1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Насоки во гимназија

Дискусија во 'Образование' започната од LovelyGirl, 10 февруари 2010.

  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^Не дели многу, многу совети кога Јазично е најслаба комбинација во сите гимназии особено Б, и самите професори си признаваат, како и учениците дека ништо не учат, дека е најлесно и дека појма си немаат од предметите. И после за матура ќе се чудиш кога ќе не можеш да земеш други предмети освен предмети за на филолошки, филозофски, педагошки, за музичка академија можеби каде тешко дека ќе влезеш зошто ќе влезат само од средно музичко Луј и уште некои други не ги ни знам факултети. И не, не подалеку од математичко и не подалеку од општествено зошто потоа можеш да одиш на јаки факултети со тие смерови, а не на некои леви, со исклучоци. Особено за математичко ако ти оди го препорачувам иако сум ОА економско-правен смер. Многу фали таков кадар од техничките факултети во државава, фалат математичари, разбираш? А со општествено стојам на зборот иако отидов офф-топик, економски, правен не за џабе има толкава заинтересираност. Како и да е, барем со економски можеш слободно да очекуваш дека ќе си најдеш убава работа, колку и да има економисти, има работа сигурно повеќе отколку за некој што завршил класични јазици таму латински, старогрчки што ти знам ја.
     
    На chipmunk и MidnightFlower им се допаѓа ова.
  2. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Воопшто не ми одат јазици. Не е толку тешко со англиски и германски(слични се), ама италијански, латински, старогрчки-се ќе ми се измеша. :D

    Оваа година имаме и социологија. Не сфаќам ништо. Мислам дека најлесно би ми било математичко подрачје 8)
     
  3. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Извини, зошто е најслаба комбинација ? До лани бев мегу најдобрите ученици во мојата генерација со двапати освоени награди по физика и толку многу конкурси по литература, уметност, хемија, па сум јазично... И јас сум слаба според тебе бидејки сум јазично и не смеам да дадам мој совет? Бравос. :clap: (штом си ОХ веројатно учиш право, па де прочитај нешто околу правото на секој да даде свое мислење, во овој случак без разлика кој смер е :D ) Кај нас во ОХ се ставени учениците кој беа на полагање и немаше место за во друг смер а само тој беше празен... ;)
    Инаку можеш да земеш било кој предмед за матура од кој си имал вкупно 6 часа од сите години во 1 недела (прм неможеш да земеш социологија бидејки имаш само 2 од 2ра година) моја братучедка од јазично Б полага Физика и Биологија и сега супер и е на факултет. (само што го учеше матријалот во 4та година без да и биде предаван, но се снајде)

    И зошто па мора од јазично да се завршат само класични јазици на факултет ??? Мегу најбараните професии се ПиТ и професорите по јазици. Од јазично можеш да одиш и новинарство ако не си слушнала де... Гледам овој економскиот па што јак факултет е, секој трет го има завршано и на крај сите се книговодители како да се само со средно.

    И не велам дека некој не треба да оди економски, правен, информатика, секој си ги знае своите желби и аспирации и според нив ке се раководи, сакам само да нагласам дека многу луге од нивно исккуство ме советуваа да одам јазично за да не учам некој безвеза матријал, па каде ке употребиш некои си равенки од алгебра - ке сметаш по нив во продавница да не ти зема продавачката 10 денари повеке ? :^) јазици барем секако ке ти послужат, денес секоја работа бара познавање на 1 или 2 странски јазици...
     
    На sexymama, Rozich, macysh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Не знам зошто викате дека јазично тие што се се послаби кога еве на почетокот ни кажаа дека баш нашиот клас е меѓу најдобрите ( јазично сум ). Иако нема после да продолжам на Филолошки не сум лош ученик .
    Имам предмети што ми одат и што ги сакам и нема зошто да сум лоша , нели ?
    А ете имам другар во општествено и вика ауу тешко не знам што ми требаше тука да продолжам .
    Нема врска подрачјето со факултетот ама воопшто . Пожелно е и као подобро , ама нема врска .
     
