А мене ме интересира дали ако во трета година се запишам Математичка А комбинација, во четврта како задолжителен предмет за матура ке ми биде математиката?
Mислам дека можеш, за проектна да земеш кој предмет сакаш, нема врска дали си го учел у прва, у втора и трета. Јас бренев проектна по вовед у право, што го учев у трета само една година! Барем така беше пред едно 3-4 години НЕ, мислам дека сам си бираш, порано така беше. Знам многу што од метематичко а што отидоа на економски или па на правен, а правен нема М од математика Е сеа ако идеш на ПМФ мислам подобро да полагаш математика за матура. За економски не, и со англиски си поминуваа супер.
A нели kaj задолжителните нема бирање кои се тие се. Вчера слушав на тв дека задолжителен предмет за полагање е македонски и еден друг ама не се секавам кој И всушност сакав да прашам дали тие задолжителните се за сите комбинации или за секоја комбинација има посебни задолжителни предмети за полагање?
Вака, имаш задолжителен МАКЕДОНСКИ! Тој е закон и нема бирање Е сега имаш и втор, тука имаш избор англиски или математика! За овие екстерниве имаш тестови од министерство што ги прегледуваат некои икс професори што не се од твоето школо. И нели уште 2, т.е јас полагав само два, незнам дали вие сеа ќе полагате три ама тие се Интерни, т.е прашањата ги составуваат професорите ваши и тие го прегледуваат. И отвори на министерство за образование мора да има објаснување некои, можеби има промени од 2009 кога полагав јас
Јас мислев на проектна во 3та година, дека ако одам ПМА ќе "пукнам" од толку многу математики и задачи, па проектната би ми била некој вид на релаксација
Значи Инсидиоус, македонски е задолжителен екстерен, освен пр. за турските паралелки што полагаат турски јазик. Втор екстерен е странски јазик или математика, не мора да значи англиски, можеш и германски/француски да земеш зависи кој го учиш од 1 до 4 година. Другите 2 се интерни. Зависи кој смер си го одбрала, таков интерен ќе можеш да полагаш, мора да го имаш учено предметот најмалку 2 години инаку прво факултативно ќе го полагаш па потоа на матура, тоа ти е многу мачно! Пр. од Јазично сакаа да земат социологија за да продолжат на правен, а имаат учено само во 2ра, во 3та немаат социологија и мора да полагаат на учебникот од 3та па после интерно. Значи пази, да учиш ти цел учебник да полагаш, а не си слушала ни 1 час. Ретко кој го праи тоа, ако ептен му треба. Филозофија сите учат во 4та 3 часа неделно е за гимназија кажувам ова све, и сите можат да земат. Ама интерниот предмет зависи од смерот и треба да си го учел минимум 2 години, и интерниот го избираш зависно од факултетот на кој ќе продолжуваш. Значи, затоа е најдобро уште од средно да имаш бар визија на кој ќе одиш пр. ти оди математика одиш математичко потоа земаш македонски,математика (најмалку основно ниво),физика,филозофија и си цепаш на таков факултет. Друга работа, јас физика сум учела 3 години, другиот учел 4 години. За матура ако земам физика, нормално ќе учам и од учебникот за 4та иако не сум слушала предавања. Многу е лошо така. Ист случај и со историја, од јазично за на правен сакаа историја да земат учеле 3 години, јас учам 4 и тие мора да учат од учебникот за 4та иако појма немаат. Па што одиш на јазично кога сакаш да продолжуваш на правен, жити се? И затоа сега тие ќе учат повеќе и потешко ќе им биде, ем од материјалот што го слушале 3 години, ем од тој што не го слушале во 4та, како што е и со биологија и хемија, соученик е јазично-А сака да оди на фармација учел биологија и хемија 3 години, и нормално тие што се математичко-Б учеле и тоа и тоа 4 години се во многу поголема предност од него. Е затоа ќе си гледаш навреме да си немаш такви проблеми
Размислувам да идам на Општествено-хуманистичко Б од причина што ме влече филозофски. Но тој смер е само за филозофски факултет и педагошки, па малку е ризично за во случај да се предомислам.. Ќе може некој да ме упати? Има некој на овој смер? Исто така ме влече и Јазично Б бидејќи насочува кон драмски и фолозофски, но сите со кои го имам правено муабетот ми имаат кажано дека на драмски се се` врскаџии и многу ќе се разочарам, а и да ме примат нема перспектива овој факултет... Ај нид сам хелп
Токму тие два смера многу ретко ги има, бидејќи нема баш некој интерес за нив. Посебно не за јазично-уметничко Б. Сега зависи и до школото во кое што учиш, ама еве јас сега треба да бирам и сакам да одам на општествено Б, но нема доволно интерес колку што знам, па ќе видиме што ќе биде. А ако те интересира нешто повеќе слободно пиши ми порака.
Ни кај мене во школо нема некој посебен интерес за јазично-Б. Па сега ми останува општествено-Б или јазично-А. Ова првото ми е премногу ограничено, едните исти предмети и смерот насочува кон два факултета. Добро е што ни даваат рок до јуни, како што ги анализирав двете до најситен детаљ, изгледа ќе одам на јазично-А.. Но до јуни имам многу време, што значи нема да избрзувам. Инаку, ти благодарам
Јас па сега сакам да одам на општествено А, ама ме плаши тоа што има латински...ми изгледа дека е тешко...некои што се сега на изборен латински ме премислуваат , цело време се жалат како било многу тешко итн итн...
