Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Натална карта

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Gordana10, 27 март 2010.

  1. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.518
    Да не мислиш за Виолета Спасеновска Марсол?
    ја ја викам вики расол
    Има сајт и фб страна, се вика astroscopia
    Само не знам што и швркна на жената, почна да брише 'бубашваби' од фејсбук, зашо не и' лајкале или оставале коментари -.- алоо жено, добро нејзина била страната, она ќе ја менаџира како сака, her house, her rules, ok lol lol

    Нејсе, од каде читате за тоа како се гледа на натална, онака лаички, некои линкови да кажете или литература можеби? Ништо не можам да најдам на нет
     
    Последна измена: 4 август 2018
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    119.013
    Пол:
    Женски
    И јас се пријавувам,некој ако знае да протумачи нешто.
    22.07.1988 14:45 ч. НЕГОТИНО
     
  3. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.411
    Допаѓања:
    8.467
    Пол:
    Женски
    @MarigoldA или било кој што знае колку толку да тумачи, ако сака да ми каже нешто за мојава карта :) На ум сум да одам кај астролог натална да ми прави кој би ми препорачале?
    20180804_135120.png
     
  4. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    11.477
    Пол:
    Женски
    Еве нешто, се надевам дека ќе ти биде од корист (најдолу на постов е прикачено).
    Имам уште една, ама е 21 MB, форумов дозволува само до 5 МB фајл да се прикачи.

    Сакам да ја искоментирам наталната на @Alishan30. Родена е на граница меѓу Рак и Лав. Да се родела истиот ден, доцна вечерта, ќе беше Лав. :)

    Сонце Рак, подзнак Шкорпија и месечина во Шкорпија. Трипла вода, а не си многу емотивна личност.

    Сонце во Рак во 9та, значи дека гледаш подалеку, под површината на она што може физички да се види. Најверојтно си (или ќе бидеш) високо образована личност. Сонцето кај тебе владее со 10та (кариера, општествен статус). Владетел на 10та во 9та може да се протолкува како примена на стекнатото знаење. Веројатно да работиш по струка. 9та е исто куќа на „далечното“. Може да го напуштиш домот доколку професијата ти налага. Може да патуваш на подалечни дестинации поради работа или да работиш во странство.

    Месечина во пад во Шкорпија во 12та куќа. Тоа што е во 12та да се протолкува како да нема влијание тоа што е во лоша позиција. Владее со 9та. Владетел на 9та во 12та значи дека не си религиозна личност. Во случај да си религиозна, немаш јасен концепт за религијата и за сопствената духовност. Немаш своја филозофија во животот, не го толкуваш од тој аспект. Најповолно е да се занимаваш со егзактни науки (природни и технички). Неповолно ако си правник или социјален работник, поволно да работиш со болни. Може да те биде за похардкор работа, хирург или форензичар. Не би имала проблем да отвориш тело на човек. Не се соживуваши не сочувствуваш ако не си лично ти афектирана од тоа што го правиш. Емециите не ги носиш во тоа што го работиш, си ги оставаш дома.

    Меркур во Рак во 8ма. Владее со 8ма исо 10та. Се што спомнав погоре за кариера, плус може да се бавиш и со смрт (8ма покрај се останато е и куќа на смртта), но не во филозофска смисла (задгробен живот, карма), спомнав дека владетелот на 9та е во најлоша позиција. Можеш да се занимаваш со смрт како физички природна работа. Може да се пронајдеш во обдукција, работа во мртовечница или погребална служба.

    Венера во Близнаци во 7ма. Владее со 11та и со 7ма. Брак од љубов. Сопругот/ партнерот пред се останото ти е добар пријател (владетел на 11та во 7ма). Можеби и немаш други пријатели освен него. Сатурн и Уран прават опозиција на Венера. Емоциите си ги чуваш за себе. Често може тоа негативно да влијае врз бракот или врската.