    На Aniston му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033

    За јазициве ич не се слагам, ќе завршам филолошки и ќе работам во некое приватно училиште со неодредено работно време не знам кога идам кога се враќам дома со ептен просечна плата ако не и под просекот, па прашање и тоа дали ќе го имам зошто јазичари со лопата да ги ринеш како и економисти и правници да, ама за работно место нема споредба. Ретко на кој ќе му се посреќи да си работи во амбасада како што е сонот на повеќето што сум слушала што се запишуваат на филолошки. Да де, амбасади колку сакаш, и работни места исто. Сите ќе работат таму, уживај. Ако кај тебе во ОХА ги ставаат најслабите, кај мене и во Скопје претежно ОХА се најполните класови. 37 деца сме во група. Потоа одат МА и МБ, а тек потоа јазично, 2ца без 3ца се. И најдобри класови биле јазичните, па со тие лесни предмети како да не бидат се прашувам. Глупости учат и сами си кажуваат. Еве кај мене јазично отидоа сите што сакаа лесно да си поминат 3 и 4 и воопшто не се каат како и ти :) лесно проаѓаат, ептен и тоа. Викаат до факултет да не се замарам, тамн после да се стегнам уживај дека така се праи тоа.
    А дека нема врска смерот со факултетот, грешка сте. Затоа постојат смерови, не за џабе, ништо не е џабе. Јас учам оваа година економски предмети и сигурно кога ќе стапнам на факултет ќе знам што ми предаваат, за разлика од некој што учел музичко и ликовно, драма, компаративна книжевност што ќе буља ко теле во шарена врата. Добро предзнаење е смерот, ако си учиш. Исто и за стручните училишта. Сигурно поубаво ќе биде некој од средно правно да отиде на правен, отколку некој од средно медицинско на правен.
     
    На Miss.Selfridge му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Убаво си кажа сега, браво! Јас имам завршено исто општествено А, и сите што се запишаа на правен и на економски имаа и те како разлика него некој од друго средно стручно,(освен борис)!
    А тоа од средно медицинско што одат на правен, па знам едно 10 такви случаеви, глупост жива, да се каеш што 4 години си се влечкал по болници а сега не знаеш што е правна норма а учиш на правен! :fubar: За мене тоа е бесмислено и најглупаво од СЕ!
    И биди сигурна дека ќе имаш предност на факултет, сите предмети ги учиш што ќе се учат во прв семестар! барем нема да бидеш мисир кога ќе се збори за бруто домашен призвод, да се речеш, what the f*ck, па јас знам како се вади крв од вена, ама ова :?:
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Од некој факултет значи се работи само во амбасади и приватни училишта и сите одат јазично да поминат лесно? Со овој пост веке се ми стана јасно, за мене оваа дискусија со тебе девојко е сосема бесцелна. Пријатно
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Абе ти девојче ме читаш и разбираш, или читаш и преувеличуваш? Дадов пример јас за професор по англиски во приватно училиште, и истотака пример дека повеќето случаи што ги знам се надеваат дека ќе работат во амбасада! За поминувањето лесно, не реков дека сите одат за да поминат лесно, туку дека тоа што го гледам е така. Од секое правило има и исклучок, ако си-твоја работа, не ме интересира за тебе лично, ме интересира на глобално ниво, а за глобално ниво тоа што го зборувам се факти. Јас никогаш не кажувам сите, ако мислам глобално по тоа што го гледам и мислам на поголемиот дел, кажувам повеќето, како што приметуваш. И во јазичните класови кај мене има 2-3ца што сакаат компаративна книжевност или ликовно де. Ама малку се, другите само си гагаат предмети и часови, колку лесно да поминат. И не, дискусијата со мене не е бесцелна, туку со тебе. Зошто јас дискутирам на глобално ниво, за кое сум тотално во право. А ти за поединци и исклучоци, кои можат да се спомнат, ама во принцип тоа е тоа. :hai:
     
