Неодлучна си, не знаеш што сакаш во животот. Секогаш се трудиш да бидеш во центар на внимание и мислиш дека за се си во право, тврдоглава си. Годинава ќе сретниш машко што ќе биде со тебе бидејќи физички ќе го привлечиш. Слабо стоиш и со школувањето, седни да ги положиш тие 2 паднати предмети. Со здравјето си добра, само те очекуваат болки во нозете од премногу носење високи потпетици. Заклучок : стварно си заникаде. Погодив ли нешто ?
Е кај тебе е подобро. Те очекува некоја парична добивка, уплати некоја грепка. Наскоро ќе купиш нов мобилен телефон. Со здравјето си добра, ама многу се нервираш за небитни работи. Те очекува работа поврзана со гардероба, бутик и такво нешто. Во втората половина од годината те очекува многу секс , внимавај некој ќе сака да те легне. Тука мораш да внимаваш за да не пиеш пак апче за ден потоа. Имаш долга коса, ти држи топло, па можно е да ја скратиш и да смениш фризура. Погодив ли нешто ?
@DiazMcAlison , не се лути де, не си до толку заникаде. Не е толку мизерија кај тебе. Наскоро некоја твоја другарка ќе се мажи и ќе те покани на свадба. Таму ќе блескаш и ќе бидеш во центар на внимание.
Погодивте дека сум неодлучна и тврдоглава... Немам паднато предмети, завршив високообразование А за момчето што го споменувате, да се надеваме
Кај тебе јасно се гледа дека сакаш да бегаш некаде во странство. Документи, бугарски пасош, иселеничка виза, аеродроми. За жал работата за која аплицираш нема успех, пробај нешто друго. На љубовно поле - стабилна врска. Ти пречи што имаш 2-3 кг вишок, ама верувај на дечко ти си му секако убава. Имаш некоја другарка, смеѓа, ќе сака да вмеша прсти во врската, тука внимавај на кому му се доверуваш. На повидок е да вдомиш уште едно маче кое ќе го најдеш на улица. Погодив ли нешто ?
Хм, ја мислам дека некој ви ги чита мислењата од форумот, а не наталната карта. Ама пак вие видете си