1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Насоки во гимназија

Дискусија во 'Образование' започната од LovelyGirl, 10 февруари 2010.

  1. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    thx :)


    Јас не знам кој смер да го одберам, сакам некој полесен, без биологија физика хемија и географија
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    ^ Во трета година нема смер без природните науки (Хемија, Биологија, Физика).
    Единствено Природно-математичко Б учат плус Географија како изборен предмет.
    Во 4та година, според мене најлесен е ПМ-А, нема Хемија, нема Биологија, скоро ништо нема за учење.
    Добро, освен Физика, Бизнис, Филозофија, ама не е нешто од кое боли глава.
    Ако ти оди математика - добитна комбинација, ич не му ја мисли!
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.822
    Ако одбереш Општествено хуманистички смер А, речи и чао на географијата и информатиката, нема ни во трета ни во четврта година :)
    Во трета година се истите предмети, само без географија, информатика, музичко и ликовно, а како нови предмети се вовед во право и латински.
    Ама затоа во четврта година на ОХА немаш ни физика, ни хемија, ни биологија, ни географија, а нема ни вовед во право и латински. Место сите овие предмети, нови се: Филозофија, бизнис, економија, менаџмент и логика.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. babylove123

    babylove123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    55
    А во 4та : македонски математика бизнис филозофија спорт 2 странски јазици, а изборни предмети ти се економија логика менаџмент историја.

    Точно е дека ПМА е најлесно бидејќи во 4та само бизнис и филозофија има за учење но мора математика многу да ти оди.

    Само ПМБ во 4та учат биологија и хемија така да сметам дека ова е потешко.

    Јазично А мислам дека се учи италјански но и латински и во 3 и 4 година.

    И мене ми имаат кажано дека не прават некој проблем ако факултетот нема никаква врска со твоето подрачје но сепак подобро е да имаш некое предзнаење пред да одиш на факултет.

    Јас се запишав на ОХА бидејки математика не ми оди ич а и планирам да одам на правен или економски.Сега сум 4та и лани ми беше многу лесно со новите предмети а имав и добри професори.А и годинава мислам дека ќе биде така.
     
  5. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Добро ми оди, ама кажуваат дека на тој смер имало 4 математики, а тоа звучи тешко
     
  6. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Најубаво е да се одбере смерот кој е најблиску до факултетот на кој би сакале да студирате. Нема да имате проблеми ако се предомислите за студии покасно, ама нормално дека многу полесно ќе ви биде ако веќе имате некаква основа, а со тоа и ќе се уверите дали ве интересира тоа, зашто многу луѓе немаат реална слика за некој факултет и каков би бил материјалот. Имајте на ум и дека за матурава мора да одберете предмет што сте го учеле 2години (освен филозофија), а ако на пример сте биле Јазично-уметничко подрачје од старт не можете да одберете социологија што се бара за влез на парвен да речеме. Убаво размислете си и не гледајте што е полесно туку што ви е попотребно. Многу е неразумно да сакате да студирате медицина ама да земете ОХА затоа што е, условно кажано, полесно, па ајде да си ја одложам "маката" барем уште две години.
     
  7. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    Но трета година има и хемија и биологија... и да најлесен е ако ти оди матетатика :)
     
  8. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Ако се запишам матемтичка А комбинација на матура задолжителен ле ке ми е математика?
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Не. :)

    За матура задолжителни ти се предметите што ти ги бара факултетот. Секој факултет бара разни предмети за полагање. Македонски е задолжителен за сите; Математика е за оние факултети каде што преовладуваат природните науки - Електро, ФЕИТ, ФИНКИ, ПМФ. Овде, можеш да влезеш и со полаган англиски, само што ќе ти скратат поени од матура, затоа што нив тој предмет не им треба. :D

    Зависи што сакаш да се запишеш. Ако сакаш да одиш на нешто од типот на ФИНКИ, ФЕИТ, оди на ПМА. Имаат две-три математики кои ептен ќе ти го олеснат совладувањето на материјалот на факултет.
     
  10. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    А ќе може некој да ми каже кои предмети ги има на сите смерови во 3-та и 4-та година?
     
  11. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ова ни го даваа во Корчагин крај на втора:
    Ако испуштам некој тоа е затоа што текстот е ситен, а очилата не знам каде ми се.
    Тие со италик се демек изборните кои следуваат со подрајчето.

    ПМА:
    Македонски, математика, прв и втор странски јазик, историја, физика, хемија, биологија, спорт, линеарна алгебра и аналитичка геометрија, алгебра.

