1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Натална карта

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Gordana10, 27 март 2010.

  1. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    75.726
    Пол:
    Женски
    Зоран е прекрасен астролог.
    До сега се што ми има кажано, се се оствари.
    И во странство заминав, и работа најдов се како што ми кажа.
    Наталната ми ја правеше поодамна, сега само соларни правам еднаш годишно.

    Јас не знам колку очекувате да ви каже, сепак е астролог и не е баба Ванѓа. Ги кажува само позитивните работи, ретко на кој кажува негативно, фали уште повеќе да ве депримира. Среќен човек нема да му се јави за да му каже дека јупитер му е у второ поле и затоа добил на лото. Се јавува човек со проблеми и надеж за позитивен одговор.

    Тој кажува имаш добри аспекти, потруди се и ти за да направиш нешто. Ако имаш лоши, сепак прави нешто за да ја подобриш ситуацијата.
    Само ако седиш дома ништо фајде нема, помина времето кога среќата чукаше на врата.

    Кој сака може сам да си научи како се чита карта. Неколкумесечно истражување на нет и ќе си научите да си го прочитате секој аспект што носи.
    Само дали ќе сте подготвени после да се носите со тоа е друга приказна.
     
    На Tam4yy, Alex.T, Antebellum и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми објасни некој што се разбира во хороскоп што значи втората табела и какво влијание имаат елементите што се таму?

    Screenshot_2018-02-07-17-13-41.png
     
  3. Ex Luna Scientia

    Ex Luna Scientia Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2017
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    847
    Пол:
    Женски
    Ваквите луѓе, астролозите, профитираат на сметка на човековата суета, лековерност и оттуѓеноста од себе. Неодамна на форумов имаше тема наречена „Духовно будење’’ во која карактеристиките кои покажуваат дека еден човек расте ги сметаа за појава на нешто мистично и натприродно. Плаќањето за натална карта го ставам во ист кош. Како личност свесна за себе, за своите предности и недостатоци, за своето знаење и незнаење и за својот животен пат, не ми треба псевдонаучник да ми зборува околу тоа каква сум јас и како можам да си го „средам животот’’. Имам читано доста бесплатни примероци на интернет, дури и цели бесплатни натални карти, имам проучувано и неколку астролошки книги (имам астролог во семејството)
    и имам дојдено до неколку заклучоци.
    1. Секој астролошки аспект е доволно општ и доволно посебен за да можеш или да се надоврзеш на него или да се поврзеш со него.
    2. Наталната карта е систем од астролошки аспекти кои би требале да бидат субејктивни за една индивидуа. Меѓутоа секој астролошки аспект е отворен за толкување на различен начин како човек би можел да има the benefit of the doubt при толкување на својата натална карта.
    3. За да се ублажи секој аспект кој е премногу специфичен, постојат аспекти кои се преопшти и во кои секој човек на планетава може да се пронајде. (Вие не поднесувате лаги, не поднесувате луѓе кои лажат, некогаш сте наивни но знаете кога да ставите крај. Вие сте ведра личност но емотивна, вашето расположение може многу лесно да биде исконтролирано од промените на вашата емотивна состојба.)
    Всушност, пред неколку години, кога активно се занимавав со поништување теории околу „спиритуализам’’, религија и астрологија, на својот тамблр блог со 6 илјади следачи (пишував поезија и објавував фотографии, имав следачи кои главно ме следеа заради тоа и ова беше мојот диверзен пост) напишав еден сосема нов хороскоп, кој го нареков „Хороскоп на новото време’’.
    Мојот хороскоп имаше 13 знаци, 13 подзнаци, и универзален знак кои се комбинираа по датум, година и време на раѓање. Секој знак беше напишан доволно општо, а доволно специфично. Секој детал беше отворен за толкување исто како и традиционалната астрологија.
    Резултат?
    Добив доста лајкови, доста споделувања, пораки во кои луѓето ме прашуваа како сум го научила тоа.
    Луѓе, околу мојот хороскоп се крена таква фама, а јас се валкав од смеење зад екранот. Апсолутно можев и да профитирам од нешто такво, но сум човек кој сака да биде корисен за заедницата наместо да шири псевдо bullshit. И доста се грижам за својата репутација.
    Згора на тоа, ако не ми верувате мене, верувајте им на овие факти.
    1. Во една констелација, ѕвездите понекогаш се илјадници светлосни години оддалечени една од друга и нивната поврзаност меѓусебе е произволна.
    2. За времето на твоето раѓање, твојот акушер имал многу поголема улога во твојата гравитациона положба отколку било која планета или ѕвезда во универзумот.
    3. Има 13 соѕвездија во Зодијакот, а не 12.
    4. Дали секаков хороскоп по наоѓањето на нови планети е неточен? Нови планети постојано се пронаоѓаат, за Плутон не можат да одлучат дали е планета или не.
    5. Ако веќе ѕвездите вршат влијание врз нас зошто тогаш истото влијание не зависи од оддалеченоста? Марс понекогаш е од другата страна на Сонцето, како и да е ова нема никакво влијание врз наталните карти.
    6. Кога веќе оддалеченоста не игра никаква улога, каде се другите галаксии, црните дупки и небули во астрологијата?
    7. Зошто исти астролошки аспекти се толку различни кога правиш натална карта на друга веб страница или кога се протолкувани од друг астролог, кога веќе се толку апсолутно точни?
    8. Зошто моментот на раѓање, наспроти моментот на зачнување е клучен во астрологијата? Како тоа толкицко делче месо и крв го заштитува бебето од влијанието на планетите?
    На крај, јас сум рак со подзнак шкорпија и со месечина во јарец. Сигурно заради јарецот сум скептик. Инаку сум супер личност. Многу емотивна додуша, ама тоа ти е. Да не се родев цел месец порано ќе бев лав и ќе бев покул ама... живот.
     
