Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Натална карта

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Gordana10, 27 март 2010.

  1. LoLa96

    LoLa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2020
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Мене мора да признаам ме разочара со односот , не е професионален во закажувањето, и да кога ќе се навратам наназад збори брзо и психолошки. Јас бев 3 пати кај една жена предобра беше во читањето на наталнано се скаравме на крај и и немам број.
     
  2. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.891
    Допаѓања:
    19.634
    Пол:
    Женски
    Со жената се искара??? Зашто?
    Има една Марина Говорко на фб ја најдов но мн и е висока цената
     
  3. LoLa96

    LoLa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2020
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Zosto pobipolarno sustestvo nemam zapoznato vo mohov zivot, ama sto se razbira se razbira.
    A za taa sto ja imenuvase nz koja e nemam slusnato.
     
  4. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Iskustvo nekoj so.astrolog od srbija ?
     
  5. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Некој искуство со г-ѓа Виолета Марсол чинам беше?
     
  6. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.891
    Допаѓања:
    19.634
    Пол:
    Женски
    20200517_004621.jpg
    Ќе може некој да ми објасне ? :)
     
  7. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.891
    Допаѓања:
    19.634
    Пол:
    Женски
    Јас имам мало искуство , жената е многу лева, но знае да ти каже некои датуми и што точно ти се случило и да те замисли , али мн е арогатна , плус мораш прво да нарачаш општа натална карта која чини 50 евра за да имаш право потоа да нарачаш соларен и предвидувања за наредните 5 години кои чинат 90 евра а пред општата натална карта не
     
    На Izaabella и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.891
    Допаѓања:
    19.634
    Пол:
    Женски
  10. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Секогаш е интересен уметничкиот приказ кога ќе се види Марс на 0 степени во Овен. 8-|

    I куќа - Симболизира цврст и борбен карактер со јасно зацртани цели. Поради тоа, во животот често пати не бираш средства за успех се со цел да стигнеш до повисок статус, но за жал ретко или никогаш не ги добиваш бенефитите. Најчесто поради тврдоглавост, манипулативност (која често се открива) или нетрпеливост. Марс кога е во лош аспект (квадрат/опозиција со Сатурн) ги дава овие тешки "кармички" судови, и ствара еден огнено студен однос меѓу твоите желби/амбиции и патот на успехот до истите.

    Марс во оваа позиција исто така укажува на фактот дека лесно навлегуваш во расправии и секогаш ти е битно да си во право. Како резултат доаѓа исцрпеноста од таквите игри, па те обзема чувство на агресија, лутина и на крај инфантилност. (Клучното тука е да ја исконтролираш брзината, тогаш кога работите ќе излезат од твоја контрола).

    Со нервите исто така се можни проблеми - психосоматски заболувања, бидејќи Марс покрај тоа што владее со внатрешната психичка моќ за отпорност и борба, владее и со доста остри и бескруполозни орудија. Затоа ти пишав во старт дека ретко бираш средства за успех, но подоцна и може да се каеш за приментите методи...

    Понатаму, според ова што гледам имаш силна сексуална, но и биполарна енергија. Која некогаш те става во улога на субмисивност (пожртвеност), некогаш во улога на садист и контрол фрик кој сака да го контролира партнерот како и сѐ околу себе. Моќна, но често деструктивна енергија поседуваш за самата себе, и тоа ти ствара guilt trip и така во круг...
    Марс е поприлично fucked up планета каде и да е поставен, и не увек е малефичен, ама најчесто е, така да внимантелно со него...

    Како и да е, кај тебе е битно да имаш рутина во животот, да имаш од - до моменти и да не претеруваш.
    Ако имаш некоја зависност од порок како алкохол, кофеин или храна исто така е можно да е поради Марс и неговиот критичен нулта степен.

    Исто така можно е често да губиш животни битки при конфронтација со авторитетни или помоќни фигури од тебе. Тоа е така бидејќи секогаш бираш стрмни патишта и тогаш кога не треба, за потоа брзо да паднеш во очај и разочарување. Истото важи и со твоите нереални очекувања. Опасен аспект е Марс во I куќа, така да...Плус со риби подзнак и северен чвор, дава многу чувствителност и повреди на психичко ниво.

    II куќа - Фортуна во Бик со овие степени симболизира дека многу се врзуваш кон материјалното и си подготвена доста да жртвуваш за да добиеш одредени добра. Многу астролози се со мисла дека фортуната по "дифолт" носи среќа во куќата каде што претстојува, но јас не се согласувам.

    III куќа - Јупитер во Близнаци. Добра поставеност за комуникација и патување во странство, иако ќе треба доста да се потрудиш за двете. Веќе имаш доста познаници кои не ти се пријатели, затоа што многумина од нив се лицемерни. За повеќето си и сама свесна поради твојата нагласена интуиција (Нептун у 11-та куќа), и веројатно досега со голем дел од нив имаш прекинато однос, или одржуваш површен...
    Исто така си емпатична, зборлива, ама има периоди кога скроз се повлекуваш и страдаш.
    Избегнувај ги овие последните моменти за да не одиш во стадиум на самодеструкција.

