Аа знае некој кај може да ви се направи натална карта по нетов? Многу ме интересираат вакви работи, а инаку досега никој ми нема направено натална карта а и сега за сега и немам баш пари за фрлање, ама веднаш штом дојдам до пари ќе видам ако можам ќе си нарачам да ми направат.
пробај ја оваа страница http://horoskop.hr/natalna-karta/ за себе ако сакаш оваа страница ти е за тебе и партнерот колку си одговарате http://horoskop.hr/vas-partner/
а дали ќе можи да ставите линк од тој Зоран Крстевски, оти јас еве барам на фејсбук ама незнам како изгледа ...фала
Јас вака да си се цитирам. И да разјаснам нешто. Мојата натална карта беше грешна. Јас и кажав на жената еден и пет. И таа ме разбрала навечер ... сум требала да речам тринаесет и пет зашто попладне сум родена. Долг период откако бев кај жената се измачував ... и чекав да се скарам со најблиските или да се разболам ... не се случи ништо од тоа ... и кога го средував пред некое време новчаникот го видов листот и гледам 1 и 5 ... и проверувам на интернет грешен подзнак ми излегува ... А мене и жената ми кажа грешен подзнак ама ете тогаш од возбуда не се освестив. Ми текна дури пред некое време. И се јавив тогаш и сега е полесно. Па собирам сили пак да одам зашто и мене ми се интересни овие работи. Се извинувам за толку лошото мислење ама бев длабоко разочарана во тој момент и дури сега си го видов постот и така.
Јас правев натална кај Александар Јанковиќ, оној кој пишува хороскоп во Вест. Човекот е многу баран и се чека и по месец дена за кај него Искрено многу сум задоволна од тоа како ми ја објасни. Ми погоди доста работи во врска со досегашните случки и најважно од се’, имав преубава, преуспешна натална карта Дадов 1500 денари, ама не ми е воопшто гајле. Ми ја објаснуваше саат ипол. Ако ништо друго, бар ќе се водам со позитива за иднината , а тоа е многу битно. Ако е заинтересиран некој за бројче нека ми пише ЛП
http://www.horoskop.com.mk/www/horoskop/horoskop.htm хахахах гугл му е мајката само тоа да ви кажам.. у иднина ! куцни име у google прозорчето за пребарување па што и да е тоа што го бараш ќе го најде, ако google не го знае, ма не пости
Јас сум во сериозна потрага по човек што ќе ми направи натална карта.Овие од нет веќе не ми ги задоволуваат апетитите ,затоа што компјутерот само покажува значење ако нешто ти е во нешто итн итн...пред некое време,ми начнаа,ама на тоа остана.За кариера и љубов нешто ми кажа,одлични работи и така ме подизрадува (не дека,готово,ќе се деси,лежи лебу да те јадам муабетов),а и нешто за семејни односи од моето раѓање,па до денес на многу кратко и многу беше точно.Кој од родителите како ми влијаел и навистина е така.И исто како моја главна карактерна линија ми погоди,ми рече,ти не си човек кој лесно се импресионира и лесно може да се освои,но сепак,тврд оклоп,а мека внатрешност која ја добиваат само оние во кои имаш доверба. Ама ми е многу непријатно...да речам да ми направи целосна натална карта со се внатре,зошто ова беше како кафе муабет,па ајде,од забава и така...а плус,да видиме дали лажат,дали истото ќе ми го каже и некој друг! Овој Зоран Крстевски ме занима.Затоа што поинаку некако ги толкува и анализира и што знам,ми е како човек кој си ја знае работата.Не дека хороскоп е универзална вистина.Је само забава,а во најдобар случај може само да ти ги предвиди потенцијалите,а се останато...од тебе зависи и околностите кои сам ги развиваш.
Пробај со оној Александар или како и да се викаше што го пишува хороскопот за Вест, една Феминка погоре го има спомнато. Мислам дека е прилично добар, води и емисија на некоја од телевизиите, SKYnet ли не знам точно, некој нека каже, ја даваат секој работен ден од 22 или 22:00 часот е (не знам како се вика емисијата) кај него можеш и со смс да испратиш, за два три дена одговара меѓутоа накратко, најубаво е да се јавиш во студиото и да ти каже. После неколку вртења ќе се вклучиш мислам дека без проблем
zkastrofilozof@yahoo.com ова е неговата е-адреса еве и Zoran Krstevski astrofilozof-(Skype) и мислам дека се уште го користи овој број-070/628-803
Си направив натална карта пред година дена. Ми ја направи Јана и тогаш наплаќаше 1000 денари. И кажав податоци и бидејќи е многу зафатена ми се јави после 3 недели, и со кафе ми го раскажа цел живот. Буквално! Почнувајки од местото каде што живеам, какво е и зошто е неповолно, моите- какви луѓе се, каков однос имаме... После ме опиша карактерно подобро од било кој. Ми разјасни се околу кармата, од каде ја влечам јас мојата, како да ја исчистам за да ми биде поубав и полесен животот. Партнери, здравје, образование, бизнис... Буквално се има опфатено во материјалот кој е напишан на некаде околу 30-40 страни. Меѓутоа најважно е тоа што она го кажува, бидејки пишаниот материјал горе-доле е сличен (знам дека сите другарки имаме ) Се погодува, не дека претскажува иднина туку како не наклонети звездите и што има можност да се случи. Ако имате можност ви препорачувам на сите да си направите, многу ке си олесните... Па на крај краева цела Индиа и Кина не се будали сто склопуваат бракови само ако наталните карти се поклопуваат....
Овој Александар е феноменално добар. Мајка ми се мислеше и вика ај ке му пишеме порака само (она сама си има направено натална карта па ова моментално ја интересираше). Зема и му пишува се име, датум, време и место на раѓање и прашање. Прашање беше ептен општо Дали ќе ми се остварат плановите за бракот? Човеков и врати за некој саат и тоа и пиша 4 пораки. Не ми се верува колку детално и точно беше тоа што и одговори, што се вика ни најблиски нејзини другарки не ги знаат работите што ги врати. Во секој случај, претпоставувам и за натална карта дава уште подобра анализа што за едно прашање напиша волку.
Можеш да ја најдеш на хороскоп.хр и да си ја видиш својата или пак да ја споредиш твојата со таа на партнерот и да видиш каде се поклапате каде не и да се поработи на тоа поле. Тоа е целосно толкување на твојот карактер според денот,местото и времето на раѓање, а тоа го одредуваат ѕвездите во зависно во која положба биле на денот на раѓање.
Дали на интернет може некако да се направи натална карта ???? (на македонски јазик) Ама притоа да биде точна.Ајде ако некој знае нека ми каже, ве моламм
Јас правев натална карта на страната што ја напиша Жапчето и скоро се ми излезе точно,дури и работи коим не сум можела да ги дефинирам. Во некоја смисла, се допронајдов себеси. Жапче,ти благодарам!