Јас се двоумев меѓу ОХБ и ОХА ама нема шанса да учам пак уште една година етика Уште не ни имат даено лифчиња ама одам ОХА дефинитивно Ама изгледа ќе ни ги делат класојте
да прашам... дали историја има во 4та има само во ОХА и ОХБ?? нешто слушнав дека во 4та имало една историја изборна во ОХА и ОХБ и плус обична историја што е задолжителна во сите смерови...вистина е ова? Спојлер се надевам дека не е...што ќе правам со 2 истории
^Една е историја и таа е во изборниот пакет на ОХА, за ОХБ не знам, ама природно-математичките и јазично-уметничките не учат историја во 4та.
^^...добро е..се исплашив...не знам од кај ја извади информацијава другаров на листовите што ни ги даваа мислам пишуваше дека во ОХБ во 3та има педагогија, а во 4та психологија (исто беше изгледа и за ЈУБ и ЈУА) еве и овде така пишува... http://bro.gov.mk/docs/nastavniplan...A NASTAVEN PLAN ZA GIMNAZISKO OBRAZOVANIE.pdf
Лорди И јас сакам да одам на средно уметничко и да се запишам на факултет да одам за моден креатор но моите не ме пуштаат и ми велат дека нема пари од таа професија па решив информатика бидејќи ја сакам но кога ќе завршам сигурно како хоби ќе работам моден креатор!
Јас ќе идам на ОХБ, дефинитивно сум одлучена. Само ми е жал што нема да имам биологија во четврта година, ама тоа е.
Се двоумам јас помеѓу општествено - хуманистичко А и јазично - уметничко А. Многу сакам социологија, право, логика и етика (која за жал ја има во охб). Тоа сакам. А ми одат јазиците, сите до сега што ми се учени, психологија.
во 3та имаш: македонски јазик , прв странски јазик, втор странски јазик, математика, историја, биологија, хемија, физика, спорт, географија, латински јазик, програмски јазици
Штом ги сакаш овие предмети би ти советувала да одиш општествено-хуманистичко А. Бидејќи и во ОХ имаш јазици - англиски, германски/француски и латински. А во јазично само италијанскиот мислам дека ти е плус јазик.
но латински во општествено-хуманистичко А имаме само во 3та, додека во јазично-уметничко А имаат и во 4та сепак не е толку битно латински, мене ми е тежок, она падежине...уфф германски 4 не ги научив, а не па латински 6 имаш уште време за размислување, ама и јас би ти препорачала општествено-хуманистичко А да одбереш...и самата кажа дека сакаш социологија, право и логика...а и штом ти одат јазици не би требало да биде проблем латинскиот сепак ти си знаеш најдобро
Во трета изборни се ликовно, музичко и педагогија, а четврта ликовно, музичко, психологија и драмска уметност. Конкретно кои теми се изучуваат не знам, кај нас никогаш не се ни формира таа паралелка ..
Е сега јас се мислам за в година дали да бирам Јазично-уметничко под Б. Или пак да одам на Општествено Хуманистичка. За јазично сакам поради тоа што планирам да одам на драмски потоа здравје,ама постои опасност ако не успеам на драсмки се мислам помеѓу Политички Науки или пак Социлогија. За овие два која ми е најубава опција?
Општествено хуманистички, пошто после за запишување на факултет ќе треба да имаш интерен за матура - социјологија земено, Спојлер односно ако не се лажам 2 од овие треба да одбериш 1. Социологија, 2. Историја, 3. Филозофија, 4. Класични јазици (Латински, Старогрчки) а предметите кои што си ги учел само една година со 2 часа неделно не можеш да ги полагаш. Ако одиш на јазичен б, автоматски социологија и јазикот ти отпаѓаат ( всушност и за филозофија не сум сигурна пошто се учи само во 4та како редовен, ама дека е со 3 часа мислам дека можи (сепак не сум сигурна)), инаку и со А и со Б ќе можеш да полагаш социологија, со избор А доколку и во втора изборен си зела јазик, ќе можеш и јазикот да го полагаш и се разбира со избор Б со сигурност ќе можеш и филозофија да одбериш.
Немој да мислиш дека се учат нешто посебно јазиците во јазичен смер. Учиш италијански/шпански (почетен степен) и латински (во III и IV година), а останатите предмети се педагогија (III година), психологија и компаративна книжевност (III и IV). Без навреда, во тоа подрачје отсекогаш оделе послабите ученици поради тоа што не се форсираат толку предметите како физика, хемија и математика, па ако сакаш да поминеш полесно тогаш избери јазично. Во ОХА имаш вовед во право, социологија и латински (во трета година), а во четврта година економија, менаџмент и логика. Да не бидам пристрасна зошто јас сум на овој смер, предметите се доста интересни и освен класично предавање, добар дел од часовите одвојуваме за разговори и дебати за некои општи актуелни теми поврзани со предметот. Бизнис и претприемништво и филозофија се учат во сите смерови во четврта година.
Па математика, физика хемија не се учат ниту во ОХА. Во трета и јазично ги учат како редовни, а во четврта како и јазичните, така и општествените ги немаат. Инаку дека најмалку се учи не е точно, можеби во твоето училиште, но не значи дека е до смерот, туку до професорите .. кај нас баш на општествен се послабите. Педагогија по цела тема се зема во час-два и секоја втора недела или се испитува или тест (за кој патем не ни му стига време на децата што научиле за 5ка да го довршат), германски професорката што му предава на изборни на мојата генерација е ... Спојлер кај нас на тие што учат германски редовен, франциски му е во изборните, а на тие што му е француски редовен учат германски изборен (не се секаде шпански и италијански) , ни малку лесно не си поминуваат, од друга страна пак само да ги видам учебниците за општествен смеа ме фаќа, како тетратчиња се и колку што имам разгледано се општи и веќе познати работи, за кои не треба многу, многу учење.