И јас сакам да слушнам мислење за Виолета Спасеновска Марсол. Ако некој знае како можам да ја исконтактирам и да нарачам натална карта нека ми каже.
И јас се распрашував за неа , некако лоши критики за нејзинот лош карактер (безобразна). Не знам зошто така ми рекоа кога мене ме интересира само наталната карта ....
Тој човек навистина погодува...ама се плашам дека да ме прашаат дали навистина пак сакам да ми направи натална карта би одбил.Не дека е проблемот во него и неговите предвидувања,туку во лошата судбина која ми ја претскажа иако он упорно нагласува дека нема детерминизам ама јас се уверив и те како има
Тоа што постојат знакови со помош на кои се толкува човековиот карактер и судбина, не ја менува суштината дека астрологијата во суштина е гатање. Делува само "почисто" бидејќи постои запишано, систематизирано знаење, кое ни влева сигурност дека е налик на наука. А всушност само ја храни нашата духовна глад.
Не се согласувам ! Во астрологијата нема од типот: Јатрвата ти прави магии , Васка ти стаила нож под перница , Костадиница те оговара со Петрејца , роднината не ти мисли добро ,ке ти ја земе нивата со судии и адвокати е врзан и така понатака ! На гатачка ви велат Меркур влегува во Јупитер ?
Терминологијата е само поинаква. Астрологијата преку симболиката на планетите ги препознава личностите кои ни се појавуваат во животот. Преку знаковите ги лоцира и бла, бла... Кога се лоши меѓусобните планетарни врски, се доаѓа и до баење или замена на енергија, поубаво звучи нели? А се во обид да се избегне судбината лоша, да се надмине, да се надмудри на "научен" начин. Некои луѓе остануваат засекогаш во таа духовна мрежа заплеткани, не сакаат да си признаат колку е сето тоа слично со она што го говори и баба Мара кога гаси жарчиња и дава "лековити" баени води.
Unofficial astrology не ми ја отвора страната. Другиот линк е превара. Ми бара 55 фунти за натална карта. Секако дека ќе платам онлајн. Секој што и малку ја има проучувано астрологијата знае дека не е ништо лажно. Само е многу комплицирана наука со многу објаснувања. Екс Југославија има многу астролози. Кај нас најдобар е Зоран. Само што и тој кажува во закриена форма. Кој има време, Сантос Боначи на јутјуб. Човекот е гениј. Кај него има највеќе објаснувања за целата наука.