Јас мислам дека на добро размислуваш од тие подобра варијанта ти е јазично А. НЕ те ограничува можеш да се запишеш на повеќе факултети. Се надевам дека ќе те примат на драмски, пробај ништо не губиш. Ама има време за факултет, сега мисли како до матура, а ако ти одат јазици на јазично ќе ти биде прелесно, така ќе се посветиш матурат да ја направиш супер
Не ги мешај работите. Биологија и хемија се природни науки и ги има во ПМб, а психологија, историја, социологија во опшествено-хуманистичките подрачја. Уште нешто.. Во природно-математичко подрачје, комбинација Б нема математика! Ако те влече медицина избери ПМБ, таму се учат хемија, биологија, физика.. Но ако те влече психологија ( што нема врска со медицина ) избери ОХБ
На ОХБ, биологија и хемија се изучуваат само во трета година, во четврта ги нема. Но затоа се изучуваат историја, социологија и педагогија (плус етика) во трета, а во четврта, како што реков, нема ниту хемија, ниту биологија, ниту физика, само социологија, историја, филозофија и психологија. Е сега, на ПМБ, и во трета и во четврта имаш и физика, и хемија и биологија. Само што во трета плус учиш програмски јазици, латински јазик и географија. Математика имаш на секое подрачје само во трета година, тоа ти е општа математика која мораш да ја изучуваш. Во четврта немаш математика ни на ОХБ, ни на ПМБ. Со ОХБ имаш поголеми шанси за успех на Филозофски и Педагошки факултет, а со ПМБ на Медицински, Земјоделски, Ветеринарен, Технолошки факултет...
Насокиве ме измачуваат последниве две недели, откако ни соопштија дека треба да се одлучиме.Ми одат јазици, сакам јазици знам дека лесно ќе поминам но сакам и психологија, педагогија и ме измачува тоа.Не можам да се одлучам дали општествено хуманистичко Б или јазично-уметничко А.Најверојатно ќе се одлучам за јазичен смер, но сеуште имам време за предомислување.
Точно. Но кога blueeparadise праша за предметите биологија и хемија, помислив дека прашува дали се изборни предмети во ОХБ. Исто и за математиката, сакав да и кажам дека линеарна алгебра, алгебра и математичка анализа има во ПМА, а не пишав за општата математика. Се подразбира дека таа се учи четирите години.
Добро, јас не ти реплицирав токму на тебе, туку на blueparadise бидејќи сакав уште малку да и појаснам, инаку ти убаво си пишала. Инаку колку што сум запознаена, математика не се учи сите четири години, туку до трета, барем мене така ми кажаа во училиште. Ако сум грешка, извинете ме. Мислам дека треба да се одлучиме до крајот на следната недела, ама не ме фаќај за збор.
Ви благодарам девојки што ми ја разјаснивте дилемата, посебно на Тенкаи што вака убаво ми објасни. Инаку, општата математика се учи сите четири години, братучетка ми е четврта година јазичен смер А и учи математика. Е сега сеуште неможам да да се одлучам зашто ја сакам медицината, посебно многу ја сакам биологијата, хемијата ми е интересна е сега физикава ми прави проблем.. Јас се исплашив дека ПМБ има повеќе математика, ама штом е околу медицината е тогаш океј. Ама па ме привлекува многу и психологијата ама во ОХБ немам биологија во четврта а многу сакам да го изучувам предметов. А историја, социологија, етика ми се што знам онака.. така што највеќе ме влече заради психологијата ама па и изборот на факултети ми е ограничен со овој смер. А добро ми одат и јазици, па можам да идам и на јазичен А ама па не ми е интересно тоа, плус многу јазици ќе ми дојдат.. а и латинскиот не го сакам многу-многу. Но, сепак имам доста време за да размислам до трета година.
Чим сакаш биологија и хемија ти препорачувам да одиш на ПМБ. Ем ќе имаш повеќе интерес за учење, ем ќе ти биде полесно за матура кога ќе треба да избираш што да полагаш. Ако историја, социологија и етика не те влечат (додуша за етика и социологија се уште не можеш да кажеш за сигурно бидејќи не си ги учела) немој да одиш на ОХБ бидејќи мислам дека ќе се каеш. Исто и за јазично, ако не те влечат и интересираат јазици не оди таму. Посебно како што не го сакаш латинскиот, а е прилично тежок јазик. Така да, сума сумарум мислам дека најдобро би поминала на ПМБ, но имаш време да се одлучиш, уште цела учебна година.
Јас би ти предложила да се определиш за ПМБ штом те влече медицината а посебно биологија и хемија. Физиката нека не те плаши бидејќи е далеку по лесна од физиката во ПМА. А за трета година нема што да ти кажувам, ќе се изнауживате цела година. Спојлер Иначе јас сум ПМБ па мора да си го фалам подрачјето.
Психички ме уморија смеровиве! И да, има врска смерот со факултетот затоашто еве конкретно за мене, сакав да одам на математичко А и ме влече Филозофски- педагогија и Драмски факултет.. Ама ниту еден од интерните кои ми ги бараат овие два факултета го немам на тој смер и што ќе правам, ќе се чешам? Сигурно дека нема да бубам материјал од две години за да си се пикнам на тој факултет а претходно сум си уживала на тој смер и само сум решавала задачки. Не се за џабе смеровите направени, сфатете веќе! После толку измачување и думање, ми остана само јазичниот смер. Другите испаднаа, сега размислувам дали јазично А или јазично Б, најверојатно ќе биде второво бидејќи ми е баш за тие два факултета.