    Македонски, математика, прв и втор странски јазик, филозофија, бизнис и претприемништво, спорт, програмски, математичка анализа, физика.

    ПМБ:
    Македонски, математика, прв и втор странски јазик, историја, физика, хемија, биологија, спорт, програмски, географија, латински.

    Македонски, математика, прв и втор странски јазик, филозофија, бизнис, спорт и претприемништво, физика, хемија, биологија.

    ОХА:
    Македонски, математика, прв и втор странски јазик, историја, физика, хемија, биологија, спорт, социологија, вовед во право, латински.

    Македонски, математика, прв и втор странски јазик, филозофија, бизнис и претприемништво, спорт, економија, менаџмент, логика.

    ОХБ:
    Македонски, математика, прв и втор странски јазик, историја, физика, хемија, биологија, спорт, етика, педагогија, социологија.

    Македонски, математика, прв и втор странски јазик, филозофија, бизнис и претприемништво, спорт, социологија, историја, психологија.

    Јазично-уметничко подрачје комбинација А
    Македонски, математика, прв и втор странски јазик, историја, физика, хемија, биологија, спорт, трет странски јазик, класичен стар јазик (латински или старогрчки), педагогија.

    Македонски, математика, прв и втор странски јазик, филозофија, бизнис и претприемништво, спорт, трет странски, класичен стар јазик (латински или старогрчки), психологија.

    Јазично-уметничко подрачје комбинација Б
    Македонски, математика, прв и втор странски јазик, историја, физика, хемија, биологија, спорт, ликовна уметност, музичка уметност, педагогија.

    Македонски, математика, прв и втор странски јазик, филозофија, бизнис и претприемништво, спорт, ликовна уметност, музичка уметност, психологија, драмска уметност.
     
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^И во 4та година историја имаат само општествен смер :)
     
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Имам пишано и во друг смер?
    Не можам да најдам, ако да, сум се збунила. :)
     
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не не туку немаш пишано за ОХА 4 година приметив си го испуштила ние имаме 4 изборни предмети сега нели економија, менаџмент, логика, историја :mm:
     
  15. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Јас се двоумам помеѓу ОХА и ПМА :D

    Но, ако одберам ПМА и нема доволно од тие што одбрале ПМА дали ќе треба да изберам друго подрачје или ќе си учам ПМА ?
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    ^^ Заинтересираноста за ПМА е се' поголема и од година во година има се' поголем број на ученици, така да, не верувам да нема доволно бројче макар и за да се оформи еден клас.
    Јас сум ПМА и апел до сите на кои бројките им се појака страна - слободно нека одат ПМА, рај ќе си гледаат (3та година ми беше далеку од рај, ама тоа е на почетокот, додека се навикнете на толку математики :D ). Сега четврта е закон. :rock:
     
  17. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Mислам дека не ме разбра. Нели матурата е пред запишувањето на факултет, тогаш како ке знам кои предмети ке ми бидат потребни за факултет. Прашувам дали еден од задолжителните предмети мора да биде математика ако се запишам математичка А комбинација?
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^Нема врска кое подрачје си. Сите подрачја учат и англиски и математика како задолжителни предмети сите 4 години, така што можеш да си ПМА па да земеш екстерно англиски, и да си ОХА и да земеш екстерно математика :)
     
  19. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Денес ми кажаа дека ако во трета година изберам на пр. ОХА во четврта ќе можам да изберам некој друг смер. Вистина е?
    Јас мислев дека во трета се избира и тоа си останува до крај на четврта :)
     
  20. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Не е. Се определуваш во 3та и толку е... можеби ке дозволат да се префрлиш во 4та ама ке ги полагаш предметите од 3та кои ти се испуштени... Но воопшто не се исплака :)

    Инаку јас сум 3та во Јазично - Уметничко комбинација А и сум презадоволна :inlove: многу е лесно, материјата просто те релаксира, си учиш јазик, си читаш книги и тоа е основното другите предмети не те замарат толку :)

    Инаку, во Корчагин незнам што лист се дале, но еве од официјалната страна кои се предметите на сите подрачја
    http://bro.gov.mk/docs/nastavniplanovi/ ... OVANIE.pdf

    Мој совет - подалеку од математичко - те трупаат само со математики и подалеку од општествено - те трупаат со право и економија за на памет... но сепак зависи од твоите желби и тоа што ти оди што не.. во јазична насока немаш мака колку и да не ти оди, таму одат малко по relax ученици, нема нердови, лесно се снаоѓаш :D