    Марс во Овен во 5та. Вишок адреналин. Пробај некој екстремен спорт. Сакаш да победуваш во игри. Секстил со Јупитер. Можност за многудетно семејство. 5та покрај тоа што е куќа на забава, игра и романса, е и куќа на децата.Квадрат со Сатурн, тврдоглава личност си.

    Јупитер во Близнак во 7ма, а владее со 2ра. Успешен и хармоничен брак. Тоа што владее со 2ра значи дека големо влијание има финансиската состојба врз бракот.

    Сатурн во Стрелец во 2ра, а владетел на 3та. Твојата заработка е поврзана со комуникација со луѓе. Работиш до луѓе. Пошто станува збор за Сатурн, може да имаш потешкотии на финансиско поле, кои на крајот сепак ги надминуваш. Сатурн значи и деструкција и жилавост. Ти си упорна и издржлива личност.

    Најгенерално тоа. Не земај ништо здраво за готово.
    :)

    За другите ако најдам време викендов ќе пишам.
     

    Прикачени фајлови:

    На Miss G, Antebellum, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Да,Скопје сум.
    80 % од напишаново е точно,посебно делот во врска со семејството ме остави без коментар.Фала ти многу :*:*:*
     
    На MarigoldA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    119.013
    Пол:
    Женски
    Божееее.од збор до збор се ми погоди.никогаш не верував во вакви работи.но се е точно.се ' до збор.фала ти најнајмногу:bow::bow::bow::*:hug::inlove::$
     
    На Miss G и MarigoldA им се допаѓа ова.
  7. lavica82

    lavica82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2017
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски
    @MarigoldA aj ako moze i za mene natalna karta.
    31.07.1983 Negotino
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.194
    Пол:
    Женски
    Зошто според западна астрологија во подзнак сум бик, а индиската ми толкува овен?
    Инаку, пишете ми ако забележите нешто
    [​IMG]

    [​IMG]
     
  9. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    11.477
    Пол:
    Женски
    Во Источниот хороскоп се користи сидерална астрологија, а во западниот тропска.
    Оската на Екваторот годишно се поместува лонгитудинално, поради рамноденицата што источнава ја зема предвид. Математички е поточен источниот. Пошто сидералниот ден не трае 24 туку 23 часа и 56 минути што и навистина е така. Кога земјата ќе направи една ротација (деноноќие) почетната точка на зодијакот нема да биде на истото место (теоретски почетна точка се нарекува таму каде што Сонцето ја сече оската на Екваторот). Така да западниов зодијак денес прави 24 степени разлика (скоро цел знак) од источниов.
    На пример, ако Сонцето ти е на 10 степени во Бик според западна, ќе ти биде на 16 степени во Овен во источна астрологија.
     
    На cresa-jagoda, sjdgo и zhap4e им се допаѓа ова.
  10. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    5.410
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20180804-200812~2.png Screenshot_20180804-200822~2.png
    Ако некој сака и може, еве уште нешто за толкување. Напорни сме малку знам :D
     
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.194
    Пол:
    Женски
    И како да сметам, Овен или Бик ми е подзнакот?
    На некои сајтови од ведска астрологија месечината ми е во Близнаци, исто како според западната, а на некои ми покажува Рак (?)
     
  12. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    11.477
    Пол:
    Женски
    Сите планети ти се еден знак понапред според Источна астрологија. Дури и да имаш една планета во ист знак се разликува за 20 и кусур степени во двете астрологии. Ако се определиш за источна, се толкуваш според источна, но никако не можеш за едно да читаш источна, а за друго западна. Тоа ти е исто како да припаѓаш на исламска религија, а одвреме на време си палиш свеќа во црква за здравје.

    Инаку што се однесува за транзити приметив дека речиси и да нема разлика во двете астрологии. На пример, моментално Уран транзитира низ Овен според источна, а низ Бик според западна. Според Источна ако си подзнак Овен, според западна си Бик. Значи транзитот на Уран ти е низ 1ва куќа и по едната и по другата астрологија, разлика се само датумите, затоа и Источна се смета за попрецизна кога станува збор за предвидувања.

