1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Наталитет и фертилитет во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од senjorita.lombardi, 31 октомври 2012.

  1. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    5.313
    Пол:
    Женски
    Прво, порано жените живееле, како да кажам поотворен живот. Повеќето живееле по куќите, оделе во дворот, набирале од насаденото, ете за ручек, децата во дворот, сопрузите на нива, а помош од сосетки, баби, колку сакаш, зошто се било во духот на раѓањето, мајчинството, и жените релативно рано започнувале со мајчинство. Кажав и на друго место и се ќе ќе повторам: во тоа време имало мноогу спонтани. Да, и тоа баш од тие мајки на три-четири деца. Сами ќе ви кажат, колку пати пометнале покрај успешните беремености, секако поради недостиг на соодветна медицинска нега, која секако чини пари. Денес, доаѓаш од работа, земаш дете од баба, дедо, градинка и продолжуваш со него. Ако си бремена, а сопругот ти работи втора смена, каде ти се прегледи, одмор, па уште и ако треба да лежиш, а детето ти е пргаво, ајде што ќе правиш? Ако имаш дете кое оди во градинка, се разболува и имаш мало бебе, а немаш доволно соби да го изолираш што ќе правиш? Или некој близок што ќе го прими едното или другото, барем додека едното не заспие или слично. И доста со копнежот за враќање кон природното... Биднало, нема назад. Треба да се прилагодуваме кон постоечките услови, зошто опкружувањето нема да се смени заради нас и нашите замисли.
     
    На Lolo5 и theowndemon им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Јас се чудам зошто битер уште не е мажена, па кога ќе ги изроди сите 6-7 деца :?:
     
    На Lolo5, theowndemon, m.i.g и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Па ако ги игнорираме сите кои имаат различни мислења од нашето, како ќе се развие дискусија?
    И јас сакам дете, еве, сега, веднаш. Имам покрај себе човек кој што би сакала да биде татко на моите деца, знам дека го сакам тоа. Ама јбг, тоа не е доволно...
    А ти им пркосиш на сите со твоето "лично искуство", па баш се зачудив зошто до сега немаш веќе барем 2 деца. Па како ќе постигнеш? Ако останеш на 2 од причини што сметаш дека не сакаш повеќе, дали тоа те прави лицемерна?
     
    На Lolo5, theowndemon, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ствaрнo зoштo не рaѓaте пoвеќе децa, дa ни умре ли Мaкедoнштинaтa, не е се вo пaри, децa и сo мaлку се среќни.

    Пoтпис: Исселеник сo еднo дете.
     
    На Lolo5, x.Daisy.x, dunika и 11 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.983
    Допаѓања:
    261.047
    Секој може да има свој став.
    Е, колку ти е издржан ставот, тоа е прашањето. За издржаност ти требаат и аргументи, и факти и убаво познавање на темата.

    Мајката на баба ми не ми е репер за мајчинство, ниту условите нивни ми се репер за како треба да се чува дете.
    И такво носталгично зборување за време за кое благе везе немате, е во најмала рака смешно.

    Бидејќи, покрај тоа што имале 10 живи, имале барем 3-4 умрени браќа/сестри, оделе боси и голи, рмбале по ниви за да јадат, не баш биле образовани итн.
    Не знам зошто да се прашувам зошто повеќе не е така.

    Не треба да биде така.

    Планетата е пренаселена. Нема потреба да раѓаме по 10 деца.
     