    Патем, ако имаш некаква амбиција да бегаш во странство ова ти е океј позиција, баш судбинска. Можно е подоцна да дојде, ама ќе дојде. Исто е можно да имаш постар брат или сестра со кои не се согласуваш најдобро...

    IV куќа - Најмногу штети и повреди во животот си добила токму во детството. Пред сѐ поради позицијата на Кирон. Психички удари најмногу, (за физички не коментирам, бидејќи сме јавно и нема потреба да навлегувам толку длабоко). Битно, семејството ти е место каде што се чувствуваш најмногу ранливо и оштетено, но и место каде што се криеш кога работите ќе згуснат...

    Можни се и некои добри спомени од детството, и убави кратки патувања, но остатокот не било толку сјајно.

    Твојата мајка според позицијата на месечината веројатно потекнува од традиционален background, и е можно да била доста "скржава" и резервирана во однос на дарување емоции, па малку и строга при дисциплинирање. Додека таткото веројатно потекнува од семејство кое е доста склоно да биде неправедно во однос на распределба емоции и пари кон децата. Типичен шаблонски приказ за патријархат ти е сонце во вага. Ако имаш брат/браќа, можно е роднините од татко ти, па и самиот тој да биле повеќе фокусирани на него, а ако не е така, едноставно е можно да потфрлил во однос на воспоставувањето баланс, воспитните мерки и поминувањето време со вас - неговите деца. Патем, некој од твоите родители е доста лицемерен, или лаже при брачниот однос. Тоа се увидува поради тоа што четвртата куќа се наоѓа меѓу рак и близнаци. Евентуално, ако тоа не е случај, можеби укажува дека имотот го делиш или делите со роднини кои не ти се баш "при срце". Во секој случај, не е баш нај јасен односот со двајцата од родителите и оттука произглегуваат одредени проблеми поврзани со твојот имиџ и идентитет. Не е исклучено некој од родителите повеќе да страда во брачниот однос, повторно поради некаква зависност од брачниот другар.

    V куќа - Би била грижлива мајка доколку еден ден станеш родител, иако не гледам дека сега моментално имаш такви амбиции според наталната (можеби грешам). Во секој случај, генерално имаш добар однос кон децата, и си доста nurturing по природа, па неретко знаеш што им треба и без да ти кажат. Ако некогаш одлучиш да имаш свои деца, тоа би било со намера да ги поправиш неправдите кои тебе ти биле нанесени од страна на твоите.

    Исто така не е исклучено да имаш уметнички дарби врзани со музика (веројатно гласовни и инструментални), или едноставно да имаш пријатели/партнери кои се занимаваат со ваков вид уметност.

    VI куќа - Релативно си здрава, но внимавај на наследна болест од страна на таткото доколку веќе има некаква хронична.

    VII куќа - Доста интересна но, и комплексна. Од аспект на љубовни партнерства пред сѐ. Доста скриени работи и "недозволени" исто така. Лилит во девица е доста сексуално моќна и привлечна, но често пати и јагне во волчја кожа. :)

    Се на сѐ, во животот ќе промениш доста партнери, од кои ќе имаш очекувања да ја надокнадат љубовта или балансот од родителите, но таа потрага ќе оди малку тешко, поради комплексностa и позицијата на планетите, како и јужниот чвор кој ќе ја отежне таа борба, и најверојатно ќе донесе прекин на врските и тешки разделби проследени со патење од твоја страна. Бракови се можни, но ќе бидат многу турболентни...Со овие аспекти не би препорачала да влегуваш во брачен однос, овака нај искрено, не знам како ќе ме разбереш. Или ако влезеш, тоа да го сториш доцна, во поодминати и зрели години за да се поштедиш себе сѝ од драма.

    Исто така се можни неискрени партнерства, дали од твоја или нивна страна. Паралелни врски исто така се можни поради планетарниот "метеж" или стелиум но, не мора да значи. Апропо ова, можно е наследство доколку стапиш доцна во брак, но по цена со смрт или изненаден прекин во односот кај партнерот...

    Венера во девица симболизира моќна женска енергија, така да можни се феминизирани или субмисивни момци. Момци кои немаат стабилно "јас" и неретко бараат жената да им биде авторитет и водич.


    VIII куќа - Опасно комбо, треба доооста да внимаваш. Осмата куќа симболизира дека ќе минеш низ доста животни трансформации и ќе се здобиеш со многу важни лекции.

    За даље не можам, уморна сум. Ова се нафрлани реченици на блиц, според моето скромно знаење. Се надевам погодив нешто.
     