    На Antebellum, MarigoldA, Feminka192 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Со оглед на тоа колку луѓе заминаа во странство и најдоа работа, ништо чудно да ти погодил. Па на секој да го каже тоа, обавезно некому ќе погоди.
    Не паѓајте на такви ниски психолошки трикови.
     
    На MarigoldA, Feminka192, Justicija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    2.205
    Пол:
    Женски
    Ако има некој доброволец што знае да тумачи натална карта ако може да ми пише лп :)
     
  6. yana147

    yana147 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    jas veke dve godini proucavam astrologija zanimliva mi e kako nauka koj saka mozam amaterski da mu a protumacam natalnata karta mi treba datum na raganje vreme i mesto koj saka neka pise ke mu ja protumacam amaterski
     
    На Antebellum, Alex.T и Acka22 им се допаѓа ова.
  7. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Naplatuvas nesto?ako e gratis eve me mene kontaktiraj me vo poraki.
     
  8. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Има некаде преку интернет каде може да порачам?
    Немам баш време да се сретнувам со астролози а и не сум од Скопје.
    Ова со астроскопија ми е малку безвеза бидејќи сигурно ќе требаат неколку дена да се протумачат аспектите а овде дава дирекно линк моментално за симнување. Мислам дека е измама.
     
    На Alex.T и SunnyGirl2 им се допаѓа ова.
  9. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    10.428
    Пол:
    Женски
    Врвови на куќи се тоа.
    Подзнак си Шкорпија, тоа значи дека шкорпија ти е на врвот на 1ва куќа. 1ва куќа е куќа на физички изглед, на појава, на тоа како те доживуваат другите, на твојата личност.
    На пример имаш Бик на врв на 7ма. 7ма е куќа на партнерства, спротивно од 1ва. 1ва е ЈАС, 7ма се ДРУГИТЕ. Најверојатно ќе бидеш стабилен човек во бракот. 7ма е убава позиција за Бик. Венера владее и со Бик и со 7ма куќа.
    Месечинава во шкорпија не ми се допаѓа. Месечина во шкорпија е во пад, најдалеку од својата егзалтација, а кај тебе како што гледам е најверојатно во 12 куќа (несвесно, она што не го гледаш, што може погрешно да го протолкуваш). Можно е ваквата месечина да ти ствара конфликти или проблеми на емотивно поле. Изгледа премногу лично доживуваш некои работи. Имаш среќа што прави тригон со Венера. Егзактен тригон за пола степен разлика. Тоа е хармоничен аспект. Верувам дека немаш проблеми на љубовно поле.
    Сатурн ти е исто во пад. Изгледа е во 6та куќа. Може да работиш нешто а да не ти оди од рака. Сатурн знае да прави проблеми.

