1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Насоки во гимназија

Дискусија во 'Образование' започната од LovelyGirl, 10 февруари 2010.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    ^ Да не те разочарувам, прашај си убаво за секој случај, ама кај нас на пример така е. За јазично-Б се определуваат најслабите ученици на кои не им се учи, а и класот во нашата генерација е таков што нема никаква атмосфера за учење, професори не можат да одржат еден час асално како што доликува - сите кецаши собрани на купче.
    Пак ќе кажам, кај нас е така, не мора да значи дека така е и во сите гимназии, ама верувај отприлика таква е структурата на јазично-Б класовите, барем колку што се имам распрашувано наоколу низ другите градови. :^)
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Во некои училишта воопшто не се ни создава таков клас поради малата заинтересираност за тоа подрачје. Исто така ретко се создава и општествено хуманистичко Б, барем во моево школо. Искрено не ми се верува и не сум ни слушнала за ова дека најслабите се одлучуваат за јазично Б, кај мене во клас единствените двајца кои би сакале да одат на тоа подрачје се прилично добри ученици, не се скроз одлични, ама не се ни кецаши. Ако некој има талент да оди на такво подрачје и ако има голема желба, не верувам дека другите ученици би го премислиле.
     
  3. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    ^ Јас сум одлична а имам интерес за тој смер. Инаку многу малку интерес имало одвај се собрале 19 деца од цела генерација од кои сите се кецаши и дивјаци. Па избрав математичко-А...
     
  4. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Мислам дека ќе одберам општествено-хуманистички А. За Б немало голема заинтересираност и не формираат таква паралелка. Ме привлекуваат општествените науки, а посебно социологија, а исто така не мислам да се расправам со 300 математики и физики глупости таму :lol: Во 4та нема физика, хемија, биологија, географија така ? :)
     
  5. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Искрено ме изненадува ова што го кажувате за јазично Б. Туку ако се соберат 19 души и тоа е некаков успех, во наша генерација едвај 8 души дали има.

    Ги немаш тие предмети во четврта. :)
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Си направила супер избор - трета година е малце потешка, мене искрено ми беше најтешка бидејќи математиките ми ја извадија маста буквално, ама тоа се должи на лошиот распоред и вишокот предмети, како на пример историја - кој ѓавол математичко подрачје да учи историја, идни инженери да учат биологија !? Хемија, и да и не, може ќе се најде за ако некој оди на технолошки, ама историја и биологијава ми беа ужас - страшен вишок, ама тоа е.
    Затоа пак четврта е уживанција. Скоро ништо нема за учење, а двете математики се гола вода. 8)
     
  7. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Корчагин има ли јазичен?
    Јас сакам да одам ама моите не ме дават. :wasntme:
    А во Кавадарци уште нема јазичен така да изгледа ќе одам општи.
     
  8. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    ^ Мислам дека имаат француски и германски. Сепак не сум сигурна, некој поинформиран од Корчагин нека пише.
    Ама знам сигурно дека англиска и француска паралелка имаш во Орце.
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Има многу предмети кои се вишок....како на пр. не можам да разберам што бара латински во општествено А..... :)
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Мислам дека им треба на оние кои ќе одат на пример на правен. Или пак педагогија, психологија, како и да беа другите. На место е латинскиот, ама биологија и хемија во општествените !? :^)
    Е тоа никогаш нема да си го објаснам, ама ајде. :)
     
  11. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Во Корчагин нема јазична. Имаш 2 математички(ПМА и ПМБ) и една општествена(ОХА), треба да има уште една општествена ама нема кандидати.

    Иначе општо има само еден билингвален клас француски.
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    А каква е заинтересираноста за подрачјата во Карев?? ќе се формираат ли од сите 6 подрачја класови или?
     
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Јас се определив веќе на опшествено хуманистичко Б.
    Повеќе ради полесните предмети а и ќе го учам тоа за на факултет што ќе ми треба.
     