    На Lolo5, dunika, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Леле, какво откритие од тема - пак истите муабети верглани илјада пати досега. Не може некој нешто да напише тука што веќе не сме го прочитале.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Добро бе што и се нафрлате на форумџиката и се прават оф топици со глупости?
    Океј,пишала мислење, очигледно е дека е помала и уште врска нема за финансии и како мачно се заработуваат.
    И сега ајде секоја една од нас нека ја цитира за да ја убеди дека не е во право. |(

    Веќе сте пишале доволно. Периодот кога раѓале нашите баби и овој период сега не може ни да се спореди.
    Кога не се знаело за контрацепција нормално дека повеќе бремености имало, и кога не се знаело за ГМО храна нормално дека жените без потреба од доктор успевале да ги износат до крај.
    Да, имало спонтани и тогаш, ама неспоредливо е со тоа колку спонтани има денес. Стресот, лошата исхрана, загаденоста, се си го прави своето.
    Порано луѓето сами си произведувале храна која била здрава, имале далеку помалку стресен живот од нашиот и се задоволувале со малку.
    Доволно им било да има да се касне нешто, да се облечат и да се згрејат.
    Среќа па времињата се смениле. Сега луѓето сакаат квалитетен живот а не само да преживуваат. Деца и семејство се планира, а со оглед на тоа во каква држава живееме добро е и штом се одлучуваат луѓето да чуваат деца со оглед на тоа што сме многу сиромашна нација.

    Е има и од оние кои што се добро ситуирани ама чуваат едно дете со цел само за него да има, се да му се пружи и утре се тоа дете да наследи, па го лишуваат од тоа да има братче или сестричка.
    Ама тоа се веќе други моменти.
    Немаме право да судиме затоа што не знаеме ниедно семејство каков живот води. А верувам дека никој не се одлучува на абортус од кеиф туку од неможност да се подигнат повеќе деца.

    Долга и опширна е темава...
     
    На dunika, Tanjamm, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Да има што да распределиш , добро е, ама лошо е кога нема, па кога чекаш од друг.

    Порано не го споменувајте.Немало едукација на тема заштита, останувале често бремени ама немало ни абортуси.
    Сега жената е издигната на далеку повисоко ниво во општеството и сама одлучува за себе.
    Стремежот да се движиме кон подобро самиот прави да се ограничуваме на одреден број деца.

    Напишав пост за стапките на наталитет и ПРИРОДЕН феритилитет (бидејќи за бројот на абортуси никогаш точно неможе да се каже поради т.е. диви абортуси) и како тие влијаат на природниот прираст на населелениеот и каков е домино ефектот од сето тоа, но го избришав откога го препрочитав уводниот пост.

    Не е целта да убедуваме, секој може да си каже свое искуство и искуство од своја фамилија.

    Татко ми биле 8 деца од кои 3 починале.
    Пет дедо ми ги школувал, ама не како сега што ги школуваме децата - на приватен факс, со кола на работа, разни журки и афтер скул пари-ја, туку ги праќале во Скопје (само еден Универзитет постоел) па се снаоѓале , спиеле по шупи и јаделе суви лебови.

    Сега светот е отиден далеку..
    Баба ми да е во сегашно време, незнам дали би раѓала 8 деца:).
    Сега сите информации ни се на тацна.
    Сега жената е рамноправна со мажот,
    Сега жената работи, ствара рамно со мажот.
    Сега има лек за несаканите бремености (кои ги има иако тешко некоја ќе признае дека абортирала).
    ...
    ...
    Едноставно, сега се други времиња и неможе да се поистоветуваме со ПОРАНО.
     
    На Annath, theowndemon, Dadusicka и 5 други им се допаѓа ова.
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    А бе, да бе, стварно.
    Јас не знам ни сама зошто коментирам, ајде да оставиме само ти да коментираш секаде, не гледам потреба да пишува некој што не се согласува со тебе.

    Те молам објасни ми како денес некој би се грижел за осум деца со просечна плата?
    Дедо ми бил седмо дете, па уште ко дете работел, затоа што во спротивно не би имал што да јаде. Дури и тој не би ми предложил да имам осум деца, бидејќи нели, секој кој поминал низ тоа, знае. А и јас не би сакала да живеам во семејство што едвај преживува.

    И да, направи да личи ко единствените опции да се осум деца и абортус.
     
