Наталитет и фертилитет во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од senjorita.lombardi, 31 октомври 2012.

  1. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    754
    Бројот на родени деца по жена е повисок во посиромашните земји. Фертилитетот и наталитетот се помали во најбогатите земји. Што е пресудно? Науката и анализите даваат јасен одговор. Семејните вредности, посветеноста на бракот, верата и повеќе други фактори. Материјализмот и егоизмот носат празни градиники и училишта. Себичноста носи осаменост во староста и лична несреќа.

    Каде отидоа оние луѓе, каде отиде она време каде отидоа оние навики да се сака многу, а да се живее со малку. Дали исчезнаа заедно или секое од нив пооделно. Вака Петре М. Андреевски го започнува расказот во кој пишува за жената која приморана да работи за дневница го носи своето тукушто родено бебе по нивите каде што аргатува и која работи многу побрзо за да има барем трошка време, да појде кај своето дете и со своето тело го затскрие и му направи малку сенка од жешкото летно сонце.

    Тоа е времето на нашите мајки и баби, кога се живеело со малку ама се имало многу деца. Време не многу дамнешно, луѓето од ист сој, а навиките сосема други. Некои нови навики, некои нови вредности, не’ донесоа до тоа дереџе да исчезнуваме како народ, да не’ има се помалку.

    Минатата година во Македонија биле родени 11.485 деца, од македонската етничка заедница, наспроти нив, истата година починале 14.409 лица. Македонската заедница лани се намалила за 2.924 лица, односно за 0,2 отсто. За разлика од македонската заедница, кај албанската е забележан значителен природен раст на населението.

    Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани се родени вкупно 7.093 бебиња од албанската етничка заедница, додека истата година починале 3198 лица. Соодносот меѓу новородените и умрените е 2,2 наспроти 1 во корист на новородените. Природниот прираст на оваа етничка група е позитивен зoшто бројот на новородените е за 3.895 поголем од бројот на починатите лица. Со оглед на ова, бројноста на албанската заедница, која изнесува околу 500.000 лица, е зголемен за 0,8 отсто.

    Само за споредба во 1950 година во Македонија се раѓале 50.000 бебиња, во 1980 година - 40.000, во 2011 се родени 22.000.

    Ови бројки кажуваат се. Ако овие трендови продолжат ние не само што за извесен период ќе станеме малцинство во сопствената држава, туку и ќе не снема. Доколку во 1950 година биле родени 50.000 бебиња, тие во 2020 ќе имаат 70 години, што значи дека бројот на умрени Македонци во 2020 година од 14 илјади би можел да се искачи на околу педеест илјади, а наталитетот останува ист. Тоа би довело за околу десет години бројот на Македонци секоја година да се намалува за 40 илјади.

    Македонија во моментов има стапка на фертилитет од 1,4 дете на жена, а минимумот за проста репродукција треба да изнесува 2,1 деца на жена. Македонија има 30 отсто помал фертилитет од најмалиот минимум за обично одржување на бројот на населението. Драматични бројки кои сериозно не тераат да размислиме кој е причината што во нашите семејства се раѓаат се помалку деца. Која е причината поради која на овој проблем до сега не му се давало речиси никакво значење.

    Неупатените најчесто говореа дека деца се раѓаат се помалку поради влошената економска ситуација. Парите биле основна причина поради која младите се поретко се одлучувале да стапат во брак, да имаат второ или трето дете. Меѓутоа фактите говорат нешто сосема друго. Економската состојба е важна, меѓутоа не е најважна.

    Сиромашните имаат повеќе деца од богатите

    Бројот на родени деца по жена е повисок во посиромашните земји. Фертилитетот и наталитетот се помали во најбогатите земји.