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Тешко таа работа, најчесто е или ОБ или ЈБ тука е дилемата. Мојата генерација избраа ЈБ, за првпат мислам дека во гимназијата со оглед на фактот што порано била биотехничка и математичка се формира таков клас. И ја се чудев, ама ете. Немаат часови ни во училница, никаков ред нема таму. „Уметност“ ах, да. Да ме прашаа мене, веднаш ќе формирав ОБ, од ЈБ е далеку подобро. Барем учат во услови, нормални како сите други подрачја. Дефинитивно се надевам дека она што го слушнав за мојата гимназија од општа дека ќе се врати во математичка ќе се остварат и нема да има такви глупости со уметнички пакет. За тоа си постои средно уметничко, па заинтересираните воедно и најслабите ученици нека си одат таму како што се напикаа во ЈБ за да пројдат најлесно дури и без појавување на часови, а ако се појават ги пуштаат во секое време надвор да си испушат цигара, а оние што сакаат гимназиско образование што не е еднакво со такво безредие и неучење и не доликува на гимназија, нека си одберат ОБРАЗОВЕН пакет.
     
  15. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    а за ПМА, ПМБ и ОХА??
    во твојата генерација нема формирано ОХБ или погрешно сфатив..? :)
     
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сите 3 што си ги навела ги има, за ОХА и ПМА, обично секогаш најмногу заинтересирани има :) во мојата генерација ги има сите 5 пакети,а само ОХБ се нема формирано. :)
     
  17. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    ^Плавуша, ништо лично против тебе ама понекогаш многу го дрвиш со слабите ученици и колку тоа јазичните смерови се глупи-тупи-неупотребливи и само за џабе се ставени на листите на смерови. Од страна гледано, изгледа во стил „Слабите ученици нека си се соберат на едно место, јас сум си најдобра ученичка и не сакам да имам допирна точка со нив, иуу шугави се“... Ниту се тие малоумни, неинтелегентни, нечовечни или глупави, едноставно се мрзливи и книга не допираат а да седнат да научат ќе имаат екстра оцени. И кога веќе кажа слабите да си се соберат во уметничко или музичко средно затоашто биле лесни.. Ќе те разочарам. Воопшто не се лесни! Имам роднини, пријатели и комшии што се во музичко и сите ми кажуваат дека е страшно тешко затоашто бара континуитет во усовршувањето на инструментот кој го свириш, има пеење и има теорија. А за уметничкиот пак да не коментирам.

    Те молам, ама те мооооолам во иднина не потценувај уметност. Затоашто еве јас сакав да одам на Јазично Б каде што се „најслабите“ а сум одлична... Ме влече Драмска уметност. Но од причина што не се собра клас морав да изберам друг смер.
    Од кожа ме вадат персони што ги потценуваат уметностите и си викаат - „Е де, лесно е ова излези пеј“ или „земи лист и молив и нацртај, тешката работа!’’ или конкретно за драма- „Глупости бе, учиш текст, излегуваш и се глупираш низ сцена“. Наречени се уметности со причина!
    Еве јас не сакам економија, право и се останато во ОХ смеровите ама не мрчам за оние кои гледаат нешто во тие предмети и ги влечат.

    Па уште викаш дека гимназијата не е такво безредие и неучење и тие смерови се пис оф шит? :o
    Ма немој да ме јебеш бре, скрати со нарцисоизмот и потсмевот кон она што не ти фаќа око. |(
     
