИНКИ, ФЕИТ, Машински (задолжително е ПМА за овие факултети).
    ПМБ- Сакам хемија, ама немам желба за медицина, плус физика 3 часа во 4та, не фала..
    ОХА- Премногу правници, економисти во државава, и овие струки не ме интересираат така да отпаѓа и ова.
    ЈУБ- Најлесно, ама не и најперспективно според мене. Иако подрачјата немаат некоја голема врска со факултетот, сепак ликовно, музичко, драма не ми носат ништо во животот (освен за музички, ликовен и драмски факултет).

    Е сега доаѓа проблемот. Јас планирам да се запишам на Архитектура, а еве зошто се двоумам меѓу ОХБ и ЈУА (иако немаат поврзаност со архитектурата):
    ОХБ- Пред се, интересни се предметите (социологија, етика, педагогија, психологија) баш се онака од секојдневниот живот, од општа култура. Тоа е основната причина зошто сакам на овој смер.
    ЈУА- Предност се јазиците пред се. Денеска и во маркет да се вработите јазик плус значи предност така да тоа е една од причините. (Не ме интересираат мислење од типот на јазично одат послабите, апсолутно нема врска. Некој ако планира филологија сигурно нема да се запише на математичко подрачје).
     
  2. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Еден познаник,беше определен за ОХБ и на матура како трет предмет одбра математика и при упис на ФИНКИ го примија.
    За ОХА,искрено премногу се определуваат за оваа насока,како што спомна и` ти и другар ми вели дека предосадни предмети има,од кои што логика(предметот) не може да го замисли.Бизнис како предмет имаат 5часа неделно.
    ЈУА,ако ти се погодат професорите ќе биде супер,ако имаш желба за јазици уште поубаво,дури и да си на најосновното.
    За предметите во насоката ОХБ.
    Педагогија ќе имаш само во трета година.Книгата е многу тешко напишана,дури понекогаш и смешна.Етика исто така до трета година,во четврта се менува филозофија.Психологија е преубав предмет,доста е лесна,со едно читање доколку не си внимателна на час,ќе разбереш што сакал авторот да каже.:PСоциологија е веќе интересна во четврта година.Повеќе е дебата.Тука е веќе зрело размислување.Доколку имаш добар/а професор/професорка,нема да ги почувствуваш тие 45мин.

    Исто така тука се вклучуваат и проекти.При тоа што историја ќе имате само во трета,четврта е веќе изборен со изработка на проекти.Физика,хемија,биологија само до трета.И бизнис е вклучен од оваа година како предмет,веќе не е изборен.Филозофија ќе имате 2часа редовни,три изборни,значи вкупно 5.
    Ако сакаш една добра интроспекција,подобро познавање на општеството,ОХБ ти е вистински погодок.
     
    На jolo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    378
    Не дека баш ми е сеедно на кое од овие 2 ќе одам, ама одлуката ќе падне за тоа на кое ќе одат повеќе од класот..
    Иначе @bella96 да те поправам, бизнис е задолжителен за сите подрачја (2 часа неделно), а економија и менаџмент се изборни за ОХА така да не се 5 часа бизнис. Исто така, филозофија е задолжителна за сите подрачја со 3 часа, а со 2 часа е изборната за ОХБ.
     
  4. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Да,кажав дека бизнис е задолжителен предмет.
    Инаку за бизнис,нас професорот така ни кажа,па можно е да се збунил.
    За филозофија мислев дека само ОХБ има,не знаев за ОХА.
     
  5. L. O. L

    L. O. L Нов член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Јас сум сега прва година општи смер... Одсекоаш сакав општа али сватив дека појќе сакам јазик. Па сеа после втора ќе се префрлам јазичен. Ама пак до трета свите три смера уча исти предмети, само зависи кој смер си пр ако си јазичен појќе го форсираат јазокот. Мене единствемо не ми се свиѓа ако биде избрано да учиме старо грчки. А за др све е супер. И еден совет не идите таму каде што мислите дека е полесно. Идите таму кај што тоа што ќе го учите цели 4 год да има смисла и да ви биде полесно за упис во вашиот иден факултет :)
     
    На Yellow456 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. justin4ever

    justin4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    36
    Дечки јас сакам да се запишам на факултет информатика,кое подрачје мислите дека нај ке одговара на овој фах подоцна да продолжам? (инаку сум 2ра година средно)
     
  7. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Природно математичко А.
    Поради тоа што изучуваш програмски јазици,а воедно и три математики.
    :)
     
    На Feminka22 и justin4ever им се допаѓа ова.
  8. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    3.506
    Пол:
    Женски
    Многу се двоумам.Не знам на која насока да продолжам
    Сакам јазици, психологија, економија, политика .
    Општа или јазично? :whew:
     
  9. nobody1

    nobody1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    74
    Може некој да ми појасни за ПМБ кои предмети се изучуваат во 3та и 4та и во врска со Програмски јазик дали треба во 2ра да се избере како изборен предмет Информатички науки за потоа на ПМБ да ми биде полесно?
     
  10. P.SIloveyou

    P.SIloveyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    за мене не знам дали е рано уште но да си прашам.Сега ќе бидам 1 год од септември.прва и втора ќе учам гимназија во мојот град а 3 и 4 во скопје оти тука на тај смер што сакам да одам го немало оти нема даца.Сакам да прашам дали може така 3 и 4 да учам во скопје а смерот мислам дека е драмски или се лажам?
     
  11. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае што се учи во 3-та година гимназија јазичен смер, по италијански јазик поконкретно? Што е сместено во материјалот како основа на самиот предмет, со оглед дека 1-ва година се изучува?
     
