Еве една добра страна за бесплатна натална карта: www.astro.com. Потоа одите на Free Horoscopes. Толкувањето не е целосно, но сепак интересно е да се прочита, плус има и повеќе бесплатни опции. А еве еден линк чисто да се забавувате, каде пишува дека според наталната карта може да се одреди возраста за мажење . Линкот е на англиски, ме мрзеше да преведувам: http://www.angelfire.com/ca2/rosemurray/WhenMarry.html
Па нема ли некој текст како објаснување? Ако нема ,пробај на www.astroskop.net така нешто беше ,расчепкај ќе најдеш ,сосе објаснување.
луѓе јас утре треба да се слушнам со зоран крстевски околу натална карта....задоволни сте вие од него?? да не си ги фрлам џабе парите..? а баш сакам да си направам,мн сум љубопитна.
сите страници на интернет што нудат бесплатна натална карта е толкување на карактерните особини на човекот, не кажува ништо за во иднина, таквите натални карти се плаќаат. Знаат тие што прават, ставаат бесплатна натална карта која и не е толку од корист. затоа најдобро е кај астролог кога добро ќе платиш, ти изработуваат натална карта за подолг временски период и ти кажуваат се што ќе ти се случи башка добиваш најубаво објаснување и за куќи и за карактер и се што знаеш и незнаеш.
искрено,јас не сум задоволна од човекот,можеби очекував премногу. анализата беше кај него дома во т.н канцеларија и траеше 1час ( во меѓувреме му збони тел,типот си закажува термин,комуницираше со некој на фб....што страшно ме извади од контакт ),башка звонам јас на врата типот искача со откопчан патент ц ц ц страшна работа. исто така морам да искоментирам за неговиот изглед, непотшишан,ураснат,па мајку му стара работиш со луѓе обрни малку внимание. е сега да идеме на она главното-анализата. досега не сум била кај астролог и можеби јас лично очекував малку повеќе,али пази го муабетов...јас не сум гатачка,јас сум астролог! да, во ред е сето тоа но мислев дека ќе објасни некои работи подетално..човекот ми казуваше за аспекти.......добри,лоши,за брак,за зачнување,за работа и ред др работи. накратко казано,не сум воопшто задовола,а мн ми беше мерак. тоа е тоа.
типот изгледа повеќе на глас отколку што е добар, незнам, ама кога одеше емисијата Астропортрет на тв, јас на два пати му пратив порака со исти податоци нормално и скроз различни толкувања ми даде, прв пат ми кажа како јас ќе сум се мажела на 29 години и ќе сум имала многу интелигентно дете, а партнерот ќе сум го сретнала кармички што немам појма што значи, а друг пат како јас многу бргу ќе влезам во брак, односно многу млада, за дете не ми кажа ништо, од сето тоа што ми го објаснуваше само две три работи ми се погодија точни друго се грешка, баш ме чуди како тоа, кога вели дека астрологијата е егзактна наука.
А, да пробате кај оној Александар или како и да се викаше, што го пишува хороскопот (најглупиот хороскоп цц) во Вест.. тој имаше и емисија на Скај Нет мислам. Бројот ќе му го најдете во Вест веројатно. Пишувате дата, час и место на раѓање, конкретно прашање што ве интересира и ви враќа за неколку дена... порака на вашиот мобилен. Вие во пораката можете да му пишете и за подетална натална карта, дали може како што. Искуство со него немам за да ви кажам околу детална натална карта. Имам пратено порака со конкретно прашање и ми има погодено некои ствари, што се случуваа и се случија во изминатиов период. Па, пробајте што знам.
Да тој и на мене ми погоди неколку работи преку порака, а хороскопот што го пишува за Вест е очај, но еве ФБИ е презадоволна од него таа го има неговиот бр.
ко што разбрав јас карма е нешто што може да се измени,а судбината си е таа и не можеме да ја избегнеме. е сеа они не можеле да знаат што е судбина..абе пребара! криво ми е за парите и за времето што го изгубив..ама пуста моја љубопитност до кај ќе ме одведе. curiosity killed the cat а на кој бр праќате порака?
па не ми текнува на кој број, тоа кога иде емисијата можеш да пратиш и ти одговара утре дента така нешто, е сега емисијата незнам дали и понатаму оди на Скај нет и незнам во кои термини, мислам погоре Жапче ги напиша па јас вчера пратев но ја немаше. добро но што сакаше да каже кармички ќе го избереш партнерот?