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    А во ОХБ има биологија, хемија, психологија, историја, социологија, педагогија и слично? Зашто тие предмети најмногу ме интересираат, и незнам на кој смер ги има скоро сите. Мене сите предмети што ми се допаѓаат и што ми одат (јазици,биологија,историја) се се' одделени на различни смерови ама не ги знам на кои точно се. Ме интересира за ПМБ ама имам слушнато на комбинација Б на кој и да било смер многу малку деца оделе а и јас и математика, магаре и козметика :D ама сепак ме влече медицината (ама не баш се, туку психологија, психијатрија, неврологија ли како се викаше, хирургија сигурно не :)) И незнам што да одберам.. Ама добро, сепак имам време, тек сега сум 1ва година средно. :)
     
  10. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Имаш 17 години, па простено ти е за неинформираноста. Од филолошки излегуваат и најдобрите преведувачи, толкувачи (кои за еден ден ќе земат надоместок што правник го работи за половина месец), лектори, професори, и сите имаат солидни плати.

    Јас бев на ОХА, па ете завршив на филолошки и уште малку ќе дипломирам. Не знам колку е можно да ви е сменета програмата од кога јас бев средно, ама секој смер се разликува само по три-четири предмети. Предност има, и тоа е супер работа. Ама да ги омаложувате смеровите заради лична неинформираност, не бива. Немој така, можеби ќе обесхрабриш некои од идните потенцијални најдобри јазичари во земјава! :)
     
    На Cynthia, Springy, Aniston и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Плавуша обично исто размислувавме ама сега морам да изнесам мислење кое е бајаги спротивно. Еве јас сум чист пример, учев на општествен смер, а се запишав на факултет на кој преовладуваат природните науки. Па да не се фалам и да не се урочам :wasntme: ама ми оди супер, многу подобро него на некои кои доаѓаат од стручни школи и ги учеле истите предмети многу повеќе, ќе го видиш и тоа наредна година на Економски, кога меѓу подобрите ќе бидат гимназијалци, а не економисти. Но тоа е друга тема, првенствено поради тоа што во гимназиите има некои да кажеме построг режим, без навреда за тие од стручно школо, но во глобала е така. Не е до предметите, туку до навиката за учење. И за споредбиве за работните места, стварно не е така. Ќе приметиш уште одма кога ќе почнеш да студираш, значи дали економски, филолошки, медицина ништо не ти зависи. Можеш да бидеш економист и да зимаш 15 000, додека некој преведувач зема 40 000 и обратно. Или да бидеш доктор со 16 000, или доктор со 60 000. Значи тоа е барем кај нас, во вакви услови, една болна точка за која никој ништо не може да ти гарантира.
    И според мене овие смерови се жива глупост, средношколец ретко кога е сигурен дека сака на тој и тој факултет да продолжи. А и плус, како и да е на матура може било кои предмети да си ги избереш без разлика дали си ги учел или не. Јас лично на факултет имам многу подобри оцени по тие предмети кои не ги учев сите 4 години, за разлика од тие кои сум ги учела. Ако ти е интересно и си го загрееш столчето се ќе постигнеш.
     
    На Aniston му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MidnightFlower

    MidnightFlower Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    47
    има некој информации за меѓународната матура(IB)? што ја има само во јосип броз? :)
     
  13. bibini

    bibini Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    9
    Запознаена сум само дека се плаќа 2000 евра за година и дека многу лесно си поминуваш..
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    И јас сум сличен пример - завршив општа гимназија, а после тоа се запишав на правен. Во средно не учив ниту еден предмет од таа бранша, туку одбрав општествено - хуманистичко подрачје Б, што значи учев филозофија (5 часа неделно), социологија, педагогија, психологија, етика и слично.
    Немам некои поголеми тешкотии во совладување на материјалот, но факт е дека на пример оние кои завршиле економско правен смер се далеку подобро потковани од нас гимназијалците. Голем дел од работите кои ние сега ги учиме на нив им се веќе познати и имаат добра основа.

    Но, сепак останувам на тоа дека гимназија е добар избор за секој кој што не знае што сака да биде во животот. Многу е лошо потоа кога веќе сте се определиле за една струка додека сте учеле средно, а потоа на факултетот бирате сосема друга.
     