    @yana147 Сонце Овен, подзнак Девица.

    Сонцето во Овен ти е во 9та куќа. Склона си кон религија, филозофија, астрологија ( :) ). Владее со 12та. Повик за духовно будење, себе-пронаоѓање, криза, внатрешни конфликти. Најверојатно доживуваш психолошки турбуленции и подлабоки страдања од покомплексна природа (можеби и не, пошто релативно си млада). Не е исклучена можност од запаѓање во секта. Можно е да имаш потреба да го расчистиш својот видик, да си на чисто со себеси. Потреба од промена, трансформација на личност. Природен владетел на 12та куќа се Рибите. Има причина зошто симболот на знакот е две РибИ а не РибА.
    Сонцето прави квадрат со Марс. Ова ти дава ароганција. Можни се фрустрации, разочарувања од погрешни избори. Секстил со Сатурн дава можност за долг живот и покрај нарушеното здравје. Најверојатно авторитетни родители, но немаш проблем да бидеш самостојна личност. Успех загарантиран само преку напор.

    Месечина во Водолија во 6та, владетел на 11та. Месечина во 6та влијае на здравјето и работата. Веројатно си метеопат, ти влијаат временските промени. Можни се здравствени проблеми со абдоменот. Од аспект на работа, може емотивно да се приврзеш на колегите. Имаш природа која лесно се прилагодува. Хармоничен однос со колеги. Несебична личност. Идеално е да се занимаш со медицина.

    Меркур во прогон во Риби во 8ма куќа. Владее со 1ва и 2ра. Лошо аспектиран Меркур во 8ма може да предизвика проблеми со пари и наследство.
    Во конјункција со Венера дава шарм, добар и концизен говорник.

    Марс во пад во Рак во 11та куќа, владее со 9та. Висок морален интегритет кога се во прашање пријателства, социјални кругови. Другите знаат дека може да рачунаат на тебе. Не зборуваш за никого лошо зад грб.

    Јупитер во Вага во дава смисла за естетика и уметност. Праведна личност си. Јупитер во 2ра е добар за заработка и стекнување на финансиска стабилност..

    Сатурн во Водолија во 6та владее со 5та. Немаш проблем со дисиплина и рутинско извршување на работите може да ти претставува забава, со огледа на тоа што не бара креативност од тебе. Сатурн во 6та може да предизвика здравствен проблеми. Не ме фаќај за збор, не сакам да те исплашам, па да дадеш грни пари по астролози. Не е лошо аспектиран Сатурн, ама во Водолија му се може.

    Со 7ма кај тебе владее Нептун, а се наоѓа во 5та куќа. Брак од љубов. Генерално е добро аспектиран, освен Сонцето што му прави квадрат. Можна е појава на љубомора и посесивност кон партнерот. Може да имаш преголема потреба од внимание.
     
    На cresa-jagoda и Antebellum им се допаѓа ова.
  13. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.847
    Пол:
    Женски
    Може и на мене❤❤❤❤❤13.03.79 во 6 30 сабајле во Скопје.Фала ти многу
     
  14. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
  15. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    19.095
    Пол:
    Женски
    09.01.1974,Битола,11 и 40 часот на утро.
    Многу ќе ми значи@MarigoldA,благодарам:l:(waiting)
     
  16. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    4.847
    Пол:
    Женски
    Лов пробав на сајтов ама ми бара пари.Дали има сајт бесплатно.Поззз и фала ти
     
    На LoveRain му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Има бесплатно, на линкот што го пратив, пополни и стисни пресметај, потоа ќе ти се појави слика.
    EDE10DCF-C039-459D-B017-02AE46987A70.jpeg Еве ваква слика и стисни на неа.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    17.04.1995г., 01:00 по полноќ.
    [​IMG]
    Во спојлерот ми е слика од наталната, секако доколку @MarigoldA има време и би сакала да ја разгледа, би била ептен благодарна за било какво толкување пошто јас абер си немам од ова :wasntme:
    Покрај тоа, ме интересира ако има некој начин да ми ја пратиш во лп и таа книга што рече дека е 21МБ :)
    Фала однапред за двете нешта :hug:
     
  19. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    11.477
    Пол:
    Женски
    Ти го пратив во порака расцепкано на повеќе фајлови, пошто и таму не го собираше.

