Ми треба малку помош.Бидејќи планирам да одам на музичка академија,избрав ЈУБ.Ме интересира кој предмети ги има во тоа подрачје,ако некој веќе бил Фала ви однапред
Може да ми кажете кои предмети се во 3та и 4та ПМА и ОХА?Се мислам на кое да одам а @Mishela со постаро мислење баш и не ме утеши со тоа дека нема смер без хемија и физика во 3та
Видов дека мислењето ми било за сосем други насоки Затоа го избришав. По години не памтам точно, едно знам дека во 3та сите имавме и физика и хемија. ОХА имаа Економија, Вовед во право(?), Логика и уште нешто, а ПМА Аналитика, Алгебра, Програмски јазици. ТОлку ме држи меморија
ПМА во трета се учат сите предмети освен ликовно, музичко и географија. Алгебра и Геометриска алгебра(друг е насловот, за нас и двете беа "Алгебра" и само кажуваш од кој професор, а материјалот опфаќа вектори и матрици) заедно со Програмски јазик. Во четврта не се изучуваат хемија, биологија и историја, 10 предмети се вкупно. Заедно со Анализа и Програмски јазик. За ОХ не знам конкретно, трета исти се основните во сите подрачја, изборните се различни. Во четврта ниту ОХ, ниту ПМА, ниту јазична изучуваат биологија и хемија освен ПМБ. Е сега изборните се Вовед во право, Логика и Социологија ако не се лажам. Ама каков е распоредот по година не знам.
@DreamGirll во која гимназија сакаш да се запишеш? Јас кога учев немаше правен смер. Во трета година биравме насока - општествено хуманистичко подрачје или економија.
@SummerGirl Не сакам да го спомнам името на гимназијата но знам дека долго време веќе покрај општи смер, во гимназиите има и два стручни смерови (правен и економски). И како што знам, предметите и образовниот систем е ист во сите гимназии.
Прва година - Македонски, математика, англиски, втор странски јазик, физичко, музичко, ликовно (овие два се учат во прва и втора), биологија, историја, географија, физика, хемија, информатика. Како изборен јас го имав латински јазик. Друга опција беше информатичка технологија.
Во некои места, бидејќи нема доволно деца да се отвори ново школо, има вакви смерови во гимназиите. Иначе во гимназиите во трета почнуваат смеровите: природно -математички,општествено-хуманистички и јазично-уметнички. Тие се само исти за сите гимназии во државата.
Има општествено - хуманистички смер А и Б. Во општествено - хуманистички А се изучуваат правните предмети како изборни (право, економија, бизнис). Да не мислиш на овај смер?
Девојки помош малку ако може. Другарка во РЈК се запиша,а јас во Орце.На уписи тие си бирале подрачје мислам меѓу ПМА и ПМБ и ОХА другиве изг ги немало таму, но не е тоа битно.Зборот ми беше што кај нас во пријавата немаше такво нешто да се напише,а и колку што знам од трета се определуваш зошто секако прва и втора година во секоја гимназија низ Македонија се работи по иста програма и предметите се исти,а во трета остануваат исти оние задолжителните и имаш по три изборни во подрачје(секое различни).Отворив и на страната на БРО,не прочитав за никакви измени. Ај малку хелп околу ова ако некој е запознаен.
@Nane2356 така требаше да биде од лани поради воведувањето на Кембриџ во средно, и лани се запишуваа уште во прва година според подрачја, но потоа го укинаа и продолжија по старите програми. Сега во некои училишта повторно бираат во прва година иако нема измени во предметите. @Alex29 штом не сте одбрале сега, ќе бирате при крај на втора година и по подрачја ќе бидете од трета година.
Сакам да прашам што е разликата во наставата по биологија помеѓу ПМБ смерот кој учат 4 часа биологија неделно и ОХА смерот кој учат 2 часа неделно? Дали ПМБ се понапред со материјалот?
Нема врска тоа со напредноста на материјалот, туку 4та година само ПМБ учи биологија и хемија. Ниту ПМА, ниту ОХА или Б, ниту јазичните класови учат. А материјалот кој се изучува е ист за сите, по програма се оди. Едит : Сега видов дека си пишала 4 пати имаат ПМБ, а 2 ОХА. Е не знам по која причина, нема таква програма мислам.