ОК може звучи смешно за некого, следам еден астролог на фб и кажува дека оваа есен не е добро да се склучуваат бракови поради не знам таму Венера ретроградна ќе била, а јас луѓе не знаете колку се ИСПОМАЧИВ да најдам и ресторан што го сакам и музика што ја сакам и ја закажав свадбата во есен. И сеа не дека ми е шубе, ама сепак што знам
Абе ајде уживај, ич не си ставај такви глупости при памет и веднаш престани да следиш такви дворски шутови кои служат само за забава на простите народни маси.
Во право си, за брак е важно колку си подготвен и сигурен. Мисламм дека не е во ред да пишуваат такви работи.
Дефинитивно не е во ред. Овие луѓе само гледаат како да заработат од стравот и суеверието на другите. Не мисли на лошо
Скорпио, најде кого да следиш Генерално се препорачува да, исто ко што се препорачува кога е меркур ретрограден да не се склучуваат договори, да не се почнуваат нови проекти, работа и слично и сеа, годинава пример, Меркур ќе биде ретрограден три пати и вообичаено трае по неколку недели три пример. Освен тоа, има нешто што се вика shadow period додај уште некое време дур го напушти степенот од каде тргнал ретроградно...знаеш што значи човек да си го става животот на пауза секој пат кога некоја планета ќе тргне ретроградно, или прави некој лош аспект со друга? Да престане да дише.
Се согласувам Благодарам на утешните зборови, сосема си во право, кога подобронразмислив вистина е така. Не можеме цел живот да го подредиме и да бидеме заложници на движењето на планетите.
Лилит копа, кај што ѓавол не копа. Анофишл астролоџи е чиста превара. Дали некој од вас ја видел на скајп или ко екстремист се криеше? По глас, млада е или стара? Најдов од кај изведува натални карти за да лаже народ. А се поголемо го преведува од друг сајт. Она плаќа 40 долари за од таму да ви бае, вие сте и платиле по 2000 денари, и многу други. Па направете рачун колку заработила. Прочитајте и ги годишните хороскопи за секој знак. Почнува со ау лоша година, и после завршува со ќе имате прекрасна година и обратно. Во Лондон се едуцирала? Се има на интернет, можете да прогуглате каде тоа, што тоа и зошто тоа. Самото тоа што ви дала различен идентитет за сметка и она која е кажува се. Треба една тарот фан страна да си направам... факт е дека на наивност се заработува. Политиката е најголем доказ за тоа, за ова другово ич муабет да не правиме. Ко оваа што заработува на страв, никој друг во државава.
Јас не сум задоволна ни од Зоран ни од Крајнички, многу општо за знаците зборуваат и кои ти се среќни денови, кои не. Може затоа што премногу очекував али не би отишла пак.
Сериозно верувате во ова? Толку бев навлезена порано, дури и ја купив "Астролошки патоказ" од Зоран... Зоран е добар филозоф и ништо повеќе. Од толку изнакажани глупости, нормално ќе се пронајдеме некаде. Како може ѕвездите да кажуваат за нашата иднина? Не фрлајте пари за глупости. Меркурчо рече ќе живеам во странство, па еве ме отидов.
Astroscopia Уште да платевте за напишаното ќе беше уште подобро Lena Buha. Им изнапишала еден куп бррр работи и луѓево од страв прашуваат, а оваа пеца... Леле брееее... прав професионалец.