  12. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    378
    Општата гимназија е тоа што се учи во 1 и 2 година. Сигурно мислиш на општествено-хуманистичко подрачје.
    Јазици имаш на јазично-уметничко А (македонски, прв, втор, трет странски јазик и латински јазик), воедно на истиот смер имаш психологија ама само во 4та. Економија како предмет го има во општествено-хуманистичко А исто така само во 4та, а политика како предмет нема :).
    Во ПМБ во трета се изучуваат географија, латински јазик и програмски јазици сите со по 2 часа неделно, а во четврта физика, хемија и биологија сите со по 3 часа неделно.
    За тоа што се учи не знам, за тоа што во втора не учев информатичка технологија, а ниту одбрав ПМБ. Повеќето одбираат информатичка технологија, веројатно затоа што планираат да одат на ПМА или ПМБ.
    Еве ти ја програмата по програмски, пишува што се изучува(различна е од програмски за ПМА): http://bro.gov.mk/docs/gimnazisko/informatika/Nastavna_programa_Programski_jazici_III_gimnazisko.pdf
    Драмски како смер не постои во гимназија, има јазично-уметничко Б подрачје каде што има предмет драмска уметност и тоа само во 4та година. Според мене не вреди баш заради ова да се префрлуваш во Скопје, а плус не се оформува ова подрачје во сите гимназии. Ако го има во некоја гимназија во град што е поблиску до твоето место на живеење можеш и таму. :)
    Јас ја читав наставната програма и пишува дека се изучува се од почеток со оглед на тоа дека се изучува прва година се почнува од самата азбука, но бидејќи го има со 3 часа неделно, веќе на крај во 4та ќе имаш солидно познавање. Патем еве ти ги програмите по италијански за 3та и 4та ЈУА:
    Трета година: http://bro.gov.mk/docs/gimnazisko/i...vna progrma-Italijanski jazik-III-GO-tret.pdf
    Четврта година: http://bro.gov.mk/docs/gimnazisko/i...a progrma-Italijanski jazik-IV-GO-izboren.pdf
     
    На P.SIloveyou, x-MajaEsposito-x и neongirl07 им се допаѓа ова.
  13. cookiemon

    cookiemon Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да идам следната година на смер ЈУА ама добив информации дека во корчагин нема да има таков смер, дали е ова точно?
     
  14. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    378
    Да, точно e. ЈУА и ЈУБ ги нема во Корчагин.
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Јазичните смерови ги нема во Корчагин заради тоа што не се вработени соодветни професори за јазици што се учат во тие смерови. А и ОХб група не се формира баш секоја година заради тоа што најчесто нема доволно интерес кај Корчагинците за тој смер.
     
  16. ForeverInShadow

    ForeverInShadow Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    Втора година сум во Орце се двоумам дали на ПМБ или ОХА да одам, но уште не знам што сакам да студирам. Сакам хемија и биологија, а ми се свиѓаат и предметите на општествено-хуманистичко а. Некој предлог? :D
     
  17. nobody1

    nobody1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    74
    Ме интересира доколку во трета се запишам на ОХБ дали ќе може после на факултет да се запишам на хемиски, знам дека е подобро ПМБ но во трета се учат хемија и биологија на сите смерови разликата е само во 4та година а на ПМБ не ми се учи физика програмски.. а за на ОХБ интересни ми се предметите како педагогија и психилогија ...
     
  18. g.o.c.a

    g.o.c.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    34
    ЈУА или ОХБ? Се двоумам меѓу овие две. Уште лани реков дека ќе одам ЈУА и ми одат јазици, ги сакам, но не знам нешто ме влече и кон ОХБ. Факултет не знам што ќе одам, ама мислам дека што и да се запишам со јазиците ќе имам поголема предност, а и понатаму за работа..Што би ми препорачале вие?
     
  19. jolo

    jolo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2013
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    378
    Без разлика на кој смер ќе се запишеш, можеш на било кој факултет да одиш. И мене ми беше привлечно ПМБ, ама заради програмски јазици во 3та, и 3 часа физика во 4та не отидов таму и сега сум на ОХБ. Многу е лесно да знаеш, за психологија не знам, ќе видиме во 4та. :)

    Оди погоре ќе видиш дека и јас се двоумев меѓу овие две :D:D Јас отидов на ОХБ, но се уште го делам мислењето со тебе дека јазиците се предност за работа. Но, воопшто не згрешив што сум на ОХБ, можеби е и подобра опција, барем во моето училиште. :)
     
    На nobody1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MacaMarchy

    MacaMarchy Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2016
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    12669543_1111092205590507_4113014291250503729_n.jpg

    Здарво феминки,
    Јас сум втора гимназиско во Георги и сега треба да одбирам смер. Овие се сите можни смерови и предмети плус. Мене ми треба психологија па затоа се мислам помеѓу ОХБ И ЈУА . Повеќе сакам ОХБ затоа што ако одам јазично француски сум тапа. Ама ќе видиме што ќе биде. Инаку нема баш нешто голема врска смерот со факултет, може да си ОХА и да отидеш на Земјоделски пример сестра ми, да си ОХА и да отидеш на Филолошки пр.проф, англиски на курс, но треба барем една год. да го имаш слушано предметот што ќе го полагаш на матура. Сепак ако сакате да ви е полесно на факултет најдобро е да одите ЈУА па Филолошки ама сепак до вас е. Ако сакате за полесно сите викат дека ОХА е едно од најлесните ама се сомневам зашто имаш право, економија, менаџмент итн. Ај Позз...
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.