    Според податоците ЦИА една жена во Нигер раѓа во просек 7,16 деца, во Мали 6, 35, Сомалија 6,26, Уганда 6,14, Бурунду 6,08 и Буркина Фасо 6,07. Во сите овие држави се гладува. За разлика од овие земји во богатите земји како на пример Хонк Конг жените раѓаат во просек 1,09 деца, Тајван 1,10, Јапонија 1,39, Австрија 1,41деца. Овие бројки се’ кажуваат.

    Доколку парите се главен проблем тогаш како може да се објасни ова но и фактот што во 1950 година биле раѓани 50 илјади деца, за разлика од денешново време кога се раѓаат дупло помалку односно 22 илјади. Можеби денес е тешко, но тогаш сигурно било многу потешко.

    Хедонизмот, егоизмот напуштањето на вистинските вредности, односно напуштањето на верата во бога, некои навики и погрешни вредности кои станале општо прифатени во комунизмот, засилени со денешните холивудски вредности, тоа е она што ја убива македонската нација. Демографскта криза не е започната сега, таа е започната уште во шеесетите години од минатиот век кога беше прекината традицијата на многудетството, традиција која е најзаслужна што постоиме како народ. Тоа е времето кога и масовно почнуваме да се откажуваме од Бога.

    Биолошката смрт, неможноста за репродуктивност е само последица на духовната смрт кој што ни се случила претходно.

    За биолошки и демографски да се оправиме по се изгледа дека неопходно ни е духовно препородување и враќање кон вистинските вредности. Вредности кои не учат дека дури и тогаш кога треба да се живее со помалку не треба да се очајува, туку да се бориме за повеќе, да се сака повеќе и да се има деца повеќе.

    М Милиќевиќ
    превземено од Денешен весник, и ако темата е дупла слободно заклучете ја

    Мое лично мислење на оваа тема е дека лошите животни услови, нискиот стандарт на нашата држава, ниските прозирни плати не издржуваат да имаме многу деца, оти за тие деца да ги изгледаш и да ги образуваш, да ги превориш во луѓе требаат пари, нашите плати не покриваат и редовни прегледи во бременоста, ни лековите, а каде се па децата и нивните потреби. Ако едно семејство во Македонија има повеќе од 4 деца треба да има големи примања, за да имаат добар живот. За несреќа кај нас со нашите плати, не стигаат ни за само за брачните парови, а да не ги спомнуваме децата. Високиот степен на морталитет го ствара државата и нејзината политика без разлика кој и да е на влас.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.692
    Допаѓања:
    50.092
    Пол:
    Женски
    Интересно ми е што денес како една од најглавните причини за одлагање на бременоста се посочуваат финансиите. А порано кога имале по 8 деца, богаташи биле луѓето?

    Повеќе абортуси има денес отколку раѓања. (facepalm) Колку трагично.
     
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.631
    Допаѓања:
    232.933
    Не се веќе интересни изјави од типот порано на нива раѓаа, сега по болници, порано 8 деца сега 1-2, како порано со се и сешто ги ранеа сега толку пазење, па како и тие деца биле изгледани и ништо не им е...
    Не гледам ништо за восхитување во тоа да родиш 8 деца на кои немаш доволно финансии да им пружиш балансирана исхрана, соодветна медицинска нега кога е потребно, облека соодветна за сезоната, барем минимални услови во домот...

    Со што ќе ги рани и гледа човек тие деца, со кои пари, е вистинското прашање.
     
    На Lolo5, Annath, Mishela и 26 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.692
    Допаѓања:
    50.092
    Пол:
    Женски
    Парите не се проблем за оние што знаат како да ги распределат и трошат. Не сум мајка сеуште, но сум сведок на семејства кои иако немале многу пари, никако не прифаќале абортус како опција. И ете, на децата не им фали ништо. Акцент ставив на абортусот, иако темата е поширока, затоа што денес има повеќе абортирани отколку родени деца, а тоа е голем дефект врз наталитетот.
     