  15. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Што знам, кај мене беше сосема спротивно. И јас бев на ивица да се запишам на факултет со кој ќе го „продолжев“ смерот од средно, ама среќа на време сфатив дека тие општествени науки мене ми се ама ептен досадни. Според мене некои 70% го бираат смерот на кој мислат дека ќе поминат полесно, а не смерот со кој би се запишале потоа на факултет. Истото го направив и јас и уште од старт видов дека малце се за*бав, али тоа префрлување, и триста комликации немав намера да ги поминувам. Смерот не е ама баш никаква гаранција. Инаку „стручњациве“ кај мене на факултет се отпишаа уште пред почеток на втор семестар. Значи стварно не е до смерот, до школото до негде да, ама првенствено поради тоа кој во средно стекнал навика за учење, а кој не.
     
    На Aniston му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lordi

    Lordi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    7
    Во иднина се замислувам како моден креатор.
    Е сеа.
    Тоа најмногу ме влече,а веќе оваа година морам да одлучам навистина што сакам.
    Повеќето ми имат кажано дека за моден креатор требало текстилно.
    Ама во текстилното оделе тие послабите ученици а јас сум скроз одлична.
    И потоа во каков факултет?
    Објаснете ми подетално и за средното и за факултетот.Какви предмети има и слично.
     
  17. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    За мене оваа е малку рискантна професија... штом си скроз одлична значи имаш добар потенцијал за наука. Не велам дека немаш потенцијал за моден креатор, сигурно имаш, но ке завршиш дизајнерство и потоа, патот е верувај, многу тежок, скоро невозможен. Ке имаш диплома за завршен факултет а ке почнеш како шивачка, биди сигурна дека нема армани да те викне и да ти каже дека си невиден талент, дури и да си. Во тие води има мн тешка борба и големи манипулации, па врски да се впротнеш некаде да сошиеш некое парталче за ситна пара па да одиш се понагоре... и не знаеш до каде ке можеш да дотуркаш а времето ке те гази... А мислам дека текстилното и модниот дизајн и немаат многу реални допирни точки - ти сакаш да дизајнираш, не да шиеш на машина во некој погон, нели ? А сепак, желбите драстично се менуваат кога си средно, сега знам не ме сфакаш си велиш ако се сака се се може, дека ке успееш ако го сакаш тоа но верувај со деновите ке ти стане јасно колку е всушност тежок животот кога треба да градиш кариера, особено во некоја гранка каде владеат врски (армани, ке си го вработи внучето да му биде дизајнер, не тебе, ти можеш само да ги облекуваш и соблекуваш моделите, керките на Лима и останатите) мноогу е тежок патот до тоа да бидеш моден дизајнер, ти требаат милиони манипулации - не можеш со едно - сакам да сум дизајнер - да станеш тоа... Мој совет ти е ипак гимназија, ако си одлична ке успееш, од таму можеш да студираш баш што сакаш :) ако понатаму сеуште си сигурна за оваа твоја желба, тогаш во 3та се определуваш уметничкиот смер - и одиш дизајнерство :) И јас се замислував како дизајнер, сама си шијам алишта, и не да се фалам но ми оди тоа со креирањето, но сепак се одлучив за гимназија, а догодина што ке студирам сеуште не сум сигурна, ми претставува огромен ризик да одам дизајнерство и да не направам никаква животна кариера (не зборувам за светски дизајнер, така да креирам некој едноставни модни детали и некои едноставни комбинации) ако не успееш - пропаднат си, а само 1 од 1000 успеваат... И стварно ми е жал но тешко е да стави такво животно прашање на таков ризик...

    Извини за малку офф-топикот, но само да ти дадам совет, сугестија да не избрзуваш со некој животни одлуки, што ако одиш текстилно и на 17 години сфакаш дека сакаш да одиш медицина?
     
  18. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Може некој да ми каже дали ако се запишам на природно-математичко подрачје А, ќе можам да изберам проектна активност по ликовна уметност ???
     
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Абе ти можеш да избереш проектна и физичко што се вика, ама нема да ти користи за факултетот, т.е незнам на што факултет ќе одиш.
    Пример ако одиш на ликовна академија да.
    Незнам на кој факултет сакаш, планираш да се запишеш???
     
  20. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    И јас не знам на кој факултет сакам да се запишам, а плус и не е сигурно дали ќе изберам ПМА. Само ме интересираше дали може, дека нели нема да имам предмет ликовно во 3та година. :)