^^ баш се зачудив за ова, ако се работи за истата професорка што предава и во втора година......еднаш кога имавме час, незнам точно за што зборувавме ама рече дека и пречи мирисот на цигари во училница..... иии вие што сте втора година, што одлучивте?? на кој смер ќе одите?? јас стварно не знам на кој да одам........
^ Тој случај бил како што знам за некој што седел позади до прозор ја знаеш каква е училната јест да не сум влегла 2 години таму, и слободата на уметноста е поважна од тоа што нејзе и пречи. И ја се чудев ама ете, нема зошто би лажеле, онака баш муабетот беше као многу им е кул, опуштено и супер. А тоа што тие училници се наоѓаат во подрум па ретко кој оди натаму освен нив, и затоа се толку слободни е друга работа, поригорозно да беше немаше да биде така, а не таму ни ѕвоното не се слуша.
^^хаха да стварно, таму ни ѕвончето не се слуша, единствено добро е што кога надвор е жешко таму е баш онака добро за седење...
^ Штета што професорите не работат како што треба, по програмата со ред на тоа подрачје...ама тоа е затоа што не е развиено. Затоа што првпат се оформи, и нормално понатаму може поарно ќе биде ако се оформува пак, а и училници во подрум не се баш некои услови
Предметите за матура немаат никаква врска со подрачјето на пр. јас сум на ПМ Б па избрав англиски, има некои од ОХ што избрале мат Ова искрено малку глупаво прашање е (извини вака што ти се обратив), ама секако дека латински треба, тој смер е за на правен факултет, а незнам дали си слушнал дека на правен има предмет РИМСКО ПРАВО
^^ знам дека на правен има Римско Право, ама јас сакав да одам на Економски факултет (што исто така е со ОХА, а латински дека ќе ми треба на економски.......или ќе ми треба?може не сум добро информирана)
^^ тоа е и тоа што ме двоуми за смерот, затоа што тие што оваа година имаат изборен латински мнооогу се жалат (и тоа се ученици со подобри оцени од моите)
Значи Смарфет во 3 година се учат повеќе правни предмети (Вовед во право, социологија и латински), а во 4 година повеќе економски предмети (економија, менаџмент, логика и историја) и + има задолжителни 2 за сите бизнис и претприемништво и филозофија. Што значи во 4 година учиш 3 чисто економски предмети, а во 3 година си учел 3 чисто правни предмети. Истотака, на Економски има изборен предмет социологија, што значи нема да си зијан во 3 што го учиш можеш да го земеш изборен. А латински зависи која ќе ти се падне, мене ми се падна добрата, старата Марија што предава и во ГУЦ, арно ама на други им се падна Гелевска, што е доста строга. Овие од јазично мака мачат со латински, викаат најтежок јазик од сите што ги учат е. Ние, само основното, глупости учевме. Арно ама на тест ќе препишеш све и пак нема да имаш 5, зошто дава и превод и анализа на реченици, а тоа го немаш нигде.
^^ да, латински им се падна таа Гелевска и на тестови им дава само 5 реченици, да ги анализираат и да ги преведат... а за тоа најубаво би било да може во 3та да одам на некое друго подрачје, а во 4та да се префрлам на ОХА, ама не ми вреди кога пак на крај на 3та ќе треба да ги полагам тие предмети од ОХА
Аууу тоа ти е најлоша варијанта. Дефинитивно. Одбери си 1 подрачје и остани на него, кај нас има само случаи што на почеток избраа едно, па се префрлија неколкумина на друго. Ама лошо е така, ептен. А за на факултет од кај знаеш дека нема да си го смениш мислењето дотогаш, или нема да се смени нешто воопшто дотогаш? Се шпекулираше дека ќе се замрзнат некои смерови, ама еве оваа година нема. А од кај знаеш што ќе биде за 2 години кога ќе треба ти да се запишуваш? Од друга страна па, до лани требаше социологија, ф-ја, географија, историја, математика, информатика и уште некои одредени за да се запишеш, а оваа година може било кои 2 предмети освен странски јазик и тој што си го зел екстерно. Ако отидеш на друго подрачје, може да имаш помал избор на предмети ако воведат и определат кои. А може и да биде по избор. Затоа не ризикувај, оди на ОХА мој совет со надеж дека нема да го смениш мислењето како многу што го менуваат сега при крај кога видоа дека не им се свиѓаат економските предмети или тешки им беа за учење, и со надеж дека се ќе си биде како досега и нема да менуваат нешто околу факултетот.
^^ не, менување на подрачје не доаѓа во предвид, само не знам дали ќе отидам на економски затоа што многу брзо го менувам мислењето....во првово полугодие бев убедена дека ќе одам на архитектонски, сега сакам на економски, па ќе видам....
Девојки,мене ме замолија да прашам каде има ветеринарен и ако може да добијам повеќе информации за него?
Природно-математичкото подрачје, комбинација Б е најпогодно доколку некој сака да продолжи на ветеринарен факултет. Инаку, од предметите мислам дека најмногу се нагласени: физика, хемија, биологија, географија, програмски јазици и латински.
да прашам... каде можам да видам кои предмети од матурата за кој факултет се потребни да се полагаат? ...можеби ова ќе ми помогне во избирањето на подрачје...
Многу се разочарав кога ми кажаа дека подрачјето кое го одбрав, ОХБ нема да го има. Плачев, многу, бидејќи тоа ми беше желба уште од седмо одделение и едвај го чекав денот кога ќе се запишам на тоа подрачје. И не знаев што да правам, ни рекоа истиот ден да кажеме ново подрачје. Кога дојдов дома со плачки решив да одам на јазично-уметничко А, иако не ми се допаѓа истото подрачје. На почетокот знаев дека сигурно нема да одам на математичко, и општествено А не ми е воопшто по мерак иако ми кажаа дека ми е најблиску до тоа што јас го сакам (иако не знам по што е најблиску), така што морав јазично да изберам. Иако сега се размислувам да се префрлам во школо во кое што ќе има општествено Б. Бидејќи се уште не ми се допаѓа изборот кој го направив, а немам друго решение.
епа да си кажам.......ни ги дадоа листовите за изборни подрачја....после толку размислување-одам ОХА дефинитивно.....
Девојки и јас сум во период кога треба да се определам за подрачје.Јас сум во дилема за Јазично-уметничко А ( за подоцна да одам на филолошки факултет-англиска катедра) или за ОХА( За правен или економски факултет ) дали некој има што се двоумел слично како мене што мислите дека е подобро со оглед на тоа дека тоа се две сосема различни правци за понатаму . Според мене нешто што многу сакам е англикскиот ( можеби малку проблем е што незнам да речеме ПЕРФЕКТНО англиски иако цел живот имам 5 а францускиот ми оди мноооогу полесно но несакам со него да се занимавам понатаму во животот ) , ама незнам што понатаму со англискиот ? додека за економски или правен според моето размислување имам повеќе избори на професија . Штознам ... ќе ми даде некој ваше мислење ? фала -
Девојки што правите толку голема узбуна со подрачјата? Тенкаи си плачела? Абе ајде олабавете, со секоја насока можеш сегде да се запишеш, тое ти е гимназиско образование и да ја утнете насоката не е толку битно бре аман...ќе си одите факултет што си сакате...без нервози бре