    На Lili.lili, sweet-cherry, Tenkai и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Синтија, на крај краева ти самата ќе си го одбереш оној смер кој највеќе те влече, ама мене муабетот ми беше дека не е исто да бидеш во ете да речеме солиден клас не мора да биде одличен, ама со солидни ученици, каде има работна атмосфера и сите се трудат и самата ти ќе имаш мотивација да се истакнеш; и во клас каде професорот се дере по цел час и глуми џандар за да создаде барем малце ред за да ја предаде барем новата лекција - е тука, колку и да нејќеш, ќе си приморана да бидеш полежерна.
    Еве на пример, во мојата генерација јазично А е клас со речиси одличен просек, а за Б ти кажав веќе.
    И мене јасно ми е дека уметноста не е лесна како два и два што се четири - конкретно, имам пријателка веќе две години студира уметност во Скопје и ич не ѝ е лесно, не ѝ е сè мед и млеко, ама очигледно на некои ништо не им е јасно, па од немај каде се пикаат во јазично Б со намера дека така лесно ќе си поминат, ќе си се издушат на професорите и ќе им мине денот/годината. А верувај, воопшто не е лесно за одличен ученик да се најде во таква средина каде владее таква атмосфера. Едноставно немаш мотивација како прво да седиш на час и да слушаш и гледаш како некој се глупира, а не пак да пробаш да стекнеш знаење или да учиш.
    Можеш и да си пробаш да одиш на овој смер, па ако не ти се допадне да го смениш за некоја недела (кај нас имаше многу такви случаеви, од ПМА отидоа во ПМБ и обратно, а некои и во ОХА), или пак, малку понеубава варијанта ти е да се префрлиш во друг на полугодие - се полагаат изборните, ама подобро на полугодие отколку да чекаш цела година. Моја бивша сокласничка одвај си го најде крајот за да се префрли во ПМБ.
    Добронамерен совет, не мораш да го прифатиш. :lol:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Kога во Kорчагин, Драге ќе се согласи да направи јазична ќе се обесам на бандера!
    Собираа потписи,го молеа,што се не правеа и незнам зашто немало никогаш јазична, а во програмата што ни ја дават стои фигуративно.
    Едино билнгвалната што постои ама тоа е само за француски, и да не мешам баби и жаби не е исто!
    Уште сака да го фура тоа дека Корчагин е математичко школо, ама страшно слабо му иде...
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033

    Синтија ја за мојата гимназија си зборев, врати се на постот и препрочитај го пак. Многу јасно се гледа дека ја цитирав нејзе зошто учи кај мене, и и кажав за мојата генерација. Многу убаво се гледа. А на глобално ниво ако баш си ми се обратила, во уметноста кај нас нема перспектива. Креативните науки кај нас не се перспективни и никој не кажа дека се лесни, има разлика. А роднините и пријателите што ти се во музичко не можеш да ги споредиш со моите примери, зошто мојата е гимназија, а не музичко. И не се учи во ЈБ така како што се учи во средно уметничко, затоа пишав кој сака тоа нека си се запише таму. Имам другарка средно музичко заврши, сега е на музичка академија. Таму освен тестови, полагаа и испити по предметите, ко вчера да беше кога ми збореше колку е тешко солфеж. И ти не можеш да знаеш каков е ЈБ пакетот од причина што го немаш, а јас колку-толку можам зошто барем сум видела каков е нивниот „час“ и никој нема да ме разубеди дека седење со кренати нозе на час, јадење и грицкање, пиење сокови на час, недоаѓање воопшто, дремење надвор во школскиот двор додека професорите доле дремат во бифе, а директорката постојано ги прашува што прават надвор, а тие со цигарите во уста сите до еден и викаат „ние сме на уметничко“. Дури ми кажаа дека на ликовно тој што седел до прозор си запалил цигара и професоркава му викала „пази само да не те видат“. Па извини бе, ако си ти на уметничко значи дека треба да се понашаш крајно некултурно? И да, најслабите кај мене во гимназија се таму, имам другарки што ги бива едната да свири на бубњеви, а другата да црта и тие се жалат дека од тоа многу малце имаат видено. И многу често губат часови, професорите којзнае кај се. Зошто? Па тоа е уметност човечеееее! Така што кога ќе имаш прилика да видиш како тоа изгледа, ќе праиме муабет, а се дотогаш ќе имам таков став да потенцирам пак за ЈБ пакетот во мојата гимназија, зошто е најлошиот пакет досега и зошто многу паметно било што не се формирал никогаш досега. Сакам назад во математичка гимназија за доброто на идните генерации, без такви професори.

    Образовната институција важи за сите пакети подеднакво, и не може ниеден изборен клас да се однесува крајно против сите правила што важат само затоа што бил уметнички. Ептен буквално се сфаќа зборот слобода. Сепак, школо е мајкуму.