Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Насоки во гимназија

Дискусија во 'Образование' започната од LovelyGirl, 10 февруари 2010.

  1. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    18.026
    Се извинувам за големината на одговорот.
    Во трета:
    ОХБ
    Задолжителни:
    Македонски
    Математика
    Англиски
    Втор странски
    Историја
    Биологија
    Физика
    Хемија
    Спорт
    Изборни:
    Етика, Социологија,Педагогија
    ЈА:
    Задолжителни:
    Македонски
    Математика
    Англиски
    Втор странски
    Историја
    Биологија
    Физика
    Хемија
    Спорт
    Изборни:
    Трет странски јазик ( француски, германски, италијански,руски)
    Класични јазици (латински или старогрчки)
    Педагогија
    Во четврта:
    ОХБ
    Задолжителни:

    Македонски
    Математика
    Англиски
    Втор странски
    Филозофија
    Бизнис
    Спорт
    Изборни:
    Социологија, Филозофија, Психологија,Историја.
    ЈА:
    Задолжителни:

    Македонски
    Математика
    Англиски
    Втор странски јазик
    Филозофија
    Бизнис
    Спорт
    Изборни:
    Трет странски јазик, класичен јазик, психологија, компаративна книжевност
     
    На tropix4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tropix4e

    tropix4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    141
    ова се сите изборни па ти бираш еден или треба 3 да се изберат?
     
  3. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    тоа се изборни кои доаѓаат со подрачјето...значи ти бираш подрачје и со тоа ги бираш и тие три изборни предмети...сите се учат, не се бира меѓу нив....може некој од изборните предмети нема да ти е интересен (како мене латински) ама тоа е.... :)
     
    На tropix4e и Antolinaa им се допаѓа ова.
  4. Lili.lili

    Lili.lili Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Што мислите за Природно-математичко Б, да не е ептен напорно бидејќи планирам да за запишам Биохемија на факултет??
    А тежок ли е предметот програмски јазици ??
     
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Убаво подрачје е, ама не секаде се формира. Зависи од заинтересираноста на ученциите, ако немате минимум бројка ќе морате да бирате друго. Ако планираш да учиш нешто такво, обавезно оди на тоа подрачје, нема да се каеш.
     
  6. Emche55555

    Emche55555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1


    Ме интересира дали ти воопшто знаеш за што се учи во ЈБ и кои се предметите? Јас лично сум ЈАЗИЧНО УМЕТНИЧКО Б, сум непушач и сум скроз одлична 5.00 ,не затоа што ми е лесно.. Туку затоа што се трудам.. Знаеш ли ти дека учениците од Јазично уметничко Б секоја година организираат по 2 СВИРЛОЖБИ годишно и дека сите ученици на ЈАЗИЧНО УМЕТНИЧКО Б и професорките максимално се вклучуваат и ангажираат околу тоа. Целта на таа СВИРЛОЖБА е ние да покажеме што ние сме работеле преку целата година.. Значи, имаме некаков производ од целата година , освен оценките.. Дали другите смерови организираат настани во кои се гледа успехот? НЕ, тука се само оценките ,така? Затоа немој да зборуваш за некои твои изнесени факти , без аргументи.. Со оваа порака те поканувам на следната наша СВИРЛОЖБА што ќе се случува во нашето училиште НИКОЛА КАРЕВ и после тоа ќе ја ставаме уметноста во наводници ако е потребно.. АМА да присуствуваш, па после да збориш вакви работи.. Не цениш уметност, не цениш талент?? Не одат децата на ЈАЗИЧНО УМЕТНИЧКО Б за да им биде полесно.. Туку бидејќи ја сакаат и ја ценат уметноста.. А таа не треба да стои во место ,туку секој ден треба да се измислува нешто ново =) Можеби збориш вака бидејќи самата не си дел од тој смер.. ама верувај не е лесно.. Не може секој да биде уметник.. Не може секој да нацрта дело кое ќе ги остави другите без зборови.. Не може секој да излезе на сцена и да засвири и запее слободно и со цело срце.. Тоа е талент и огромен труд вложен и од страната на учениците, и од страната на професорките !
     