    На Kitty23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.631
    Допаѓања:
    232.933
    Парите се проблем, голем.
    Треба да ги имаш за да имаш што да трошиш и што да распределуваш.
    Да не набројувам што се си бара едно бебе и колку пари одат по него, а посебно што има и голема вистина во она поголеми деца поголеми трошкови.
    Не можеме акцент да ставиме на само еден аспект, односно абротусот, кога веќе си има тема само за него, а тука се разгледува комплекс од најразлични фактори и околности.
     
    На Lolo5, dunika, Annath и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.692
    Допаѓања:
    50.092
    Пол:
    Женски
    Секој според своите искуства... :)
     
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.100
    Допаѓања:
    285.307
    Е како парите не се проблем, кога СЕ.

    Од што ќе го храниш тоа дете?
    Нетреба никакво искуство, туку резон треба.
     
    На Lolo5, Annath, Mishela и 15 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.058
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Работата е што ти немаш искуство.
    Јас имам едно дете, ама за уште едно немам финансии. Да почнеме од бременост само колку пари одат на испитувања, не дај боже некаков проблем да се има, потоа од станбен аспект, на крај од секаков друг. Месечно за пелени колку одат само, храна, формула ако треба.
    Каков квалитет на живот имале тие осум деца порано е прашање, а и колку од нив преживувале.
    Денес знаеме подобро и правиме подобро.
     
    На Lolo5, dunika, Annath и 23 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.692
    Допаѓања:
    50.092
    Пол:
    Женски
    Можеби немам јас дете, но сум директно поврзана со семејства кои имаат и знам како функционираат. :) Не мора одма потценување. :)
     
    На Βικτωρία му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    1.854
    Допаѓања:
    66.385
    Ајде @Bitter-Sweet ако сакаш објасни ни како парите не се проблем, бидејќи во твоите постови нема факти туку само претпоставки врз основа на некое време во минатиот век и врз основа на никакво родителско искуство.
     
    На Lolo5, theowndemon, blueeparadise и 5 други им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.058
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Не е потценување. Факт е. Искуство е нешто кога сама ќе искусиш. Ти сама не си искусила, значи немаш искуство.
    И јас пред да останам трудна не знаев колку пари е скрининг, колку се клексани, колку се витамините, како се менува исхраната...
    Па колку се пелените, кремчиња, триста работи.
     
    На Lolo5, Annath, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  12. BlackNight

    BlackNight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    3.489
    Пол:
    Женски
    ^
    Никогаш не можеш да знаеш друго семејство како функционира. Може само да мислиш дека знаеш. Најдобро работите се чувствуваат на своја кожа. Дај Боже секој кој сака да искуси родителство, ама навистина не гледам логика во тоа да се штанцаат повеќе деца ако се нема услови. И не се враќајте во минатото, зошто минато е. Сега ако вашето дете го осудите на живот без одредени нешта кои секое дете ги има, верувајте ќе регресираат во процесот на социјализација, а богами и едукација и професионално оспособување, па и во растот и развојот не дај Боже. Мора да се развиваат согласно опкружувањето и да одговорат соодветно на неговите предизвици. И аман, не е детето вечно бебе, каде е школување, градинка, активности и ред други нешта.
    Убаво споменаа погоре, самата бременост имплицира трошоци, не па родителството.
    Но, да одиме подалеку. Сега жените работат, се оспособуваат професионално, имаат тенденција за тоа и кога не се вработени. Различните смени за работа на обајцата родители, недостатокот на помош зошто не секој има расположливи и во форма за чување деца баби, болестите кај децата од градинките и тенденцијата истите да им ги пренесуваат на новородените во семјеството, немањето простор во домот, кревките односи на брачните другари се неретко причина зошто не секој се одлучува за повеќедетно семејство. И сосем во ред и оправдано.
    И за крај и родителот треба да е нахранет, напоен и обблечен за да се грижи за детето правилно.
     
