^ Исто е кај нас за општествените, но мене правово во срце ми е. Може нема да одам тој смер, ама правен факс ќе одам.
Физика, хемија и математика се учат и во ОХА - муабетот ми беше дека во јазично не им се посветува исто толку внимание... да бидеме реални, тестовите и барањата не не со иста тежина. За ОХА покрај лекциите мораш да имаш општи познавања и да бидеш логичар, инаку нема да имаш висока оценка во текот на годината. На крај било кој смер да си се настојува секој да има повисока оценка поради тоа што предметите се учат само една година и повеќе прогледуваат низ прсти. Има книги што се лесни, како на пример бизнис, ама има и толку комплексни (логика) што нема шанси да ги разбереш освен ако не ти објасни убаво професорот. На сите што се двоумат каде да одат нека ги изберат тие предмети што највеќе им лежат, не се водете само по тоа на кој факултет после сакате да учите.
Пак ќе кажам - до училиштето е .. Кај нас во трета не се одделуваат класовите, мешани сме. Децата со кои што сме учеле во прва, учиме и во четврта, само на изборните часови се одделуваме .. Физиката за сите е иста во трета, нема посебни тестови, нема попуштања, нема прогледувања низ прсти!
Ako saka nekoj sto e na PMB da mi kaze dali e lesen smerov, lesen vo smisol da ne e naglasena matematikata a fizikata i hemijata da se poveke svrteni kon biologija i medicina. I dali tie programski jazici se teski za izucuvanje? Uste se mislam pomegju ovoj smer i OHB..
Па ПМБ е првенствено за оние кои понатаму планираат да одат на медицинските науки. Програмските јазици во овој смер е прилично лесен предмет, математичарите при ПМА ќе треба малце повеќе да се помачат, а Б-комбинацијата учат полесни задачи и имаат многу помалку материјал за учење. Хемија и биологија нема ништо ново, сè е повторување од претходните години и нешто плус, како надоградување на веќе ученото. Во трета година има Латински јазик, а во четврта има Биофизика. Смерот е повеќе за оние кои имаат претензии кон медицинските науки, ама ако одиш да речеме психологија или педагогија, тогаш дефинитивно треба да си бираш ОХБ. Совет до сите оние кои треба да бираат смер - не избрзувајте и убаво размислете, затоа што мноооогу е полесно ако на пример од ПМБ одиш на фармација да речеме и од ПМА на градежен факултет. Половина и повеќе од работите ќе ви бидат многу појасни, барем во прв семестар.
Блу, јас сум во клас мешано со ПМБ. И да ти кажам право, истото што го учиме ние ЈазичноА, го учат и тие. Не би можела да кажам дека повеќе се учи физика и хемија од математика или обратно, затоа што се на исто ниво. Е сега во четврта година, мислам дека повеќе ќе се осврнат на тие предмети (бидејќи ние веќе нема да изучуваме физика, хемија и биологија). Биологија исто нормално се учи, ништо повеќе од другите смерови.. ист е материјалот за сите смерови. Е сега за програмски јазици од тоа што го слушам од нив, на некои им е тешко, на некои не им е. Ако те бива за тоа оди таму. Има баш разлика меѓу ПМБ и ОХБ, не знам како се двоумиш меѓу овие две. Едново се учат општествени науки, на другово природни. Јас би ти препорачала да одиш на тоа што повеќе те бидува. Плус многу зависи од она што планираш да го учиш понатаму.
Па не е баш тешко, особено ако те интересира тоа Програмски е доста поврзано со математика, всушност правиш програми за добивање на решенија за математички задачи,но не е воопшто тешко, барем мене не ми беше, баш напротив, всушност е доста интересен предмет, во глобала само изведуваш формули, на ПМБ се изучува паскал .. Спојлер задачите се нешто од овој тип: Да се состави програма која што ќе определи дали даден број е број на Амстрог (Број на Амстрог претставува број кај којшто збирот на цифрите на степен кој претставува бројот на цифри во бројот е еднаков на самиот тој) Или од матрици ДСП за определување максимален елемент во горнотријаголна матрица Биологија и Хемија е повеќе надополнување на работите што веќе си ги изучувал, малку подлабоко се навлегува, но во глобала се веќе учени работи, а физика само првата тема е биофизика, останатите натаму се слични со оние на ПМА.
вака значи идната година ќе идам гимназија јас многу сакам економија и сто мислите вие да одам гимназија па смер бизнис и после економски факултет или да идам во економска па после економски факултет??
Fala vi devojki, inaku Tenkai se dvoumam zasto me interesiraat i opstetstvenite i prirodnite nauki. Od edna strana ja sakam biologijata, hemijata a voedno i medicinata (opsta, psihijatrija, nevrologija i sl.) a od opstetstvenite psihologija, istorija, pedagogija. Isto se mislam i megju dva fakulteta a sepak OHB mi se cini za najdobar izbor zasto ne mozam da ucam fizika uste edna godina, a i programskive jazici. Sepak, seuste nemam odluceno..