    На Annath, theowndemon, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Кoј е тoлку зaгрижен зa иднинaтa нa Мaкедoнијa мoже слoбoднo дa си се oмaжи и дa пoчне децa дa прaви. Бoжем мaлку неженети ергени имa пo селaтa, нaместo дa купувa невестa oд Албaнијa, ќе си имa чисти мaкедoнчињa. :inlove:

    Или не е битнo сaмo дa се иштaмпaaт oсум децa, туку и сo кoј ќе се нaпрaвaт, oд штo ќе живеaт и личнaтa среќa нa рoдителите.

    Апсурднo е дa се спoредувa кoлку децa се рaѓaле пoрaнo и кoлку сегa, бидејќи тaкa се игнoрирa живoтниoт стaндaрд. Пoбoгу бaбa ми штo билa селскa женa сo четврттo oдделение имaлa сaмo две децa.

    Мнoгудетнo семејствo е убaвa рaбoтa, сaмo реткo кoј имa финaнсии и вoлјa дa си гo дoзвoли тoa.
     
    На forumce, Annath, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  11. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    5.313
    Пол:
    Женски

    И нерви требаат. А тоа најдобро го сфаќаме по првото дете. И тоа е тоа, колку и да звучи неубаво, се нервираме со и околу децата.
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Намалувањето на наталитетот и одлуката да се имаат помалку деца се одлики на понапредните и поразвиените општества. И ја лично не гледам никаков проблем со ова.

    Доста веќе се гледа намалувањето на наталитетот како на некаква трагедија, доста со носталгија кон некои минати (и далеку полоши) времиња. Во време на глобализација, светска пренаселеност, загадување, глобално затоплување и недостаток на основни ресурси, смешно и жалосно е да се форсираат и идеализираат огромни семејства, без да се помисли за тоа во какви услови и свет ќе живеат тие деца утре, или за 100 години.

    Време е муабетите за 10 деца, продолжување на нацијата, традицијата и национализмот да ги оставиме во минатото, каде и што припаѓаат.

    Еве ви статистика од воведниот пост за тоа кои земји и општества имаат во просек најмногу, а кои најмалку деца
    и запрашајте се во кои од нив би сакале вие и вашите деца да живеете.
     
    На x.Daisy.x, Momichka, Antolinaa и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Проблемот со драматично нискиот наталитет е реален во оние земји, како РМ, кои се декларирале како национални, на еден државотворен народ, без да се земат демографските и остали реалности во предвид.:D
    Ниту еден апел за зголемување на бројот на деца нема да вроди со плод, пред се` бидејќи ова е територија која е лоша за живот и раја сака да бега оттука.
    А ако после толку време рајата на овие простори не успеала да створи место вредно за останување...пресудата е одамна позната.

    Од друга страна нема ништо страшно во исчезнување на т.н. етникуми.
    Низ историјата се појавиле и исчезнале буквално илјадници етникуми, некои сосема незабележано и тивко заминале на ѓубриштето на историјата. Тоа е и проблемот со колективните идентитети, сите мислат дека ќе траат вечно.
    Каде се Хетитите или Скитите кои некогаш биле фактор по светот :devil:

    Што се однесува до Балканот, навистина не гледам зошто би опстанале било кој од 30-тина идентитети кои постојат во моментов, што со држави што без.
    Кога човек ќе размисли, малку се оние колективни идентитети во светот кои содржат некаква вредност, кои имаат цивилизациска вредност, па едни руси се безвредни денес...
    Така и македонците ќе исчезнат еден ден и никој нема да жали за нив, никој нема да се сеќава на нив, никој нема да споменува за огромниот придонес кон човештвото на македонците бидејќи такво нешто не постои. бидејќи се шлепале само, бидејќи не направиле ништо.
    Така макдеонците ќе се придружат на срби, хрвати, босанци, бугари, грци и остали колективни идентитети на маргините на сеќавањето.
    Исто ги чека и албанците кои се дно.
    Единствено ќе опстанат циганите, тие се неуништиви.

