ех да бев кај вас.... како сум исфрустрирана откако почнав со количката да се движам богами би можела и да натепам некој .тротоари никаде слободни,приоди за да влезеш или да се качиш со количката скоро никаде.а бе на пешачки ке те испогазат-никој нема почит дека дремеш таму со бебе. протестирајте и за мене мамички.ја имате мојата поддршка-ако нешто значи.
Драги родители, SKOPJE CITY MALL во рамките на своето општествено - одговорно работење за развој на заедницата Ве поканува да учествувате на САЕМОТ ЗА ДЕЦА кој ќе се одржува во периодот од 20 – 23 НОЕМВРИ 2014 год на вториот кат во трговскиот центар. На овој саем кoj традиционално го организираме, за прв пат во Македонија подготвивме и БЕЈБИ ДЕН посветен исклучиво на нашите најмили - бебињата. Целта на настаните во рамки на бејби денот е низ игра и забава да дадеме поддршка на Вас родителите и заеднички да размениме искуства за грижата, здравјето и благосотојбата на најмилите. Ве покануваме да дојдете во САБОТА на 22-РИ НОЕМВРИ со почеток во 13:00 часот во SKOPJE CITY MALL и заеднички да учествуваме во: ПАРАДА на уникатно декорирани бебешки колички БЕЈБИ ОЛИМПИЈАДА - ТРКА ВО ЛАЗЕЊЕ и ТРКА СО ДУБАЧИЊА
Сакам да прашам дали претходно треба да се пријавиме некаде за олимпијадата или таму на лице место се пријавуваш (мислам ги пријавуваш малите палавковци). Ние сме за трката за лазење