    На sexymama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    не планирам некого да навредувам или да омаловажувам...до сега присуствував на една свирложба, и да можеби е интересно, точно дека не може секој да црта и да свири...но да бидеме искрени нема просперитет од уметноста, барем не во нашата држава, не се цени доволно...со тоа може само да свириш по кафани или евентуално да продаваш слики пред трговски за 250ден., такво ни е општеството...значи ова е МОЕ мислење и НЕ мора да се согласите...и уште нешто, од мојот клас има неколку што се на ЈБ и што многу пати не биле на часови, а не се запишани во дневникот и нормално немаат изостаноци, додека од другите подрачја сите запишуваат кој е отсутен................
     
  8. Elena1995

    Elena1995 Активен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Кога го прочитав текстов се почувствував како да се наоѓам во времето на инквизицијата. Вакво нешто може да напише само ограничен и сиромашен ум. Каков створ може да напише ваква дебилна работа? Каков човек може да даде вакви квалификации за своите соученици? Од каде ти е информацијата дека во ЈБ одат најслабите ученици и дека имаат најлесни предмети? Во ЈБ се учат истите 9-10 предмети кои ги имаат и другите насоки и за кои треба да се буба (активност која ти очигледно високо ја цениш) и 2 предмети - музичко и ликовно, за кои треба да имаш ДАРБА (благослов кој ти гарантирано го немаш). Пардон, имаш дарба - злобна и исфрустрирана. Во ЈБ одат надарените, а не слабите ученици. Одат учениците кои имаат душа и љубов за на таквите како тебе да им подарат убавина. Можеби тоа е твојот проблем. Ние сме малубројни, а ти си една од многуте. Секој може да седне и да набуба, но малубројни се оние кои можат нешто да создадат. Од каде ти е храброста (поточно глупоста) да не наречеш губитници? Можеби токму меѓу овие 30-тина лузери се наоѓа авторот на некое идно музичко, ликовно или литературно ремек дело на кое ќе му се восхитуваат сите (освен ти - се разбира). И која си ти да кажеш кој каде треба да учи или кои насоки треба да постојат? Велиш учениците од ЈБ не оделе на часови, излегувале и оделе да пушат кога сакаат? Од каде знаеш ти? Ако си сигурна во ова значи дека си била со нив - значи и тебе те пуштаат од часови, така? А ако не си видела со сопствени очи, тогаш лажеш. И те молам, не се секирај за нашиот просперитет и дали ќе свириме по кафани или ќе продаваме слики за 250 денари. Сакаш да кажеш дека не постојат физичари, хемичари, правници, математичари, психолози... кои работат за исто толку? А ако ти баш сакаш да просперираш, па можам да ти препорачам некои професии каде се заработува мноооогу повеќе, а за кои дури не ти ни треба гимназија. За крај, една препорака или уште подобро покана. Некој ден симни се во „ненормалните“ училници и биди ни гостинка на еден наш час. Дозволи да ти покажеме како е да се биде ученик во вистински смисол на зборот. Како е да се биде ученик кога имаш право на сопствено мислење и видување, кога имаш слобода за изразување и творење и кога од спротивната страна имаш учител, пријател, воспитувач, педагог, човек, а не робот кој ги регистрира точните одговори. Дојди да ти покажеме како се учи со љубов и душа. Можеби ќе ти помогнеме да ги пронајдеш човечноста и чесноста кои ќе му помогнат на твојот плиток и заробен ум.
     
  9. vasp

    vasp Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Alo misevi! Sto e za vas umetnost be? Vie stvarno mislite deka pod "umetnost" se podrazbira nesto sto e nacrtano? A kade pripagja seto ona sto go gledate okolu vas?! Dali mislite deka stolceto na koe vo momentov sedite ne e umetnicko delo?! E i toa kako.
    Ona sto ve opkruziva go zanemaruvate, ne obrnuvate vnimanie na nisto i na kraj se praite kao nisto da ne ste videle. Otvorete gi ocite za da gi vidite vistinskite svetla na mestoto vo koe se naogjate.
    Umetnost e nacin na ziveenje. Postoi za da ne ispolnuva, da gi popolni onie ogromni dupki koi bi gi imalo ako taa ne bi bila ovde, okolu nas. Sekade okolu nas. Se' sto gledas e umetnost.
    So vasite prazni i prosti misli ja iskazuvate vasata ednostavnost. Kako na vaseto celo da si pisuvate "toa sto site ke go pravat ke go pravam i jas". Nemate avtoritet, a so toa ne ste ni covek. Kako sto kaza Elence, dojdete na cas da vidite vo kakov ambient nie rabotime, so kakov duh i ispolnetost pravime nesto sto sakame, a za ucenici da ne prisustvuvaat na cas ne e mozno zaradi toa sto nie na ovie casovi odime so LJUBOV i ZELBA. Ovie casovi se edinstvenata pozitivna rabota od ova posrano obrazovanie.
     
