Друштво, ајде ве молам некој што вистински се разбира да каже што значи placidious orb. И дали според фотографииве марс е во 12-та или 8-ма куќа?
Пласидус е методот според кој е изработена наталната карта. Пошто е метод на основа на време, ти го бара точното време на раѓање. Ако пробаш да ја направиш наталната со time unknown, тој дел со Placidus и врвови на куќи нема да ти го даде. Во кратки црти еден ден (24 ч) е поделен на 12 куќи, каде главна улога ја има подзнакот, т.е. првата куќа, дефиниран со пресекот на хоризонтот (источно) со еклиптичната рамнина во моментот на раѓање. Спојлер Пошто е исто quadrant system, со цел наталната да се подели на 4 квадранти- главни куќи, се користи и medium coeli или midheaven, дефиниран со највисокота точка на еклипсата. Еклипсата е дефинирана со наклонот на привидното движење на Сонцето. Земјата врти наклонето, поради паралелното ротирање, не е апсолутно хоризонтална во однос на Сонцето, околу 23,5° во однос на хоризонталната рамнина. 180 степени на Ascendant e Descendant, и Imum coeli наспроти МC. Со овие четири квадранти дефинирани се 4те главни куќи (ангуларни) во наталната карта, 1ва куќа (ASC), спроти неа 7 куќа (DSC), 4та (IC) и спроти неа 10та (MC). Најкористен во западната астрологија, крстен според истоимениот чичко од среден век. Помалку познати методи се на Koch, Regiomontanus, Alchabitius, Porphyry, equal house method, full house method и други. Марс според сликава ти е во 12та.
@MarigoldA Значи осма куќа во овен не е битна според приказот? Овен - Марс. Претпоставував дека овен (марс) е осма куќа. Според таа логика се водев.
Овен ти е на врв на 8ма куќа. Тоа значи дека Марс владее со 8ма, а се наоѓа во 12та. На пример Меркур владее со подзнак (девица 1ва куќа), а се наоѓа во 4та.
Decki sakam da napravam natalna karta pa da ve prasam dali se isplati bidejki mi pobaraa 1500 denari... Ili se samo opsti raboti vo koi site se pronaogame....imate li dobri iskustva ili e sofisticirana izmama?
Здраво луѓенца Од лично искуство можам да кажам дека Александар Ј е добар астролог (што не значи дека е видовит или ти баба Ванѓа). Бев пред едно 6 години конкретно со проблем што го имав тогаш и човекот беше во право 100% за моето минато, а за иднината 95%, останатите 5% не се остварија заради мојата лична тврдоглавост бидејќи искрено бев скептична и не ги послушав добронамерните совети. Се исплачав ко мало дете, ми даде енергија и буквално излегов со насмевка на лице и без никаква анксиозност и страв кој и те како беше присутен пред сеансата. Година подоцна почнав да ги практикувам неговите совети и животот ми се промени за 360 степени. Планирам да отидам пак чисто за позитивната енергија Ме заинтригираа некои од членовите со нивните способности за толкување, па ако некому не му е тешко би била благодарна за мислење за мојата натална карта. Таман да споредам со неговите толкувања
А кај ги наоѓате астролозиве? Мислам за нас што не сме од Ск. Може веројатно и преку порака да се искомуницира и направи а?
Мила убавиот јупитер ми донесе преслатко момче,баш какп што ми погоди и да го изодев потешкиот пат,но успеавме-фала му на Бога и нека не чува.Сакав нешто за наталната карта да те прашам,можам ли во л.п.ако не е проблем.Ти благодарам