    Имаш стелиум од 4 планети во водолија. Поседуваш повеќе карактеристики на водолија од "стандардниве" водолии, кои имаат само Сонце во водолија. Ако добро гледам сите 4 ти се во 3та куќа. Мислам дека си комуникативна личност. Можеби те бива за писател или новинар.

    Друго интересно тука ми е Јупитер во риби и во 4та ќе да е. Мислам дека си имала убаво детство.
    4та е кардинална куќа. Куќа на семејството, на најраните емоции.

    Ова во најкратки црти. Интересна ми се виде наталнава. Поздрав. :)

    Друго, гледам дека се мешаат предвидувања со астрологија. Ако некој астролог ви предвидува нешто од типот ќе отпатувате, ќе фатите дечко постар многу од вас, никогаш нема да се омажите и тн. бидете сигурни дека 100% ве лаже.
    Јас во наталната имам предизпозиции да бидам добар политичар, но најверојатно никогаш нема да стапнам во политика. Ако (и само ако) стапнам во тие води ќе бидам добра. Но, дали ќе се случи тоа не зависи од астрологија.
    Можеби стои во наталната дека со деца не ви оди најдобро, па здравје Господ ќе ви даде 3 деца во животот.
    Непрофесионален астролог ако имате Сатурн во 1ва куќа ќе ви рече дека многу ќе страдате и ќе бидете несреќни во животот. Жива глупост. Уствари тоа значи дека имате можност да се изградите себеси во зрела, воздржана и мудра личност (што пак не мора да значи). Во астрологија се гледа кои врати се отворени, а не каде со сигурност ќе влезете.
    Секако, ако верувате во астрологија.
     
    Последна измена: 2 август 2018
    На mode-kristina и Antebellum им се допаѓа ова.
  10. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    10.428
    Пол:
    Женски
    Понудава дали е free of charge и дали важи уште? :D

    Инаку и јас како тебе, имам читно книги на тема астрологија. Сум си ја тумачела сама наталната да проучам нешто што не го даваат општиве бесплатни натални на сајтовиве. Баш сакам од некој друг да си прочитам натална. На астролог не сум била и во мк не ни планирам. А генерално, астрологија ми е интересна.
    ----
    Инаку, анофишл гледам дека сте ја спомнале.
    Костимографка е по професија, ќерка на политичар од памтивек, ми се чини пратеник или нешто беше, прилично млада е, рани '80ти. Астролошки не кажува ништо битно, туку збунувачки и небулозно, денес едно, утре друго и се некои закани на ниво на Универзум, сето тоа зачинето со метафори и поетичност. А ако сте љубител на поезија читајте Жак Превер, а не анофишл.

    Крајнички е анофишл за посиромашни, само без вокабулар и без дарбата за поезија. Една книга му читав и реченица со реченица нема врска.
    Крстевски не го знам.
     
    Последна измена: 2 август 2018
    На Miss G, zhap4e и Antebellum им се допаѓа ова.
  11. Miss G

    Miss G Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2017
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    813
    Eve koj znae mojava natalna 20180802_225728.jpg neka ja protumaci, fala
     
  12. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Како ги наоѓате наталниве карти?
     
  13. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    10.428
    Пол:
    Женски
    На интернет има.
    astro.com и cafeastrology.com мислам дека се најпопуларни.
    Кафе астролоџи е поаматерска малце поопшта за почетници. Астродиенст има триста глупости.

    @Miss G февруари 2005 си родено? Толку си мало? :wasntme:
    Или 1975?
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  14. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Утре ќе барам:D
    И ќе ти пишам. :D
     
    На MarigoldA му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.405
    Пол:
    Женски
    @MarigoldA ај мене:D
    19.04.1991 04:10 h
     
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Обрати се кај @Versace Btch 24, ама не сум сигурна дали се вклучува се уште на форумот. :D Навала од членки виде девојчево. Добра беше, пролистај и мислења.

    Јас читнувам за овие работи, ама некако немам трпение да навлегувам. Претпочитам друг да ми толкува.