    @sanja.burgundy
    Генерално имаш убави аспекти во наталната, иако станува збор за емотивна личност. (Имаш стелиум во 12та куќа).

    Сонце Овен, подзнак Близнаци.

    Сонце во Овен во 11та куќа, владее со 4та куќа. Добро е аспектирано, прави конјункција со Меркур и тригон со Сатурн и Уран. Мајката ти е пријателка. Таткото може да бил често отсутен од дома поради работа, но и не мора да значи. Отворена и комуникативна личност. Не ти претставува проблем да се спријателиш со некого.

    Месечина во Близнаци во 12та, конјункција со Венера и тригон со Марс. Интуитивна и сензитивна по природа. Тригонов со Марс може да посочува на амбивиозна личност. Голем емпат. Можеш да работиш како хуманитарец. Имаш за разбирање за туѓите емоции, затоа што ти ги имаш во изобилство. Може често себеси да се запоставуваш заради другите. Добро знаеш што се крие позади туѓото однесување и постапки. Знаеш да читаш потсвесни пораки. Знаеш да читаш луѓе. Развиена инстуиција. Можни се проблеми со спиењето или Месечината многу да влијае на твоето расположение.

    Меркур во 11та, владее со 1ва и 5та. Инвестираш дел од себеси во пријателствата со луѓе со кои делиш заеднички интереси. Се трудиш да се вклопиш и успеваш. Магнет си за луѓе Можно е лесно да се заљубуваш во пријателите од спротивниот пол, заради влијанието на Меркур кој владее и со 5та (врв на 5та ти е Девица). Добро е аспектиран во тригони со Сатурн и Уран и конјункција со Сонце. Нема да имаш проблем да стекнеш доверба кај своите деца. Ем мајка, ем пријателка.

    Венера во Близнаци во 12та куќа, владее со 12та. Не си материјалист. Можно е да ти треба изолација од светот од време на време. Физички атрактивна и посветуваш време на себеси.

    Марс во Водолија во 9та куќа. Лоши аспекти со Јупитер и Плутон. Амбициозна си. А имаш и стелиум во Јарец. Можно е премногу време и енергија да посветиш на образование.Тешко прифаќаш мислење спротивно од твоето. Постои можност за подалечно патување или живот надвор од родната земја.

    Сатурн во Јарец во 7ма. Емотивна зрелост во љубовните релации. Стабилен брак, доколку е од љубов. Може да се работи за постар маж. Генерално и Сатурн е добро аспектиран. :hug:
     
    На gjoker4e, cresa-jagoda и sanja.burgundy им се допаѓа ова.
  20. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    9.167
    Пол:
    Женски
    @MarigoldA ти благодарам бескрајно што одвои време. Огромен дел од ова е точно. Ако некој ми бара биографија, ќе си ја ископирам наталнава карта :)

    Пробав да ти пишам порака да ти се заблагодарам, но не успеав. Емоциите, интуицијата, инвестирањето - многу ме погоди. Дека ми треба да се одвојам од светот, огромна вистина.
    Му ја читам наталнава на мм, па моментот - Можеби се запоставуваш заради другите ми вика - избриши го тоа можеби, секогаш го правиш тоа. Заборавам дека вредам, односно поголема вистина е дека сметам дека не вредам.
    И да, се преселив во странство :)
    Ти благодарам многу многу :*
     
    На Miss G, gjoker4e, MarigoldA и 1 друга личност им се допаѓа ова.