    На Lolo5, dunika, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.631
    Допаѓања:
    232.933
    Две деца имам, третото е на пат.
    Ти?

    Едит: прочитав наредни постови. Од кажано било твоето искуство.
     
    На Lolo5, Annath, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.692
    Допаѓања:
    50.092
    Пол:
    Женски
    Мора се со факти да биде? Само кажав мислење од она што го знам и гледам, она на кое сум била сведок, она од кое сум била дел.
     
  15. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.313
    Допаѓања:
    118.481
    Пол:
    Женски
    така де ене гледам ромската популација што убаво живее со по 5-6 деца, со правилен распоред на ич пари или минимална сума од социјално |(

    На глобално ниво се води битка за депопулација на населението, ресурсите се ограничени, а резервите се помали. Како ќе живее тоа население без ресурси, од што. Не е само ајде да се множиме. Треба и некаков квалитет да има тој живот. Основни потреби треба да се задоволени. Не се будали кинезите што ограничија број на 1 дете по семејство.

    Во Македонија реално стандардот ретко на кој му дозволува повеќе од едно дете.Прво трошоците се за пелени, млека, прегледи, потоа учебници тетратки,облека која е се поскапа за се поголема возраст, на крај факултетско образовани и станбено прашање. Оди со плати од 15000(премија кој зема толку) постигни го сето тоа па повеќе пати. Ами самиот ти нели треба од нешто да живееш. Нели имаш свои потреби. Не е себичност, реално согледување на можностите е.
    Нека не не залажува муабетот дека порано на нива ги раѓале па ете ништо не им фали.А зошто сите го скокаат фактот колку од тие деца не преживувале.
    Друго колкави биле трошоците во тоа време колкави се сега. Еднаш се шиеле пелени и сите наредни деца поминувале со тие. Сите во иста соба, исполегнати на сламеници. Бањање на лето, на река. Облека од волната од овците што си ги одгледувале. Легнувале коа ќе зајде сонцето пошто струја немало.А сега? Памперси, секое дете во посебна соба сака, на меко на удобно, кој би дозволил да му спие детето на земја. Туширање, пресоблекување секој ден. Греење. Излегување. Таблети,телефони, компјутери.
    Не е исто нели? Како бројот на деца да биде ист.
     
    На Lolo5, dunika, Annath и 18 други им се допаѓа ова.
  16. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    4.636
    Допаѓања:
    21.836
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet треба да се замислиш зошто на многу теми повеќето не се согласуваат со тебе.

    И баба ми биле 10 деца, ама немале кредити, немале огромни трошоци за сметки, храна, облека, пелени, а да не зборувам за непланирани трошоци што излегуваат постојано со дете.
     
    На Lolo5, danichap, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.415
    Допаѓања:
    48.851
    Пол:
    Женски
    Па да, кога дебатираш на некоја тема треба да имаш факти.
     
    На Lolo5, x.Daisy.x, Annath и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.061
    Допаѓања:
    160.692
    Пол:
    Женски
    И денес имаат по 7-8 деца луѓето во рурални средини и необразованите и неинформирани за контрацепција Роми. Животот и можностите за иднината што ги имаат тие деца се баш ,,пример“, секако.
    Многу е интересно што во 21 век образовани млади луѓе знаат за планирање на семејството и не се угледуваат на вакви примери... Многу интересно и чудно, нема што. (facepalm)
     
    Последна измена: 24 август 2017
    На Lolo5, Annath, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.692
    Допаѓања:
    50.092
    Пол:
    Женски
    Абе, стварно? Факти треба да има? Мислење и став да се пише не смее? Епа тогаш зошто ти коментираш на некои теми?
     
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    1.854
    Допаѓања:
    66.385
    Или Јуруците во планинските села. Па се радуваат ќерки да бидат што повеќе за да можат да ги продадат при мажачка веднаш штом опркнат малку од малку.
     
    На Lolo5, theowndemon, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.