    Водолија е инаку шпекулантски знак. Има капацитети, ама не ги користи. Овде се надоврзувам за да не коментирам и во другата тема.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    4.769
    Јас сакам да си направам натална. Анофишл не е некое чудо, ама имаше една на времето Вики на Сител беше често ќерка и беше нешто новинарка со виткани коси двете и се сеќавам двете со убави нозе. Ќе ви текне за која зборам? Се изгуби жената кој знае каде е... Нејзе мислам дека ја биваше.
     
  18. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    10.428
    Пол:
    Женски
    Ајде, накратко што ми падна во очи ќе прокоментирам. Под претпоставка дека си родена во Скопје (а и да си на друго место во Мк мислам дека нема толку големо влијание).

    Знак Овен, подзнак Риби.
    Сонце во Овен го сметаат за едно од поубавите Сонца. Егзалтација на некоја планета се смета кога таа е во знак кој поседува слична енергија/карактеристики на знакот кој го владее. Сонцето е егзалтирано во Овен. Инаку, во твојата натална Сонцето е во 1ва куќа а владее со 6та. Одговорноста и дисциплината, здравјето и работата директно влијаат на твојата појава и личност. Физички си здрава и самосвесна. Се што правиш го правиш организирано и со манир.
    Сонцево ти прави квадрати со Сатурн и Јупитер. Можеби немаш живот што самата можеш да го наречеш убав. Објективно гледано можеби и не е така. Најмала бариера на патот знае да те извади од колосек. Има моменти во кои мислиш "Зошто во ништо немам среќа" и "Зошто само мене ова ми се случува".
    Месечина во Близнак, а притоа во секстил со Сонце и со Меркур. Немаш проблем во искажување на емоции. Тоа си што го чувствуваш. Во 4та куќа е, а владее со 5та. Би била добра мајка. Она што си почувствула дека ти фалело како дете, нема да го дозволиш за сопствените деца. Нема да имаш потешкотии со градење на емотивниот фундамент кај децата, нема да имаш проблем да покажеш љубов кон нив. Сакаш дом во кој владее хармонија.
    Лош аспект за Месечинава е опозицијава со Лилит. Склона си кон самодеструктивност. На моменти не знаеш да разликуваш љубов од страст.

    Ретрогаден Меркур во Овен. Владее со 4та и со 7ма. А кај тебе е во 1ва. Семејството, домот, фундаменталната емоција, мајката имале големо влијание на личноста која си денес. Исто и бракот и релациите би имале во иднина. Можеби понекогаш имаш чувство како за тебе никој да не се грижи, туку само ти да мораш да бидеш поткрепа и подршка за другите. Самопожртвувана си во име на блиските.

    Венера во Близнаци is flirty one. Немаш проблем ни со комуникација во љубовта. Немаш проблем на тој што ти значи да му покажеш колку. Секстил со Јупитер нуди можност за убав брак, комфорен живот и дом што мириса на љубов. Тригон со Сатурн и дава можност на Венера за врска/ брак со повозрасен маж. И тоа со добар исход. :nod:
    Венера кај тебе владее со 8ма, а се наоѓа во 3та. И сексот за тебе е поврзан со добра комуникација. Без комуникација не го бива.

    Марс во Рак е во пад. Владее со 2ра, се наоѓа во 4та. Финансиската (не)стабилност влијаела на семејството и на односите во него. Пошто станува збор за Марс мислам дека влијанието било негативно. Можеби твоите имале финансиски проблеми што влијаеле на односите во домот.
    Исто и други опозиции ти прави Марс. Ме мрзи да барам што значат точно. Коментирам она што ми паѓа прво во очи.

    Најгенерално и аматерски е ова. Се извинувам ако погрешно тумачам.
     
    На Antebellum и kala21 им се допаѓа ова.
  19. yana147

    yana147 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    aj eve nesto kazi za mojava pa jas za tvojata 15 04 1993 vo 14 i 40 veles
     
  20. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    9.083
    Пол:
    Женски
    @yana147 и @MarigoldA и јас порано многу читав за астрологија, значи многу :) имам и тетратки испишано конкретно за мојот знак, за подзнакот.
    И на прв поглед знаев што и како, сега да видам натална карта не знам ни како да ја гледам :(

    Не сум била никогаш да ми направат и протумачат, ама отсекогаш сум сакала, премногу :D

    Ако имате време за мене 19.04.1988, 8:20, Скопје