    На Wild.Child и Elena1995 им се допаѓа ова.
  10. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    се извинувам за офтопик......но морам да ги прашам vasp и Elena1995 од кое училиште се, т.е. дали сте од Карев? ;)
     
  11. vasp

    vasp Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    da da, od Karev sme
     
  12. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    18.026
    Како да не во ЈБ иделе слаби ученици..

    Идат ученици што имаат дарба и што планираат да идат после ликовна или музичка академија. Не секој има можност да се запише во Скопје и да учи средно уметничко, мислам логички ако размислуваш.
    Не сум ЈБ, но другарка ми е таму и знам дека истите предмети ги учи како сите останати плус ликовно,музичко,драма ( во склоп на уметностите зборувам).
    Не можам јас да земам и да излезам на бина, да глумам зашто не ни знам, немам таква дарба.

    Иритирачки се ваквите генерализирања за тоа какви ученици иделе во тој смер..
     
    На Aniston и Elena1995 им се допаѓа ова.
  13. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Јас како што сум информирана во мојата гимназија има 3 насоки тоа се математичко,ОХА и јазично уметничко,ама сега слушнав нешто дека имало и насока нешто економско.Јас се запишав гимназија поради јазиците така да најверојатно ќе одам јазично уметничко бидејќи математика сум слаба а дуго не ми се учи :)
     
  14. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    ^^па и тоа всушност се 3 (општествено-хуманистичко, природно-математичко и јазично-уметничко) само што секое има А и Б, па така излегуваат 6 :) инаку јас имам слушнато дека во Корчагин имаат само 3 смера (не знам кои) :wasntme:
     
  15. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Во Корчагин се само природно-математички А и Б и општествено-хуманистичко А.ОХБ се формира само ако има голем интерес, читај-тешко дека ќе се оформи клас со тој смер, а јазично-уметнички нема... :geek:
     
  16. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    А во Корчагин слушнав скоро дека се оформил јазично-ликовен/уметничи смер.Вистина е? :?: И ако некој учи во Корчагин,ќе може да ми каже нешто?Ми викаат стално дека во Корчагин барале многу знаење и интелигенција.Добро,знам,имам солидни оценки,одлични,ама викаат дека мноооооогу се учело,и дека ќе скапеш 4 год. учејќи.Вистина е?
     
  17. vasp

    vasp Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Иначе Smurfette, со самата слика што ја имаш стаено покажуеш колку си зрела и како размислуваш. Колку тебе всушност општеството ти го пере мозокот ;)
     
  18. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    ^^молам? а на кој начин мене општеството ми го пере мозокот? ;) а за размислувањата, тоа се мои ставови и си се држам до нив...не можеме сите да размислуваме исто, ниту пак да го наметнуваме своето мислење на другите... :)
     
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Првенствено, како ученичка во елитна гимназија, многу е лошо да живееш во вакви рамки и предрасуди.
    Барем на ЈБ се учи нешто повеќе, стекнуваш некој сенс што не би го имал на ниту едно друго подрачје.
    Исто како што нема да биде во ред да ти кажам дека на ОХ се само татините ќеркички што со врски проаѓаат 5.00, така и твоево паѓа во вода.
    Ајде малце гледајте реално без друг да ви пика влијанија во глава. Не сте мали.
     
    На Aniston му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Јас баш мислам дека во Јазичните смерови се построги, незнам зошто но кај мене е така...

    А баш имав случај, да замолам за помош петкаш од математичко да ми објасни едни задачи математика пошо сум тапа, и незнаеше, а пази иста математика учиме, тој само нешто повеке. Учат и програмски а немат значи појма од компјутери, буквално добив прашање, ако знаеш Ц++, ај кажи нешто да видам како звучи.. епа тапи ! Не велам дека сите се такви, но ги има. И тоа многу... Од задачи се побркуваат, и на крај ништо не знаат.

    А ОХА, плачат секој 3ти 5ти, социологија и право било тешко да се набуба, се било за на памет ! :?:

    Извади 5ка по компаративна ако си способен :P