    And one could say, good riddance.
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.086
    Допаѓања:
    11.244
    Чудно ми е зошто Албанците ги стави во оваа група и велиш се дно?
     
  15. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Затоа што колективниот идентитет познат под поимот албански е дно.
    Секако овие муабети важат за времиња кои нема да ги доживееме за жал, во далечна иднина.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. PeperutkiVoMene

    PeperutkiVoMene Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Мислам дека денес е друго време и не е убаво само да се направат деца. Ние не сме животни.
     
    На Tanjamm и Sesil им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Некои велат пари се немало, не можеле деца да се гледаат, а ете по три имаат. Како така? :wasntme: Ај јас барем студирам, не сум во брак и затоа немам деца, но ова другово не држи вода некако.
     
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Е ај, како така?

    Здрава храна како?
    Книги, тетратки, од каде?

    Курс англиски, спортски активности, тоа не мора?
    Па не мора ни на факултет да си се запише детето, шо има да се луксузира со студирање?
    Ако не знае нешто во школо, и единици се за деца.
    Ако добие некоја хронична болест заради лош начин на живот и исхрана, нема врска, и онака никој не е скроз здрав денес.

    Може и да почне да пуши од нервоза детето, ееееее сите сме имале по некој дедо што пушел и доживеал 80, не бидете толку нежни.
    Зошто му се овошје и зеленчук, кога може детето да преживее со паштета и леб.

    Стварно, како така? Без пари не можело да ден чуваат деца, глупости.
     
    На Mr. Right, Annath, Waka-waka и 5 други им се допаѓа ова.
  19. PeperutkiVoMene

    PeperutkiVoMene Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Парите се многу важни во денешно време, не е како порано, не можеш да изгледаш дете без пари. Книги за во училиште, лекови... многу е скапо.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Едно е да имаш нива, живина дома и да имаш доволно за јадење за сите, па дури од тоа да можиш и дел од алиштата да направиш. Многу деца се раѓале порано, но ако имате некоја баба, прабаба со многу деца, нека ви кажи и колку умрени имале, немало гаранција дека сите 10 деца ќе преживеат, а и работеле од многу мала возраст, без детство, за да имаат да јадат. Абе едната моја баба три ги има, ама и умрени ги има и спонтани. Не било сјајно за да се величи што се правело некогаш.
    Раѓањето на дете е дарување на живот, но вдомувањето на дете и правилна нега и чување е дарување на шанса да се проживее тој живот. Не е да имаш дете и само да биди благодарно дека се родило зошто можело да не се роди, треба алишта за почеток. Во првите години од животот сите знаеме колку брзо дете расти - толку брзо треба да му се менуваат алишта. Како ќе расти ќе има поголеми потреби и не мислам на играчки туку тоа дете треба да оди на училиште, да има алишта, да има за јадење, за да има социјален живот ќе мора да му се дат бар минимален месчен буџет зошт неможи да се изолира од врсниците, пред да оди во училиште фино е да оди во градинка, а ако не оди во градинка кога ќе се шета до парк ќе има желби како сладолед, пуканки, шеќерна волна, чукачки количиња, рингишпил и што уште не. Па потоа идат курсеви за јазик, па добро детето да е и спортски активно. И тоа е само за едно дете. Е сега се ова за уште едно дете, па за уште едно е фино да се прерачуна.
    Лесно е да се кажи дека материјалното не ни е приоритет, но факт е дека за да можиме било што да си дозволиме за себе и за некое дете - требаат пари. За да можат да се распределат пари, мора да ги имаш. Би сакала да имам дете во иднина, ама сакам и да можам да го одгледам тоа дете дволно добро, а не само да преживува и да биди среќно дека постои.
     
    На Annath, BlackNight и crimson им се допаѓа ова.