Ма бравос! Е овде сите можеме да го видеме твоето ниво на логика ! Како може, стварно не ми е јасно, да се вели дека тестовите биле потески во ОХА или ПМ или незнам што.. За јазично треба да имаш способности за јазици и литература (зборувам за А) За ОХА, треба да знаеш да читаш, бубаш поточно... хемија, физика - сите во трета учат исто, само во 4та ПМ учат соодветно.. Кога се бира смер, не се гледа воопшто тоа, какви биле барањата.. ццц сваштааа
здравко девојки! јас уште оваа година и ке одам средно но незнам каде. сакам да се запишам во интернат во Скопје па ќе ве молам некое искуство, некое школо да ми препорачате и сл.и ќе ве молам да ми кажете како ви било без вашето друштво таму бидејќи јас не сакам да одам никаде без моето друштво
Кхм кхм, само формалната логика, за инструментална да не збориме зошто ти не ја препознаваш. Не ти е јасно затоа што секое школо си е различно. Ако класовите се чисти, пример чисто јазично или општествено тогаш повеќе се фокусираат на изборните предмети, а помалку на останатите. Јас учам во ОХА а сме мешани со ПМБ, така да кај нас на сè се обрнуваше внимание. Кога учевме физика или хемија учевме се, со примери и задачи наменети за ПМ. Кога јазично или некој друг клас го учеа истото не решаваа задачи поради тоа што едноставно смерот не е таков да има потреба да се бараат задачи. Сега јасно ти е? Најдобрите гимназии во Скопје се Корчагин, Орце, ЈБТ, Георги Димитров и Никола Карев. Твое е да одлучиш каде ќе одиш, зависи од успехот досега и од тоа дали повеќе сакаш да учиш тука или да се дружиш. Кога дојдов во мојот клас во прва година средно немаше никој што го знам. На почетокот беше малку потешко, затоа што сите веќе се дружеле од порано а јас бев комплетен странец меѓу нив. Со тек на време ќе се запознаеш со сите и ќе се здружите. Имаше исто и дете дојдено од Маврово првпат во Скопје и сите доста брзо се спријателивме со него, така да нека не те кочи тоа што си од друг град. Немој да си врзана за тоа друштво, прошири ги познанствата, многу пријателства те чекаат во средно.
Најдобрите гимназии во Скопје се Корчагин, Орце, ЈБТ, Георги Димитров и Никола Карев. Твое е да одлучиш каде ќе одиш, зависи од успехот досега и од тоа дали повеќе сакаш да учиш тука или да се дружиш. Кога дојдов во мојот клас во прва година средно немаше никој што го знам. На почетокот беше малку потешко, затоа што сите веќе се дружеле од порано а јас бев комплетен странец меѓу нив. Со тек на време ќе се запознаеш со сите и ќе се здружите. Имаше исто и дете дојдено од Маврово првпат во Скопје и сите доста брзо се спријателивме со него, така да нека не те кочи тоа што си од друг град. Немој да си врзана за тоа друштво, прошири ги познанствата, многу пријателства те чекаат во средно. [/quote] и мајка ми ми велеше исто треба да си гледам за мојата кариера а не друштвото.и тоа е точно дека таму ќе стекнам нови пријателства но малку бев исплашена во секој случај ти благодарам за ова што ми го кажа
и јас кога се запишав не познавав никој од класот...во почетокот се дружев со тие од основно и од маалото, дури и поинтересно ми беше кога не учевме заедно па после си раскажувавме што како... после некое време некако се оддалечивме и се повеќе и повеќе се здружувавме со од клас за школо ако сакаш гимназија одбери од овие 5, а стручно можеш економско, ГУЦ....воопшто немој да грижиш за друштвото, сигурно ќе најдеш некој....
Кога дојдов во мојот клас во прва година средно немаше никој што го знам. На почетокот беше малку потешко, затоа што сите веќе се дружеле од порано а јас бев комплетен странец меѓу нив. Со тек на време ќе се запознаеш со сите и ќе се здружите. Имаше исто и дете дојдено од Маврово првпат во Скопје и сите доста брзо се спријателивме со него, така да нека не те кочи тоа што си од друг град. Немој да си врзана за тоа друштво, прошири ги познанствата, многу пријателства те чекаат во средно. [/quote] и мајка ми ми велеше исто треба да си гледам за мојата кариера а не друштвото.и тоа е точно дека таму ќе стекнам нови пријателства но малку бев исплашена во секој случај ти благодарам за ова што ми го кажа [/quote] и јас кога се запишав не познавав никој од класот...во почетокот се дружев со тие од основно и од маалото, дури и поинтересно ми беше кога не учевме заедно па после си раскажувавме што како... после некое време некако се оддалечивме и се повеќе и повеќе се здружувавме со од клас за школо ако сакаш гимназија одбери од овие 5, а стручно можеш економско, ГУЦ....воопшто немој да грижиш за друштвото, сигурно ќе најдеш некој.... [/quote] а дали има средно училиште поврзано со архитектура, можеби од овие што ми ги кажавте има за архитектура ама јас не ги знам па вака ако можете да ми кажете... инаку ви благодарам и на двете
Во ГУЦ, покрај гимназиско образование има и архитектонски техничари, градежни техничари и геодетски техничари што пак не е тоа што ти сакаш во вистинска смисла на зборот. Мој предлог ти е да се запишеш во гимназија, па после на факултет можеш да останеш тука и да се запишеш на архитектура.
еве само за 3та...за 4та не ги знам задолжителни се македонски јазик, прв странски јазик, втор странски јазик, математика, физика, историја, хемија, биологија и спорт а изборни... во ОХБ се етика, социологија и педагогија/или психологија во ЈА се латински јазик, италијански јазик и педагогија