    Последна измена: 21 мај 2020
    На *Amethyst*, cresa-jagoda, Justicija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    На Elf му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    2.136
    Пол:
    Женски
    @Nigredo Odor
    И јас би сакала ама ај да не те мачам... некад во слободна воља ако сакаш :lol:

    Иначе браво за знаењево, и јас се интересирам и читкарам за ова.
    Од каде научи?
    Некои книги или нет?:)
     
    На 1209, Nigredo Odor, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    @Nigredo Odor Не ми ја чепкајте дур не најде време за мене да пише :wasntme: 8-| :lol: После може и други да се пријавуваат :rofl:
    Инаку @Nigredo Odor не знам колку и погоди на @Justicija ама секоја ти чест на деталната анализа ^_^ Колку точно ја читаш наталната ќе видиме кога ќе ја анализираш мојава :wasntme: :rofl: Со нетрпение чекам :$
     
    На *Amethyst*, Nigredo Odor и Elf им се допаѓа ова.
  14. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.415
    Пол:
    Женски
    @Nigredo Odor работиш со термини? :D да закажам и јас на време може? :D
     
    На Nigredo Odor, Elf и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Дечки, мора да ве разочарам. Вчера имав вишок слободно време и картата на Justicija ми се виде интересна па, затоа и толкував толку опширно.

    Искрено тоа беше проба, а воедно и предизвик да видам колку вистински ја имам ,,совладано" оваа уметничка гранка после долгите часови читања и труд.

    Во иднина сум во план да почнам професионално да се занимавам со астрологија, за што мислам дека сум на добар пат, бидејќи неколку форумџии веќе ме контактираа по ЛП за да се заблагодарат на точната анализа на нивниот карактер која ја имав направено претходно од нивниот овдешен натален приказ.

    Поздрав.
     
    На 24.07, *Amethyst*, Elf и 3 други им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.708
    Допаѓања:
    43.735
    Пол:
    Женски
    @Nigredo Odor јас не те замарам со толкување, освен ако немаш желба, секако пробам самa да се снајдам според толкувањата ама не ми е јасно ова пример што значи? Screenshot_20200522-113835.jpg Screenshot_20200522-113840.jpg
    Што се аспективе, плус што значат, на едни пишува аплаинг на други сепарејтинг, што значи тоа, дали е ко што мислам јас дека аплаинг е дека тоа ми влијае,а она другото не :D
     
    Последна измена: 22 мај 2020
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elf

    Elf Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    2.136
    Пол:
    Женски
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BelieberYeahh

    BelieberYeahh Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    1.450
    Допаѓања:
    2.208
    Пол:
    Женски
    Еве ја и мојата. Ако некој може, би била благодарна ако ми кажете нешто накратко. Исто така ако имате некоја страна каде што е добро објаснето како се толкува, пратете ми, би сакала да научам нешто околу ова.
    Screenshot_20200522_162530.jpg
     
  19. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Најпросто, аспектите ти покажуваат колку хармонично функционираат позициите на планетите.
    Пример месечината ја одредува емоционалната природа, меркур начинот на размислување, ти имаш Trine, значи се во хармонија (иако е голем степен, па нема толку влијание (кај аспекти, колку е помала разликата, т.е е помал степенот, толку е повлијателен)). Доколку имаше square ќе имаше конфликт, т.е она што ти треба за да се чувствуваш емоционално стабилна е различно од она што мислиш дека е правилно (пример).
    Еве ти поукрасено за твојот аспект.
    Инаку Trine значи дека планетите се под агол од 120°, т.е вообичаено би требало да се од ист елемент(исклучок има ако е голема разликата и некоја од планетите е на граничен степен, пример меркур и месечината кај тебе се под агол од 128° и ако една од планетите е блиску до другиот знак можи да не се, но инаку според венера, би требало да се или во знакот лав или во стелец ). Sextile е исто хармоничен аспект, агол од 60°, имаш меѓу огнен и воздушен знак или земјен и воден, што си одговараат(кај тебе пример ,според венера, сатурн треба да ти е или во водолија или близнаци). На другите и самото име кажува, Conjunction ти е кога планетите се поклопуваат, т.е се многу блиску, вообичаеноо во ист знак, Square е 90°, имаш два знаци помеѓу нив и не е баш хармоничен аспект, а Opposition се спротивни знаци, под агол од 120° (овен и вага, бик и шкорпија, близнаци и стрелец, рак и јарец, лав и водолија).

    Applying значи дека планетата се приближува до точката, т.е точниот агол, а Separating дека веќе е поминат точниот агол (0° разлика) и се одделува од неа. Се смета од планетата што се движи побрзо.


    @Justicija ако бараш соларен види на https://astromatrix.app/ (има и апликација за на андроид, можи и iOS, не знам). Ги вади убаво и сите аспекти со точни дати според моменталналните транзити. Е сега можи да се малку општи описите, ама е бесплатна.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.891
    Допаѓања:
    19.634
    Пол:
    Женски
    Јас барам но ништо не разбирам :D
     
    На BloodElf му/ѝ се допаѓа ова.