070307655 еве и број. Јас прееска се јавив и закажав за во среда. Баш ќе споделам како е.Го прашав и за цена 1500 денари е наталната со тоа што одиш кога ќе ти закаже и околу еден час ти ја објаснувал.
Мене ми стига на мејл понуда цело време, ме убедува дека следните 3 месеци ми го детерминираат цел живот и ова ми е период кога имам најмогу шанси за успех и напредок. Ми кажа малку работи веројатно за да се заинтересирам и да ди платам 25$ за целосно да ми каже. Сите работи од минатото ми ги погоди и ми ги кажа дури и моите моментални желби за кои вели дека има големи можности да се исполнат но само ако ми даде таа точни датуми кога и како да дејствувам. AstroMary се вика сајтот каде случајно кликнав и еве веќе некое време се мислам дали сакам да знам или не.. Освен натална карта и други работи нуди во тие 25$ некои предвидувања и влијанија на месечината..
И мене ми стигна истото.Среќа на време прочитав на некој форум како откако ќе уплатиш ти зимале после повеќе пари од картица а тоа што го праќа било буквално copy-paste на сите. Отиди си најдобро тука кај некој за истите пари. Такви лични податоци не се оставаат на сајт кој не ти е 100% сигурен. Па вака..првата половина од гледањето опфаќа се околу енергија и чакри.Кои ти се позатворени (во %) и на кои треба да работиш.Потоа имаш проценка на твојот карактер според енергија,знак и подзнак.Тука ти дава и некои насоки за понатака.И на крај според поставеност на планетите ти објаснува околу љубов,кариера,здравје.. Во текот на целото гледање те советува на што да пазиш,кои навики или размислувања треба да ги промениш и слично.Исто така ако види нешто конкретно може да ти каже кој период ќе се случи.Е сега дали стварно ќе се оствари ќе видиме.
Имам погоре напишано. Сакав исто да прашам за оние кои биле кај Александар Ј за натална дали ви спомнал за спиритуалниот центар кој го држат со жена му? Додека ми гледаше за чакрите ми рече дека би ми било од голема корист да идам таму па ме интересира дали некој слушнал или бил па да ми каже свое искуство.Фала однапред.
Ништо, на некои членки на долго и на широко им толкуваа, членките беа задоволни од прецизноста, ние ја немаме таа среќа. Или се лоши феминките, или нам картите ни се лоши.
Претходно се пожаливте дека аспектите не се гледале добро. Еве сега скенирав поквалитетно во надеж дека ќе може да се види како што треба. И мене ме интересира кариера, љубов не.
Ти одговара кариера што е поврзана со домот, недвижнини или работа од дома. Во секој случај не треба да имаш класично работно место каде ви одел/а секој ден на пр 8 саати бидејки имаш проблем со работна рутина. Тешко влегуваш во рутина а кога ле влезеш не знаеш како да излезеш доколку си заинтересиран/а за купување некоја недвижност на твое име, сега е моментот. Немаше да пиша, ама видов еден интересен момент. Марс во 12 куќа. И јас го имам. Да не ме сфатиш погрешно ама доста мачна позиција. Луѓето со ваков марс тешко ги искористуваат своите потенцијали бидејќи се плашат да се борат за себеси. Се откажуваат на пола пат зошто работата тргнува во друга насока. Најдобро се борат за другите. Познати се како борци за мир и правда освестувањето за овој момент е пола завршена работа, бидејќи 12 куќа е многу моќна и треба само да знаеш да со го искористиш потенцијалот според положбава на месечинава, гледам длабоки и интензивни емоции. Или сакаш или не. Нема средина. Во комбинација со венера имас осет за естетика и креативност. Малку мрачна, главно сексуална, ама сепак маштовит аспект Како што можам да проценам,ако не се лажам, 24-25 годишно јарче си. Затоа прашуваш само за кариера. Јарците после 30та почнуваат да живеат
Како бе после 30-та, сакаш да кажеш дека тогаш ќе бидам згодна секси успешна милфица? Спојлер Fuck yeah, I'll spank you fat ass daddy. Закон толкување. Ама јас тежам кон независност, од дома бегам. Сешто е поврзано со традиција it's not my cup of tea. Иако сум јарец во хороскоп сакам слобода, бар онолку колку што е дозволена за сите нас на овој земски свет. Дефинитивно имаш сенс за толкување, голем дел е баш така како што опиша. Малку? Спојлер Ти благодарам, те гушкам.
Гледам желба за независна и слободна љубов. Кога емоциите ке ги изразиш креативно, непоколебливо итн, нема да бегаш од дома. Домата ќе ти биде прекрасно место. Бидејќи имаш добри темели. Инаку да. Јас сум 30 годишна милфица-јарец бајдвеј ама изодев тежок пат на анксиозна тинејџерка и несигурна млада девојка. Кога го променив начинот на изразување и ги отерав сите упм, процветав ова лично искуство, со астрологијата сум на почеток. Кога ќе се доедуцирам пак ќе пишам
Моите ѕвезди се заебани. Некому убавите нешта самите му доаѓаат, иако не ги заслужува, јас за сѐ што заслужувам морам да го мрднам задникот.
Со овој стелиум што го имаш во 10та куќа не е ни чудо што те интересира општествен статус и кариера. Сите патишта водат кон тоа таму е и сатурн и поради тпа работите одат потешко. Меѓутоа таму е и природното место на сатурн и 2020 крај, почеток на 2021 ќе ти ги даде очекуваните резултати. За околу 2 години ќе имаш враќање на сатурн на натално место. Очекувај промени. Би имала среќа и со некои организации од социјален карактер, партии, големи организации, здруженија... Како што можам да видам, месечината ти е на последен степен на близнаци, на влез на 3та куќа, а владетел на 4та куќа. Учителска фамилија. Мајка, баба...така е по книгите убава положба за јупитер. И фортуна. Знаеш што значи тоа убава карта
Ти благодарам што ми пиша, ме разведри ова што го прочитав. Навистина се преокупирам со искачување на општественото скалило, колку сум среќна зависи од тоа колку високо сум. Да, таа е положбата на Месечината, што се однесува до тоа толкување, баба ми не беше учителка, но доаѓа од семејство во кое повеќето се или учители или попови. Братучедите на мајка ми претежно се наставници/професори, но живеат во друг град и немаа некое влијание врз мојот живот. Сестрата на мајка ми порано работеше со деца, ама со помалечки, во предучилишна возраст, и толку е врската. Единствено ако не е поврзаност тоа што откако памтам мајка ми обрнуваше внимание на моето образование, на 4 години ги знаев буквите и течно читав книги. Ама не се концентрирам на тој дел, тоа било и поминало. Другово се надевам дека ќе биде.
Вие што ќе успеете не ме заборавајте. Би ви платила троструко, само направете ме позната. Јас немам стелиум во десетта куќа, ама затоа имам желба да будем позната. Се важи тоа? Не, а? Океј Одор, седи си и чекај у ред ружна фацо.