Ти извини. Моја грешка. Сатурн го гледав. Последен пат бил во рак 2005. А другиве планети не ги видов. 75та или 76та си тогаш. Подзнак си јарец. Сатурн владетел на натална. Во рак (егзил) во 7ма куќа, а како владетел на 1ва може да е показател за доцно стапување во брак (не мора да значи ). Најверојатно после првиот сатурнов круг околу Сонцето. После 30та година. Се смета дека од тогаш па натаму во животот, кај личноста преовладуваат карактеристиките на подзнакот. И да не ти се случил брак досега, сигурно ќе биде допрва. Стабилна личност кога станува збор за врски и партнерства. Интересно ми е владетел на 9та во 1ва. (Меркур во јарец-1ва, владее со 9та). Развиени морални вредности. Разбирање за една поинаква "поголема слика" за светот, за животот. Не сакаш површни работи. Бараш длабока смисла во нештата. Премногу квадрати и опозиции во наталната. Венера и Сатурн во опозиција и Т квадрат со Јупитер. Можеби си немала време да бидеш дете. Животот во прва прилика од тебе побарал зрелост. Венера во јарец во 1ва, владее со 5та, но лошо е аспрктирана. Премногу општо, ова е тоа што ми падна во очи. Спојлер Се извинувам, ако напишав нешто погрешно.
ako moze MarigoldA da procita bi i bila blagodarna od mojata natalna dali imam aspekt za raganje na vtoro dete?
Мене ведска астрологија ми вика дека месечината ми била во таква позиција што ме дарила со повеќе браќа и сестри, а нема врска. Ваљда ќе сум ги имала да сум се родела во Индија. Демек преку нив ќе ми дојдела среќата. Исто, на едни ведски сајтови ми вика подзнак овен, на други риби, а во западниов хороскоп подзнакот ми е бик. За месечината ми вели те близнаци, те рак, а според западен ми е при крајот од близнаци. И други ми кажувале дека источната била попрецизна, мене не ми изгледа така оти поише глупости прочитав. Арно ама, од западнава ме изненади точноста на моите афинитети и стремежи, затоа ме интересира да дознаам што е можно повеќе од предиктивниот дел.
Ле ле, колку комплицирано изгледаат ова картиве )))) Секоја чест за оние шо ги разбирате и знаете како да ги дешифрирате ))
Девојкиии еднаш веќе горе пишав, ВЕ МООЛАМ кој знае нека ми каже барем малце во врска со мојата натална. Ве моллам
да,но ретрограден е Јупитер кај тебе.Мислам дека љубовта и кариерата ти зависат една од друга,поточно поврзано ти е исто и со странство можеби ќе најдеш љубов на факултет,или во странство..
види за натална карта | My Astro | Forum | FAQ Personal Daily Horoscope of today, 7 October 2018 Welcome to www.astro.com! For guest users: To view this horoscope you need to enter birth data. Please click here to go to the data entry page. The horoscope will be displayed subsequently.
Хм, каузалитет кариера-љубов е веројатен, ама тоа за факултет и странство не знам, не би рекла. Нешто друго интересно гледаш кај мене?
Ти си гурман,весела,оптимист,силна личност.Многу си посветена на кариерата,на прво место ти е,домот ти е слаба точка,а во љубовта и пријателството не можеш да најдеш баланс