Ако не сакате да се истрауматизирате и да поминувате низ огромни стресови, депресии, нервни сломови (плус ако и професорите не се баш најдобри) и што ли уште не, не се запишувајте ПМА. Да се вратам назад без двоумење би избрала ПМБ.
Ако сакаш да се запишеш физика, слободно може и од било кој од двата смера, со мала разлика дека во четврта година ПМБ се изучува биофизика, а во ПМА е малку пообемна. Инаку воопшто не треба да те плаши математиката што се користи во физиката, доста е полесна, се’ е во заменување и користење формули, а и на полагање матура секако ќе ги имаш сите потребни материјали. Ако не сакаш толку да се оптоваруваш во трета година со три математики и во четврта со математичка анализа, запиши ПМБ.
Дефинитивно пма ако продолжуваш на финки или сличен факултет. Уште пред 4 години кога запишував уште од прва биравме насока, односно подрачје. ПМБ не ја изучува темелно физиката како што се изучува во пма смерот, математиката не треба да те плаши зашто се совладува, ако сакаш да продолжиш на факултет да изучуваш природна наука како што е физика, особено на пмф, тогаш би ти препорачала да запишеше пма смер за да немаш потешкотии у совладување на материјалот. Еве ја завршив пма смер у гимназија сега сум на пмф, студирам физика.